Andrea Pankovska
Почитувани пријатели,
За прв пат откако се дозна за болеста на Орнела ви се обраќам лично, со надеж дека ке допрам барем до еден дел од вас.
Ornela Jordanovska е мојата најдобра другарка, сестра, голем борец. Херој! Секогаш насмеана и позитивна, спремна секому безрезервно да помогне. Колку и да звучи како клише, Орнела е навистина таква. Сите вие што ја познавате сте ја почуствувате нејзината топлина со која што зрачи.
Мојата другарка херојски помина многу тежок период од две и пол години - голема борба со ракот на лимфни жлезди која сеуште трае.
Трансплантација на коскената срж и' беше извршена изминатиов месец, но сега е неопходно повторно да се нарачуваат дози од лекот Brentuximab за да биде успешна трансплантацијата.
Се прашувам како јас како индивидуа да и' помогнам сега кога помош и' е најпотребна, како да и' олеснам, што да направам...
Затоа одлучив да ви се обратам вам за помош мои драги пријатели, да ве замолам, кој колку може, да донираме.
Да се откажеме од некои мали работи за нас, кои се за Орнела од огромно значење.
Секој од нас сам не може значително да помогне, но заедно можеме животот да и' го смениме. ДА И' ДАДЕМЕ ШАНСА ЗА ЖИВОТ.
Парични средства може да се донираат на следниве телефонски броеви со еден повик кој чини 100 денари:
075 143 222 (ONE),
077 143 702 (VIP) ,
070 143 153 (T-mobile).
Ви благодарам на сите за досегашната поддршка и позитивна енергија.
Искрено ве поздравувам.
Aјде, откако прво вие ќе свртите на броевите, споделете!
Една младост зависи од нас!
Живот е во прашање!
Да помогнеме, другари!
Можемо ми то! heart emoticon