Дај прст, ќе ти земат цела рака

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Стара народна поговорка, верувам дека секој од вас ја слушнал во повеќе наврати.

Се согласувате ли со неа и како ја разбирате вие? Дали навистина е тоа така? Дали е генерално правилото дека ако попуштиш некому еднаш, ќе ти се качи на глава?

Ако во животот сме приморани да правиме компромиси, дали тоа значи дека ако дадеме прст, ќе ни ја одгризат и раката во процесот?

Што мислите за оваа и појава и ако се согласувате со реченицата, што мислите која е причината за тоа? Каква е психологијата на луѓето, да се занесуваат и да ти се качуваат на глава, се додека не повлечеш црта? И каде е таа црта на дозволено, нормално дозволување без да ти се качат на глава?
Каде е клучот за балансот?
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Таква им е психата на луѓето колку повеќе даваш толку повеќе зимаат не е речено за џабе човечкото око е ненаситно :)
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.120
Секогаш коха попушташ некој ке го искористи тоа и ке ти се качи на глава. Тоа факт и неможе преку тоа. Затоа е најдобро да нема попуштање и цврсто да се брани сопствениот стаф. А ако мора да се попушти тогаш туриму онаквото и навикнисе да те ебе кој ке стигне(не буквално:))
 
Член од
14 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
8
Сигурно имаш приметено кога на другар(к)ите им даваш некој предлог и постои некој од друштвото и ќе најде мана, води инат оправдувајќи се дека тоа не му се допаѓа (а всушност сака да биде како што тој ќе каже) , земи го тоа како "брутален пример" и помисли си како е кога на некој ќе му дозволиш нешто а тој упорно бара и бара додека не те "изеде" :)
 
Океј, но што правиме со балансот? Не е возможно никогаш да не попушташ, секогаш има моменти кога мора да се направат компромиси. Мене она што отсекогаш ме интересирало е како да направиш баланс да не ти изедат рака, а сепак да направиш компромис, односно да попуштиш за одредена работа?
Што е клучот за баланс?
 
Последно уредено:
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Океј, но што правиме со балансот? Не е возможно никогаш да не попушташ, секогаш има моменти кога мора да се направат компромиси. Мене она што ме интересирало од секогаш е како да направиш баланс да не ти изедат рака, а сепак да направиш компромис односно да попуштиш за одредена работа?
Што е клучот за баланс?
Па да си имаш граница докаде може да оди твојот стаф, ако си во право а другите го негираат тоа нормално дека нема да се попушти и обратно :D
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.120
Океј, но што правиме со балансот? Не е возможно никогаш да не попушташ, секогаш има моменти кога мора да се направат компромиси. Мене она што ме интересирало од секогаш е како да направиш баланс да не ти изедат рака, а сепак да направиш компромис односно да попуштиш за одредена работа?
Што е клучот за баланс?
Види вака јас сум секогаш познат по тоа дека прв попуштам. Затоа и многу пати сум се сам себе убијал. Затоа последно време станав ептен тврдоглав и непопуштам воопшто без разлика дали сум во право. Упорно го терам мојот став до крај без разлика дали држи вода, глупав е...
Мора така инаку кажав погоре што се случува. А дали може баланс да се направи тоа е ептен дискутабилно. Можеш да попушташ кај одредени личности кои нема да го злоупотребат тоа, но секогаш ке се најде некој морон и ке ти го спопика.
Ако некој има пронајдено универзален баланс нека сподели, смртно ме интересира:)
 
Член од
14 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
8
Океј, но што правиме со балансот? Не е возможно никогаш да не попушташ, секогаш има моменти кога мора да се направат компромиси. Мене она што ме интересирало од секогаш е како да направиш баланс да не ти изедат рака, а сепак да направиш компромис односно да попуштиш за одредена работа?
Што е клучот за баланс?
Хм за компромис може да се дојде многу лесно секако доколку сте сложни . Но за балансот .. Пример ти му дозволуваш него да те изигра , да те лаже гледајќи те во очи а ти се правиш дека му веруваш . Го чекаш онојпат кога ќе дојде кај тебе со наведната глава и ќе ти рече брат I'm broken без разлика за што се работи ти ќе го ислушаш и тој момент ја оддржуваш рамнотежата што некогаш си ја трпел и тежела повеќе на твоја страна тогаш него/неа да го пецне дека грешел. Тука е таа граница што сите ти ја кажуваме , ама денес не се верува на секој оти пред да помислиш ќе ти ја земе цела рака :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Стара народна поговорка, верувам дека секој од вас ја слушнал во повеќе наврати.

Се согласувате ли со неа и како ја разбирате вие? Дали навистина е тоа така? Дали е генерално правилото дека ако попуштиш некому еднаш, ќе ти се качи на глава?

Ако во животот сме приморани да правиме компромиси, дали тоа значи дека ако дадеме прст, ќе ни ја одгризат и раката во процесот?

Што мислите за оваа и појава и ако се согласувате со реченицата, што мислите која е причината за тоа? Каква е психологијата на луѓето, да се занесуваат и да ти се качуваат на глава, се додека не повлечеш црта? И каде е таа црта на дозволено, нормално дозволување без да ти се качат на глава?
Каде е клучот за балансот?
Попуштање ДА, но до таа мерка се’ дури не почнат да се загрозуваат сопствените интереси. Мене ако ме прашаш, оваа тактика ја практикувам. Не можи цело време инает да се тера, ама мора да се знае до каде треба да се дава и да се попушта.
 
П

Пепси_

Гостин
Стара народна поговорка, верувам дека секој од вас ја слушнал во повеќе наврати.

Се согласувате ли со неа и како ја разбирате вие? Дали навистина е тоа така? Дали е генерално правилото дека ако попуштиш некому еднаш, ќе ти се качи на глава?

Ако во животот сме приморани да правиме компромиси, дали тоа значи дека ако дадеме прст, ќе ни ја одгризат и раката во процесот?

Што мислите за оваа и појава и ако се согласувате со реченицата, што мислите која е причината за тоа? Каква е психологијата на луѓето, да се занесуваат и да ти се качуваат на глава, се додека не повлечеш црта? И каде е таа црта на дозволено, нормално дозволување без да ти се качат на глава?
Каде е клучот за балансот?
Јас мислам дека е нормална ова појава, само треба да се контролира да биде у нормала.
Пример мене татко ми ако ми ја даде колата да ја возам на полигон денес,ја сигурно дека утре или после една недела ќе му побарам и низ град да ја возам,а потоа може ќе посакам и сам да ја возам и на крај ќе ми ја забранат. :D
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Не важи кај сите.. али луѓето мислам дека во принцип повеќе ги паметат лошите работи шо некој им ги направил отколку добрите..
баш затоа ги преминуваат границите и често го забораваат она што некој го направил за нив дури и плукаат по тоа по некое извесно време.
Јас одам по тоа дека ако за некого замижеш или му дозволиш да ја премине границата.. тој ќе проба повторно и пак ќе ја пречекори затоа е добро да се има граница.. кога некому ќе му укажеме дека греши и дека ја преминал границата .. ќе се подразмисли за следниот пат.

Кај секој човек е различно .. некои се потолерантни па дозволуваат некои да им се качуваат на глава ..некои не... али мислам дека дозволуваме да ни се качат на глава само кога се работи за особа која нас многу ни значи.. затоа што веруваме дека таа особа исто толку не цени колку и ние неа.. но не е секогаш така :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
не треба да се гледа тоа како недостаток на другите туку како недостаток на карактер кај себеси.
треба да бидеш искрен кон себеси и другите, да им кажеш до каде колку бараш и до каде се границите, а не како што повеќе трпат во себеси нечии туѓи срања.
не велам да не попуштате, тоа е знак на здрав разум, но кога ќе го сторите тоа треба да се нагласи и предупреди дека нема по втор пат толерирање. А доколку толерирате понатаму тоа е лоу статус си ги газите сопствените принципи и вашата вредност/почит од другите а и личноста на која и попуштате опаѓа. (тоа значи ќе те ебат како им дојде)

Ако дозволиш, секој може да ти се качи на глава. Темава е причина на ниска самодоверба, ако се почитуваш себеси и вреднуваш своето време нема да дозволиш околу тебе да се најдат личности кои нема да им биде укажано со кој си имаат работа. Односно да им нагласиш дека вашето присуство околу нив е привилегија. Со доминантен став верувам луѓе за вашиот прст ќе ви се одолжуваат со нивната рака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom