Даночен Рај во Македонија

Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.910
Со последните измени на уставот се овозможува отварање на посебна зона каде што ќе важат посебни закони за работењето на финансиските компании. Замислата на проектот ми е јасна, реализацијата не баш. Како и да е провладините медиуми веќе ја споредуваат Македонија со Луксембург

ФИНАНСИСКИОТ ДАНОЧЕН РАЈ ЌЕ СОЗДАДЕ НОВИ ВРАБОТУВАЊА И ПОГОЛЕМ РАСТ

На територијата на Македонија со закон се основа меѓународна финансиска зона, стои во текстот на нацртот на еден од амандманите за измена на Уставот на државата, кој веќе ја помина комисиската расправа во Собранието. Познавачите што ги консултиравме велат дека Македонија може да има само полза од формирањето ваква зона.

- Зоната ќе работи по меѓународни стандарди и таму ќе се применуваат посебни правни прописи, освен законите од областа на кривичното право. Мислам дека е предвидено зоната да донесе акти со кои ќе се регулира контрола на перењето пари, па оттука сметам дека ако биде вака поставена, таа ќе биде безбедна и сигурна за идните инвеститори. Ползата за државата ќе биде тоа што ако се привлечат големи меѓународни финансиски институции да основаат свои компании тука, тие ќе донесат и знаење на нашата територија. А нивните инвестиции веднаш значат и нов капитал, и тоа во недвижнини, резиденцијални комплекси, ИТ-компании, адвокатски компании, големи ревизорски друштва, а тоа е добро за домашната економија - вели Борче Треновски, професор на Економски факултет.

Неговиот колега од Американ колеџ, Драгољуб Арсовски, се согласува дека Македонија може да добие многу ако на своја територија формира ваква зона. Вели дека на почетокот е важно зоната да се промовира добро и да биде добро поставена за да им докаже на инвеститорите дека инвестираат на сигурно место.

- Зоната треба да понуди на почетокот сигурност за да може на долг рок да се развива, со што значајно ќе придонесе за вкупниот економски развој во земјата. Затоа сега важни се законските норми кои ќе се донесат во самата зона, по што треба да се промовира за да може во неа да инвестираат можни финансиски институции каков што е и замислениот концепт. Важно е да се разбере дека не станува збор за офшор-зона, туку место каде што ќе има само даночни олеснувања за инвеститорите, а јасно ќе се испитува потеклото на парите и ќе се следат законите за спречување перење пари - вели Арсовски.

Ни блиску до офшор

Тој нема дилема дека во зоната мора да има високи стандарди на работа за какви веќе зборуваа владините претставници. Замислата е во зоната да се привлечат банки, инвестициски фондови и корпорации, кои овде ќе имаат даночни олеснувања, но нема да смеат да се отвораат компании без да работат и да вработуваат, а влегувањето во т.н. сива зона ќе се избегне со доследно почитување на законите. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, финансиската зона е замислена како концепт во насока на искористување на трендот во меѓународните финансии според кој сега најголемите корпорации бараат дестинации каде што ќе ги минимизираат трошокот и ризикот. Ставрески е категоричен дека не станува збор за зона по примерот на офшор-дестинациите во светот каде што се овозможува за даночни потреби да се регистрираат компании и банки, а кои, освен регистрацијата, немаат никаква поврзаност со дестинацијата.

- Македонија има географска локација што е извонредно поволна во Европа, даночни поволности што во моментов ги нуди за фирми што работат во слободни зони и на сличен начин би биле дефинирани во оваа финансиска зона и има квалитетна работна сила што може да одговори на потребите на една финансиска зона. На тој начин би имале корист во две насоки: прво, во насока на етаблирање на земјата во меѓународната финансиска мапа како дестинација во која би работеле меѓународни банки, инвестициски фондови и корпорации и, второ, креирање работни места, што во случајов би биле работни места со повисока дополнителна вредност, односно работни места што ќе креираат и поголем ефект врз БДП - изјави Ставрески.

Тој вели дека зоната се формира по примерот на Луксембург во Европа, но дека во последно време финансиските услуги таму стануваат скапи исто како и тие во Швајцарија, па со тоа се остава простор за Македонија.

НАЈПОЗНАТА Е ФИНАНСИСКАТА ЗОНА ВО ДУБАИ

Kако најпозната слободна финансиска зона, која функционира од 2004 година, е онаа лоцирана во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Има вкупна површина од 44 хектари и свој легален систем, судови одвоени од тие во самата земја со јурисдикција на корпоративните, комерцијалните и граѓанските работи во зоната. Зоната обезбедува платформа за бизнис и за финансиските институции кои сакаат да имаат пристап на брзорастечките пазари. Во зоната тие имаат нула данок за профитот, немаат рестрикции за странска размена на капитал или префрлување на профитот, добиваат оперативна поддршка и други бизнис-олеснувања од земјата. Во зоната функционираат и неколку хотели, кафетерии, културни галерии...

превземено од Дневник
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
У мое време друга беше дефиницијата за даночен рај. Хехе. :)
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Рај за странските "инвеститори", толку им стана рајска библиска Македонија што повеќе им се исплати тука да отвараат робовладетелски фирми отколку во Кина. Дури ни во Кина не работат за 8000, впрочем се фалеа нели на Шител дека дури и луѓе од Кина ќе отварале фабрики тука.
Рај за странските, а мамеебачки пекол за секој домашен.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
http://balkans.aljazeera.net/vijesti/bosna-i-hercegovina-poreski-raj-na-zemlji
http://www.bizlife.rs/vesti/51136-srbija-moze-da-bude-poreski-raj
Тата, тата ја бих...... И тата би сине!
Сите банкротирани од регионов (како нас) сега рашириле гс и фаќаат сламка спас....
а има и вакви мислења:
http://www.slobodnaevropa.mobi/a/tema_sedmice_poreski_raj/2069830.html
изгледа дека ние не сме Лондон, Дубаи или Кипар.... илузии само!
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Каков рај бе, македонија е пример за даночен и библиски пекол :facepalm:
Македонија има нај низок данок низ цела Европа, скоро низ цел свет. Единствена држава што има помал данок е Босна.
Во Македонија персонален данок е ист и е 10% каде во Велика Британија, Франција и Америка иде над 50% и се накачува за поголеми примања.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Македонија има нај низок данок низ цела Европа, скоро низ цел свет. Единствена држава што има помал данок е Босна.
Во Македонија персонален данок е ист и е 10% каде во Велика Британија, Франција и Америка иде над 50% и се накачува за поголеми примања.
Уште еден Тајзи. :D
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
АДминистрација :icon_lol:
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
http://balkans.aljazeera.net/vijesti/bosna-i-hercegovina-poreski-raj-na-zemlji
http://www.bizlife.rs/vesti/51136-srbija-moze-da-bude-poreski-raj
Тата, тата ја бих...... И тата би сине!
Сите банкротирани од регионов (како нас) сега рашириле гс и фаќаат сламка спас....
а има и вакви мислења:
http://www.slobodnaevropa.mobi/a/tema_sedmice_poreski_raj/2069830.html
изгледа дека ние не сме Лондон, Дубаи или Кипар.... илузии само!
Ааа не може вака! Може да постои само еден рај на земјата! Предлагам во муџахедини стил да закачиме сите динамит на половина и кој ќе остане последен неговиот рај е вистинскиот!
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Македонија има нај низок данок низ цела Европа, скоро низ цел свет. Единствена држава што има помал данок е Босна.
Во Македонија персонален данок е ист и е 10% каде во Велика Британија, Франција и Америка иде над 50% и се накачува за поголеми примања.
Види види не сум знаел.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Гледам оти ќе се дешава даночен рај за здравствени институции. Ќе бидат ослободени од даноци (шо е нели даночниот рај), ќе бидат субвенционирани, од наши пари, а ние нема да можеме да ги користиме? Кај е ќарот за нас тука?

Да, даночните раеви како Монако и Хонг Конг се успешни, ама оти услугите ги користат сите граѓани.

Кога кај нас ќе биде вистински даночен рај, нема да се затвораат малите фирмички, нема да се казнуваат за глупости, за ситнурии кои не ги платиле.

На друга тема зборуваме за ДрекселМајер, ама и тука ќе го начнам. ДрекселМајер е позитивно, несомнено. Ама ние не ги чувствуваме бенифитите од 4.000 работни места, оти кога на едното место се отвораат, на другото (мали дуќанчиња) се затвораат, па платите остануваат исти. Дали фирми како ДрекселМајер би ни ги зголемиле платите? Дефинитивно. Ама не со тоа шо ќе бидат замена за малите македонски бизниси.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.910
Мене ми се чини дека на нашиве политичари им здодеа да ги перат парите во Лугано и Панама, па решија тука да си отворат такво слично место каде што финансиските закони се либерални.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom