Дамјан Пејчиноски

Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
Незнам човеков колку ви е познат,но вреди да се отвори тема за него.
Јас прв пат за овој македонски талент слушнав и видев како свира вчера.Свири гитара премногу добро.Воодушевен сум од тоа што го видов и сум горд што во Македонија има вакви таленти.

Кратка биографија:
Роден е во Охрид 25 Октомври 1984.Гитара започнува да свири на 14години.Во 2002 со својот бенд настапува на Рок Фестивалот за млади таленти и ја освојува наградата за најдобар гитарист.Во 2003 се запишува на Националната Музичка Академија Панчо Владигеров отсек џез и ја добива најголемата стипендија.Во 2004 формира нов бенд Jump Start.Во 2008 свирел со браќата Тавитјан во Универзална.Во 2009 Мај влегува во финалето на Guitar Idol(најголемото гитарско натпреварување во светот).
Моментално е на пост-дипломски студии во Бугарија.



 
Член од
24 јануари 2009
Мислења
229
Поени од реакции
15
Според мене најдобар гитарист моментално во Македонија! Растурат. Праеше едно време свирки Охрид во Ликвид...Немам зборој браво за него:smir:
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Дамјан е звер. Го знам од поодамна и ми се допаѓа како свири и стилот што го свири. Мака ми е кога такви одлични музичари неможат да излезат на виделина во нашава скапана држава, а излагаат срања како ЈЈ, Крчак етц.
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Алал да му е на тој шо ја отворил темата. Се мислев и ја да отворам али ми избледнеа идеата, убаво шо некој се сетил.
Дамјан....Талентиран, млад, беше избран меѓу 10те најталентирани за Guitar Idol, на студии во Бугарија, охриѓанец...Немам ништо да додадам за неговата биографија, кратко е наведено се горе.
Ги праеше најубавите журки во Охрид заедно со Јоцо.Му се дивам, тоа е, со среќа понатаму.
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22

Леле Дамјан е ѕвер.Оваа песна кога ја гледав на MTV немав појма кој е Дамјан но гитаристот премногу ме аресаше...Прееска кога терав негови песни дознав дека тој свири гитара во оваа песна...

Браво.ЦаР:eek:lee:
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Алал да му е на тој шо ја отворил темата. Се мислев и ја да отворам али ми избледнеа идеата, убаво шо некој се сетил.
Дамјан....Талентиран, млад, беше избран меѓу 10те најталентирани за Guitar Idol, на студии во Бугарија, охриѓанец...Немам ништо да додадам за неговата биографија, кратко е наведено се горе.
Ги праеше најубавите журки во Охрид заедно со Јоцо.Му се дивам, тоа е, со среќа понатаму.
Јоцо е Јордан Манев ? :) Звер тапанар е :)
 

Ш Т Е Т Н И К

Досадија
Член од
18 февруари 2008
Мислења
633
Поени од реакции
25
Епа сеа во прилепоф мислам дека че настапуваат Јоцо со Ило и еден перкусиониста Горан, ова че се задеси како семинар за тапанари ама мислам и дека со нив Фјужн Џез че свират Пејчино и Илија Чакароски од Еклипса.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Пејчин е будала белосветска, како кине гитара тоа е невозможно...ми текнува едно време не збираше и забегаваше со гитарата, а се наоколу остануваше занемено или паѓаше во транс, дечкото е Greg Howe, ма ништо ич, најдобар е дефинитивно!
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Ај да го пофалам пак, односно овој пат ќе ги пофалам и како бенд "Shine"....
Вчера растурија максимално, направија јака журка, свиреа добри песни, Дамјан и Јоцо се растурија и надминаа самите себе, солата на Дамјан беа моменти кога се беше тивко и сите зјапаа и ги следеа неговите прсти, а Јоцо лупаше ко луд... Старо и младо пееше на песните, све живо се загреа кога ја направија најдобра обработка што ја имам чуено на What goes around comes around и ме направија да ја сакам песнава.
За крај ја оставија Purple rain и неверојатното соло на Дамјан.Типот клоца газови...Неговата гитара имаше некоја џез боја во која уживав максимално.Многу енергична свирка, мелодичност и добра атмосфера.Покрај тоа што се двајца, не се осеќаше никаква празнина во тоа што умеат да го направат.Уште една одлична свирка приредена од нив...Секоја чест!
 
S

StormRage

Гостин
Дада Shine се супер... Иначе Дамјан е професор по гитара во музичко во Струга... растура... (имаше гајдата на јутјуб кај шо ја свири :))
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
Ај да го пофалам пак, односно овој пат ќе ги пофалам и како бенд "Shine"....
Вчера растурија максимално, направија јака журка, свиреа добри песни, Дамјан и Јоцо се растурија и надминаа самите себе, солата на Дамјан беа моменти кога се беше тивко и сите зјапаа и ги следеа неговите прсти, а Јоцо лупаше ко луд... Старо и младо пееше на песните, све живо се загреа кога ја направија најдобра обработка што ја имам чуено на What goes around comes around и ме направија да ја сакам песнава.
За крај ја оставија Purple rain и неверојатното соло на Дамјан.Типот клоца газови...Неговата гитара имаше некоја џез боја во која уживав максимално.Многу енергична свирка, мелодичност и добра атмосфера.Покрај тоа што се двајца, не се осеќаше никаква празнина во тоа што умеат да го направат.Уште една одлична свирка приредена од нив...Секоја чест!
СТварно страшна свирка направија.На мене Bille Jean најмногу ме аресаше како беше направена.ТОП СЕ!
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Ми се допадна и изведбата на Join me in death од HIM


п.с-снимкава е патетична али единсвено неа ја најдов xD


едит: ја најдов и Billie Jean :)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom