Дали ве има каснато куче ? Дали сте имале посериозни повреди од каснувањето ? Какво куче ве каснало ? Дали сопствениците одговараа пред законот за каснувањето ? Споделете ги искуствата.
Во моментов не сме каснати, ама како деца сме биле каснати 2 пати.Еднаш од шарпланинец или таква некоја голема раса (мал бев слабо памтам) и другиот пат некоја џукела ама ништо страшно тогаш.И немам некаква одбивност или пак фобија спрема животни како доста луѓе.
За сопствениците на џукелата не знам, ама си доби експресна пресуда со нога, а поголемото куче...беше во тие години шо беа инерција на комунизмот кога не плачевме после такви работи.
Мое куче, во село. Имав 10-11 години. Му дадов да јаде, тоа јаде јас до него седам.Сестра ми позади него и го фати за опашка и директно ме напаѓа мене со каснување на десната рака. Директ во болница, преврски, 2 конци, некој спрејови едно друго.. Од тогаш кучето беше нон стоп врзано за синџир.
Сум бил каснат пред 3 години, директ за рака. Уште ми се в памет тие очи полни со злоба на кучето ( мешавина од шарпланинец и ловечко куче). Бев веднаш на амбуланта, ме полија со посебен медицински тоник, па со јод ми стаија газа стерилна и ме вакцинираа тој ден една доза, третиот ден, седмиот, четиринаесетиот и дваесет и осмиот ден. Кучето имаше беснило
Ја пред некоја година си одам по улица, ни крив ни дужен, у еден момент осеќам остра болка на десната страна на гзот, се вртам позади гледам една жолта џукела ми зарила заби у гз и влече , го шибнав со рака по глава, ме пушти и избега
Ме има каснато доберман еден 4,5 години кога бев, тогаш имав едно гумени чевличиња такви бидјеќи бев деверче и така бев стокмен за свадбата со машничка со костумче со чевличиња све ново и кученцево на кое бевме на гости мислело играчка се моите обувки и си гризнал. Знам дека тогаш се утепав од плачење, а дали толку ме болело или не неможе да ми текне. После ми рекоа кучето тажно било следните денови
Моето куче кога беше мало се гризаше, зошто му растеа заби и го чешаа. Честопати се случуваше и нас по дома да не касне, но тоа не беа некои сериозни повреди
Иначе вака не сум бил каснат од куче, па да сум имал потешка повреда
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.