Дали некој го полагал тестот за работно место во Управа за финансиска полиција?

Член од
17 октомври 2014
Мислења
3
Поени од реакции
3
Здраво на сите :)
Би сакала да прашам дали некој го полагал тестот за работно место во Управа за финансиска полиција.
Тестот ќе биде составен од прашања со кој ќе се изврши проверка на
познавањето на кандидатите од областа за која аплицирале и проверка на
степенот на познавање на Англиски јазик.
Секој кандидат може да освои максимум 50 бодови од кои 10 бодови се од
успехот на факултет и 40 бодови од тестирањето (30 бодови-прашања од
областа; 10 бодови-познавање на Англиски јазик).

Стручниот испит ќе се состои од прашања од следните закони:
1. Закон за финансиската полиција
2. Закон за кривичната постапка
3. Кривичен законик на Република Македонија
4. Закон за ДДВ
5. Закон за данокот на добивка
6. Закон за персоналниот данок од доход

Ме интересираат ваши искуства.
Благодарам
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
А да има,ќе ти каже демек ?

На кој начин дојде до можноста да поднесеш барање за во финансиска полиција ?
 
Член од
17 октомври 2014
Мислења
3
Поени од реакции
3
Јас ке си пробам имала или немала и онака сум без обврски, ако имаш некоја информација кажувај :cool:

Имаше оглас на факултети.мк
 
Член од
14 февруари 2011
Мислења
55
Поени од реакции
30
огласот беше објавен на аа.мк, мегудругото местата се веќе распределени ...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
А да има,ќе ти каже демек ?
А ја демек, го поставив прашањето за она да ми одговори.
Јас ке си пробам имала или немала и онака сум без обврски, ако имаш некоја информација кажувај :cool:

Имаше оглас на факултети.мк
Па тоа ти е првиот услов бе девојче.
Ти не се распрашуваш за потрошња на Мерцедес и колку кошта сервис, ако немаш пари да го купиш. Куќа се гради од темели, ако немаш темел, не можеш да стигнеш ни до праење кров.
Плус ако си стварно бебе, како што ти е никот, мислам дека ни книшка нема да ти помогне, пошто бебиња не примаат, има таму колку години треба да си. Или пак можда примаат бебиња, ама со книшка. Но, од друга страна како би знаела да пишуваш ако си стварно бебе, како што ти кажува никот.... заплеткана работа, нема што. Види што ќе правиш.
 
Член од
17 октомври 2014
Мислења
3
Поени од реакции
3
Бог да чува и да брани...човек да не може прашање да постави на форумов, секогаш има некои сезнајковци што пишуваат надвор од темата, а може се и платени провокатори ама нема да паднам на ниско ниво како нив. Кој не го разбра прашањево нека го прочита уште неколку пати, убаво да му легне, па да даде одговор. Мислам дека прашањето е јасно и гласно;)[DOUBLEPOST=1413552096][/DOUBLEPOST]
огласот беше објавен на аа.мк, мегудругото местата се веќе распределени ...
го имаше и на http://www.fakulteti.mk/news/14-08-25/oglas_za_vrabotuvanje_vo_upravata_za_finansiska_policija.aspx
:)
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
testot e kolku dobri vrski imas...toa drugoto e samo formalnost
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.836
Бог да чува и да брани...човек да не може прашање да постави на форумов, секогаш има некои сезнајковци што пишуваат надвор од темата, а може се и платени провокатори ама нема да паднам на ниско ниво како нив.
 

Inception

Професор Д-р
Член од
3 април 2012
Мислења
115
Поени од реакции
55
Незнам на која тема да го пишам прашањево... па ајде овдека.. некако сродни ми се.... ( иако веќе го знам одговорот, а според ова горе веќе е потврдено хах.. али сепак ќе прашам :свиркам:) Дали вреди да се полага испитот за државен службеник, ако воопшто немаш нити книшка нити врски ? си го видел огласот на интернет... си се пријавил.. па ти стига известување за односниот испит и толку.... одиш бланко т.е. без ништо освен со стекнатото знаење. Некој со такво искуство или слично... ?
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Јас не знам зошто се двоумите доколку сметате дека имате капацитет.Иди,пробај,види.Никој не успеал од прва,и нема сигурни патишта.Знам дека е убаво да се распрашаш и да дознаеш повеќе инфо,ама она за книшка и врски,не можеш да го дознаеш дали е вистина или не.Некои викаат мора да имаш,некои не.Некој ќе влезе со врски,некој не.

Иди и види,најубаво така,дур не осетиш на своја кожа ништо не правиш.
 
G

Gricko_

Гостин
Незнам на која тема да го пишам прашањево... па ајде овдека.. некако сродни ми се.... ( иако веќе го знам одговорот, а според ова горе веќе е потврдено хах.. али сепак ќе прашам :свиркам:) Дали вреди да се полага испитот за државен службеник, ако воопшто немаш нити книшка нити врски ? си го видел огласот на интернет... си се пријавил.. па ти стига известување за односниот испит и толку.... одиш бланко т.е. без ништо освен со стекнатото знаење. Некој со такво искуство или слично... ?
Не вреди. Tие со врски или веќе работат (најчесто) или ќе им пишат повеќе бодови од тебе. Дури и ако стигнеш до најдобри тројца кандидати, треба да уплатиш едно 2000 за психолошки тестови.

За приватни компании кога наивно аплицирав пред 2-3 години бараа партиски врски и тоа бесрамно те прашува имаш ли книшка. Да не збориме тоа што има еден мој колега од 2009та работеше незавршен во приватна компанија, заврши 2012та и пуштија оглас, ја аплицирав, ко ми кажаа... Се е на диво кај нас, не дека не знаеш.
 

Inception

Професор Д-р
Член од
3 април 2012
Мислења
115
Поени од реакции
55
Не вреди. Tие со врски или веќе работат (најчесто) или ќе им пишат повеќе бодови од тебе. Дури и ако стигнеш до најдобри тројца кандидати, треба да уплатиш едно 2000 за психолошки тестови.

За приватни компании кога наивно аплицирав пред 2-3 години бараа партиски врски и тоа бесрамно те прашува имаш ли книшка. Да не збориме тоа што има еден мој колега од 2009та работеше незавршен во приватна компанија, заврши 2012та и пуштија оглас, ја аплицирав, ко ми кажаа... Се е на диво кај нас, не дека не знаеш.
знам бе другар... али ајде си викам да прашам. што е тука е.. не дека мн мн се надевам али ете, ме интересираше мислење...
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
знам бе другар... али ајде си викам да прашам. што е тука е.. не дека мн мн се надевам али ете, ме интересираше мислење...
Јас колку што знам така некој да аплицирал и да немал никакви врски и го примиле на работа е само мит.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom