Дали има живот на Марс?

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.860
Поени од реакции
7.240
http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2010/04/100429_asteroid.shtml

Астероидот кој носи „семе“ за Земјата

Астероид во судир со Земјата Научниците дојдоа до уште еден детал за тоа од каде произлегол животот на Земјата.
За прв пат на еден астероид беше идентификувана вода и органски материи.
Со користење на телескопи со инфра-црвени зраци на Хаваите, научниците открија големо количество мраз на астероидот познат како „24 Темис“, кој се наоѓа меѓу Марс и Јупитер.
Ова и’ дава дополнителен аргумент на теоријата дека пред милијарди години метерорите и астероидите кои удирале во земјата посеале вода и органски материи на неа.
Го прашавме Дејвид Морисон, директорот на центарот „Карл Саган“ - што ни открива ова за коцките од кои е направен светот?
Морисон: -„Знавеме дека животот не можел да се создаде од атмосферата на земјата, барем не целиот живот. Секогаш знаевме дека има некој надворешен извор кој донел вода и органски материи во раната историја на планетата пред четири милијарди години. До сега мислевме дека кометите се главниот извор, но сега може да се верува дека и астероидите носат таков материјал."
БиБиСи: Дел од теоријата со кометите не се вклопува со фактичката ситуација - нивниот состав не одговара сосем на она што може да се најде во раната историја на земјата!
Морисон: -„Па ние, се разбира, не знаме точно каква била ситуацијата на земјата кога тука немало живот. Знаеме нешто за елементите од кои била создадена, но тоа ви е како да сте на изградбата на некоја зграда - ги имате сите материјали околу вас, но тоа само по себе не прави зграда. Нешто друго морало да го придвижи процесот."
БиБиСи: Ако астероидите и кометите го посеале животот, дали ова откритие покажува дека нешто слично можело да се случи и на други места во универзумот?
Морисон: -„Токму така, ако овие ’тули’ се чести во нашиот сончев систем тогаш има причина да се верува дека тоа ќе биде така и во други системи. Иако, да бидеме искрени, не сме имале прилика да погледнеме во детали во другите системи за да направиме проценка. Се’ што откривме во астрономијата последнава деценија не' охрабрува да веруваме дека има многу други системи со милиони планети во нашата галаксија - затоа ние ОЧЕКУВАМЕ животот да блика низ неа."
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Изведените eксперименти беа дизајнирани да откријат постоење на активни метаболизми, но за жал со скромни претходни сознанија за Марс, затоа некои од резултатите останаа неразјаснети до денес.
Стара тема, секогаш интересна. Живот можеби постоел, но според кој критериум, која е дефиницијата за живот?

Дали нашата дефиниција за живот е универзална дефиниција која важи за цел универзум...мултиверзум, без разлика?

Можда со вакви дилеми се допира полето научна фантастика, но и другите теории не се ништо поарни.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.041
Поени од реакции
4.698
Што мислите дали има живот на Марс?
Дали има?
Мое мислење е дека има(ло) живот на Марс. Само што докази за тоа сеуште немаме пронајдено. Роверите и лендерите што одат до Марс се недоволно "моќни" за да откријаат живот, или траги од живот.

Сепак, технологијата напредува (иако со ниски буџети) и за брзо време, ќе биде пратен и човек на Марс, со што шансите за било какви откритија на Марс значително ќе се зголемат.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.041
Поени од реакции
4.698
Фосили на Марс се кријат под носот на роверот

Животот на Марс, ако некогаш постоел, можеби може да се најде многу полесно отколку што досега се мислеше. Новите истражувања на марсовските карпи сугерираат дека е голема веројатноста еден тип камења, кој може да се забележи насекаде на црвената планета, да содржи фосили од микробни животни форми, тврдат научниците. Минералите наречени сулфати, кои се формираат во присуство на течна вода, во големи количества може да се најдат на Марс, меѓу другото и на местото каде што се спушти роверот „Опортјунити“ на НАСА. Но, досега не беше јасно дали сулфатите може да ги сочуваат доказите за древен микробиолошки живот. Карпите се формираат кога седиментите се збиваат и кристализираат, процес кој, кај другите седиментни карпи, може да ги искрши рабовите на микроскопските фосили, уништувајќи го доказот за нивното постоење. Сега, Бил Шоф од Универзитетот во Калифорнија и неговите колеги, со помош на тридимензионални слики, открија фосилизирани алги во еден тип сулфати - гипс најдени во северна Италија. Тие сулфати се формирале кога Средоземно Море испарило пред околу 5,6 милиони години кога тектонските активности привремено го одвоиле од Атлантски Океан. - Сите ние претпоставувавме дека таму нема да има ништо, но грешевме - рече Шоф. Откритието на толку голем диверзитет на микрофосили на место каде што воопшто не биле очекувани, на научниците им дава надеж дека и сулфатите на Марс може да содржат слични формации. А тоа наскоро може и да биде потврдено. Со оглед на тоа што гипсот е мек, истиот лесно може да биде испитан со помош на роверот на Марс. Понатаму, тој примерок би можел да се раствори во вода за да се испита дали тој содржи органски материи што би укажувале на присуство на некогашен жив свет. Како алтернатива, ако гипсот биде вратен на Земјата, научниците може да го искенираат со прецизни инструменти и со помош на најнова опрема за слики во лабораторија. За тоа ќе биде потребна мисија со која ќе се вратат примероци на Земјата. НАСА веќе ја разгледува можноста за реализирање на еден таков проект. Иако научниците се согласуваат дека карпите кои настанале со испарување на водата се одлични места каде што може да се трага по знаци за потенцијален живот на Марс, сепак не е јасно како таквите депозити може да „ги заробат“ органските материјали, кои, според најверојатното сценарио, би биле присутни во мали количества на Марс или само на одредени локации. А тежината на тој проблем ја дополнува и фактот што и кога таквите материи би биле присутни во изобилство, нивото фосилизирање е ретка појава. Сепак, научниците не дозволуваат да бидат обесхрабрени. Засега, сите вселенски истражувања и потрагата по вонземски живот ќе се концентрираат на Марс.

Извор
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Подобро прашање е дали имало(напредна цивилизација) .
А живот има сегде , бесконечната интелигенција смрзната у материја е целиов универзум.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.041
Поени од реакции
4.698
Подобро прашање е дали имало(напредна цивилизација) .
А живот има сегде , бесконечната интелигенција смрзната у материја е целиов универзум.
Да зборуваме за Марс, има друга тема за живот низ целата вселена. :)

Дали имало живот на Марс, сеуште не знаеме, но ако имало, сигурно ќе се пронајди некаков доказ за тоа.
Мое мислење е дека имало/има заради некои "поволни" услови на Марс.
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Ако во почетокот на нашиот сончев систен, сонцето било посјајно од денес, и ако на земјата било жешко како сега на венера тогаш во тоа време на Марс имало поволни услови на живот. Можеби постоел а можеби и не. ДОкази нема(или се прикриваат). Доколку во иднина се зголеми активноста на сонцето би можело да настане некаков живот. Но од каде знаеме дека не може да се создаде живот и под овие сегашни услови на Марс. Да ја земеме африка како пример за земјата и Антарктикот како пример за Марс. На натарктикот се создале видови кои не можат да опстојат во африка. И тоа е исто како и со нас. Ако ние земјаниве не можеме да опстоиме на марс и ако за нас нема поволни услови за живот, можно е и таму под тие услови на живот да се создадат некои створења.Можеби веќе има, можеби се невидливи, можеби не се онакви како пто сите ги замислуваме. Можеби е надвор од нашата фантазија и не можеме ни да замислиме како изгледаат.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.041
Поени од реакции
4.698
Ако во почетокот на нашиот сончев систен, сонцето било посјајно од денес, и ако на земјата било жешко како сега на венера тогаш во тоа време на Марс имало поволни услови на живот. Можеби постоел а можеби и не. ДОкази нема(или се прикриваат). Доколку во иднина се зголеми активноста на сонцето би можело да настане некаков живот. Но од каде знаеме дека не може да се создаде живот и под овие сегашни услови на Марс. Да ја земеме африка како пример за земјата и Антарктикот како пример за Марс. На натарктикот се создале видови кои не можат да опстојат во африка. И тоа е исто како и со нас. Ако ние земјаниве не можеме да опстоиме на марс и ако за нас нема поволни услови за живот, можно е и таму под тие услови на живот да се создадат некои створења.Можеби веќе има, можеби се невидливи, можеби не се онакви како пто сите ги замислуваме. Можеби е надвор од нашата фантазија и не можеме ни да замислиме како изгледаат.
Генерално се согласувам. Ама животот на Земјата настанал во океаните, кој подоцна еволуирал насекаде низ целата планета. Така, постојат организми отпорни на екстремни температури, некои дури можат да преживеат голема радијација и безвоздушен простор-ваккум.
Што мислиш, ако во минатото имало живот на Марс, не би еволуирал тој живот и не би се приспособил на денешните услови кои владеат таму?
 
R

Roten 96

Гостин
Сега живот на Марс нема но порано ималооо.А уште колку планети се откриваат слични на земјата со слични каректеристики како иста одалеченост до сонцето и сл....Па според мене сите чудни работи оклу вонземјани и сл работи доаѓаат од други места што мора да е знак на постоење на живот на други место во други сончеви системи е сега дали тие се такви како нас или пак сосема различни никој неможе да каже.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom