Дали Србија ќе банкротира?

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Само не разбрав како стасахте до историjaта во почетокот на XX век?!
Дали си свесен дека во Македонија во тој период кој го спомнуваш не постоела македонска држава и дека Србите одсекогаш не се мирисале со Бугарите... Српските села биле и пред прва светска војна стално напаѓани од Бугарските села... Историјата е сега сменета, но има доста литература и записи од тоа време дека дури и на почетокот на 20 -ти век пред распаѓање на Османлиското Царство бугарите се убивале и жени и деца и се што им дошло српско на патот... Затоа и од Кралевината Србија доаѓале на помош токму поради бугарските наезди кои палеле српски села во Македонија... Такви злосторства вршеле што и самите Турци се грозеле...
И денес кога ќе прочиташ некаде како после прва светска војна во Кралевина Србија која ја враќа оваа територија под своја контрола од кога ги брка Турците и од кога води две Балкански војни против Бигарите, дека тепале, затварале некој со презиме на ОВ или ЕВ, ти го мислиш или правиш дека е Македонец, ама не е така...
Како за пример ќе ја земам бугарката Мара Бунева која му била љубовница на српскиот жандарм, кој овој ја оставил, а таа го убила... И тука некои сакаат да ја направат како Македонка борец... Како не бе... Не биди толку наивен...

И уште еден пример... Што мислиш зошто во Кралевина Србија сите што биле затварани, мачени и ако не биле стрелани, биле депортувани во Софија, со закана да не се враќаат повеќе во Кралевината...? Што мислиш...? Случајно ли таму ги депортирале...? Сите тие за кој ти мислиш дека биле Македонци и биле малтретирани од Србите, работеле за бугарската кауза, бидејќи Бугарија и Бугарите во Македонија никогаш не се помириле со судбината дека Србија ја вратила под своја управа територијата наречена Македонија...!!!
И тоа е оправдуванието за тежката икономкса и финансиска состоjба во Србиja денес во 2014 година? Па молим ти се...
Со два збора речено-некоj трошеше предолго време повеке отколкото можеше да си дозволи и отколкото заработуваше реално.
 
1

1292

Гостин
Значи според тебе македонска национална свест настанала во 1944 г.?

Македонците обично потпаѓале под бугарска пропаганда поради егархијата која била единствен начин одржување на религијата и стекнување на образование во поголем период под турско ропство. Друг избор бил грчката патријаршија на јазик кој бил непознат на македонците, па затоа одбирале егзархија.

А српската пропаганда, никогаш и не фатила некој поголем корен во Македонија. Освен неколку индивидуалци и по едно-две села во Поречието (не случајно најсиромашниот регион во Македонија во тоа време).
Националната свест не настанува во еден момент или пак за краток временски период. Реков дека Македонската идеја постоела и се ширела во тој период, но српската а особено бугарската се ширеле на многу по организиран начин, со многу повеќе средства. Зарем уште сметаш дека предметот историја во основните и средни училишта е изучување на наука за минатото? Тоа е иструментот преку кој се формира националната свест. Кога се нема сопствена држава, ја учиш историјата на оној кој ти ја контролира земјата. Со тоа, да македонската национална свест во голема мера се формира од 1944 па наваму, а уште повеќе од 1991 па наваму. Зарем е случајно тоа што за време на Југославија, од сите југословенски републики, најмногу луѓе баш во Македонија се декларирале како Југословени? Денеска сме заглавени во прашањето за идентитетот, дел од нас сметаат дека сме словени, а дел антички Македонци, дали сте свесни дека оставаме простор за уште една поделба на македонскиот народ? Зарем да имавме оформена национална свест ќе разговаравме за вакви прашања?

И уште ова, дали те сфатив добро. Сметаш дека во тој период Македонците имале оформена национална свест, но сепак подпаѓале под бугарско влијание ширено преку егзархијата?[DOUBLEPOST=1416679575][/DOUBLEPOST]
Немањето на држава, со ништо не ги оправдува зверствата кои ги правеле на оваа територија.

Од историска гледна точка, хрватите не се ништо полоши од србите, и убаво си ја средија државата со тоа што искористија прилика и партал ги направија во краина.
Читај за историтаја на Европа, читај ја историјата на било која европска земја. Најди барем една земја во која немало масакри и зверства.Таму ќе најдеш одговори, никој нема да ти даде подобар одговор на било кој форум.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.990
Националната свест не настанува во еден момент или пак за краток временски период. Реков дека Македонската идеја постоела и се ширела во тој период, но српската а особено бугарската се ширеле на многу по организиран начин, со многу повеќе средства. Зарем уште сметаш дека предметот историја во основните и средни училишта е изучување на наука за минатото? Тоа е иструментот преку кој се формира националната свест. Кога се нема сопствена држава, ја учиш историјата на оној кој ти ја контролира земјата. Со тоа, да македонската национална свест во голема мера се формира од 1944 па наваму, а уште повеќе од 1991 па наваму. Зарем е случајно тоа што за време на Југославија, од сите југословенски републики, најмногу луѓе баш во Македонија се декларирале како Југословени? Денеска сме заглавени во прашањето за идентитетот, дел од нас сметаат дека сме словени, а дел антички Македонци, дали сте свесни дека оставаме простор за уште една поделба на македонскиот народ? Зарем да имавме оформена национална свест ќе разговаравме за вакви прашања?

И уште ова, дали те сфатив добро. Сметаш дека во тој период Македонците имале оформена национална свест, но сепак подпаѓале под бугарско влијание ширено преку егзархијата?[DOUBLEPOST=1416679575][/DOUBLEPOST]
Читај за историтаја на Европа, читај ја историјата на било која европска земја. Најди барем една земја во која немало масакри и зверства.Таму ќе најдеш одговори, никој нема да ти даде подобар одговор на било кој форум.
Тогаш со кое право ги правите хрватите фашисти и убијци, ако е тоа омилен спорт во историјата на Европа?
 
Кога веќе ми поставуваш вакво прашање, пиши ми конкретно за зверствата на кои си мислел во претходниод пост. Кога се случиле, од страна на кого, во името на што, под каков изговор, која е последицата денес од тие зверства, дали денес некоја држава се гордее со нив?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.990
Кога веќе ми поставуваш вакво прашање, пиши ми конкретно за зверствата на кои си мислел во претходниод пост. Кога се случиле, од страна на кого, во името на што, под каков изговор, која е последицата денес од тие зверства, дали денес некоја држава се гордее со нив?
Па на пример војводава што се врати во Белград, сеуште ја смета Македонија за Јужна бановина.

Еве 21 век сме па сепак тие работи не се изчезнати, како што ми тврдеше Pixa (овој најнова историја од 2006 па надаље).
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Зарем е случајно тоа што за време на Југославија, од сите југословенски републики, најмногу луѓе баш во Македонија се декларирале како Југословени? .
Ti si vo zabluda. Najmalku Jugosloveni imashe vo Makedonija, pokraj Slovenija. Se raboti za najmnogu, preku sila, 5% od naselenieto i toa obichno deca od meshani brakovi.
 
Последно уредено:
1

1292

Гостин
Па на пример војводава што се врати во Белград, сеуште ја смета Македонија за Јужна бановина.

Еве 21 век сме па сепак тие работи не се изчезнати, како што ми тврдеше Pixa (овој најнова историја од 2006 па надаље).
На кого се однесува овој пример? Не гледам никаква поврзаност со тоа што ние го дискутираме. Зошто мене ме цитираш ?
Цитирај ме кога ќе ми одговориш тоа што те прашувам. Не кој бил ставот на Шешељ. Хрватска е таа што се гордее со протерување на цивилно население. Хрватска ја слави акцијата „Олуја“ како ден на победата. Крај на крај Шешељ никого не убил со тој негов став.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
На кого се однесува овој пример? Не гледам никаква поврзаност со тоа што ние го дискутираме. Зошто мене ме цитираш ?
Цитирај ме кога ќе ми одговориш тоа што те прашувам. Не кој бил ставот на Шешељ. Хрватска е таа што се гордее со протерување на цивилно население. Хрватска ја слави акцијата „Олуја“ како ден на победата. Крај на крај Шешељ никого не убил со тој негов став.
Каде е протерано цивилното население ?
Тоа не ми е јасно.Никаде не постои докази дека се насилно протерани (дури пред Олуја на сите војници на ВРСК им е дадена амнестија, а после олујата на Србите домовите обновени и дадени државјанства и пензии) и дека постои организирано етничко чистење. Србите се разбеагаа ораганизирано од своите домови уште пред да влезе хрватска војска во било кое село или град.Имаш документирано со снимки, со документи дека е планирана евакуација на населението во случај на било каква воена акција, години пред тоа има и снимки како е вежбано на ниво на месни заедници со цел што побрзо да можат да се евакуираат, имаш писма разменувани меѓу српските командати кои не се согласуваат со таква евакуација бидејќи ќе го намалела моралот и мотивацијата за борба на војниците на фронтот итн итн.

Едино што не очекуваа дека баш така неславно ќе пропаднат и ќе се разбегаат на фронтот и нема да имаат шанса веќе како победници пак да се вратат назад,него ќе мора да живеаат под ''усташка" власт, во "усташка" држава и под "усташко" знаме. Тогаш стапува друга приказна на сила.......воен пораз и масовна бежанија се претставуваат како етничко чистење. Слушајќи ги нивните приказни испаѓа ко они невооружани да биле и некој на нив мирните да им влегол и да ги протерал од дома на сила.

Како што друго да ја слават Олуја освен како ден на победа ? Што друго е Олуја ?
Да ги земат во Македонија учките Тетово,Гостивар, Дебар, Кичево, да ги исчистат од Македонци и Македонија 4 години покасно со воена акција да ги врати како што би се славел тој ден тука ?
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Националната свест не настанува во еден момент или пак за краток временски период. Реков дека Македонската идеја постоела и се ширела во тој период, но српската а особено бугарската се ширеле на многу по организиран начин, со многу повеќе средства. Зарем уште сметаш дека предметот историја во основните и средни училишта е изучување на наука за минатото? Тоа е иструментот преку кој се формира националната свест. Кога се нема сопствена држава, ја учиш историјата на оној кој ти ја контролира земјата. Со тоа, да македонската национална свест во голема мера се формира од 1944 па наваму, а уште повеќе од 1991 па наваму. Зарем е случајно тоа што за време на Југославија, од сите југословенски републики, најмногу луѓе баш во Македонија се декларирале како Југословени? Денеска сме заглавени во прашањето за идентитетот, дел од нас сметаат дека сме словени, а дел антички Македонци, дали сте свесни дека оставаме простор за уште една поделба на македонскиот народ? Зарем да имавме оформена национална свест ќе разговаравме за вакви прашања?

И уште ова, дали те сфатив добро. Сметаш дека во тој период Македонците имале оформена национална свест, но сепак подпаѓале под бугарско влијание ширено преку егзархијата?
Спорниот израз кој го употреби и за кој ти реплицирав беше - едните имале бугарска национална свест, другите српска.

Од две причини. Прво не спомнуваш македонска национална свест, а второ српската и бугарската пропаганда ги ставаш на исто рамниште, иако како што ти напишав претходно српската никогаш не фатила корен во Македонија.

Во врска со прашањето кое ми го поставуваш на крајот на постот - да, дел од сиромашното, селско население кое не знаело да чита и пишува, сеуште немало прифатено никаква национална идеја и се идентификувало само според религијата. Што сте? Рисјани. Тоа било аморфна маса која за жал потпаѓала под влијание. Но, тоа го имало скоро во секој народ под турско, па затоа потребата од преродби и национално освестување за секој народ. И кај бугарите го имаш Паисиј Хилендарски кој ги прекорувал зошто ја заборавиле својата историја и не се нарекувале бугари, кај албанците ги имаш Фрашери и Призренската Лига, кај србите Пеќката Патријаршија и Караџич.

Факт е дека освојувањето на Балканот од страна на Османлиите бил таков страшен удар, што предизвикал 3-4 века национална амнезија. Голем дел од интелектуалци, свештеници; учен и писмен народ што всушност ја пренесувал националната историја од колено на колено бил убиен или прогонет и со тоа се создала своевидна дупка во историјата. Немало кој да ја прераскаже на идните поколенија, па затоа народите во 18 век требало да се преродуваат и да ја составуваат својата национална историја како сложувалка од стари книги, ракописи итн.

Во Македонија случајот е малце поинаков од причина што христијанските браќа успеале порано од нас да добијат држави, а со тоа и база на операции, и наместо тоа да го искористат да ни помогнат, нели, по христијанска основа, тие го користат за да ни ја наметнат нивната верзија на историјата, стануваат конкуренција на македонските преродбеници кои се обидувале да ја склопат нашата сложувалка.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Па на пример војводава што се врати во Белград, сеуште ја смета Македонија за Јужна бановина.

Еве 21 век сме па сепак тие работи не се изчезнати, како што ми тврдеше Pixa (овој најнова историја од 2006 па надаље).
Pa za mnogu nashi samobendisani vojvodi Severna Grcija e Belomorska Makedonija, ili Juzhna Makedonija...Vetuvaa deka slednata nivna partiska konferencija ke se odrzhi vo Solun...Pa ovoj krade istorija od onoj, drugiot bara teritorii, tret se zhali od genocid, drug sproveduva genicid i taka natamu...
Poimot Egejska Makedonija gi iritira Grcte kako shto nas ne Iritira Juzhna Banovina.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.990
Pa za mnogu nashi samobendisani vojvodi Severna Grcija e Belomorska Makedonija, ili Juzhna Makedonija...Vetuvaa deka slednata nivna partiska konferencija ke se odrzhi vo Solun...Pa ovoj krade istorija od onoj, drugiot bara teritorii, tret se zhali od genocid, drug sproveduva genicid i taka natamu...
Poimot Egejska Makedonija gi iritira Grcte kako shto nas ne Iritira Juzhna Banovina.
Само што има една "маааааааааааала" разлика, во Македонија се до пред освојувањето од страна на Србија, имало малце срби, за разлика во Егејска Македонија, каде сеуште има многу македонци кои зборуваат македонски.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Само што има една "маааааааааааала" разлика, во Македонија се до пред освојувањето од страна на Србија, имало малце срби, за разлика во Егејска Македонија, каде сеуште има многу македонци кои зборуваат македонски.
:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:

Од каде ли се сега овие Срби во МК, зошто ли само по 45` во Македонската Комунистичка Партија примале само луѓе со МК презиме, па има многу луѓе денеска по Српските села како од Стојановиќ се прекрстувале во Стојановски и сл. за да дојдат до раководителни позиции, затоа треба овој народ да се заблагодари на другарот Тито, кој што им направил држава, а пред тоа ниту постоела Македонија ниту пак имало некое Македонско национално движење заради Македонска кауза, туку се било изрежирано од Бугарија и користено во нејзините цели.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225

А дали ти си знаел дека межу двете светски војни присилно им биле ставани презимиња на Ќ.
Најди ја прво причината после кажи ја последицата!:love:
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Само не разбрав како стасахте до историjaта во почетокот на XX век?!

И тоа е оправдуванието за тежката икономкса и финансиска состоjба во Србиja денес во 2014 година? Па молим ти се...
Со два збора речено-некоj трошеше предолго време повеке отколкото можеше да си дозволи и отколкото заработуваше реално.
И јас се чудам 209 коментари со националистички бљувотини толеринарни од модератори. Нема ни збор од Економија и од банкрот. Срамота!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom