ГO - Најпопуларната умствена игра во светот

Дали сте заинтересирани за играње и запознавање со ГО?


  • Вкупно гласачи
    33
  • Гласањето е завршено на .
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.708
Поени од реакции
2.036
Го е азиска игра, која денес е популарен спорт во целиот свет. Измислена е во Кина пред повеќе од 3000 години, и некогаш била игра само на Кинеската елита и дел од четирите уметности (музика, цртање, калиграфија, Го). Таа е игра за два играчи, се игра на табла со црни и бели камења. Играчите наизменично поставуваат по еден камен на потег и целта е да се заобиколи поголема територија од противникот. Камењата не се движат откако ќе се постават, но може да се отстранат кога целосно ќе се заобиколат од противничките камења. Малкуте правила на Го се учат брзо и се сфаќаат лесно, играта може да се игра од 4 години па на горе и подеднакво е забавна за секоја возрасна група.



Во Европа е многу развиен спорт, исто така и на балканот, а зачудувачки во Македонија е многу малку позната. Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија и Грција, сите имаат свои клубови и федерации. Организираат годишни турнири и првенства, како и помали турнири. Како професионалец во овој спорт многу солидно се заработува само од играње на турнири и подучување на други играчи.



Засега во Македонија е организиран еден турнир на кој учествуваа играчи од Македонија и гости од Србија. Исто така направена е страна за промоција www.igrajgo.rf.gd, и интерактивен туторијал.

Што мислите за развивање на оваа игра како спорт во Македонија?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.714
Поени од реакции
17.376
Пробав да ја научам коа искочи веста за тој компјутерот што го победил најдобриот играч во светот. Играв онлајн, ме ишлапаа без осет 2 пати и се откажав.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
241
Поени од реакции
3
Јас играм скоро цела година, од време на време и зависи од јачината на играчот на интернет. Некогаш победувам, некогаш губам. Ама мора со појак играч да играш, па и да изгубиш, на крај да ти објасни каде ти се грешките за да станеш подобар. Исто е како што не е филингот шах да се игра на интернет исто е и со Го. Сум играл и во живо на вистинска табла и многу е поинаку, барем јас повеќе се концентрирам.

За почеток додека да поднаучиш подобро е со друг почетник да играш, зошто многу е глупо кога ќе губиш и нема да разбираш зошто :)
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.708
Поени од реакции
2.036
Се согласувам со @Mr.F, подобро е играњето во живо, поради поголема концентрација, противникот е исто човек што седи пред тебе, а не е некој компјутер/виртуелен противник, а како голем плус е играњето во природа, релаксирање и креативно размислување на умот.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
По грешка кликнав „Не“ у курац, сеа ќе штрчам на анкетата ко подмолно, цинично ѓубре да сум.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
По грешка кликнав „Не“ у курац, сеа ќе штрчам на анкетата ко подмолно, цинично ѓубре да сум.
Па и ја гласав "Не", зашто не сум заинтересиран, што има тука страшно?
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.708
Поени од реакции
2.036
Не е ништо страшно, таман работа...
Кој е заинтересиран ќе научи, секој човек си има различни хобија и сопствен вкус.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
241
Поени од реакции
3
Поради потешкотиите за наоѓање место за риал лајф презентација. Одлучивме додека тоа може да се изведе и на интернет, како за почеток :).

Креирав група Macedonian Group на OGS, па сите заинтересирани за учење Го приклучете се на групата.

Во Сабота 03.12.2016 во 18ч ќе се одржи Online Go дружење. Поканети се сите заинтересирани.
Планот е прво дискусија на четот на групата, па презентација на основните правила (што ќе биде кратко) и после играње со другите играчи.

Јас на OGS сум glitchdot, па ако имате прашања или сакате да играте со мене, слободно контактирајте ме таму или овде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom