Професорот сакал да држи предавања, како и секој универзитетски професор. Даночникот Шојбле не му дозволил.
Професорот плаче кај новинарите, затоа што никој не го слушал и заборавил дека не е во амфитеатар. Со предавања и држење лекции не се гради куќа, а камоли држава.
Варуфакис покажува една многу класична особина на универзитетските професри, сите да внимваат, запишуваат, и прифаќаат додека тој држи лекции. Со досетки и коментари се дискредитираат накурчени сезнајковци студенти, се палат млади сапио студентки, а не министер на трилионска економија.
Министер на трилионска економија ќе ти каже, ако сакаш пари, ќе направиш тоа и тоа. Канцелар на трилионска економија ќе ти каже, слушај Ципрас, јас ќе го спасам еврото, вразуми го професорот со неговите досетки, глупости, и лекции. Деталите и механизмите како ќе функционира сето тоа ќе го дефинира Шојбле со неговиот тим.
Ништо изненадувачко нема во изјавите на Варуфакис. Кој и да било универзитетски професор ќе ги труби истите нешта и лекции, со единствена разлика на начинот на искажување. Некои се гласни, други тивки, трети досадни, четврти вулгарни, итн.