Греење со пелети

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@ Lurtz @Bafra
Од почетокот на 2016 година „ експертите “ од Регулаторна не ја одредуваат повеќе цената на гасот.
Тоа е интересно: Во речиси сите земји регулаторните комисии се занимаваат исклучиво со струја и гас ( каде што има мрежа ), а кај нас тоа го нема
Последна цена за на гас која е објавена е од јануари 2016 и е објавена во весникот Вечер и таа цена изнесува 32,488 денари за нормален метар кубен гас
http://vecer.mk/ekonomija/se-gotvi-novata-cena-na-prirodniot-gas-vo-makedonija
За просечен стан од 60 квадрати, за умерено затоплување, за една цела грејна сезона потребни се околу 7200 киловат часови енергија или изразено во гас 760 нормални метри кубни гас.
Тоа значи трошокот за затплување на гас би бил:
760*32,488 = 24690 денари годишно
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.809
Поени од реакции
15.732
се греам на градско парно, ама имам приметено некој работи:
-кога почна лани грејната сезона видов српски брикети по релативно ниска цена, дали 7-9мкд/кг... но по реакциите на големото загадување, многу бргу се крена цената на 14мкд/кг
Друго, во дискусиите за гасот некој спомна гас во боца ??? ... да не мисли на бутан пропан за домаќинство ???
А уште на времето, пред 15-на години а и повеќе, во
охис не само гасификација туку и турбината гоа ќе ја пуштаа... но набргу се сведе на малиот котел - тзв Пампур, на мазут... Гасот може да конкурира само ако се работи за голема и континуирана потрошувачка, скап е транспортот на гас низ цевките за гас ако нема стабилна и висока потрошувачка...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
@ Lurtz @BafraЗа просечен стан од 60 квадрати, за умерено затоплување, за една цела грејна сезона потребни се околу 7200 киловат часови енергија или изразено во гас 760 нормални метри кубни гас.
Тоа значи трошокот за затплување на гас би бил:
760*32,488 = 24690 денари годишно
не знам од каде токму 7200 квх, но по овој или по овој другиот калкулатор излегува дека за таа бројка потребни се околу 650-680 м3 природен гас. Ако ова е точно, потребни се 21.100-22.100 денари. А тоа не ми се чини нешто поскапо од пелетите, а уште помалку од дрвото и струјата.
 
Последно уредено:

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Годинава преминувам од дрва на пелети.
Околу 215-220 квадрати ( не знам точно колку) треба да згреам на два спрата.
Надградба на котел на дрва со горилник од 50 kW, и купени 4200 кг пелети, по 13 ден./кг
Трошев околу 18 кубика дрва во просек претходните сезони, купував по 20... па да видам годинава како ќе оди.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
не знам од каде токму 7200 квх, но по овој или по овој другиот калкулатор излегува дека за таа бројка потребни се околу 650-680 м3 природен гас. Ако ова е точно, потребни се 21.100-22.100 денари. А тоа не ми се чини нешто поскапо од пелетите, а уште помалку од дрвото и струјата.
E многу ми се допаѓа твојот пост во врска со калкулаторите
Јас не работам со калкулатори туку со ова:

Е како не е поскапо. Колку што знам ти трошиш 4 кубици дрва годишно и нешто струја
Ова е 26 илјади денари
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Е како не е поскапо. Колку што знам ти трошиш 4 кубици дрва годишно и нешто струја
Ова е 26 илјади денари
4-5 м3 со тоа што околу 10 часови просторијата не се грее, само во викенди. Додади + на таа количина. Со само 7 м3 по цена од 3400-3600 колку што беше дабовото наспроти 650-680 м3 гас, нека се и 700 со цена од 32.5 денари (како што кажуваш, јас за гасот немам искуство), со дрва е ем поскапо ем попрљаво (ќе трошиш за чистење ѕидови и молерисување, на голтање прашина од согорување, колку и да е нова печката, на време кое е потребно самата печка да се загрее...). Ами што ако имаш уште една соба? А купатило? А чистењето оџак (ако сакаш сигурно и стручно чистење) дали знаеш колку чини? Ете ти ги парите, ем попрљаво ем понепрактично.
E многу ми се допаѓа твојот пост во врска со калкулаторите
.
Затоа треба да се праша човек кој се греел на гас во Македонија со искуство. Во секој случај, со количината пелети кои ги споменаа @Dexter26 и @Струмикс греењето без цената на печка ми се чини во разумни граници.
 
Последно уредено:

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
4-5 м3 со тоа што околу 10 часови просторијата не се грее, само во викенди. Додади + на таа количина. Со само 7 м3 по цена од 3400-3600 колку што беше дабовото наспроти 650-680 м3 гас, нека се и 700 со цена од 32.5 денари (како што кажуваш, јас за гасот немам искуство), со дрва е ем поскапо ем попрљаво (ќе трошиш за чистење ѕидови и молерисување, на голтање прашина од согорување, колку и да е нова печката, на време кое е потребно самата печка да се загрее...). Ами што ако имаш уште една соба? А купатило? А чистењето оџак (ако сакаш сигурно и стручно чистење) дали знаеш колку чини? Ете ти ги парите, ем попрљаво ем понепрактично.
Затоа треба да се праша човек кој се греел на гас во Македонија со искуство. Во секој случај, со количината пелети кои ги споменаа @Dexter26 и @Струмикс греењето без цената на печка ми се чини во разумни граници.
Не сум се греел на гас, и немам искуство... Но, летово, кога сериозно размислував и се распрашував по луѓе за искуства, тука по Струмица, пелетите ми се видоа како најекономична варијанта.
Конкретно за гасот, инвестицијата во гасен котел за парното, кој, всушност не е ништо повеќе од проточен бојлер на гас, излегуваше за околу 300 евра поскапа од она што го дадов за да преминам на пелети. Приклучокот би ми бил + 500 евра.
И, доаѓам до енергенсот... Најмеродавен ми беше еден пријател, кој грее слична површина со мојата на гас, и спомнуваше месечна сметка во просек од 17000 денари.
Од друга страна, фирмата која ми монтираше горилникот за пелети, работат со гасни котли и спомнаа дека огромно мнозинство од оние кои во Струмица купиле гасни котли ги употребуваат со плински боци, а не на градската мрежа.
Поради тоа, се одлучив за пелети.
Секако, напишаното тука не е мое лично искуство, туку чуено од луѓе, така да, треба малце резерва према тоа.
 
Kutivce

Super Сasual Dating Actual Women
Член од
7 септември 2016
Мислења
42
Поени од реакции
13
Немам правено математика колку ме кошта со бољерот на плин, но во просек една боца ја трошам за месец, месец и пол. Боцата ја плаќам од макпетрол и последно кога ја заменив ме кошташе 500 денари.
Јас сега засега сум презадоволен со плинскиот проточен бољер. А да боцата мислам дека бери 18 или 20 кг плин. Плинот во боци оди во кг не во литри или јас сум грешка. Искрено немам ни заприметено ама се си мислам дека е во кг.
Па од прилика види колку капења со тие 500 ден и ќе видиш колку чини :)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Сaкaм дa зеaм печкa нa пелети зa у викендицa,прoстoрoт зa греење е мaксимум 80 квaдрaти,е сеa ме интересирa некoј aкo знaе кoлку би ме кoштaлa еднa дoбрa печкa и кoлкaви субвенции дaвa Влaдaтa,oд кoa пoчнувa тaa меркa нa Влaдaтa,дaли ми се исплaти дa се грејaм тaму нa пелети сo oглед нa тoa шo не сум тaму целo време туку зa викенди oбичнo се oди и некoи тaкви рaбoти ?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.781
Поени од реакции
21.187
Па од прилика види колку капења со тие 500 ден и ќе видиш колку чини :)
Е да бе сега ке земам и штоперица да видам кој колку време се капи и на која температура ја мести водата. И никој во цената не го става комфортот. Нити се замарам дали е скапа или евтина, нити дали некој пред мене го потрошил бољерот( ова по битолски и се мисли на топлата вода во него) нити дали бил уклучен или заборавиле да го уклучат или исклучат, нити дека џабе ја топлел пошто испаднала некоја друга работа итн итн итн. Ако земиме така најефтино е со оние комбинирани бакарни бољери на дрва и струја каде буквално со гранки и прачки ќе ја стоплиш водата. Не кошта во пари ништо ама кој да бери гранки и прачки.
П.с имам таков исправен за продавање, душа дал за во викендички. Нити струја ти треба, нити инсталација за вода нити ништо. Едно црево за довод на вода, оџак и дрва.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Од понеделникот навака го тестирам системот.
Четири дена по некои 10 саати на ден, и со интензивно чепкање по горилникот, во смисла, играње со температури, моќност и сл. Пробам да видам како би било најоптимално (ако можам на овие надворешни температури).
Засега потроши 4 вреќи пелети, односно околу 60 кила. Беше наполнет резервоарот до врв, и сега кога го исклучив пак дотурив и собра скоро 4 вреќи.
Пробав да одржувам температура од 22 степени.
Најчесто работеше на 50 киловати, т.е. на максималната моќност.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570

Па толку отприлика трошат котлите на пелети, една вреќа на 8 до 12 часа, во зависност од тоа на колкава температура е наместен котелот да грее и колку време работи. За време на зимските студови, кај мене се случува да го оставам вклучен и 18 часа деноноќно, од 6:00 часот наутро до 24:00 часот на полноќ, при што троши 1 ипол до 2 вреќи во едно деноноќие.

Температура од 22 степени Целзиусови е премногу ниска, непотребно ги трошиш пелетите за толку ниска температура. За волја на вистината, и надворешните температури сеуште не се значително ниски за да го наместиш котелот на повисока температура, но сепак нема потреба да трошиш пелети за такви цели.

Намести го да грее на температура помеѓу 30 и 35 степени Целзиусови, сигурно повторно ќе ти троши иста количина пелети, така што ќе се гаси поретко бидејќи полесно му е да одржува повисока температура отколку пониска, а со тоа би требало и да се намали потрошувачката на пелети.

Кога ќе започнат зимските студови, намести му ја температурата помеѓу 50 и 55 степени Целзиусови и тогаш ќе троши повеќе, но и тогаш нема да троши премногу бидејќи сепак му е полесно да одржува висока температура отколку да се гаси на секои 5 до 10 минути за да одржува пониска температура помеѓу 20 и 25 степени Целзиусови.

И провери го упатството за котелот, провери дали има опција за регулирање на употребата на пелети, односно на колку време додава пелети во каминот. Кај мене тоа ми е малку нејасна скала од -7 до 7, а јас вообичаено го местам тоа на 2, што му значат тие бројки појма немам, но знам дека ако го наместам на 0 или на помалку од 0, побавно ги внесува пелетите, а со тоа следува и ризикот да згасне оганот поради недостиг на пелети во каминот.

Исто така внимавај дали навреме запалува котелот, кај мене вообичаено му требаат 5 до 10 минути за да запали, но му се случува понекогаш на грејачот кој ги потпалува пелетите - или запалката, како што ја нарекуваат мајсторите - да потфрли и да не ги загрее пелетите доволно брзо за да се запали оган, а бидејќи системот истовремено внесува нови пелети во каминот, а претходно внесените не се запалиле, нема доволно воздух и нема оган, а има камин преполнет со пелети кои морам со рака да ги вадам и да ги враќам во резервоарот. Ова ретко ми се случува, но за жал изминативе 4 зими не сум имал месец кога не се случил таков проблем. Но можеби ти нема да имаш ваков проблем, можеби проблемот е ограничен само кај послабите котли на пелети како мојот со моќност од 12 киловати.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Засега може само да констатирам две работи: грее како лудо, и побрзо крева температура споредено со дрвата, а според мајсторите, на гас би било уште побргу.
Но, пак ќе кажам, сеуште е рано, кога ќе залади како што треба ќе споделам пак искуство.[DOUBLEPOST=1476540923][/DOUBLEPOST]

Мислев на температура во собите 22, додека котелот одржува температура на водата од 52 степена. Кај мене котелот е во подрумот...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Засега може само да констатирам две работи: грее како лудо, и побрзо крева температура споредено со дрвата, а според мајсторите, на гас би било уште побргу.
Но, пак ќе кажам, сеуште е рано, кога ќе залади како што треба ќе споделам пак искуство.

Мислев на температура во собите 22, додека котелот одржува температура на водата од 52 степена. Кај мене котелот е во подрумот...
Е па тогаш со право си задоволен.

Остави го котелот на таа температура, или оди до максимум 60 степени Целзиусови - ама тоа е веќе за периоди кога надворешната температура е под нулата, и самостојно извади си сопствени заклучоци за греењето на пелети.

И обрни внимание на чистењето на каминот и на оџакот - или издувните цевки, односно ќунците, во зависност од тоа што користиш. Воопшто нема да биде добро да престане да ти работи котелот поради нечист камин или поради нечист оџак или нечисти издувни цевки. И не заборавај да користиш исклучиво странски пелети, или ако се македонски, да бидат спакувани во вреќи со името на производителот и телефонски број и адреса за контакт, за да знаеш каде и кај кого да се жалиш доколку ти продадат пелети со остатоци од дрвца кои можат да ја заглават спиралата која ги внесува пелетите од резервоарот во каминот.

Не знам за греењето на гас, но знам дека греењето на струја е многу брзо, бидејќи работев едно време во канцеларија која беше сместена во стан преуреден за употреба како деловен простор и таму радијаторите се грееја на струја и навистина брзо се загреваа. Претпоставувам дека исто би било и на гас, но не можам да дадам коментар за таквото греење бидејќи не сум го искусил лично.
 
Последно уредено:

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
@Dexter26 пелетите се српски, Биомакс или така нешто, од Краљево.
Кај мене станува збор за горилник вграден на котел за дрва :) и чудото е самочистечко. Понекогаш застанува, на дисплејот пише cleaning, трае тоа околу 30 секунди и продолжува. Според мајсторите, мое е еднаш неделно да истресам пепелникот.
Но, пак ќе кажам, сеуште ми е ново ова. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom