Градинки

Дали е добро детето да оди во градинка?

  • Да, зошто да не.

    Гласови: 130 90,9%
  • Не, никако.

    Гласови: 13 9,1%

  • Вкупно гласачи
    143
Член од
30 март 2009
Мислења
251
Поени од реакции
20
Да бе, баш е поубаво во градинка со деца... а не дома со баба и дедо.
Хахаха
Дома баба и дедо ме научија да читам и пишувам и кирилица и латиница, и ракописно и печатно, да бројам до 1000, да собирам и одземам, веке на 5 години сама си читав книги и знаев многу нешта што во градинка нема шанси да се научат.
Јадев што сакам и колку сакам, спиев кога сакав...

Ама затоа кога ке ни дојдеа гости, бегав како луда :tapp:(ми беше срам од луѓето)

Е тоа е... има и добро и лошо неодењето во градинка :pos2:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.283
Поени од реакции
45.747
Така се кали челикот, ако не фатиш вошки,гледаш во женскиот ќенеф додека мочаат девочињата, украдеш количка се истпаш со некое од другарчињата и не пиеш една вруќа од воспитувачките не си видел ништо од животот :)
Уште ми е во сеќавање гравот во понеделник и пирето со плескавица во вторниците.
ее сеа услови немало убави, та преку тасета, седи си со баба ти дома нека те замара :) :P
 
К

*Каталонец*

Гостин
Да бе, баш е поубаво во градинка со деца... а не дома со баба и дедо.
А зошто да плаќа пари за во градинка, кога може да си седи дома ?

Тешка работа е денешницава..
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.452
Поени од реакции
5.419
А зошто да плаќа пари за во градинка, кога може да си седи дома ?

Тешка работа е денешницава..
Ах за парите било, епа така кажи :)
Ја сум имал и баба и дедо па сум идел у градинка, ништо лошо не е, не ни памтим некоја воспитувачка да ме удрела само знам во ќош сум седел.
И од кога повратив во градинка од ПИРЕ, више у уста не ставам и ден денес :pos:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Имам идено во градинка неколку месеци и интересно ми беше. Идев баш пред да тргнам во забавиште, да се социјализирам малку ме пратија :icon_lol:. Немав никакви проблеми со негувателките, ме сакаа :)
E сега со сестра ми беше друга приказна, таа не сакаше да смисли градинка. Имаше уплав од негувателката и до ден денешен ја мрази таа жена (си пиша и сама погоре). Единствено нешто што памти од градинка е дека правеле преубави макарони (и денес си вика дома за утре сакам макарони од градинка :pos:) и дека боичките си ги заборави во градинка :pos:.

Еден ден веројатно и моите деца би ги праќала во градинка. Ако не се задоволни од негувателката би ја сменила градинката. Лошите негувателки се оние старине баби од времето на Тито, на кои им се преку глава децата и одвај чекаат да дојде 4 саат и родителите да си ги земат дома. Помладите негувателки сметам дека се посовремени, имаат поразлични методи на воспитување.
Има многу позитивни работи од одењето во градинка дружбата со другарчиња и учење на многу нови работи во животот. Ако те чуваат баба и дедо тоа не е лошо, но има многу повеќе негативности според мене. Мене до 5 години мајка ми ме чувала не работела и немало потреба од градинка :), затоа кратко сум одела само.

А кога станува збор за приватните градинки тие се поразлични, посовремени од државните, но и чинат доволно. Знам една многу добра приватна градинка, каде децата ама навистина не сакаат да си одат. Имаат феноменални услови, постојано имаат часови и активности децата. Едно детенце што знам што оди таму има сега 7 години (и сега после училиште си оди во градинката и многу деца така одат) и знае повеќе англиски и италијански од мене :pos:. Но баш таа градинка чини многу, пола и повеќе од просечната плата. Кога би имала услови би го пратила детето баш во таа градинка, ако немам тогаш државна :)
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Сум бил у градинка еден единствен ден. Се сеќавам кога ме оставија со едни палави деца, а јас бев мирен и што ке правам одма се растажив. Се сеќавам дека многу плачев и пробав да побегнам, ама ме фати таа дебелата ни ја незнам како :).
Ми покажуваа играчки она-ова ама џабе. И на крај кога видоа дека ништо не помага ме вратија дома и од тогаш никад не сум влегол во ниту една градинка.
 
S

stereo m'c

Гостин
сум бил и јас во градинка хихих ама понекогаш бегав и на некој нацин ми се оди пак во градинка сакам да си играм со коцки и разни чуда, а да и да му пишам на дедо мраз писмо да ми донесе играчка за нова година !!:pos2:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
сум бил и јас во градинка хихих ама понекогаш бегав и на некој нацин ми се оди пак во градинка сакам да си играм со коцки и разни чуда, а да и да му пишам на дедо мраз писмо да ми донесе играчка за нова година !!:pos2:
:pos2:Не плачи, ама Дедо Мраз не постои. Знам дека те повредив.:pipi: Инаку, добро е да се оди во градинка, се` додека не настапи периодот со вошките:nesum:. И гадно е кога те тераат да спиеш и кога ќе го осетиш тоа мирисот на гравот...:nesvest: Сериозно: Мислам дека дружењето со други деца во едукативни цели, секогаш раѓа плод. Таму научив да пишувам и читам, а дома немаше сигурно... Понатаму, добиваш пофалби и своевидни казни кои те воведуваат во понатамошниот систем и ти даваат насока како да се однесуваш. И доста е безгрижно, споредбено со понатамошното образовно мачење:wink:.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Градинките се многу добри од аспект на запознавање,социјализирање и секако едуцирање..Доколку не би постоеле ваквите институции децата би биле амишти, асоцијални луѓе.Мислам немојте да ме сфатите погрешно нема ништо лошо во седењето домче со баба и дедо и преубавите македонски народни приказни на МТВ1...ама сепак децата уште од таа возраст се учат на друшење и на милијардата детски игри.
Моето искуство со градинките и не беше така розево..односот на воспитувачките (ако може да се наречат така) беше далеку од воспитувачки.Да биде трагедијата уште поголема не тераа да не кажуваме дома дека не карале и сл..Храната да не правам муабет..одкога отидов таму одјадов се
Но и покрај тоа се надевам дека јас сум една од малкуте што имале вакво лошо искуство со воспитувачките.Инаку делот со дружењето и безгрижноста не би го менувала за ништо:helou:
 
Член од
6 јули 2009
Мислења
491
Поени од реакции
16
Мене ме исчувале баба и дедо, не им било тешко, уживале додека го правеле тоа, со душа чекале мама и тато да не однесат сабајлето кај нив а поголемиот дел од детството сум го поминувала со нив, многу малку со моите. Предност на градинката? Хмм..може тоа што детето не е терет (глупо звучи знам) на дел од семејството, односно бабата и дедото, има кој да се грижи за детето, нема ништо да му фали итн итн што не значи дека во другиот случај не е исто, дури и подобро е. Тоа што може бабата и дедото да му го пружат на своето внуче во никој случај неможе една воспитувачка од градинка. Во таа градинка има 30 деца и три воспитувачки (пример), една е за 10 деца, по кое попрво да трча, едно плаче, друго паднало, се удрило, нема време на сите да се обрне доволно внимание. Знам само дека моето дете (здравје) во никој случај нема да оди во градинка, знам многу добро што и како се се одвива таму и затоа останувам на ставот бабите и дедовците да ги чуваат внуците..
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
само 2 недели одев:)
се плашев од тие чистачките таму и плачев:( тато трт мрт 2 шамари јас уше повеќе дома се враќав плачејки и така после 2 недели после тато ми купи нинтендо и не идев у градинка туки играв super mario и mortal combat.
и да убаво беше :) си играв со играчките и си пеевме али то е то...
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Според мене дете што оди во градинка може побрзо да се социјализира, детето ќе може да стекнува разни другарства, ќе научи да се дружи и малку да се одвикни од тоа"Мамоооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооо!"
А,можда и мене ме пратија највеќе од таа причина.
Сепак очигледно не згрешиле, преубаво си поминував и памтам многу случки од таму. Секогаш имавме некои предновогодишни прослави, за Велигден и слично.. преубо беше. И подобро е за да се сфати дека цело внимание не мора да е секогаш насочено кон тебе.
Ама, такви идаат времињата и во последно време некои родители,децата место да ги пратат во градинка им купуваат компјутер за да се "задоволни и мирни."
 
Член од
6 јули 2009
Мислења
491
Поени од реакции
16
Според мене дете што оди во градинка може побрзо да се социјализира, детето ќе може да стекнува разни другарства, ќе научи да се дружи и малку да се одвикни од тоа"Мамоооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооо!"
Сакаш да кажеш дека ние што не сме биле во градинка и сме биле изчувани од страна на бабите и дедовците дека не сме социјализирани и дека немаме разни другарста и дека сме мамини татини и разгалени??? Абееее ајјјдееееее. Детето со самото поаѓање во школо ќе стекне нови пријателста, за него во тоа време сите деца се едно, сите му се другарчиња на почетокот, со самото созревање го одбира својот пат, насока по која ке продолжи и друштвото. А и друго нешто, немора да оди во градинка за да стекне другарчиња, деца на негова возраст или година две постари или помали од него има во секој случај во околината каде што живее така да тоа не претставува никаков проблем за детето да се социјализира.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
За жал, условите и реалноста многу често не оставаат простор за хипотетички избори. Живееш во друг град, немаш блиску родители, немаш друго чаре...
Не е се ружичасто...
Градинка е уточиште за мали човечиња кои од најразлични причини треба таму да си го поминат поголемиот дел од денот. Некои од социјално-општествени причини, некои од мака...
Како и да е, уабви се така собрани на едно место на мали столчиња во нивен свет... :smir:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Сакаш да кажеш дека ние што не сме биле во градинка и сме биле изчувани од страна на бабите и дедовците дека не сме социјализирани и дека немаме разни другарста и дека сме мамини татини и разгалени??? Абееее ајјјдееееее. Детето со самото поаѓање во школо ќе стекне нови пријателста, за него во тоа време сите деца се едно, сите му се другарчиња на почетокот, со самото созревање го одбира својот пат, насока по која ке продолжи и друштвото. А и друго нешто, немора да оди во градинка за да стекне другарчиња, деца на негова возраст или година две постари или помали од него има во секој случај во околината каде што живее така да тоа не претставува никаков проблем за детето да се социјализира.
Чекај малку,не испревртувај работи. Никаде јас не спомнав дека децата што не одат или не оделе во градинка whatever не се социјализирани и дека не знаат ништо, туку дека децата што одат во градинка можат побрзо да се социјализираат. Toa ми беше поентата. Не го зборувам ова на празно, познавам некои случаи.
Еве на пример во забаваче со мене беше едно дете шо беше толку приврзано за мајка му, шо таа јадна мораше да биде сите часови со него зошто уште првиот ден кога мајка му излезе од училницата,тој одма почна да плачи и да трча по неа.
Друг пример, една моја роднина. Има 5 години, не оди во градинка, растена е со родители и баба и дедо и мора секаде да е со нив. Значи, неможи да си замисли да оди некаде без нив, на пример јас да ја прошетам и слично.
Така да, според мене доколку детето оди во градинка, кога ќе почне на училиште ќе му е многу полесно,затоа што веќе има запознавано нови другарчиња и се има дружено и нема да му претставува проблем ако мајка му не е тука до него.
Не се градинките наменети само колку да ти го чуваат детето дури ти си на работа,туку и пополека да сознава некои работи и да сфати дека неможе да ја има на пример,играчката што ќе ја посака или да јаде што тој сака, туку она што мораат сите,мора и тој. Колку пати имам седено сама во занималната,зошто не јадев пудинг, ама после некое време видов-не видов почнав и јас да јадам.
Треба да се научи да прифаќа некои работи. Родителите колку и да се покажуваат строги,кога-тогаш ќе попуштат и пак ќе е по твое,а во градинките не е така.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom