Градежниот меур станува се поголем

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
... Позицијата на Капитал ...
Градежниот меур станува се поголем

Градежниот меур е почнат да се дуе во оној момент кога дел од бизнисмените процениле дека градежништвото е многу погоден сектор за обрт, складирање па и перење на вишокот на пари. Најголеми губитници од пукањето на градежниот меур ќе бидат граѓаните преку паѓање на нивниот недвижен капитал и оние градежници кои живеат од брзиот обрт во дејноста

Дејан Азескиdejan.azeski@kapital.mk

Во последниве десетина години Македонија поточно неколку нејзини градови се сведоци на масовна изградба на станбен простор. Во Скопје, Охрид, Тетово, Струмица, Куманово буквално не остана ниту милиметар празен во централните градски подрачја. Сите дотрајани брвнари, гаражи па и гулабарници магично се трансформираа во висококатници. Ако пред десет години се градеа и купуваа нови станови поради реална потреба, ако пред пет години тоа се правеше поради бизнис и евентуално луксуз денеска згради и станови се градат и продаваат поради компензација, затворање пари или поради нешто друго...

Неоспорен факт кој го потврдуваат и самите градежници е дека минимум 20%, а максимум 50% од новоизградените станови стојат празни со години, а дека цената на истите иако вештачки се одржува паднала за ист толкав процент. Нема поголем доказ од тоа дека пазарот е заситен и дека како што велат самите градежници „градежниот колач за наредните пет години предвреме е изеден“ и дека реално во Македонија потреба за нови станови ќе има не денес не утре туку после многу години.

Е па тогаш зошто продолжува градежната експанзија? Зошто најголем дел од градежниците велат дека ќе продолжат со инвестирање и веќе планираат изградба на нови станови? Дали тоа градежниците свесно се самоуништуваат и свесно си го рушат сопствениот бизнис преку рушење на цената на квадратниот метар и преку тоа не осиромашуваат сите нас намалувајќи ја значително вредноста на нашиот веќе скапо платен станбен капитал? Многумина од нив кои ги консултиравме велат дека ваквото погубно и самоуништувачко темпо не го наметнаа самите градежници, туку разни типови на бизнисмени кои вишокот пари стекнат на разни и непознати начини во одреден критичен момент решија да ги поминат, свртат можеби и "исперат" токму преку градежништвото кое и во светски рамки е дејност најпогодна за ваква намена.

Оваа приказна има уште една фуснота дека токму тие кои што го направија вишокот станбен простор и кои со тоа ја рушија цената се доволно финансиски моќни врз база на претходно стекнат капитал да ги држат цените високи според нивната воља, а не според пазарната реалност. На тој начин од целиот овој надуван градежен меур нема да настрадаат оние кои го предизвикаа, туку како жртви на се поизвесниот колапс ќе се појават граѓаните преку општо опаѓање на вредноста на нивниот недвижен капитал и оние градежници кои работат, вложуваат и живеат единствено од градежништвото како нивна основна и единствена дејност.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Мене не ми е јасно зошто сакаат да паѓаат цените на становите. Да речеме 70% од граѓаните имаат своја недвижност а само 2-3% годишно купуваат недвижност значи 66-67% од граѓаните губат пари со паѓање на цената. Добитници од пад на цената се воглавно оние кои имаат доста кеш на страна или во превод богатите. Друга работа ако паѓаат цените дел може да си ја ликвидираат инвестицијата (најчесто оние кои има инвестициони недвижности во превод повторно богатите) ретко кој просечен Македонец би си ја продал недвижност и одел по крија кладејќи се на пад на цената. Во најголем дел губи просечниот граѓанин на МК со пад на недвижноста. Сиромашниот и онака може да нема или многу малку да му вреди богатиот може лесно да ја ликвидира инвестицијата.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Во Битола имаше период кога млекопроизводителите од околните села заработуваа добро и парите ги вложуваа во станови во градот, побарувачката беше поголема од понудата, никнаа многу мали градежни фирмичиња и почнаа плацовите низ градот да се полнат со мини згради, математиката беше едноставна, зградичка од 3-4 ката со 10 стана, 4 да се продадат трошоците се покриени а останатите можат и со години да дремат непродадени, кога и да се дадат - ќар се. Сега во моментот во Битола се градат импонзантен број згради на просторот на поранешната касарна, убава локација, нови згради, али се чудам кој ќе ги купи. 2-3 години наназад следам понудата низ БТ пошто сакав да земам или да надоградам (се одлучив за надоградба) и гледам дека становите се потешко одат, немаат луѓето пари или се веќе стамбено осигурани. Битола е град во стагнација, нема наплив на население, ја мачат и мали плати и пропаѓања на мали бизниси и невработеност а истовремено се градат и нудат нови речиси 500 стана а веќе празни и полупразни седат куп станови низ градот. Дури ни станови во државна сопственост кои се нудат по цена испод 500 евра квадрат - не се продаваат.
Цените се нереални и се повеќе од дупло од цената на изградбата, така да има луфта да се слези цена на стан во Битола на 500 од сегашни 700-800 евра мислам дека во момент кога на инвеститорите ќе им затребаат пари да вложат во нешпто друго - ќе почни и падот на цените.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
ќе почни и падот на цените.
Цените веќе паѓаат 3 години. Се намалени за 10-15%.
Податок ДЗС.
Така да самиот наслов е утка. Без раст на цени нема меур или веќе се дише.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Цените веќе паѓаат 3 години. Се намалени за 10-15%.
Податок ДЗС.
Така да самиот наслов е утка. Без раст на цени нема меур или веќе се дише.
Тоа намаление не е од пад на цени туку што ДДВ за купување на стан е намален од 18 на 5% во 2009 година.
Ќарот од дупло и повеќе по квадратен метар - си остана.
Дури и во првите година две од намалувањето на ДДВ, становите си останаа со иста цена, дури и заработија повеќе на основ на намален ддв
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Цените се нереални и се повеќе од дупло од цената на изградбата, така да има луфта да се слези цена на стан во Битола на 500 од сегашни 700-800 евра мислам дека во момент кога на инвеститорите ќе им затребаат пари да вложат во нешпто друго - ќе почни и падот на цените.
во касарната се 900 евра од квадрат,се пушташе мува демек по изградбата 1200 ќе чинел квадратот.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.185
Поени од реакции
14.455
Да почекаме со купување станови тогаш да паднат цените за 2-3 години :D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
во касарната се 900 евра од квадрат,се пушташе мува демек по изградбата 1200 ќе чинел квадратот.
Да земам одма неколку по 900 дур не поскапеа :D
Не знам стварно кој ќе земе толку станови по таа цена на ова криза, башка што тие станови нема да станат атрактивни додека не се изградат деловни простори, улици, и разработат дуќани, на 500 метра нема леб кај да земеш, а дуќан никој нема да отвори таму за 10 -20 станови, се си мислам дека ќе им се случи и нив како на зградите кај старото медицинско, или на солунска или кај довлеџик кој зврјат ни допола полни со години....
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Тоа намаление не е од пад на цени туку што ДДВ за купување на стан е намален од 18 на 5% во 2009 година.
Ќарот од дупло и повеќе по квадратен метар - си остана.
Дури и во првите година две од намалувањето на ДДВ, становите си останаа со иста цена, дури и заработија повеќе на основ на намален ддв
Јас зборувам за цената а не за профитот на изведувачите. Тој зависи и од други нешта не само од ДДВ.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Да почекаме со купување станови тогаш да паднат цените за 2-3 години :D
појќе ќе ти се исплати сам да си направиш нешто, за 70 квадрати стан кој ќе те фати 70.000 евра ќе си направиш куќа со 100 квадрати приземје и 60 поткровје и двор со гаража
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Да земам одма неколку по 900 дур не поскапеа :D
Не знам стварно кој ќе земе толку станови по таа цена на ова криза, башка што тие станови нема да станат атрактивни додека не се изградат деловни простори, улици, и разработат дуќани, на 500 метра нема леб кај да земеш, а дуќан никој нема да отвори таму за 10 -20 станови, се си мислам дека ќе им се случи и нив како на зградите кај старото медицинско, или на солунска или кај довлеџик кој зврјат ни допола полни со години....
сепак во касарната се предвидува цел град да никни со сите белези(градинки,училишта,игралишта,трговски итн),значи ќе има СЕ што е потребно за богатите деца да не мора низ чаршија да шетаат со клошарите.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.185
Поени од реакции
14.455
појќе ќе ти се исплати сам да си направиш нешто, за 70 квадрати стан кој ќе те фати 70.000 евра ќе си направиш куќа со 100 квадрати приземје и 60 поткровје и двор со гаража
Поентата е да чини помалце од 70 000 евра. Нели цените ќе паѓаат, 1000 евра по квадрат е сега.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Јас зборувам за цената а не за профитот на изведувачите. Тој зависи и од други нешта не само од ДДВ.
Поентата е дека цената на станот не е падната паднати се давачките. Можеби то му е сеедно на купувачот но за економнијата има разлика
сепак во касарната се предвидува цел град да никни со сите белези(градинки,училишта,игралишта,трговски итн),значи ќе има СЕ што е потребно за богатите деца да не мора низ чаршија да шетаат со клошарите.
значи 500 богати семејства во битола ќе се преселат од своите станови на широк сокак, од кај Епинал, од куќите по елитните населби во становите кај касарната а своите станови ќе ги продадат.... Касарната е убава но не е престижна локација, богатите си зедоа станови на широк сокак, кај епинал, кај старо медицинскио... на 50 метра од центарот, не ми се верува дека ќе се предомислат и префрлат. Не е то ни некое снобовско ни популарно место а и не ми се верува дека ќе заживеат сите тие трговски центри. Види само новиот пазар кај горно веро - полупразен со турска роба или бајалчиња, бизнис центар во пазарот, стаклената во центарот на градот па внатре е празна само наоколу има бутик слаткарница и банка, чаршијата каде се слева секојдневно населението од БТ па се затворени дуќаните... [DOUBLEPOST=1395397968][/DOUBLEPOST]
Поентата е да чини помалце од 70 000 евра. Нели цените ќе паѓаат, 1000 евра по квадрат е сега.
и на 700 да падне станот пак ти е поисплатливо да градиш
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Поентата е дека цената на станот не е падната паднати се давачките. Можеби то му е сеедно на купувачот но за економнијата има разлика

значи 500 богати семејства во битола ќе се преселат од своите станови на широк сокак, од кај Епинал, од куќите по елитните населби во становите кај касарната а своите станови ќе ги продадат.... Касарната е убава но не е престижна локација, богатите си зедоа станови на широк сокак, кај епинал, кај старо медицинскио... на 50 метра од центарот, не ми се верува дека ќе се предомислат и префрлат. Не е то ни некое снобовско ни популарно место а и не ми се верува дека ќе заживеат сите тие трговски центри. Види само новиот пазар кај горно веро - полупразен со турска роба или бајалчиња, бизнис центар во пазарот, стаклената во центарот на градот па внатре е празна само наоколу има бутик слаткарница и банка, чаршијата каде се слева секојдневно населението од БТ па се затворени дуќаните... [DOUBLEPOST=1395397968][/DOUBLEPOST]
и на 700 да падне станот пак ти е поисплатливо да градиш
нема да се селат,само ќе им купат уште по едно станче од 120 квадрати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom