Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.498
Еден ден по влегувањето на 9. Оклопна дивизија во Скопје, на 8 април 1941 година, за време на Априлската војна еден од заробениците на Кралската југословенска војска, со име Михаило Михаилов, кој самоиницијативно се претстави како "водач на Македонската младинска организација", ќе им помогне на офицерите за пропаганада од 9. оклопна дивизија да состават леток на македонски јазик, чиј примероци со авион се исфрлени зад непријателските линии.
Со летокот се повикуваа Македонците да не се борат против Германците, туку веднаш да им се предадат на ослободителите-Германци.
На крајот од летокот е потпишан Спиро Китанчев и уште 13 други Македонци од: Скопје, Битола, Прилеп и други градови, сите од територијата на Вардарска Македонија.
Од документацијата, меѓутоа, не е јасно, дали пред објавувањето на летокот, претходел некој состанок или договор на потписниците, или некој од нив, на своја, ги потпишал на летокот како истомисленици.
Писмото освен што било пишувано на македонски јазик, претставува смислена пропаганда, упатена прецизно до Македонците.
Германците процениле дека нема да има одѕив доколку ова писмо било упатено кон “Бугарите“ во Македонија , со што ќе му се дало на знаење на народот дека се заменува само окупаторот, затоа текстот во летокот е напишан на тој начин да се изгради слика дека конечно Македонецот ќе добие слобода.
Во случаите кога го повикувале Македонецот, секогаш знаеле како да му се обратат, а кога го делеле тогаш го заменувале со Бугарин, Грк или Србин.
Слики на:
http://www.macedonianspark.com/istorijaideologija/opropaganda/654-----8iv1941?lang=mk