Гафови на "коментатори"

Дискусија во форумот 'Фудбал' започната од gerard, 1 јуни 2005.

  1. gerard

    gerard

    Член од:
    22 април 2005
    Мислења:
    2.669
    Допаѓања:
    695
    Од стално сум сакал да ги ругам спортските новинари кај нас. Неписмењаци. Па тоа Бошко легендата, син му негов.. од МТВ плејада новинари и новинарки во последно време, и да не ги набројувам веќе. Сакам тука постепено да им ги собираме гревовите :D

    Јас едно време му водев записник на Игор Трпевски, еве две утакмици му имам запишано. Еве ги во целост..


    Депортиво Ла Коруња – Реал Мадрид
    (26.02.2005)

    - Како стојат работите по се изгледа Луис Фиго ќе се пресели на
    англискиот полуостров
    - Онака, фудбалски, нашки кажано “исплива во празно“
    - Која беше само идејата на Луке односно Виктор
    - Не бадијала старите рекле “нападот е најдобра одбрана“ (?!?!)
    - 35 година има Хуан Фран, во Јуни ке полни 37
    - Како стојат работите Реал Мадрид ќе за јабележи својата.. четврти пораз

    Забелешка. Игор има чудна навика секоја своја грешка да ја исправа со односно. Јас не сум некој лингвистичар опасен ама мислам дека кога ќе згрешиш нешто се вика „се извиниувам, тоа беше Виктор“ на пр. а не да се исправаш со „односно„


    Реал Мадрид – Атлетик Билбао 0-2 (во исто време се игра Барселона – Мајорка)
    Недела, 20 Фебруари 2005
    - Во оваа минута се десија многу работи и во Мадрид и во Атлетикодносно Барселона..
    - …Реал Мадрид и Атлетико (Атлетик-Атлетико исто му е)
    - Овој пат има самодоверба во неговите нозе
    - Ќе го почекаме крајот на натрпеварот (во 44та минута од прво полувреме на Барселона – Мајорка) …односно на полувремето..
    - Сигурно не слуша радио, тоа е повеќе од сигурно (Луксембурго со бубачка во уво)
    - Кој ли би бил сега на телефон на Флорентино Перез? Сигурно тоа не е претседателот на Барселона (Перез збори на мобилен)
    - Ечеберија и носи предност на екипата на Реал Мадрид односно Атлетик
    - Дејвид Бекам…. (тишина) …англичаните едноставно би рекеле „no coment” (лелелелелее...)
    - Ако следиме нијанси кој е подобар, е сега колку подобар, мое мислење е дека Фиго е подобар, а има и жолт картон само да видиме за кого... (реченица на Игор)
    - Ууууу.... тројна замена на Луксембурго, досега вакво нешто немам видено
    - ...со оглед на грешката во првото полувреме, доколку не му ја земеме на душа (се мисли на главниот судија)
    - ...ииии Декоо води со два спре... односно Барселона води со два спрема нула.
    - Она што не му го важеа во 17тата минута сега мора да му го важат (му поништија гол па истиот фудбалер пак даде)
    - Човекот си славеше сент Валентајн во Париз (Роналдо)
    - ...вечерва навистина не се знае кој каде игра (анализа на Игор за играта на реал)

    И на крај. Капата доле за Љубомир Николовски
  2. Гижо

    Гижо че о надрва

    Член од:
    13 март 2005
    Мислења:
    10.733
    Допаѓања:
    119
    Ова не е ништо, Крсте Галевски-Кики од Канал 5 е закон, не верувам дека има некој што го слушал а не се газел од смеење
  3. gerard

    gerard

    Член од:
    22 април 2005
    Мислења:
    2.669
    Допаѓања:
    695
    хахаха лелее ми текнува, да да да заборавив на него..

    една утакмица пази што кажа: публиката од ноу камп тражеше пенал?!?! после кога запна пак тражеа пенал па тражеа пенал.. прснав од смеење.

    Па што сакаш од човекот. Пред да стане коментатор знаеш што беше? Видеотекар.. без заебанција :D :D
  4. SpAcE_c0wb0y

    SpAcE_c0wb0y

    Член од:
    10 мај 2005
    Мислења:
    799
    Допаѓања:
    11
    Се сеќавате ли лани на Милан - Ла Коруња?

    Тој стариот ќелавиот од МТВ коментираше. Нели имаше еден момент кога Шевченко промаши нафрлена топка којашто ја фати Молина. Во наредниот напад имаше речиси иста ситуација, само што овојпат Инзаги ја промаши нафрлената топка. И овој ќелавково рече “За еден момент помислив дека станува збор за репетиција“,

    На истиот натпревар имаше гужва во шеснаесетникот, и коментаторов рече “лавиринт од нозе во шеснаесетникот на Депортиво“.

    Ова сум го запамтил, инаку ако почнеш да го запишуваш секој гаф...
  5. gerard

    gerard

    Член од:
    22 април 2005
    Мислења:
    2.669
    Допаѓања:
    695
    Ама не можам да му оддолеам на Игор Трпевски. Не можам!! Секоја утакмица му е приказна сама за себе..

    Леле и тој Михајлов е легенда.

    Абе, а Табак, на последнава трка не рече за Раиконен „си иба мамата“ јас не го слушнав така ми кажаа..

    имаше и изјави од типот „сега во мекларен им се тресат гаќите“, „магаре или змија“.. глуми лудило типот. Глуми британец..
  6. SpAcE_c0wb0y

    SpAcE_c0wb0y

    Член од:
    10 мај 2005
    Мислења:
    799
    Допаѓања:
    11
    Остај го, многу е уфилман со ова Формулава. :D
  7. gerard

    gerard

    Член од:
    22 април 2005
    Мислења:
    2.669
    Допаѓања:
    695
    Се сеќавате ли кога Камчев и Делчо му беа гости на Бошко Трпевски во емисија. Јас такво лудило немам гледано. Не ми се веруваше што гледам.

    Не знам со кој збор да го опишам тоа што го глеав и слушав. Бошко во улога на судија му вика на Делчо “ти дадоа ли пари или не“, овој му одговара нешто сосема трето, Боле пак “ама ти дадоа или не“ “ама ти дадоа или не“ ..у позадина Камчев умира од смеење, и Делчо му вика на Бошко “а јас тебе бе лани не ти дадов 2000 евра за да го запишеш син ти на студии во Белград“ ц ц ц ц ц... што се дешаваше ејјј! Некој што не гледал ќе мисли дека лажам и претерувам..

    Кај да го најдам тоа!!!
    ...ее да го има некој снимано тоа..
  8. Гижо

    Гижо че о надрва

    Член од:
    13 март 2005
    Мислења:
    10.733
    Допаѓања:
    119

    :D :D :D :D тоа беше права комедија, онака седнавме фамилијарно да го гледаме, и умревме од смеење
  9. Free

    Free

    Член од:
    29 мај 2005
    Мислења:
    32
    Допаѓања:
    0
    Зоран Видевски:“Ова не е за две минути исклучување.Ова е за две години затвор„(при еден старт над Кастратович)
    Игор Трпески:“се е во знакот на бројот еден; уште една минута до крајот, два-еден на семафорот...„

    Ако ми свирне некој “кикс„ од српските коментатори ќе ви пишам!!!
  10. gerard

    gerard

    Член од:
    22 април 2005
    Мислења:
    2.669
    Допаѓања:
    695
    Срѓан, ортакот на Табак! ЃОН!

    Какви мисли.. какви заклучоци извлекува..
    Другата трка ќе му издовјам нешто
  11. PLank

    PLank

    Член од:
    11 јули 2005
    Мислења:
    16
    Допаѓања:
    1
    Onoj od A1 vestite, ne e bas gaf ama mene e smeshno:

    Mile Krstev se dobro namesti ,no "strelashe vo oblacite" . :D
  12. StormAngel

    StormAngel Stormology

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    5.539
    Допаѓања:
    225
    Мене најкрш од сите ми е Денис Шабани.
    Човекот е права легенда, мислам...ја озбилно немам зборови да го опишам. Верујте или не, понекогаш кога имало фудбалски натпревар иако не сум бил заинтересиран за истиот сум пуштал телевизија за да го следам што ломоти. Хумор до јаја е тоа, жими се.
    Па тоа грешки на имиња на фудбалери, па развлечен акцент...па топката влезена во гол тој уште ја опишува акцијата, мислам озбилно немам зборови.
    =)))
  13. gerard

    gerard

    Член од:
    22 април 2005
    Мислења:
    2.669
    Допаѓања:
    695
    Прв пат слушам за него.
    Ама знам како ти е.. како сега на некој што не го знае Бошко Трпевски да треба да му го објасниш. Не иде :D
  14. Misirkov

    Misirkov Модератор

    Член од:
    17 март 2005
    Мислења:
    11.501
    Допаѓања:
    1.419
    Jas ne znam nieden od deckive sto gi spomnavte. Ajde potrudi se da go opises toj Bosko. :wink: Da ne e na nivoto na "sad mu je mater" ili polosho? :lol:
  15. How1TzeR

    How1TzeR ШЕВА

    Член од:
    6 февруари 2005
    Мислења:
    443
    Допаѓања:
    13
    Мене убедливо најбољи коментатор е ЗЛАТКО КАЛИНСКИ ....

    Имено истиот коментатор на европско првенство во Португалија ... збореше за милан барош и за тоа како дава голови ...

    и пази шо истреска : Почитувани гледачи погледнете го милан барош како компјутер е како ХАКЕР за противничката одбрана! :lol:

    Почеток на Челзи - Манчестер и еве го

    Почитувани гледачи ова е натпревар помеѓу два титана .. гиганти помеѓу два хероја како во компјутерските игри ... :lol: :lol: :lol:

Сподели преку: