Гасификација во Македонија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Се согласувам со тие кои се скептични за затоплување на гас.
Гасот е скапо и племенито гориво и е прескапо да се затоплуваме на гас.
Но за употреба на гасот за погон на моторни возила и за производство е друга ситуација.
Погледнете ги споредете ги цените на страницата на Макпетрол
http://www.makpetrol.com.mk/index_mk.asp
Цената на еден литар ТНГ ( пропан-бутан) е 43 денари.
А цената на еден килограм метан 48 денари
Топлотната моќ на ТНГ е нешто преку 7 KWh за литар
а на метанот е повеќе од 12 KWh од еден килограм.
Ако се пресмета колку чини еден KWh се добива:
За ТНГ 43 денари : 7 KWh = 6,14 денари за KWh
За метан 48 денари : 12 KWh = 4 денари за KWh
Очигледно метанот е повеќе од 35 % поефтин од автоплинот.
Во моментов метан може да се купи на две бензински пумпи во Скопје
Но оваа треба да го знаат сите на кои им е ова многу битно - таксистите и превозниците
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.691
Поени од реакции
12.083
Точно тоа,но го одложија заради подземниот премин шо треба да се гради од Шпанциве во Скопје,а тоа кошта пари и време,чим се заврши,Коце рече дека следен голем проект е тоа на шо ќе се концетрираат,шо значи не мора одма етикета дека лажеле,Коце не предупреди порано,прво преминот за услови да се создадат , ок ?! :)
Подземниот премин баш и не е поврзан со она што го ветуваше, булевар на Јаја Паша, Чаир до Бутел, ниту со гасификациона мрежа за тој дел оти таму баш ништо не вложуваат. Никој не ги приморува да ветуваат булевари и гас. Иако најверојатно законски владата е надлежна за вакви проекти. Фирмата задолжена за "гасификација" на Скопје згасна оваа година со што во бунар отидоа средствата вложени во неа.
Ја сфаќам потребата секој политичар да матка ама да е со мерка, со малку логика.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
A што е со системите што треба да се инсталираат.Цевки, котли итн.Ако некој објект немал таква инсталација..?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.691
Поени од реакции
12.083
Малце незгодна работа е кога се рачуна сметка без келнер. Прво треба сите улици асфалтот да го раскопаат, да ги постават и пак да асфалтираат или да минува низ дворови што е невозможна мисија оти веќе се покажа во една населба дека некои нејќат да му мине низ бавча. Трето што треба за кратко време да се блокираат голем број улици во и така стеснетиот проток на возила и пешаци во Скопјето. И самата почетна инвестиција по домаќинство не дека е скапа за европјани ама за Македонија за стандардот 500-1000 евра се преголеми пари, треба да се заглавиш со голем кредит. И уште ако си поиграат со цената на гас како со струјата...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Нема шанса низ дворови.
Никаде во свет не се практикува така. Никој не е луд да му го раскопуваат дворот, па после некад ако затреба интервенција пак одново. Јас не би се сложил ни закуп да ми плаќаат.
Плус како ќе одат под куќите (посебно тие со подлабоки подруми)?

Се знае инфраструктура како и каде се прави. Под улиците, но може и под тротоарите.
Инаку 1000евра не се преголеми пари. Уште помалку ако се нафати владата да гарантира дека следните 10 години киловат-час енергија од гасот, ќе биде некои (како пример) 50%-80% од цената на киловат-час електрична енергија во евтина тарифа.

Проблемот јас го гледам во гасификација на помалите улици. Скоро сигурно ќе бараат од граѓаните да го финансираат локалниот приклучок на улицата. Во тој случај, 100% сигурно е дека две третини од „граѓаните„ ќе чекаат преостаната третина да финансира уличен приклучок за потоа и тие да се приклучат за гага (или за минималната цена).
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Вечер е објавен опширен напис колкави ќе бидат заштедите во трошокот за затоплување ако се премине на гас
Лично сметам дека гасот не е добар избор за затоплување но еве прочитајте што вели Вечер
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3DD89D86C77983419DE85D67CBD81884
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За првиот квартал Гас-пром Москва ја намали цената на гасот од 474,30 на 466,50 долари за нормален метар кубен
Сепак кај нас гасот за јануари поскапува на 28,6800 ден/nm3
.Како и обично, причина за ова поскапување е „ математиката „ на Регулаторната комисија за енергетика

http://www.erc.org.mk/odluki/PG-C-2014 01 20 - ODLUKA CENA MAKPETROL PROM-GAS JANUARI 2014.pdf
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Во Југославија гасификацијата е направена уште пред 50 години. Секако, Македонија беше дискриминирана и Југославија не мислеше на развојот на Македонија, уште повеќе што тогашното „македонско“ раководство не се бореше за македонските интереси. Сега мораме да плаќаме стотици милиони евра за гасификација, која можевме да ја добиеме во Југославија, да имавме асални политичари во тоа време.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
И сега немаме асални политичари.Да беше баба машко ќе беше дедо.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ако може некој да ми го појасни поимот „нормален метар кубен“?
Благодарам!
Еве овде прочитај
Во различни земји има различно значење
http://en.wikipedia.org/wiki/Normal_cubic_meter

Според нашата Регулаторна комисија - Нормален метар кубен гас, претставува количина на кубен метар природен гас при апсолутен притисок од 1,01325 bar и температура од 20°C,
Масата на 1 нормален метар кубен гас е околу 700 грами а топлотната моќ околу 9,5 киловатчасови
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Капитал се објавени два написи за гасот
Во првиот Новинарот Дејан Азески вели:
Моментално цената на гасот кој ќе го користат домаќинствата во Македонија нема да биде многу различна од цената на евтината струја и дрвата, два енергенси кои се најмногу користени од домаќинствата кај нас.......
Македонија дефинитивно треба да го има гасот како алтернатива, но не смее енергетската иднина целосно да ја потпира на овој енергенс. На Македонија и е неопходно поголемо и поевтино домашно производство на енергија.

http://www.kapital.mk/MK/komentari/97693/gasot_nema_da_ne_spasi_od_cenovniot_shok_koj_kje_ni_go_predizvika_strujata.aspx
Во вториот напис е пренесена изјава на Професорот Константин Димитров кој вели:
Цената на гасот е еднаква на цената на евтината струја. И не гледам зошто некој би вложил 1.500 евра за да ја добие истата цена за греење.
И на Славка Димитрова од Европа
Ние долги години имаме користено и компресиран гас и тоа беше поисплатливо отколку нафтата“, вели Савка Димитрова од компанијата Европа која веќе неколку години користи гас во производството.


http://www.kapital.mk/MK/makedonija/97694/gasot_po_ovaa_cena_nema_da_bide_interesen_za_skopjani.aspx
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Цената на гасот секако ќе има шпекулативна цена, но верувам дака барем малку ќе ја оддалечет од струјата. Моментално по ова горе, цената е недоволно ниска за да оправда инвестиција од 1500евра (ако нема да може да се поврати инвестицијата во пократко од 10год, ретко кој ќе се нафати).
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Цената на гасот секако ќе има шпекулативна цена, но верувам дака барем малку ќе ја оддалечет од струјата. Моментално по ова горе, цената е недоволно ниска за да оправда инвестиција од 1500евра (ако нема да може да се поврати инвестицијата во пократко од 10год, ретко кој ќе се нафати).
Цената на гасот и денес е „ напумпана “ како и обично од страна на лепотаните од Регулаторна
Гаспром експорт Москва го наплатува гасот 466,33 долари за илјада метри кубни. Еден долар чини 46,56 денари
Односно 466,33 * 46,56 = 21 712 денари
Ако на оваа цена пресметме 18 ДДВ
21,712 * 1,18 = 25,62
А цената која ја одобрила Регулаторна е 28,66 односна повисока е за 28,66/25,62 = 1,118, односно за 11,8%
Ќе следиме како во однина ќе се движат цените
 

Kajgana Shop

На врв Bottom