Враќање артефакти

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
По светот богатите држави во текот на историјата ги полнеле своите витрини на музеи со артефакти од земјите кои им биле клонии ...
Музеите на Англија, Франција, Италија, Шпанија, САД, Германија, Русија ... се преполни со културни реликвии и артефакти од земјите кои биле колонии ... Овие земји под превез на доитражување на артефактите и културните вредности ги полнеле своите музеи а ги празнеле националните вредности на многу народи со што се обезличувал културниот идентитет на матичниот народ ...
Ваква појава имаме и со нашите артефакти и црковни светии кои со текот на историјата се изнесени надвор од Македонија - во музеите и архивите на: Турција, Бугарија, Србија, Грција, Русија и незнам кој друг архив или музеј ...
Во најново време вакв културни вредности и светии скоро легално се прдаваат на интернет и се губат во приватните колекции на богатите филантропи ... кои незнаат што друго да прават со парите и прибираат се што е вредно за нивен поим ...
Што е се изнесено во текот на историјата од Македонија а знаеме дека го има некаде ... мора да се направи попис во Министерството за култура и за секој артефакт посебно да се поведе соодветна процедура за докажување на автентичноста на истиот за нивното потекло ... за секој од нив да се следат упатствата и помошта од УНЕСКО ... која секоја година дава се поголема подршка на враќањето на културните артефакти ...
-Позлатени црковни одежди,
-Круни на владици,
-Крстови,
-Ентериерите на црквите и на манастирите од источна Македонија,

Одземени од бугарската војска во периодот 1916 - 1918, деновиве се претставуваат на голема изложба во Националниот историски музеј во Софија, пишува бугарскиот весник "Стандард".
Поразувачки е што само неодамна откриената, петта златна маска во Охрид, се наоѓа во земјава. Четирите златни маски од требенишките гробници се во музеите на Софија и на Белград.
Вредни икони по потекло од земјава се во Српската патријаршија, а инсигниите на охридскиот епископ, вклучувајќи ја и неговата круна, се во Софија.

-На требенишките златни маски, на пример, и во Софија и во Белград пишува дека потекнуваат од Охрид, Македонија. Но, Србија и Бугарија ги сметаат македонските артефакти за свои,...

Од охридскиот манастир „Свети Наум“, кој една година бил под бугарска власт,биле однесени „на чување“ во софискиот музеј
-освен парите
-повеќе вредносни старини
-плаштеницата извезена со злато
-позлатен путир
-сребрена кутија со свети мошти од разни светци
-две старословенски евангелија со корици од сребро.

Од охридската црква „Свети Климент“ биле однесени „на чување“ во софискиот музеј
-плаштеница на Андроник Палеолог
-златна митра на св. Климент со бесценети камчиња и со крвче
-реставрираниот жезол на св. Климент со змија од слонова коска,најдена во 1911г. кај Имарет во Охрид
-царските двери од црквата
-бронзениот полилеј што бил составен од 19 дела

Од другите цркви и мансатир, однесени „на чување“ во софискиот музеј се:
-Сто икони се извадени и ограбени од црквата „Св. Петка“ во с. Маловишта, општина Цапари.
-Од манастирот „Св Илија“ во Драгош се однесени 25 икони;
-20 големи и 21 мала икона се земени од црквите од општината Секирани
-20 икони од цркви во општината Ивањевци
-Седум цркви се срушени во општините Брусник и Трново;
-седум икони се однесени од општината Стругово
-Од црквата во Рувци, Прилепско, одземени се икони
-како и од цркви во општината Наколец
-Загинале и иконите во селото Подмол
-отоа од црквите во Старавина, Градешница, Брод, Тепавци, Гнеотино.
-Икони се однесени и од параловскиот манастир „Св. Ѓорѓија“, општина Новаци,
-од црквата „Св. Аранѓел“ во Могила, „Св. Никола“ во Раштани.

- МАКЕДОНИЈА САМО ВЕРБАЛНО МОЖЕ ДА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА Е ЛУЛКА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ, БИДЕЈЌИ НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ОД ДОКАЗИТЕ ГИ ЧУВААТ СОСЕДИТЕ ВО СВОИТЕ НАУЧНИ ИНСТИТУЦИИ. КОНКРЕТНО, ПРЕКУ ОДЗЕМЕНИТЕ СРЕДНОВЕКОВНИ РАКОПИСИ НА НАШАТА ИСТОРИЈА И Е НАНЕСЕНА НЕПОПРАВЛИВА ШТЕТА
-Во Македонија не е зачуван, односно нема ни еден од најстарите глаголски ракописи, иако седум од деветте најстари се создадени во Македонија, а токму најстарите и највредни ракописи се наоѓаат надвор
-Поголем дел од тие книги и ракописи денес се наоѓаат во повеќе европски градови, во Белград, Загреб, Москва, Одеса, Санкт Петербург, Софија, Пловдив, Краков, Букурешт, Ватикан, Минхен, Париз, Лондон, а мал дел (само 400) е зачуван во Македонија.
-Бугарите ги имаат највредните македонски ракописи
*Едно од најбогатите депоа со македонски ракописи во светот се наоѓа во Народната библиотека "Кирил и Методиј" во Софија. Таму се чуваат и неколку десетици ракописи од 14. век сите напишани на пергамент.
*Исто така и во Бугарската академија на науки и уметности се чуваат вредни ракописи од Македонија.
*Во Рилскиот манастир меѓу другото се наоѓаат и речиси најстарите македонски книжевни траги. Тука спаѓаат македонски глаголски листови од 11. век, а шест од нив се наоѓаат токму во Рилскиот манастир,
*а два листа во Руската академија на науките.
-Џинот продавал ракописи
*Преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Цветаноски во својата книга го посочува како сопственик на приватна збирка на стари ракописи и како трговец со истите. *Видниот македонски преродбеник и доставувал на бугарската егзархија во Цариград и во Софија,
*а подоцна и на српското учено друштво во Белград многу вредни ракописи. Една колекција од 36 вредни ракописи и продал на Народната библиотека во Белград.
*Џинот во цариградски весник пишува дека во тој период додека тој живеел, најмногу ракописи имало во Охрид и Охридско, но таму калуѓери "не од наш јазик" ги уништувале меѓу другото и со фрлање во Езерото.
*Во некои странски библиотеки, денес има ракописи што дури и Џинот ги продал.
-Гледав одличен серијал на МТВ за оваа тема ... од музеите и библиотеките кадер се чуваат ракописите по потекло од Македонија ...

.. наша специфика е дека во периодите кога сме немале своја држава, најлегално - владетелте од тогашните државави на нашите простори ги прибирале скоро највредните артефакти кои се од пренослив карактер и ги носеле на “испитување и чување“ во националните музеии (Софија, Белград, Истамбул, Атина...Москва, Лондон, САД...). Секојпат со мотив да се “сочуваат артефактите“.
*** Македонија не си го бара културното наследство ... Утрински- Брoj 2325 понеделник, 05 март 2007
- Движното културно наследство изнесувано низ историјата на легален или илегален начин, евидентирано во државни институции, приватни галерии во одредени земји во светот, станува предмет на интерес на јавноста особено кога во Македонија се интензивираат дивите копања. Но досега, како во поновата историја на државава, но и претходно, во времето на СФРЈ не е реализирана ниедна конкретна иницијатива за враќање на богатствата изнесувани уште од времето на османлиското владеење, па се' до денес (со исклучок на минатогодишното враќање на заробените македонски бронзи на словенечката граница, изнесувани по илегален пат од државата).
... мошне индикативно е што досега не е направена ниту одредена листа евидентирани предмети по светот, кои потекнуваат од територијата на земјава.
... Се надевам дека некој ќе се сети да го отпочне потребното евидентирање, па комплетираните досиеја да му се достават на Министерството за надворешни работи,
... Директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман за можното враќање на македонските културни вредности дома, говори како за невозможен процес во сегашни услови, кога во светот и големите држави тешко успеваат да си вратат нешто.

извадок од интернет


Дали е нешто воопшто направено, или дали се има некој потрудено од министерство и др. историски видни луѓе во македонија за враќање на нашите артефакти? А, дали е можно некако да се организираат повеќе души, да соберат потписи, или сл., па да подигниме ние самите иницијатива за нивно враќање?:toe:
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Абе ние можеме да подигнеме колку сакаме иницијативи, никој ништо не ни враќа.
 
Член од
16 март 2008
Мислења
124
Поени од реакции
7
Во некои работи треба да бидеш упорен
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Во некои работи треба да бидеш упорен
Се согласувам, треба и можеби ќе ни вратат нешто, ама за највредното можеме само со сила да го земеме. Кој е будала да ти дава артефакти со огромно историско-културно значење. Јас така мислам.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Ако Германците вратиле цртежи, тогаш и Татарите треба да вратат.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
212
Поени од реакции
8
Ова треба да иде преку влада, и никако поинаку! Дипломатија, министерство за култура во акција!
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Да ама како до владата? о.0
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
212
Поени од реакции
8
Има шанси, има само треба сериозно да се приготви проект со потписи и да се достави до министерство за култура.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
БИ се зафатиле за ова?
Колку потписи треба да се соберат за предлог зкаон?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Ја сум за иницијатива за собирање потписи и со сигурност ќе ги подржам сите кои ќе се нафатат на тој чекор!
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Ако ова започниме, ќе одам од куќа на куќа ако треба =) Ама ако почниме сигурен сум дека ќе имаме доволно потписи. Само колку треба да се на број
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
212
Поени од реакции
8
Ај ќе се распрашам подобро па ќе ви пишам...
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Незнам зашто,но веке е имало таква тема.Има артефакти от МК во много држави.Па и обратното.Поне за тези кои са во БГ нема как да се вратат,заштото е требало да бидат вратени след 1945 година като репарации,па Тито опроштава репарациите ком БГ.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Незнам зашто,но веке е имало таква тема.Има артефакти от МК во много држави.Па и обратното.Поне за тези кои са во БГ нема как да се вратат,заштото е требало да бидат вратени след 1945 година като репарации,па Тито опроштава репарациите ком БГ.
А ,вашите каде се ,или немате ,па затоа прибирате туѓи.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
А ,вашите каде се ,или немате ,па затоа прибирате туѓи.
Зети за да бидат спасени.Много от нашите са во музеи во Лондон и Москва.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom