Во пензија со наполнети 67 години

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Администрацијата ќе добие покачување од октомври, а пензионерите догодина

26.07.2014 | 17:55
Извор: Нетпрес
Прочитано: 331 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот
Од октомври покачување на платите на јавната администрација, а догодина и ново покачување на пензиите, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната работна посета на Кратово.
Вицепремиерот Ставрески истакна дека и покрај предизвиците кои се случуваат на економски план во регионот и светот, што доведува до намалување на платите и пензиите во повеќе држави, Владата на Република Македонија успева да одржи макроекономска стабилност, но и да ги зголеми платите и пензиите.

- Деновиве Србија објави дека ќе ги намалува платите и пензиите за 10 отсто. Португалија истото го направи. Даноци на пензии се воведуваат во некои земји. Ние сме далеку од тоа. Со здравите економски политики ќе успееме не само да не дојде до такви ситуации, туку и да го реализираме она што е ветено кон граѓаните, а тоа е зголемување на платите во јавниот сектор оваа година, почнувајќи со платата за месец октомври, изјави министерот Ставрески и најави и ново покачување на пензиите за следната година.

Ставрески истакна дека со вакви економски политики на Владата Република Македонија и понатаму ќе ја задржи макроекономската и фискална стабилност.

- Во вакви времиња кога во другите земји има непопуларни и тешки мерки кои го влошуваат стандардот на граѓаните, ние успеавме да се справиме со тешки предизвици и да обезбедиме реален пораст на примањата кои се финансираат од буџетот, заклучи Ставрески.
http://tocka.mk/1/132853/administracijata-ke-dobie-pokacuvanje-od-oktomvri-a-penzionerite-dogodina
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Во Германија и во другите поразвиени европски држави се зголемува границата за пензионирање бидејќи тие држави се соочуваат со недостиг на работници, поради што нема кој да ги замени пензионираните работници откако ќе се пензионираат. Бесмислено е да се затвораат работни места доколку добро оди бизнисот, треба да се најде соодветна замена за штотуку пензионираните.

Но добар дел од штотуку пензионираните или немаат деца кои ќе ги наследат нивните работни места, или имаат деца кои не сакаат да се занимаваат со нивната професија, поради што одбиваат да ги наследат нивните работни места.

Па затоа државите се трудат како знаат и умеат да ги задржат работниците на нивните работни места што е можно подолго, со зголемување на границата за пензионирање.

Но во државите како Македонија, Фондот за Здравствено Осигурување се соочува со тешки загуби - и со финансиски измами се разбира, а и долговите на државата на дебело растат, на крајот на краиштата, бронзата за спомениците не тече од Вардар, а истото важи и за градежните материјали за бројните административни објекти изградени во дегенскиот неокласицистички стил.

Мора од некаде да се најдат пари, а одговорот е - од народот, од фирмите и од нови кредити и задолжувања се разбира, како што е случајот со неодамна издадената евро-обврзница од 500 милиони евра.

Со зголемување на границата за пензионирање Фондот за Здравствено Осигурување ќе куртули на кратко од идните пензионери, а со воведување на задолжително исплаќање на придонеси и бруто плата за авторите и хонорарците, на крај ќе треба и на ѓупците кои чистат ветробрански стакла по семафорите да им плаќаме придонеси, само за да се пополнат барем малку дупките во буџетот, кои се огромни.

Мој совет до сите Македонци кои не се вработиле со партиски врски и сеуште не фатиле џаде надвор од оваа лоповска држава во која само лоповите успеваат на економски и на социјален план е - или фаќајте џаде во странство што е можно поскоро, или почнете уште сега да подготвувате домашен кризен фонд - вадете странски валути за банкротот кој следува - долари, франци, или ако можете злато, сребро, било што, бидејќи следуваат економска криза и банкрот, а ЕУ, ММФ и Светска Банка ќе не дупат во здрав мозок, исто како што им направија на државите свињи PIGS - Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија, па дури и Кипар, кој не се давеше во долгови како овие претходно спомнативе.

Има долгови за плаќање и допрва следува најтешкиот дел - уште повисоки даноци, уште повисоки казни, уште повеќе законски ограничувања на приватниот капитал и уште повеќе регулации и бирократија, подгответе се за силните удари кои допрва следуваат.
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Dexter.., да си јадеш ушите младо момче. Значи наместо да се зафатиш за корисна работа ти само проповедаш армагедони.
Па тоа што го кажуваш е само купување време, најмногу за оние надвор кои нема кој да ги замени, а кои тоа ти го плаќаат безобразно бедно. И спремен си да си ја спичкаш сопствената замја , само тие да можат да преткат уште една две децении подолго....:):)
А бе човек , проблемот е фудаментален..нема производство, ..отишло во Кина финансирано од електронски печатени лажни долари...
И решението не е во постојаното бегање.... додека смртта не те стигне..., мораш, секој мора , пред тоа да застане и направи нешто за да се почувствува дека е жив...и да остави трага зад себе.
И а ти никако да ни објасниш......што тоа навистина ќе ни се случи после "банкротот" кога ЕУ, ММФ и Светска Банка ќе не дупат во здрав мозок??? ..истото што и со државите свињи (PIGS) - Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија, Кипар или за нас очекуваш некој посебен мазиохистички третман. Мислиш ли дека притоа ЕУ, ММФ и Светска Банка ..уживаат.. , уште и бањајќи се у пара???
А кога реков да ни објасниш, мислев на оние малку кои немаат намера да бегаат...;)
 
Не знам во кој филм си влезен, па гледаш на мене како на некој кој проповеда армагедони.

Јас само го кажав моето лично мислење, кое произлегува од тоа што го гледам наоколу - невработеност, сиромаштија, и огромни долгови за плаќање.

Тоа што го спомна за Кина и електронски печатените лажни долари е вистина, но тоа не е вистината за тоа што се случи со македонското производство, за кое на сите ни е познато дека беше уништено одвнатре, односно не си отишло во Кина.

И нормално дека ќе останат такви кои немаат намера да бегаат, па тоа е историјата на оваа земја. Досега имало барем 3 бранови на иселување - после Илинденско Востание, после Прва Светска Војна, и после Втора Светска Војна, но еве не - сеуште сме тука, не сме фатиле џаде сите, ова ќе ти го потврдат дури и таканаречените документарни филмови, кои ги снимаат денешните пвеводбеници кои се на власт во Македонија.

Банкрот е состојба низ која поминува одреден ентитет - физичко лице, правно лице, организација, влада/држава, кога отворено и јавно признава дека не е во состојба да ги плаќа сопствените долгови. Банкротот не претставува отпишување на долговите на должникот или одземање, минирање и рушење на имотот на должникот, туку претставува репрограмирање на долговите, односно менување на бројот на рати на кои долговите ќе бидат исплатени и менување на големината, односно на износот на истите тие рати. Паралелно со репрограмирањето на долговите, должникот се упатува да продаде нешто од својот имот, или да го даде под концесија, односно под кирија.

Државите свињи PIGS - Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија, не поминаа низ банкрот, туку поминаа низ должнички кризи, со исклучок на Грција која беше на добар пат да банкротира.

А што направија ЕУ и ММФ околу ова ?

Ги спасија овие држави од должничките кризи, а Грција ја спасија од банкрот, со тоа што им дадоа уште повеќе пари на заем за да си ги платат старите долгови.

Со други зборови кажано, отвораат нови долгови за да затворат стари долгови, а како резултат на ваквите нови задолжувања, овие држави стануваат се повеќе и повеќе зависни од милостијата и немилостијата на ЕУ и ММФ.

А Македонија, која не е држава членка на ЕУ, исто така се дави во долгови, или барем така делува со оглед на фактот дека актуелната влада воведува задолжително исплаќање на придонеси и за хонорарците и за авторите, односно за работниците со договор на дело, а не со договор за работење на одреден временски период, а паралелно со сето ова, државата ја зголемува границата за задолжително пензионирање.

Даноците не се зголемуваат, барем засега, но затоа се зголемуваат казните и таксите кои се плаќаат, вклучувајќи ги и акцизите, а на мене лично не ми делува дека сето тоа се прави за доброто на домашното производство на автомобили - кое патем не постои.

Што да направат тие кои не фатиле џаде, меѓу кои, барем засега, спаѓам и јас ?

Еве јас конкретно не чувам пари во банка и кога имам некој денар повеќе, купувам по некој швајцарски франк или американски долар. Чувам и по некое евро, но се трудам да ја избегнам таа валута. Не сум некој богаташ, се што досега имам заштедено се брои во стотици, а не во илјадници.

Не велам дека банкротот ќе се случи веќе утре, секако дека не.

Банкротот можеби воопшто нема ни да се случи, туку ќе се случи потпишување на нови аранжмани со ММФ и со Светска Банка, кои секако ќе ни предлагаат да собереме пари од продажба на нешто - можеби на аеродромите, или на железницата - ова второво јас лично го поддржувам со оглед на фактот дека Македонски Железници е еден од најголемите загубари на денешницата и еден од најголемите вработувачи на партиски подлизурковци, или па можеби ќе ни предложат да дадеме под концесија некои од патиштата, или па можеби и водите, зошто да не, кога водата е едно од ретките најосновни средства за живот, кое сеуште е човеково право во Македонија, што не значи дека ќе остане така, откако ќе потпишеме нови аранжмани со ММФ и со Светска Банка.

Факт е тоа дека сме презадолжени до гуша, а парите од задолжувањата ги фрламе на неокласицистички глупости, сигурно не мислиш дека сите тие споменици и административни згради доаѓаат за без пари. Не, за сите тие глупости мора да се плати, а како тргнале работиве, јас лично мислам дека ќе остане дебел цех за плаќање со уште подебели камати.

Е па сега и ти јади си од ушите, старо момче.
 
Член од
25 март 2014
Мислења
717
Поени од реакции
733
Полицајците сами ќе одлучуваат кога ќе одат во пензија
Недела, 27.07.2014 16:05 Македонија
Полицајците како и сите останати вработени ќе имаат можност да го продолжат работниот стаж и да изберат кога ќе одат во пензија, најави денеска премиерот Никола Груевски.

- За полицијаците има специјален закон по кој заминуваат во пензија со 40 години работен стаж, од кои 30 се ефективни, а 10 се бенифициран стаж. Со доплнителните измени кои следуваат ќе се овозможи тие да заминуваат во пензија со 45 години стаж, вклучувајќи го и бенефицираниот и да може да бираат дали ќе одат во пензија со 40 или 45 години стаж, изјави Груевски, одогварајќи на прашање по пуштањето во употреба на повеќенаменското игралиште во наслебата Триангла.

Тој посочи дека измените на законот се веќе поминати на Влада, а наскоро ќе бидат пуштени и во собраниска процедура.

- Давањето можност за зголемување на старосната граница за одење во пензија до три години е чекор кон давање на повеќе права на работниците. Ние сме свесни дека во Македонија има многу работници кои би сакале да го продолжат работниот стаж од причина што се чувствуваат здравствено добро, а тоа им значи и финансиски и социјално. Од друа страна, свесни сме дека има дејности кои ги тераат вработените да се чувствуваат многу поисцрпено и поистрошено на навршетокот на нивната 62-ра, односно 64-та година. Токму затоа ја дадовме можноста оние што се со потешка работа да можат да заминат во пензија во 62-рата или 64-тата година, а оние кои не се чувствуваат потрошени да може да продолжат. Така ќе биде и во полицијата каде, исто така, има работни места кои повеќе или помалку исцрпуваат, појасни Груевски.

Што значи ова? Само со наполнети 40 год, стаж можат да идат у пензија или како?
А сигурно тие што ќе идат со навршени 62/64 ќе имаат основица многу помала од тие со навршени 65/67 така? Секоја година основицата ја намалуваат за 10-20% од плата
 
Член од
2 март 2014
Мислења
44
Поени од реакции
19
Пензионерите и вработените во јавна администрација нека уживаат се што се прави за нив е, а младите сега што си чекаат работа ќе мора да почекаат бар уште најмалу 3 години од предходниот "млад" пензионер што не сака да ја напушти фотељата од пуста тешка работа... Мизерно мислам дека овај закон баш за овие горе што ги спомнав им се погоди но што е со другите? Или не се битни тие во ова држава? Македонија се направи држава за пензионери а пак младите нормално си бараат излез од неа
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Кафеаните полни, туристичките места крцкаат, народот пак нема пари. А тек кога ќе оформат семејство колку ли ќе ...
 
Последно уредено:
Член од
10 јули 2014
Мислења
86
Поени од реакции
36
Кафеаните полни, туристичките места крцкаат, народот пак нема пари. А тек кога ќе оформат семејство колку ли ќе ...
Ovaa prikazna ja slusav vo grcija...stom kriza kje dojde i mora da s krati vednas izbivaat kavgi. Stari protiv mladi , hristijani protiv muslimani, domasni protiv stranci, krivi se komunistite krivi se fasistite kriv e mmf krivi se crncite. Vistinata e site sme krivi ama taka ni e zasluzuvame se koga ne se mislelo na vreme. Ova ni treba go zaslusuvame sami si go baravme.
Пензионерите и вработените во јавна администрација нека уживаат се што се прави за нив е, а младите сега што си чекаат работа ќе мора да почекаат бар уште најмалу 3 години од предходниот "млад" пензионер што не сака да ја напушти фотељата од пуста тешка работа... Мизерно мислам дека овај закон баш за овие горе што ги спомнав им се погоди но што е со другите? Или не се битни тие во ова држава? Македонија се направи држава за пензионери а пак младите нормално си бараат излез од неа

Gesendet von meinem GT-S6310N mit Tapatalk
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.718
Поени од реакции
15.590
otvoriv tema vo Pravo za najnoviot zakon, a me vratija tuka, imalo tema. Ne e isto, demek sega ke go prinudat gazdata da go drzi rabotnikot do 67 godini... A sto ako go proglasi tehnoloski visok, ke go zezzne da zema mnogu pomalku od penzija ( ako se opredelil edna godina da ne odi vo penzija...:icon_mrgr:
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Не знам во кој филм си влезен, па гледаш на мене како на некој кој проповеда армагедони.

Јас само го кажав моето лично мислење, кое произлегува од тоа што го гледам наоколу - невработеност, сиромаштија, и огромни долгови за плаќање.

Тоа што го спомна за Кина и електронски печатените лажни долари е вистина, но тоа не е вистината за тоа што се случи со македонското производство, за кое на сите ни е познато дека беше уништено одвнатре, односно не си отишло во Кина.

И нормално дека ќе останат такви кои немаат намера да бегаат, па тоа е историјата на оваа земја. Досега имало барем 3 бранови на иселување - после Илинденско Востание, после Прва Светска Војна, и после Втора Светска Војна, но еве не - сеуште сме тука, не сме фатиле џаде сите, ова ќе ти го потврдат дури и таканаречените документарни филмови, кои ги снимаат денешните пвеводбеници кои се на власт во Македонија.

Банкрот е состојба низ која поминува одреден ентитет - физичко лице, правно лице, организација, влада/држава, кога отворено и јавно признава дека не е во состојба да ги плаќа сопствените долгови. Банкротот не претставува отпишување на долговите на должникот или одземање, минирање и рушење на имотот на должникот, туку претставува репрограмирање на долговите, односно менување на бројот на рати на кои долговите ќе бидат исплатени и менување на големината, односно на износот на истите тие рати. Паралелно со репрограмирањето на долговите, должникот се упатува да продаде нешто од својот имот, или да го даде под концесија, односно под кирија.

Државите свињи PIGS - Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија, не поминаа низ банкрот, туку поминаа низ должнички кризи, со исклучок на Грција која беше на добар пат да банкротира.

А што направија ЕУ и ММФ околу ова ?

Ги спасија овие држави од должничките кризи, а Грција ја спасија од банкрот, со тоа што им дадоа уште повеќе пари на заем за да си ги платат старите долгови.

Со други зборови кажано, отвораат нови долгови за да затворат стари долгови, а како резултат на ваквите нови задолжувања, овие држави стануваат се повеќе и повеќе зависни од милостијата и немилостијата на ЕУ и ММФ.

А Македонија, која не е држава членка на ЕУ, исто така се дави во долгови, или барем така делува со оглед на фактот дека актуелната влада воведува задолжително исплаќање на придонеси и за хонорарците и за авторите, односно за работниците со договор на дело, а не со договор за работење на одреден временски период, а паралелно со сето ова, државата ја зголемува границата за задолжително пензионирање.

Даноците не се зголемуваат, барем засега, но затоа се зголемуваат казните и таксите кои се плаќаат, вклучувајќи ги и акцизите, а на мене лично не ми делува дека сето тоа се прави за доброто на домашното производство на автомобили - кое патем не постои.

Што да направат тие кои не фатиле џаде, меѓу кои, барем засега, спаѓам и јас ?

Еве јас конкретно не чувам пари во банка и кога имам некој денар повеќе, купувам по некој швајцарски франк или американски долар. Чувам и по некое евро, но се трудам да ја избегнам таа валута. Не сум некој богаташ, се што досега имам заштедено се брои во стотици, а не во илјадници.

Не велам дека банкротот ќе се случи веќе утре, секако дека не.

Банкротот можеби воопшто нема ни да се случи, туку ќе се случи потпишување на нови аранжмани со ММФ и со Светска Банка, кои секако ќе ни предлагаат да собереме пари од продажба на нешто - можеби на аеродромите, или на железницата - ова второво јас лично го поддржувам со оглед на фактот дека Македонски Железници е еден од најголемите загубари на денешницата и еден од најголемите вработувачи на партиски подлизурковци, или па можеби ќе ни предложат да дадеме под концесија некои од патиштата, или па можеби и водите, зошто да не, кога водата е едно од ретките најосновни средства за живот, кое сеуште е човеково право во Македонија, што не значи дека ќе остане така, откако ќе потпишеме нови аранжмани со ММФ и со Светска Банка.

Факт е тоа дека сме презадолжени до гуша, а парите од задолжувањата ги фрламе на неокласицистички глупости, сигурно не мислиш дека сите тие споменици и административни згради доаѓаат за без пари. Не, за сите тие глупости мора да се плати, а како тргнале работиве, јас лично мислам дека ќе остане дебел цех за плаќање со уште подебели камати.

Е па сега и ти јади си од ушите, старо момче.
Во право си потполно и мене ме фаќа страв не еднаш се десило да им ги соберат заштедите на луѓето од банка во Македонија. Друга работа во секоја нормална држава цел живот што работите ако умрете пред пензија парите не ви одат во воздуј како во МК некој наследник ќе земе поголем дел од парите. Значи замислете работите до 65 и умирате и никому ништо а сте давале пари никој аир да не види од тие пари. Јас на пример си плаќам во Граве приватниот фонд до 55 год имам договор и чао не ни мислам ако останам во Мк дека ќе посои ПИОМ ама мора и таму да се плаќа тоа е
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
pred 6 godini koga se vrabotiv na more,"starata skola" dobronamerno me sovetuvaa da sum se prijavel kaj rodnini vo firma vo MKD I da sum si plakjal pridonesi za penzija.
jas im rekov,ako rabotam po 12 saati dnevno vo severno more a planiram da ziveam od Mkd penzija posle 70godini vozrast,kje si go svirnam kurshumot uste Sega.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
одличен закон- поготово за младиве е топ

Член од
16 декември 2013
Мислења
39
Поени од реакции
3
Јас се извинувам што малце ќе отскокнам од муабетов. Но дали некој може да ми каже кој е минималниот износ на старосна пензија што може да ја добие човек кој има 20 години работен стаж.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom