Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
термоцентралите ни се од 80-десетите, а железницата од Турско и Краљевината, генерално имало добар живот, ама како и се друго и тој сон завршил.
Чиро и пампуро не биле баш развиена железница. Прашај ги постарите дали ја паметат скопската железничка по земјотресот.
ставија канализација во населбата балканска,
како што читам, ја нарекувале Свињогојство, сите куќи биле дивоградби. Збориме за регуларни куќи и населба или за дивоградби.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Тајна е:P
сега со овие избирачките списоци одма можат да ме најдат сите, само треба да бараат на право место:([DOUBLEPOST=1480601575][/DOUBLEPOST]
Чиро и пампуро не биле баш развиена железница. Прашај ги постарите дали ја паметат скопската железничка по земјотресот.
како што читам, ја нарекувале Свињогојство, сите куќи биле дивоградби. Збориме за регуларни куќи и населба или за дивоградби.
Главно цела држава е дивоградба и тоа не значи дека треба да живеат во среден век.
Сега ќе речете дека не платиле комуналии, ама зошто не платиле? , нели сите имале работа? нели имале преголеми плати? значи уште тогаш нешто не штимало, има и такви што платиле комуналии, па та сега ги добиваат тие услуги.

И знам дека се вика свињогојство, ама му го употребив културното име (официјалното);)
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Главно цела држава е дивоградба и тоа не значи дека треба да живеат во среден век...
Најголемиот дел од градовите, оној дел за кој имало урбанистички планови, колку што ми е познато беше опфатен со инфраструктура.
За називот, не ми беше мубает лошо да се изразам. Така го најдов
 
Последно уредено:

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Најголемиот дел од градовите, оној дел за кој имало урбанистички планови, колку што ми е познато беше опфатен со инфраструктура.
За називот, не ми беше мубает лошо да се изразам. Така го најдов
Вака, имало многу пропусти тогаш поради кој денеска не ни е средена ситуацијата.
Прво се градело без гдадежна дозвола иако обиектите се во ДУП, братму на дедоми сега поднесуваше барање за легализација, во ист период се градени куќите, работеле во иста фирма, но зошто едниот не платил комуналии?

Друго зошто градовите не изработувале ДУПови, во Скопско селата се целите дивоградби, секој градел кај ќе стаса, па сега ќе ни се случуваат поплави и довагаме во ситуација да се демантираме на прашањето зошто се поплавуваме при секој пообилен дожд, нели оти не платиле комуналии нема потреба да и се гради атмосферска канализација.

Тоа се големи пропусти од тогашните власти кој влијаат на онаа што се случува денес.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Тоа се големи пропусти од тогашните власти кој влијаат на онаа што се случува денес.
Никогаш во живот не сме се поплавиле. До основно живеев првиот ред покрај Вардар, во Маџирмаало. Тогаш не ни влегуваше вода во подрумите. Оттогаш наваму сум во Бутел и повторно немавме проблем со водата. Со последните одлични проекти на властите ние последните години се поплавуваме и во подрумите и во собите.
зошто се поплавуваме при секој пообилен дожд, нели оти не платиле комуналии нема потреба да и се гради атмосферска канализација.
Поплавите не се заради оној систем туку заради овој, подобриот. Цевките кои биле ставени во 60тите и 70тите се премали за да го соберат атмосферскиот талог и изметот од повеќе од двојно зголеменото население. Дивоградба, барем во населбава, многу беше тешко тоа време да се направи. Имаше правилник и до која висина можеше да оди спратот. Сега е хаос, само пари се битни. Па откако се легализира све живо и се приклучија уште неколку диви населби на оваа канализација, ние постојано имаме проблем со водите. Така да, пак ќе повторам, не е до тој систем него до ненаситноста и липовлукот на овој сега.
Истото сигурен сум важи и за Стајковци и Сингелиќ.
Еве ти уште еден пример-кружниот Автокоманда-таму не се собираше вода. Сега се прави езеро, колите пливаат на пролетни дождови. Има милион примери со инфраструктурата за успех на претходниот систем и крах на овој сега.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Тоа се големи пропусти од тогашните власти кој влијаат на онаа што се случува денес.
Па за овие 30 години независност можеше власта да ги урне сите дивоградби, да направи уште 4 електро централи наместо да увезува 5 пати поскапа струја, да го доунапреди здравството а не да умираат деца без лекарска помош и да се плаќаат скоро сите лекови и лекарски интервенции, да се зголеми безбедноста а не да ни егзекутираат деца со калашникови низ Македонија, да доотворат и прошират постоечки капацитети а не да имаме дупло повеќе невработени, да зголемат плати а не да имаме пониски плати од оние во 1980, да зголемат и унапредат работнички права а не да остават работодавци да может слободно да убиваат работници без да одговараат, да направт помала и поефикасна администрација а не да пикнат 200.000 во државни фирми кои се дупло понеефикасни од колку во СФРЈ, да унапредат земјоделство а не да спаднеме да увезуваме домати пиперки пченка пченица млеко лук кромид месо.... да доизградат иригациски ситеми а не секој дожд да ја полавува државата, да намалат долг а не место 600 милиони долг во 1990 да го зголемат на 9 милијарди долари денес, да обезбедат социјала и стандард а не да се иселат 400,000 Македонци само во последни 15 години, да зголемат национална свест а не да 200.000 Македонци земат бугарско државјанство.....
 
Можеше да се направи нешто, ама не можеше,
доколку почнаа да рушат, пола Македонија ќе изгледаше како Скопје 63,
можеше да не крадат толку, можеше да изградат уште некој пат, можеше да не ја полнат администрацијата со партиски кадар...............................
и останува само на тоа можеше
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
да намалат долг а не место 600 милиони долг во 1990 да го зголемат на 9 милијарди долари денес, да обезбедат социјала и стандард а не да се иселат 400,000 Македонци само во последни 15 години, да зголемат национална свест а не да 200.000 Македонци земат бугарско државјанство.....
Аман бе веќе со тие бројки од ракав
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Аман бе веќе со тие бројки од ракав
еми дај званични бројки[DOUBLEPOST=1480617054][/DOUBLEPOST]
Можеше да се направи нешто, ама не можеше,
доколку почнаа да рушат, пола Македонија ќе изгледаше како Скопје 63,
можеше да не крадат толку, можеше да изградат уште некој пат, можеше да не ја полнат администрацијата со партиски кадар...............................
и останува само на тоа можеше
накратко не го подобрија постоечкото туку го дозапустија и уназадија
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Главно цела држава е дивоградба и тоа не значи дека треба да живеат во среден век.
Сега ќе речете дека не платиле комуналии, ама зошто не платиле? , нели сите имале работа? нели имале преголеми плати? значи уште тогаш нешто не штимало, има и такви што платиле комуналии, па та сега ги добиваат тие услуги.

И знам дека се вика свињогојство, ама му го употребив културното име (официјалното);)
Не у среден век, туку во неолит треба да живеат, во пештера.
Затоа те прашав. Каква и да е општината, за да ја овозможи инфраструктурата и требаат пари.
Голем процент од луѓето овде пцујат мајки шајки, Југославија, Македонија, грујо, бранко, а немаат платено комуналии, див приклучок на вода, канализација, струја и друг им е крив, а што е најтрагично први се опињаат за праење споредби кога било подобро.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Не у среден век, туку во неолит треба да живеат, во пештера.
Затоа те прашав. Каква и да е општината, за да ја овозможи инфраструктурата и требаат пари.
Голем процент од луѓето овде пцујат мајки шајки, Југославија, Македонија, грујо, бранко, а немаат платено комуналии, див приклучок на вода, канализација, струја и друг им е крив, а што е најтрагично први се опињаат за праење споредби кога било подобро.
Работата ми беше да и објаснам на фалачите дека тој систем не бил најсјаен, доколку работел како што треба ќе немаше потреба многу работи да се прават од 0!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Работата ми беше да и објаснам на фалачите дека тој систем не бил најсјаен, доколку работел како што треба ќе немаше потреба многу работи да се прават од 0!
си јадел порано тавче гравче со плескавица и зелка салата
то не е најсјано јадење ниту најделикатесно али денес јадеш сварени коприви и критикуваш гравче тавче со плескавица зато шо не било вкусно како чаден лосос или срнечко печење
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
си јадел порано тавче гравче со плескавица и зелка салата
то не е најсјано јадење ниту најделикатесно али денес јадеш сварени коприви и критикуваш гравче тавче со плескавица зато шо не било вкусно како чаден лосос или срнечко печење
Тогаш гравот и месото ти ги обезбедувал некој друг, сега самиот треба да си ги произведеш
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Тогаш гравот и месото ти ги обезбедувал некој друг, сега самиот треба да си ги произведеш
хахаха
дете
јас прв пат видов аргентинско и бразилско месо, турски домати фрижидер и пиперки, холандски црн патлиџан, кинески лук гаќи автобуси и маици, романски миксер, чешко шпоре грчко сирење, шпанско радио.... од ко се распадна СФРЈ
До тогаш се сами си правевме
 
Kajgana Shop

На врв Bottom