Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.874
Поени од реакции
7.740
Apsolutno tochno...tie se reper, zatoa shto imaat iskustvo kako bilo togash i sega, edino so takvi luge mozhesh da diskutirash na taa tema.
Во времето на ''златните'' времиња кога лугето се пишуваа во продавниците повеке него денес (ова го знам многу добро пошто татко ми работеше во една локална продавница) Едвард Кардељ се шетал по неговата дежела да ги види благодетите од новата Југославија,видел една куќа со прекрасен двор и мерцедец во кој седи еден старец, се доближил до него и почнал да го прашува за животот, па почнал со со прашања од типот
Е:К Како ти се допага нашава Југославија ?
старецот одговорил: Убаво е ама во Австро -Унгарија поубаво беше
Е.К продолжил. Во Австро -Унгарија имаше ваква куќа ?
Старецот повторно. Не , ама во Австро -Унгарија беше поубаво.
Е.К .Во Австро -Унгарија имаше ваков двор?
Старецот повторно:Не,ама во Австро -Унгарија беше поубаво.
Е.К: Во Австро -Унгарија имаше ваква кола ? (највероватно заработена таму некаде во Германија)
Старецот повторно. Не , ама во Австро -Унгарија беше поубаво.
тогаш Е.К. се налутил и прашал: Како ти е сега поубаво кога си ги немал сите овие работи ?
страецот одговорил: ЕЕЕ тогаш имав 18 години.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150

:cool:Sakash da kazhesh...deka togash i denes lugeto sipazarat na rabush po maalsite kolonijali no.denes vo pomal broj??Togash doagame do zakluchok deka nemame nikakov napredok-razlika...taka ili sum janlash....
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
577
Поени од реакции
830
35 ГОДИНИ ОД СМРТТА
Кога бевме некој и нешто: како светот го пречекувал Тито
На денешен ден пред 35 години почина долгогодишниот лидер на СФР Југославија Јосип Броз Тито. Годишнината од смртта на југословенскиот претседател со собир во Кумровец го одбележаа стотици негови почитувачи од Хрватска и Словенија.

Во точно 15:04 часот таму се вклучила сирената, со која секоја година во Југославија се одбележуваше смртта на Тито. Претставници на Сојузот на антифашистичките борци и Здружението Јосип Броз Тито стоеле мирно додека одекнувал звукот на сирената, а потоа положиле венци крај споменикот на Тито што се наоѓа пред неговата родна куќа.
На 4 мај 1980 Тито почина во болница во Љубљана, а на неговиот погреб присуствуваа над 200 највисокорангирани функционери и славни личности од 127 земји. Од светот поделен со Студената војна дојдоа државници од двата блока. На погребот имаше околу 700 илјади луѓе, што го прави еден од најпосетените погреби на некој државник во 20 век.
Неговата смрт историчарите сѐ уште ја сметаат за почеток на крајот на Југославија.
Тито во посета на Македонија.
Josip.jpg tito_delcev.jpg
Извор
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Јас имам 44-45 години, што значи, детските и средношколските денови ги минав во СФРЈ. И ЈНА дури бев. И се растури Југославија.
Едно е да се каже дали било подобро или не и да се застане со одговорот, а друго е да се продискутира повеќе.
Подобро било во смисол на безбедноста Полицијата (тогаш се викаше милиција), т.е. државата имаше неограничено право да ти прави што сака, па проблематичните луѓе немаа можност да се повикуваат на демократија и права. Или не дај боже некој да излези на протест против полициска бруталност. „Има да те снема“. За погрешно изговорен збор се завршуваше в затвор, често на сериозна робија, особено во раната фаза на СФРЈ. Сепак, ако си со наведната глава, ако не си против системот и државата.. тогаш е се ОК и немаш проблем. И безбеден си, заштитен.
Имаше работа, но во 1970-те години, а особено во 80-те се појави невработеност и немање на работа. СФРЈ од 1980 г. па до распадот 1990-91, имаше раст НУЛА (0%). Значи, немаше никаков раст. Односно, се живеело на кредити. Тоа после смртта на Тито.
Некој ќе рече, „Тито бил нешто, а кога умрел, другите не ги бивало“. Тито само беше мошне умешен манипулатор, позитивно мислејќи. После WW2, САД, Г. Британија, СССР.. ја поделија Европа. Еден дел од државите станаа комунистички под капата на СССР, Грција остана кај западните држави (и тоа страшно го искористи како единствена некомунистичка балканска држава, сојузник на САД). Е... СФРЈ потпадна 50-50. Комунизам, ама либерален. Не толку ригорозен како другите такви држави. И плус СССР немаше власт, особено по 1948 г. кога Тито се скара со Стаљин. СССР имаше моќ да ја сгази СФРЈ, но тука беше западот кој имаше 50% право над СФРЈ. Е тука Тито ја градеше својата огромна моќ. Неколку пати земаше силни кредити од западот... а по 10, 20 години.. долговите му ги простуваа. Односно, на СФРЈ. На западот СФРЈ му беше многу важна. СФРЈ добиваше оружје, имаше малку и приватен сектор, луѓето можеа да патуваат... Од друга страна... и СССР не сакаше да ја изгуби СФРЈ, па и од таму нешто се „цицаше“.

Е... дојде 1980. Тито почина (бев дете). Е тогаш, на СФРЈ не и ги простија долговите од кредитите. И... СФРЈ стана прилично задолжена држава. И тоа не би било страшно доколку државата има производство и развој, па ги враќа кредитите. Но развојот беше 0%.

Паметам дека еден куп луѓе работеа во загубари (фирми кои работат со загуба), а со години земаа редовни плати. Паметам дека се организираа „акции за вработување“. На пример, во продавница работат тројца продавачи, а реално еден е доволен. Со акцијата вработуваат и четврт, петти продавач... За да земаат плата и да се намали невработеноста. А фирмата е загубар. Плата добива затоа што државата дотура пари. Од кредитите, пред се.

Тоа е добар живот, се согласувам. Земаш редовна плата. К-15, па разлики за нова година, па бесплатни свински полутки од синдикат, па летување во одморалишта каде што фирмата каде што работи некој од родителите, или кампови... За многу евтини пари. И сето тоа на кредит.

Имаше и ова: Тогаш девизи не смееше да се во оптек. Никаков. На црно се купуваа и се чуваа дома. Инфлацијата и девалвацијата беше значителна. Кредити се земаа во динари и се враќаа во динари. Но, колку си зел, толку враќаш. Пример, купуваш стан на кредит во противредност на 50,000 евра (денешни), 3,080,000 денешни денари. Го отплаќаш 15 години, на месечни рати. Со тек на месеците вредноста на динарот паѓа сериозно, ама тебе вкупниот кредит пак ти е 3,080,000. А платите се покачуваат заради губењето на вредноста на динарот. После 7-8 години, останало за враќање 50% од кредитот, околу 1,500,000. На почетокот тоа вредело 25,000 евра, но заради девалвациите, сега тие пари вредат околу 3-4,000 евра. По 2-3 години остатокот од кредитот претворен во реален курс на еврото би станал 100-200 евра, па луѓето последните 4-5 години топтан ги отплаќаа. И така, се стануваше газда на стан, кој вредел 50,000 евра, а си го платил на пример за 35,000. А можеби и помалку.

Да, од аспект на граѓаните, ова е супер живот.

И не само тоа... Супер е за граѓаните, ама се беше државно и некому не му беше гајле што ќе се случи. Никој не губеше ништо свое.

Да, убаво беше за луѓето, ама дали е тоа реален живот?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.714
Поени од реакции
17.376
Ова што го збориш ми е повеќе од рекла казала него што си доживеал,инаку како би знаел во раните фази на Југославија како било?
Баш ме интересира црно на бело некој податок за кредитите на Југославија и нејзината задолженост како причина за распадот.
Југославија се распаднала во војна,поради национализам и неуспешен обид за Југославизација на народите. Има еден куп земји во кој се живеело и сеуште се живее позадолжено и полошо финансиски па сеуште постојат.
Убаво ти било и тоа не ти е реален живот? Не е ни чудо што до тука ни е стигната државата, народ кој убавото не му е реално политичариве да сакаат не можат да најдат. Тоа е реален живот кој го има во одредени делови во светот а го имало и во Југославија,ова сеа е сон али за жал кошмар.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Адвокатите на оваа банда што е на власт, имаат за задача тука да не убедат дека палмите у Прилеп се многу поголема придобивка за македонскиот народ, одколку што е штетата направена со амнестијата на воените злосторници.
Зарем некој смета дека треба да се потпреме на нивната објективност кај вакви теми?
 
ама успеа да го убаци и протестот против бруталноста на полицијата у пост за Југославија:pos:Тоа е таа вмровска снаодливост за ширење пропаганда.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Димитар бе... не забегувај во нешто што нема причина. За пеење на несоодветни песни, вицови, зборување против државата, Тито, системот... дебело се заглавуваше. Сакав да кажам дека милицијата имаше власт да држи мирно. Не можеше да и се спротистави некој (сем ако не сака да го снема).

Југославија не се распадна заради кредитите. Не знам на која возраст си, ама јас бев 20-на годишен кога се распаѓаше СФРЈ и не бев мал кога живеев во таа СФРЈ.

Реков, убаво е да се живее така, нека е и реалност, ама тоа не може да е вечно. Убаво е мама и тато да те хранат, финансираат... ама не може да е вечно тоа. Ако ништо други, биолошки ќе ги нема.

Не е тоа што го напишав „рекла-казала“. Тоа е мал дел од вистината. А СФРЈ се распадна од многу причини. На пример, Словенија ја доживуваше СФРЈ како нешто привремено, до осамостојување на Словенија. Тоа не се кажувашр јавно, но сега читаме биографии, мемоари... итн. Луѓе од најблиското опкружување на Тито (пред се од Словенија, а и нешто и Хрватска) имале во план распад на СФРЈ.

Ако нешто сакаш да се дискутира, повели, ама верувај дека напишав само мал дел од она што јас знам, а уште колку има што не знам...[DOUBLEPOST=1434114731][/DOUBLEPOST]А за раните години, прашај за Голи Оток, на пример. Или прочитај на интернет. Прочитај за национализацијата (одземање на приватна сопственост на луѓето и правејќи ја државна.) Јас имав баби и дедовци кои живееле во тие години. Ми кажувале.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
За пеење на несоодветни песни, вицови, зборување против државата, Тито, системот... дебело се заглавуваше. Сакав да кажам дека милицијата имаше власт да држи мирно. Не можеше да и се спротистави некој (сем ако не сака да го снема)..
сега да кажуваш и 1000 вицеви, пеј колку сакаш...дали моеш со тоа да се најадеш, да се вработиш? Да купиш стан?
Реков, убаво е да се живее така, нека е и реалност, ама тоа не може да е вечно. Убаво е мама и тато да те хранат, финансираат... ама не може да е вечно тоа. Ако ништо други, биолошки ќе ги нема.
иронија. Сега ги храниме нашите невработени деца, а во тој систем на нивни години сами заработувавме. Се помалку останува на потребите за семејството, култура, забава...за стан, одмор, ново возило можеме само да го сонуваме претходниот систем.
Со скоро најголема општа невработеност и една од првите 10 во светот по најголема невработеност на млади луѓе, со скоро најниски плати, со стандард многу под оние соседи кои во претходниот систем беа далеку зад нас, со далеку полоша безбедност...греота е да се фалиме дека ни е подобро.
Македонија према она што беше, сега е налик на сладолед на сонце или песочна тврдина удрена од плима.
Да, убаво беше за луѓето, ама дали е тоа реален живот?
???
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Малиот диктатор ли ги продаде (подари) фирмите за ич пари? Тој ли ги остави без работа 200-300,000 луѓе, како последица на приватицазијата, легална, секако. Сега само ги лечиме раните и да се обидеме ако е можно малку барем да пркнеме.
Ќе повторам, едно е да се живее подобро, а друго е дали тоа може да е за стално. Ако мислиш дека е можно да се работи со загуба,а да се зема плата.. ОК. Направи фирма, работи со загуба.. па давај им плата на вработените, и плус вработи и нови... да издржуваш повеќе луѓе. Како? Земај кредити од банките. Е тогаш убаво ќе им е на вработените и ќе ти се благодарни вечно.

Прашувам, дали така и треба да биде?

А ова да го додадам: Дедо ми имал дуќан (бакалница) пред војната 1941, за време на војната, и по војната. И му дошле од државата и „во името на народот“ му го одзеле и го направиле државен. Од јад, ќе умрел. Е тој период, кога се одземало (дрпало, крадело..) имало раст... се создавале нови државни вредности. Ама кога веќе немало што да се одзема, немало ни раст.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
државата имаше неограничено право да ти прави што сака, па проблематичните луѓе немаа можност да се повикуваат на демократија и права. Или не дај боже некој да излези на протест против полициска бруталност. „Има да те снема“. За погрешно изговорен збор се завршуваше в затвор, често на сериозна робија, особено во раната фаза на СФРЈ. Сепак, ако си со наведната глава, ако не си против системот и државата.. тогаш е се ОК и немаш проблем. И безбеден си, заштитен.

Паметам дека еден куп луѓе работеа во загубари (фирми кои работат со загуба), а со години земаа редовни плати. Паметам дека се организираа „акции за вработување“. На пример, во продавница работат тројца продавачи, а реално еден е доволен. Со акцијата вработуваат и четврт, петти продавач... За да земаат плата и да се намали невработеноста. А фирмата е загубар. Плата добива затоа што државата дотура пари. Од кредитите, пред се.
изгледа некои работи никогаш не се менуваат
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Малиот диктатор ли ги продаде (подари) фирмите за ич пари? Тој ли ги остави без работа 200-300,000 луѓе, како последица на приватицазијата, легална, секако.
Малиот е дел од тимот кој продолжи со приватизација на фирмите и по 1998 и е во коалиција со оние кои ги продаваа тие фирми во 90тите. И едните и другите (условно), се горе од горег. Проблем од 2007-8 наваму е што цените на монополските фирми и храната се покачија, а примањата се намалија.
Ќе повторам, едно е да се живее подобро, а друго е дали тоа може да е за стално.
може како не, ете Минчови, Камчеви, "фамилијарно" гледаш како за стално се имаат обезбедено? И згора на тоа режимот никако да ги гони и затвори за криминална приватизација.
Да, убаво беше за луѓето, ама дали е тоа реален живот?
:unsure:
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
Најдобриот период од економска гледна точка за обичниот човек, беше времето на Анте Марковиќ.

Значи нема врска кредити ова она, СФРЈ се распадна затоа што се немаше ум во таа држава, а не затоа што не и ги простиле долговите.
 
Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Малиот диктатор ли ги продаде (подари) фирмите за ич пари? Тој ли ги остави без работа 200-300,000 луѓе, како последица на приватицазијата, легална, секако. Сега само ги лечиме раните и да се обидеме ако е можно малку барем да пркнеме.
Ќе повторам, едно е да се живее подобро, а друго е дали тоа може да е за стално. Ако мислиш дека е можно да се работи со загуба,а да се зема плата.. ОК. Направи фирма, работи со загуба.. па давај им плата на вработените, и плус вработи и нови... да издржуваш повеќе луѓе. Како? Земај кредити од банките. Е тогаш убаво ќе им е на вработените и ќе ти се благодарни вечно.

Прашувам, дали така и треба да биде?

А ова да го додадам: Дедо ми имал дуќан (бакалница) пред војната 1941, за време на војната, и по војната. И му дошле од државата и „во името на народот“ му го одзеле и го направиле државен. Од јад, ќе умрел. Е тој период, кога се одземало (дрпало, крадело..) имало раст... се создавале нови државни вредности. Ама кога веќе немало што да се одзема, немало ни раст.
Зошто секогаш мора да се вадиме на приватизацијата?
Рече ли некој дека СДСМ беа подобри од ВМРО?
Да не се повторувам(имам напишано веќе на други теми),ама морам уште еднаш да кажам:И ДВЕТЕ ПАРТИИ ГО ИЗЕДОА ОВОЈ КУТАР И ПРОСТ НАРОД!
ГО ИСКОРИСТИЈА НАШИОТ ПРОСТОТИЛУК,НЕ ПОДЕЛИЈА,НЕ ОГРАБИЈА,НЕ УНИШТИЈА СО ЕДЕН ЗБОР.

ЃОРЃИ Н.,јас иако не сум живеел во тоа време,сигурен сум дека се живееле подобро.
Сите мои постари роднини го кажуваат тоа.
И општо,сите луѓе што живееле тогаш го кажуваат тоа.
СИТЕ !!!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.714
Поени од реакции
17.376
Димитар бе... не забегувај во нешто што нема причина. За пеење на несоодветни песни, вицови, зборување против државата, Тито, системот... дебело се заглавуваше. Сакав да кажам дека милицијата имаше власт да држи мирно. Не можеше да и се спротистави некој (сем ако не сака да го снема).

Југославија не се распадна заради кредитите. Не знам на која возраст си, ама јас бев 20-на годишен кога се распаѓаше СФРЈ и не бев мал кога живеев во таа СФРЈ.

Реков, убаво е да се живее така, нека е и реалност, ама тоа не може да е вечно. Убаво е мама и тато да те хранат, финансираат... ама не може да е вечно тоа. Ако ништо други, биолошки ќе ги нема.

Не е тоа што го напишав „рекла-казала“. Тоа е мал дел од вистината. А СФРЈ се распадна од многу причини. На пример, Словенија ја доживуваше СФРЈ како нешто привремено, до осамостојување на Словенија. Тоа не се кажувашр јавно, но сега читаме биографии, мемоари... итн. Луѓе од најблиското опкружување на Тито (пред се од Словенија, а и нешто и Хрватска) имале во план распад на СФРЈ.

Ако нешто сакаш да се дискутира, повели, ама верувај дека напишав само мал дел од она што јас знам, а уште колку има што не знам...[DOUBLEPOST=1434114731][/DOUBLEPOST]А за раните години, прашај за Голи Оток, на пример. Или прочитај на интернет. Прочитај за национализацијата (одземање на приватна сопственост на луѓето и правејќи ја државна.) Јас имав баби и дедовци кои живееле во тие години. Ми кажувале.
Ја радо би ја дал слободата за пеење несоодветни песни,вицови и зборување против државата. Ама таа држава да биде првак во секој спорт,нејзиниот пасош да вреди ко што вредеше Југословенскиот,младите да бидат иднината а не пензионерите,да можеш да си најдеш работа без партија тука а не на брод и да не се плашиш дека 40 терористи цел град ќе ти заземат.
Тоа што си живеел тогаш не е некој релевантен фактор,живееле и многу други сите со свое мислење се. Покажи како Југославија се распаднала ради долг или сиромаштија,како Хрватите и Словенците бараа повисоки плати или независност,како Српските паравојски во Босна и Хрватска бараа повисоки плати а не територија.
И голи оток не е океј во никој случај,ама збориме за 1945.И ние сме имале баби и дедовци не сме од небо паднати,и живееле и пред Југославија па прашај каква промена доживеале.Од 15 во 20 ти век,и од тогаш уште сме во 20ти век.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom