Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
зато шо Тито кога умре ни еден мерцедес не остана во неговата фамилија, ден денес републиките поранешни едден со друг очи си вадат кој да ги земе, зато шпо бриони си остана државен имот после неговата смрт, се што се изгради во време на сфрј - му остана на народот, на Тито а ни на другите политичари децата ни роднините не му стануваа министри, началници, директори, ни тито ни8 некој од тоа раководство не стана мултимилионер сопственик на фабрики, земјишта станови куќи, она што тој “диктатор“ го градеше за народот - денешните “демократи“ си го поделија меѓусебе или го продадоа на странци а парите ги потрошија, диктаторот Тито и тој систем, се грижеше да секој има работа, бесплатно здравство и школство, мир и сигурност а денешните “демократи“ се откажаа од работниците, укинаа бесплатно здравство а криминалот цути.
Тито водеше социјалистичка земја, самото име значи СОЦИЈАЛ, грижа и сигурност за сите, а денбес сме КАПИТАЛистичка земја, грижа за пари - капитал. Грижата на власта се пренасочи од народот кон парите.
Да да, дека беше се демократија, точно !!! Тоа што во морнарица и авиација во ЈНА, одеа со партиска книшка од КПЈ, а останатите беа везисти во Сомбор, или демократија е што ептен ретко можеше да припари некој Македонец до високите функции во Сојузната власт. Демократија е што те зимаат на ударна акција, само со ручек, а ти пробиваш пруга до Бар за безпари, тоа е се е демократија. Демократија е да се кажеш Југословен, а Македонец па може и да те рокнат зандана. Демократија е да не одиш во црква и да се венчаш и да крстиш деца, и тоа е демократија. Социјалистичка да ама со туѓи пари. Јас со тој имот што го располагала Југославија ќе ти глумам социјалистичка држава. Кога немаш ништо, тоа што ти го дава државата е екстра, затоа ти си задоволен од тоа.:)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267

Ти абер немаш за шо пишуваш ! Ми заличи како Цацко на К-15 ко рече “Еми во 1948 кога појде Гоце Делчев кај Тито да бата независна македонија, оти Тито не му ја даде“
Мал си и те лажат, Македонија исто како и сите други републики си имаше свое собрание претседател закон милиција. Знаеш ли дека секоја република си имаше свој устав? свое знаме? своја химна? свој грб? и сите републики имаа преставници рамноправно во федерација. Ова ќе те запрепасти, зато земи чаша вода... претседателството на СФРЈ имаше по еден член од секоја република !! и Србија со 10 милиони и Црна Гора со 500.000 население, и Македонија со 2 милиони имаше по еден претставник. Рамноправно.
Во СФРЈ Македонија се изгради и скокна од феудална во индустриуска земја, се изградија патишта, тунели пруги фабрики вештачки езера хидро и термо централи се отворија школи се истребија болести кои владееа. Институциите носеа имиња од македонската историја, Гоце Делчев, Браќа Миладиновци, Даме Груев, Јане Сандански, Климент Охридски, на училиште се учеше на мајчин македонски јазик
Македонска Православна Црква својата автокефалност ја доби во СФРЈ, во СФРЈ за прв пат се признати Македонската нација, писмо црква и јазик, за Александар, Самоил, Карпош, Гоце, Даме... се учеше како за македонки борци и револуционери, во сиуте документи постоеше графа националност каде слободно можеше да стои Македонец, Македонец беше и претседател на СФРЈ, во учебници печатени во СФРЈ стоеше картата на етничка Македонија каде беше овбележани границите во пирин и егеј. Мислиш во 1991 почна тоа јавно да се споменува?? не дете во научни трудови и книги е пишувано за македонците во Грција и Бугарија, каде се колку ги има.
На работнички акции се одеше доброволно. Имаше млади кои одеа секоја година имаше кои никогаш не појдоа. Кој како сакаше. Денес нема работнички акции оти кој е луд да прави патишта, копа канали за наводнување, гради мостови за татковината без пари?!?! мислам каков безобразлук да очекуваш од некого да направи нешто за татковината онака ради идеал ?!?! хахаха
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Како така си зимаат за право луѓето да кажат дека се тоа што е направено за Македонија е гратис, абе зар не гинеа наши луѓе за таа идеја, зар не беа затварани наши луѓе за Македонија. Зар тие што градеа во Македонија беа Срби или други народи, тоа беа Македонци. Од капитални, инвестиици во тој период, наброј колку се за таа временска рамка. МЗТ, Железара, Југохром, Фени и Рафинерија, и електраните ТЕЦ Битола и Неготино. А што добија другите држави, некој нуклеарка, некој го доби Ѓердап, ја на пример како Македонец сум преплатил за тоа. Зошто мене ми го земаа зеленчукот и овошјето, пошто зошто, а они ми продаваа Фрутек и што ти ја знам. Еве за Територијалната одбрана ќе збориме, зошто во Македонија се чуваше најмизерното вооружување за Територијална одбрана, а на пример Словенија и Хрватска го имаа најсовременото за тоа време. Кој требаше да вложува за ваквата обнова во Македонија. Еве кај се Македонските претставници од тоа време да побараат и во Македонија да го има тоа. Пругата до Бар е огромна инвестиција, а во Македонија еве ви електрификација на еден коридор, што не ја направија до Охрид. Кој беа тогаш нашите интереси, или ние само со фала ви што направивте и волку ние неможевме повеќе. Абе, спореди ја само економската инвестиција по држави во СФРЈ и ќе ти стане јасно. Нас ни викаа ќе бидеме градина во Југославија, затоа не ни правеа фабрики :mad:. Кого го бушеле тогаш, да си останеме аргати во таа модерна држава, не сум јас тој што сум бил дете и зезнам ништо, туку сум реален, историјата покажа дека и во тој сојуз нас пак не дупчеа. Сега сам си го средувам дворот и знам дека тоа го правам за моите деца.;)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Па сега има повеќе шанси да страдаш ако кажеш дека си македонец. Дури и во некои региони од државава.
Инаку многу антички македонци и патриоти, ниеден нешто да направи беспари.
Еве за Територијалната одбрана ќе збориме, зошто во Македонија се чуваше најмизерното вооружување за Територијална одбрана, а на пример Словенија и Хрватска го имаа најсовременото за тоа време.
Какво наоружување, какви униформи имаше ТО овде и во Словенија? Оригинално, без дотур од надвор
 
Последно уредено:

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Какво наоружување, какви униформи имаше ТО овде и во Словенија? Мислам, оригинално. Без дотур од надвор
Искрено не ја сватив поентава, ама ти ја кажувам каква беше состојбата до 1991 година.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Како така си зимаат за право луѓето да кажат дека се тоа што е направено за Македонија е гратис, абе зар не гинеа наши луѓе за таа идеја, зар не беа затварани наши луѓе за Македонија. Зар тие што градеа во Македонија беа Срби или други народи, тоа беа Македонци. Од капитални, инвестиици во тој период, наброј колку се за таа временска рамка. МЗТ, Железара, Југохром, Фени и Рафинерија, и електраните ТЕЦ Битола и Неготино. А што добија другите држави, некој нуклеарка, некој го доби Ѓердап, ја на пример како Македонец сум преплатил за тоа. Зошто мене ми го земаа зеленчукот и овошјето, пошто зошто, а они ми продаваа Фрутек и што ти ја знам. Еве за Територијалната одбрана ќе збориме, зошто во Македонија се чуваше најмизерното вооружување за Територијална одбрана, а на пример Словенија и Хрватска го имаа најсовременото за тоа време. Кој требаше да вложува за ваквата обнова во Македонија. Еве кај се Македонските претставници од тоа време да побараат и во Македонија да го има тоа. Пругата до Бар е огромна инвестиција, а во Македонија еве ви електрификација на еден коридор, што не ја направија до Охрид. Кој беа тогаш нашите интереси, или ние само со фала ви што направивте и волку ние неможевме повеќе. Абе, спореди ја само економската инвестиција по држави во СФРЈ и ќе ти стане јасно. Нас ни викаа ќе бидеме градина во Југославија, затоа не ни правеа фабрики :mad:. Кого го бушеле тогаш, да си останеме аргати во таа модерна држава, не сум јас тој што сум бил дете и зезнам ништо, туку сум реален, историјата покажа дека и во тој сојуз нас пак не дупчеа. Сега сам си го средувам дворот и знам дека тоа го правам за моите деца.;)
Децата продаваат дворовите овде и заминуваат странство за повеќе да не се вратат назат, а тоа што вреди - не го контролира македонија туку Грци, Австријци, Унгарци....
Ти имаш некаде 16 - 19 години, то шо си проживеал е се во овој систем, толку знаеш, не си искусил друго. Во Македонија се градело и тоа најмногу во време на СФРЈ. Ни во турско ни во српско ни во бугарско не е толку направено. Ни во овие скоро 30 години “независност“ не е направено колку за 30 години СФРЈ. Фабриките кои во тој систем вработуваа стотици иљади луѓе - сега се затворени или продадени. Здравството и лековите кои беа сите бесплатни - ни ги укинаа, школството кое беше слободнбо и бесплатно за сите - ни го укинаа.
Ете имаме 30 години независна македонија со свои капитали, свои луѓе... кажи кај замина бесплатното здравство?? како одеднаш повеќе ова самостојна земја со сопствен капитал со кој сама распоолага, не може на народот да му обезбеди бесплатни лекови и лекувања. Во СФРЈ андол и витамин Ц во аптека се земаа на рецепт без пари. Немаше државни и приватни квоти по универзитетите па ефтините да плаќаат 300 евра годината а скапите 2000. школувањето и студирањето беа бесплатни. Шо тоа одеднаш се случи да не може државата самостојна со сопствен капитал да му овозможи на своите млади бесплатно школство?? Цела СФРЈ имаше околу 30.000 вработени во администрација, денес Македонија не се знае точна бројка но велат околу 120.000 административци има. Шо толку се случи да мора Македонија денес со 2 милиони жители да има 4 пати поголема администрација од земја со 23 милиони жители, во 1991 година Македонија во рамките на СФРЈ имаше долг од 665 милиони долари, денес како независна суверена земја со свој капитал, должи околу 4 милијарди евра или околу 5,2 милијарди долари.
Фабрики се праавени и тоа многу и на секаде, еве во Охрид колку фабрики имаше во 1945? а колку во 1988, Емо и Застава, Отекс, Братство, Лихнида... само ЕМО и Застава вработија цел град, од селата идеа луѓше да работаат. Што индустрија имаше Битола во 1945? па се изгради фабрика за фрижидери, термоцентрала, фабрика за прерабоитка на шеќер, ЗИК Пелагонија, прехрана, Жито Битола, битолатекс, свилара, кожара, транскоп, млекара... Знаеш ли дека единствена шеќерана во Македонија беше во Битола. Шеќер кој секој ден се конзумира, се направија матни зделки се продаде се препродаде се украде... нема веќа македонски шеќер, нема веќе македонска репка... а вагони по пруга одеа таму носеа на преработканови Рафинерија една единствена во Македонија јужна србија и Косово, изградена во СФРЈ - се продаде на газди грци кои ден денес имаат ќар од неа. ЕВН, народот кој ја еликтрифицираше држава, му го продадоа тоа на Австријци. Струјата поскапе преку 100 % од тогаш.
Не е точно дека Македонија во СФРЈ беше земјоделска република, по производство, Најголеми приходи имаше од неметали, минерали трговија и транспорт приватен сектор и тутун, а од земјоделие најголем прилив имаше Србија и Хрватска, додека во категорија земјоделие Македонија беше со ист прилив како и Словенија. То ве лажат во штабот дека Македонија била бавча на СФРЈ, то што од царев двор одеа јаболка и праски за фруктал, не ја правеше македонија земјоделска земја, но во категорија тутун, беше меѓу првите но тутунот се преработуваше тука, а помал дел се извезуваше.
Седи малце пребарај податоци, ги има еве ти пример Хрватска, таа е веќе во европска унија, а има помал раст на стопанството од колку кога беше во СФРЈ и тоа во 60 сетите години, во хрватска во 1971 година имаше 40.000 невработени а денес иако има 400.000 жители помалце (многумина иселени) има 300.000 невработени.
Види бројките, тие ќе ти кажат се.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Искрено не ја сватив поентава, ама ти ја кажувам каква беше состојбата до 1991 година.
ТО имаше главно лесно вооружување. Помалку артилериско оружје, постари топови и пушки.
Овде имаш информација за обидот на ЈНА да ги разоружа ТО на Словенија и Хрватска.
Овде за дотурот на оружје од Русите (оружје се носеше и од други држави) за словенците како и оружјето кое е користено од освоените касарни на ЈНА.
Накратко, разлика во вооружувањето имаше откако се донесе оружје однадвор (не само од Русија туку и Германија, Бугарија, Унгарија...) и се освоија некои касарни. За жал ние немавме таква поддршка (тоа е тоа што го пишувавме, крвава завршница на долгорочно планирање и помош за распадот на СФРЈ).
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
ТО имаше главно лесно вооружување. Помалку артилериско оружје, постари топови и пушки.
Овде имаш информација за обидот на ЈНА да ги разоружа ТО на Словенија и Хрватска.
Овде за дотурот на оружје од Русите (оружје се носеше и од други држави) за словенците како и оружјето кое е користено од освоените касарни на ЈНА.
Накратко, разлика во вооружувањето имаше откако се донесе оружје однадвор (не само од Русија туку и Германија, Бугарија, Унгарија...) и се освоија некои касарни. За жал ние немавме таква поддршка (тоа е тоа што го пишувавме, крвава завршница на долгорочно планирање и помош за распадот на СФРЈ).
Смислата на постоење на СФРЈ не беше која ТО ќе има појако науружање.
Главната сила беше ЈНА и резервниот состав, а ТО беше опремувана спрема условите на теренот, единици на ЈНА и резервниот состав можеа да бидат испратени на било кој дел на СФРЈ да се борат, а ТО беше наменета за дејствување на и околу своите места на живеење и работа, поголемите фабрики имаа свои единици на ТО наменети за заштита на самата фабрика.
Детето очигледно не ги знае ни системот на ЈНА и ОНО на СФРЈ ни разликува шо беше ЈНА што резервен состав а шо ТО, ЦЗ....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
да, ТО имаше друга задача. Малку е сложен тој систем ТО, ЈНА, ЦЗ (за кој и јас веќе морам посебно да се потсетувам). Пред се заради разни незгоди, војни, поплави, сметам дека ни е и тоа како потребен. Само сега она што сме го правеле беспари (освен евентуално дневница за вработените) во јна то или цз, тоа не знам колку би го правеле денешните вистински патриоти. Или ќе бараат по еден ајфон како награда.
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Смислата на постоење на СФРЈ не беше која ТО ќе има појако науружање.
Главната сила беше ЈНА и резервниот состав, а ТО беше опремувана спрема условите на теренот, единици на ЈНА и резервниот состав можеа да бидат испратени на било кој дел на СФРЈ да се борат, а ТО беше наменета за дејствување на и околу своите места на живеење и работа, поголемите фабрики имаа свои единици на ТО наменети за заштита на самата фабрика.
Детето очигледно не ги знае ни системот на ЈНА и ОНО на СФРЈ ни разликува шо беше ЈНА што резервен состав а шо ТО, ЦЗ....
Се убаво, ама зошто Македонија имаше најмалку оружје, најмалку резервен сотав, полупразни магацини, за разлика од Словенија, а исто жители сме. Тоа одговорете, ја не зборам за војната, зборам претходно. А и ние граничевме со НАТО и Вршавски пакт. Тука го барам одговорот, зошто Македонија беше така третирана. Е пример зошто МЗТ имаше М-48 во 1989, а во Горење имаа M-70. Кој тоа селективно се грижеше еве кога се фативме за ТО. Зошто во Кичево имаше Т-55, а во Словенија имаше М-84, кога сите нели работевме заедно за таа држава.
 
сеа ја не сум стручњак за оружје ама доколку мислиш на лесно оружје, автомати или пушки, М-48 должевме ние а бевме на околу 100 км од Белград. Освен на стража каде имавме автоматски пушки. А пак во резервен состав и кога беше распадот и војната, должев автоматска пушка, во Македонија.

Доколку си повеќе информиран за оваа тема, можеби е добро да видиме со што располагаме сега, со колку лица, дали имаме резерва, колку и каква опрема, објекти и слично во однос на тој период.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Се убаво, ама зошто Македонија имаше најмалку оружје, најмалку резервен сотав, полупразни магацини, за разлика од Словенија, а исто жители сме. Тоа одговорете, ја не зборам за војната, зборам претходно. А и ние граничевме со НАТО и Вршавски пакт. Тука го барам одговорот, зошто Македонија беше така третирана. Е пример зошто МЗТ имаше М-48 во 1989, а во Горење имаа M-70. Кој тоа селективно се грижеше еве кога се фативме за ТО. Зошто во Кичево имаше Т-55, а во Словенија имаше М-84, кога сите нели работевме заедно за таа држава.
Aј кажи ми кој и како одлучуваше кое оружје која Територијална одбрана ќе го има.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Децата продаваат дворовите овде и заминуваат странство за повеќе да не се вратат назат, а тоа што вреди - не го контролира македонија туку Грци, Австријци, Унгарци....
Ти имаш некаде 16 - 19 години, то шо си проживеал е се во овој систем, толку знаеш, не си искусил друго. Во Македонија се градело и тоа најмногу во време на СФРЈ. Ни во турско ни во српско ни во бугарско не е толку направено. Ни во овие скоро 30 години “независност“ не е направено колку за 30 години СФРЈ. Фабриките кои во тој систем вработуваа стотици иљади луѓе - сега се затворени или продадени. Здравството и лековите кои беа сите бесплатни - ни ги укинаа, школството кое беше слободнбо и бесплатно за сите - ни го укинаа.
Ете имаме 30 години независна македонија со свои капитали, свои луѓе... кажи кај замина бесплатното здравство?? како одеднаш повеќе ова самостојна земја со сопствен капитал со кој сама распоолага, не може на народот да му обезбеди бесплатни лекови и лекувања. Во СФРЈ андол и витамин Ц во аптека се земаа на рецепт без пари. Немаше државни и приватни квоти по универзитетите па ефтините да плаќаат 300 евра годината а скапите 2000. школувањето и студирањето беа бесплатни. Шо тоа одеднаш се случи да не може државата самостојна со сопствен капитал да му овозможи на своите млади бесплатно школство?? Цела СФРЈ имаше околу 30.000 вработени во администрација, денес Македонија не се знае точна бројка но велат околу 120.000 административци има. Шо толку се случи да мора Македонија денес со 2 милиони жители да има 4 пати поголема администрација од земја со 23 милиони жители, во 1991 година Македонија во рамките на СФРЈ имаше долг од 665 милиони долари, денес како независна суверена земја со свој капитал, должи околу 4 милијарди евра или околу 5,2 милијарди долари.
Фабрики се праавени и тоа многу и на секаде, еве во Охрид колку фабрики имаше во 1945? а колку во 1988, Емо и Застава, Отекс, Братство, Лихнида... само ЕМО и Застава вработија цел град, од селата идеа луѓше да работаат. Што индустрија имаше Битола во 1945? па се изгради фабрика за фрижидери, термоцентрала, фабрика за прерабоитка на шеќер, ЗИК Пелагонија, прехрана, Жито Битола, битолатекс, свилара, кожара, транскоп, млекара... Знаеш ли дека единствена шеќерана во Македонија беше во Битола. Шеќер кој секој ден се конзумира, се направија матни зделки се продаде се препродаде се украде... нема веќа македонски шеќер, нема веќе македонска репка... а вагони по пруга одеа таму носеа на преработканови Рафинерија една единствена во Македонија јужна србија и Косово, изградена во СФРЈ - се продаде на газди грци кои ден денес имаат ќар од неа. ЕВН, народот кој ја еликтрифицираше држава, му го продадоа тоа на Австријци. Струјата поскапе преку 100 % од тогаш.
Не е точно дека Македонија во СФРЈ беше земјоделска република, по производство, Најголеми приходи имаше од неметали, минерали трговија и транспорт приватен сектор и тутун, а од земјоделие најголем прилив имаше Србија и Хрватска, додека во категорија земјоделие Македонија беше со ист прилив како и Словенија. То ве лажат во штабот дека Македонија била бавча на СФРЈ, то што од царев двор одеа јаболка и праски за фруктал, не ја правеше македонија земјоделска земја, но во категорија тутун, беше меѓу првите но тутунот се преработуваше тука, а помал дел се извезуваше.
Седи малце пребарај податоци, ги има еве ти пример Хрватска, таа е веќе во европска унија, а има помал раст на стопанството од колку кога беше во СФРЈ и тоа во 60 сетите години, во хрватска во 1971 година имаше 40.000 невработени а денес иако има 400.000 жители помалце (многумина иселени) има 300.000 невработени.
Види бројките, тие ќе ти кажат се.
џабе везеш...за денешниве штом Југославија немала фејсбук и мобилни...не ја бивало
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
џабе везеш...за денешниве штом Југославија немала фејсбук и мобилни...не ја бивало
е не оставаше Тито фејсбуци, колку само луѓе завршија на Голи оток од 1948 - 1952 оти имаа гугле акаунти
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Aj sega dobi vrabotuvanje odma po zavrsuvanje obrazovanie? aj sega kupi si stan i bidi svoj covek? i posle sea bilo bolje, kako ne bolje, kur bolje. Togas site imaa rabota, rabotnoto mesto bese zagarantirano, platite redovni, mozese so toj pasos da ides kaj sakas sega sme ko u karantin, nemas dinar eban plus duhot na vremeto e cist konzumerizam, togas bar imase ideali koi bea krajno humani za bratstvo solidarnost i edinstvo.
Во целост се слагам со напишаното...
Ете и денес можеш експресно да се вработиш, за разлика од екс JU.денес не мора и факултет или било какво образование да имаш, битна ти е партиската определеност, кој ебе образование денес......
Лепач на плакати, Урлач на митинзи то тие битна препорака за партиско вработување,Трипати гласно извикај "Да живее грујо" среде плоштад Ацика велики, влегуваш ко прв на список за вработување у државна администарција..................
За купуење стан денес у МК, ако си средна класа можеш да сањаш и никад тој сон да се реализира........можеш да купиш едино ако имаш оставштина добра од татко или дедо парче земја за продавање, инаку немаш шанси.....................
Околу пасошот...Тој вреди само како документ дека си македонец "демек"или вреди само за парламентарците и фамилијата кога одат да бараат странски инвестиции за во МК...Но да не заборавиме дека и тие народни избраници поседуваат по еден пасош од соседните земји и подалеку.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom