Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.321
Поени од реакции
57.791
Ни еден не си ја знаете историјата:

1. Во Македонија по втора светска војна со национализација биле одземени околу 1000 фабрики.

2. Потоа дошле вонземјаните и ги дислоцирале овие фабрики во вселената.

3. Започнала обновата.

4. На почетокот на 90те вонземјаните повторно напаѓаат и со себе носат фабрики, хидроцентрали, згради, патишта.

5. Започнува нова обнова, се гради насекаде. Затоа денес имаме модерни школи, стадиони, болници...

Со ова и докажавме на цела галаксија дека сме работлив и продуктивен народ, а на вонземјаните ќе им ебеме матер следниот пат кога ќе пробаат да ни го крадат барокот.
 
Член од
26 април 2012
Мислења
204
Поени од реакции
123
Некој сонува за Голема "етничка" Албанија, друг за некогашното царство Бугарија, ти за "Обединета" Македонија...Додека ти тоа го сонуваш токму во оваа "независна" Македонија, цели општини се расчистуваат од македонци, со што практично ќе ги изгубиме. Па спореди го и тој фактор, дали моеше иредентата во Македонија да мрдне во оноа време кога било за нигде.
Ќе им ги сечеме ноктите на орлите, ќе идеме на Солун...после тоа ни ибаа мамата со идентитет, блокади, уцени за учебници, истории, добрососедство, војна, етнички малтретирања...

Оно уште ние име немаме официјално, ќе сме се бореле против грците и бугарите...несериозни муабети
Сите македонци нешто сонуваат и продаваат патриотизам. Пред десетина години сите мои другари и скоро сите други што ги знам на секаков начин пробуваа да избегнат регрутација само да не служат војска. Денес некои од нив изиграваат најголеми патриоти, ама кога треба нешто патриотски реално да се направи некој друг тоа треба пошто тие се само на зборење, делата се чекаат од некој друг. Исто е во периодот во 2 светска војна, наместо да формираат армија која би се борела за независна македонија како што имале СИТЕ ДРУГИ балкански држави, полесно било да одиш во партизани и да бараш тито да ја испрати војската на солун
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
Исто е во периодот во 2 светска војна, наместо да формираат армија која би се борела за независна македонија како што имале СИТЕ ДРУГИ балкански држави, полесно било да одиш во партизани и да бараш тито да ја испрати војската на солун
Кога го пишуваш ова звучиш подеднакво тупо и неинформирано како кога пишуваат дека Тито не им го дал Солун на Македонците.
 
Член од
26 април 2012
Мислења
204
Поени од реакции
123
Кога го пишуваш ова звучиш подеднакво тупо и неинформирано како кога пишуваат дека Тито не им го дал Солун на Македонците.
те молам ти вака како просветлен да ми објасниш кој дел е туп, вака само со оваа реченица незнам дали некој звучи потупо од тебе
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
те молам ти вака како просветлен да ми објасниш кој дел е туп, вака само со оваа реченица незнам дали некој звучи потупо од тебе
Како можам да ти објаснам дека политичките услови во Македонија во тој период биле такви, па не дозволувале националното движење да биде антифашистичко? Исто како можам да ти посочам дека кај македонските партизани процентуално имало најголем број на некомунисти во Југославија?

Ќе пробам на два начина. Прво читај документи на британско разузнување од тој период. Ако и тоа не ти е доволно анализирај го дејствувањето на централата во Белград кон 90% од луѓето кои македонските партизани на АСНОМ ги избрале за свои легитимни претставници и своја власт. Ако и тоа не ти е доволно, ти нема помош.
 
И пак се враќаме на моето дека македонецот за се има оправдување иако реалноста е друга. Значи по твое во Македонија политичките услови биле такви и неможело да се појави друго движење дали фашистичко или антикомунистичко. А не ти се гледа фактот дека во Албанија, Грција, сите екс ју имале такви движења, таму може само во мк ќе чекаме поволна политичка клима едно 200-300 години. Кој ги спречувал борците од мк на почетокот на војната да формираат движење за независност пак ќе повторам како што имале СИТЕ ДРУГИ на балканот покрај партизаните, да се чека на политички услови никогаш нити претходно ВМРО ќе се формирало и кренело востание нити партизаните ќе започнеле војна
Немој да ми кажеш дека партизаните започнале војна и подоцна се бореле во поволни политички услови, како комунистичко движење на кое главната база Русија била под окупација :facepalm:
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
И Рузвлет умре млад од жал шо Македонија остана необединета, и за срам ни еден македонец не му појде со свеќа на погреб.....
На Maлта ништо такво не се разговарало, туку на ЈАЛТА (слично звучат) и таму немаше никаквa дискусија за Македонија, туку за општо Југославија
Сремски фронт беше место каде се водеа борби против Германците, сите кои беа антифашисти, дали српски, руски македонски хрватски црногорски словенечки, бугарски, босански италијански. Сремски фронт беше дел од севкупната борба бротив нацистичка германија, не беше некоја посебна српска офанзива, то што германците се укопаа и утврдија на срем не беше жалба ни на срби ни на македонци туку таква беше воената ситуација а југословенските партизани како признат дел од сојузничката коалиција ги гонеа и се бореа против нацистичка германија.
Остај ти тоа, изгледа зборуваш со не учени и од улица собрани луѓе кои не читаат, ја ти викам за оваа конференција http://en.wikipedia.org/wiki/Malta_Conference_(1945). И знам каj е Малта сум бил, и знам кај е Јалта :) Само не биди сигурен се што читаш за Југославија дека е вистинито и премногу воздигнато, еднинствена работа која еве ја признавам за Југоснавија, односно за ЈНА е системот за мобилизација и поставеноста и инфраструктурата на воените објекти, кои се правени од изворедни инженери и воени планери. Целта е на воена вежба е да се постигне од цивилни лица во резервен состав, до воено формациски единици за 48 часа. Двете тестирани воени вежби во 80-тите на ЈНА, покажале инзоредни резултати и спремонст на цивилното население (резервен состав) и единиците за територијална одбрана. За тоа респект и неверувам дека друга светска воена сила може тоа да го постигне.[DOUBLEPOST=1412169189][/DOUBLEPOST]
Некој сонува за Голема "етничка" Албанија, друг за некогашното царство Бугарија, ти за "Обединета" Македонија...Додека ти тоа го сонуваш токму во оваа "независна" Македонија, цели општини се расчистуваат од македонци, со што практично ќе ги изгубиме. Па спореди го и тој фактор, дали моеше иредентата во Македонија да мрдне во оноа време кога било за нигде.
Ќе им ги сечеме ноктите на орлите, ќе идеме на Солун...после тоа ни ибаа мамата со идентитет, блокади, уцени за истории, добрососедство, војна, етнички малтретирања...

Оно уште ние име немаме официјално, ќе сме се бореле против грците и бугарите...:)
За името и знамето на друга адреса обратит се, а за општините еве конкретно кај албанците мислите они не се засегнати со животот во Македонија, нив на пример во селата кој им гради патишта, они сами. Излегуваат од државава ама пак инвестираат праат куќи, фирми отвараат купуваат земја. А вие се тепате на брод да рабоите или во некој забавен парк. Ја искрено не се чуствувам виновен за тоа иселување, бидејќи е лично убедување, ама кој пробал си знае. И несакам да повторувам муабетите и мислењата по ова прашање.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Остај ти тоа, изгледа зборуваш со не учени и од улица собрани луѓе кои не читаат, ја ти викам за оваа конференција http://en.wikipedia.org/wiki/Malta_Conference_(1945). И знам каj е Малта сум бил, и знам кај е Јалта :) Само не биди сигурен се што читаш за Југославија дека е вистинито и премногу воздигнато, еднинствена работа која еве ја признавам за Југоснавија, односно за ЈНА е системот за мобилизација и поставеноста и инфраструктурата на воените објекти, кои се правени од изворедни инженери и воени планери. Целта е на воена вежба е да се постигне од цивилни лица во резервен состав, до воено формациски единици за 48 часа. Двете тестирани воени вежби во 80-тите на ЈНА, покажале инзоредни резултати и спремонст на цивилното население (резервен состав) и единиците за територијална одбрана. За тоа респект и неверувам дека друга светска воена сила може тоа да го постигне.
Знам бе пиле, и за малта и за Јалта и за Техеран и за Постдам.... имам свртено и ја по некоја книга во животот, а имам и со живи луѓе зборувано кои поминаа војната во партизани. Во филмови е множено пута 10 жртвите на неприателот али вољата храброста идеалите на партизаните не. со денови без храна, со многу малце оружје и муниција, ко шо велеше едн “и гледам пред мене свежа лепшка од коњ, и расчепкав со раце и најдов низ неа зрно пченка, го забришав и го изедов“ Можеа да бираат да си седат дома, в град или на село, сигурни и најадени, на зима стоплени, али ете избраа да ризикоуваат живот и да умрат негде од глад студ куршум инфекција.... и одеа бе мајку им комунистичку. А денес ти е трагедија ако мобилниот не ти држи 3 дена батерија или ако веспата ти е кинеска а не италијанска. Зато не можете да разберете, тоа време и тој систем, јас ко ќе ти кажам дека во СФРЈ фаќаа врски младите да ги земат во работничка бриигада и да оди да копа, рини или турка количка цело лето, без пари, а сега испод 500 денари нема на мајка му да му слези тегли во визба. Јас го знам добро предходниот а и овој сситем, бев возрастен и вработен и со фамилија и тогаш и сега, и со гооолемо задоволство би ги дал овие 20 години “независност сувереност“ за 2 години на “комунистичка диктатура“
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
И пак се враќаме на моето дека македонецот за се има оправдување иако реалноста е друга. Значи по твое во Македонија политичките услови биле такви и неможело да се појави друго движење дали фашистичко или антикомунистичко. А не ти се гледа фактот дека во Албанија, Грција, сите екс ју имале такви движења, таму може само во мк ќе чекаме поволна политичка клима едно 200-300 години. Кој ги спречувал борците од мк на почетокот на војната да формираат движење за независност пак ќе повторам како што имале СИТЕ ДРУГИ на балканот покрај партизаните, да се чека на политички услови никогаш нити претходно ВМРО ќе се формирало и кренело востание нити партизаните ќе започнеле војна
Немој да ми кажеш дека партизаните започнале војна и подоцна се бореле во поволни политички услови, како комунистичко движење на кое главната база Русија била под окупација :facepalm:
Оф мори мајко мила. Во Македонија имало фашистичко и антикомунистичко движење. Кметовите и власта во Македонија во тој период биле Македонци, во најголем дел деца или внуци на вмровските војводи. Хитлер при крајот на војната му нудел на Михајлов да формира македонска држава по примерот на НДХ.

Македонецот во тој период не бил дефиниран како Македонец. Немал ниту кодифициран јазик, ниту официјално писмо, ниту држава. Комунистичката интернационала им ветувала на Македонците дека ќе им дозволи да го направат се тоа. Затоа делот од македонската интелигенција која била на став дека Македонците се посебен народ, а не дел од некој друг, се зачленувала и функционирала во рамките на комунистичките организации. Димитар Влахов, на пример, бил член и на БКП и на КПЈ. Затоа и Македонците во егејска во граѓанската војна војуваат на страна на ДАГ.

Главната цел на македонските комунисти била конечно да им се дозволи да формираат македонска држава, без разлика што после се појавуваат несогласувања дали била доволно независна или не. За македонските комунисти била побитна кодификацијата на македонскиот јазик, отколку обединет пролетеријат или слични флоскули. Тоа не се оправдувања, тоа се историски факти што е срамота да не се знаат.
 
за првото целосно одиш сам против себе во период од 5 минути. Во претходниот пост велиш "Како можам да ти објаснам дека политичките услови во Македонија во тој период биле такви, па не дозволувале националното движење да биде антифашистичко" сега самиот се побиваш и целата теза на претходниот пост кој се засноваше баш на таа твоја реченица
За второто викаш македонецот не бил дефиниран како македонец тогаш, а муабетов произлезе од тоа дека мак партизани сакале на Солун. Чудно за недефинирана маса :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
сега ќе има и некоја трета теза па ако може те молам да ме прескокнеш овојпат и не ме цитирај а тие детски муабети води ги со некој друг. Од мене веќе нема да имаш одговори. Поздрав
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Оф мори мајко мила. .
сосем се слагам, за разлика од другите народи наоколу, Македонија во поновата историја доцна создаде своја држава, историскиот континуитет на македонската државност беше со вековен прекин и во тој вековен прекин мноогу други држави сакааа и некаде и успеваа да наметнат свои мислења и идеи кај македонскиот народ дека се тие всушност нешто друго а не Македонци. Така да процесите и борбите во кај другите народи беше да се избрка неприателот од соствените држави а Македонецот сакаше да создаде своја. Тоа и успеа во рамки на СФРЈ, како рамноправна членка на федерација, со свои граници, знаме, химна, устав, закони собрание претседател... но што е најбитно со свое име јазик и писмо. И во таа Југославија се учеше сосема слободно дека Македонија е поделена етнички, и во таа Југославија во учебниците стоеше карта на етничка македонија, карта на која беа прикажани и етничките граници на пирин и Егеј, и се славеа и Гоце Делчев и Кирил и Методи и браќа Миладиновци и Питу Гули и Јане и Даме, и Илинден..... и во графите во документите стоеше националност - Македонец.
 
Тоа што немаш поим од тоа што се случувало на територијата на Македонија (која е поголема од територија на денешна Република Македонија) во периодот помеѓу двете светски војни и каква политика се водела врз населението во Македонија тоа е најмногу твој, па проблем на формалното образование кое тој период го држи како табу тема, ама најмалку мој проблем. И македонските Бугари сакале на Солун, беља работа...

Поздрав.
сосем се слагам, за разлика од другите народи наоколу, Македонија во поновата историја доцна создаде своја држава, историскиот континуитет на македонската државност беше со вековен прекин и во тој вековен прекин мноогу други држави сакааа и некаде и успеваа да наметнат свои мислења и идеи кај македонскиот народ дека се тие всушност нешто друго а не Македонци. Така да процесите и борбите во кај другите народи беше да се избрка неприателот од соствените држави а Македонецот сакаше да создаде своја. Тоа и успеа во рамки на СФРЈ, како рамноправна членка на федерација, со свои граници, знаме, химна, устав, закони собрание претседател... но што е најбитно со свое име јазик и писмо. И во таа Југославија се учеше сосема слободно дека Македонија е поделена етнички, и во таа Југославија во учебниците стоеше карта на етничка македонија, карта на која беа прикажани и етничките граници на пирин и Егеј, и се славеа и Гоце Делчев и Кирил и Методи и браќа Миладиновци и Питу Гули и Јане и Даме, и Илинден..... и во графите во документите стоеше националност - Македонец.
Кој луд го спори тоа?
 
Мак народ (партизаните) се бореле за слободна македонија која би функционирала како рамноправна членка на федерацијата Југославија. Проблемот по сите спорни прашања од овој период како со Солун, Голи оток и други прозлегуваат од тоа што денешните генерации имаат мислење и одредени мак структури од тој период очекувале тито да ги ослободи, да се повлече и тие да му кажат фала. Точно било дефинирано за што се борат партизаните, прашањето е што барале во партизанските структури личности кои не се пронаоѓале идеолошки во оваа идеја и подоцна како мали деца бараат нешто друго кое е спротивно на идеологијата која претходно ја подржувале, а која не била нова туку социјалистичката идеја за Југославија била позната децении пред почетокот на 2 св. војна
 
Член од
15 јули 2014
Мислења
56
Поени од реакции
21
Во тој преиод додека македонија била фашистичка сме биле 2 сила во свет воена а можда и прва, фабрики во фашистичка германија се граделе едно чудо ке сме можеле кај сакаме у свет да идеме на одмор .

Ја викам да се смени темава кога се живеело подобро под фашизмот или сеа и да бараме да се врати на хитлер државата сила број еден во светот ке сме биле.

И Германците живееле одлично за времето на хитлер најачи у свет биле

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
cela ex yu e nisto vo sporedba so celata populacija na svetot, ama golemite sili uspeaja a i toa im e namera da malite nbarodi se istrebat medju sebe poradi besmisleni razliki za koi tie velikite sili voopsto ne gi zemmaat seriozno, ete sega kako posebni ,,nezavisni,, i ,,suvereni,, banani drzavi vsusnost sme robovi na golemite sili, se oslobodivme od srbite za da padneme pod amerika, dobro, gledam, turbo folkot bil uvezen od srbija (toa smeta) a toa sto cela rock kultura e uvezena od zapad toa ne smeta epa ok. Site koi zborat deka sme sega nezavisni neka znaat deka nit sme nezavisni nit suvereni a i medju sebe sme rasloeni i otrudjeni, osiromaseni, bez duh totalno zaglupeni konzumeristi.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom