Во Македонија е најдобро да си должник !

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Охрид-њуз извести:
Вкупно 41 817 граѓани ширум земјава поднеле барања за еднократен отпис на долгови, информира Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Најголем дел од барањата се стигнати главниот град или вкупно 13 775. Во Тетово поднесени се 3.390, во Гостивар 2.119, во Кичево 754, а во Струга 319. Во општина Охрид барања за отпис на долгови имаат поднесено над 750 граѓани.
http://www.ohridnews.com/vesti/75928
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
....42 илјади семејства од Македонија кои по владиниот проект за еднократен отпис на долгови имаат поднесено барање од денеска се во исчекување на решение во кое пишува дека нивниот долг е отпишан.....
Извести МРТ
http://mrt.com.mk/node/16237

Но во истиот напис е наведено дека многу мал процент барања се прифатени и даден е примерот од Велес
„ 1.206 барања за отпис на долговите биле примени во Центарот за социјални работи во Велес. 53 решенија денеска беа доделени.“

53 од 1206 претставува само 4,4%, што е многу малку. Да се надеваме дека ќе „ попуштат “ и малку ќе прогледаат низ прсти со критериумите и дека ќе биде поголем бројот на нашите соограѓани кои ќе добијат отпис на долговите
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
засега нема вести на колку наши сограѓани им се отпишани долговите.

Најдов еден интересен напис во врска со долговите. Во написот има и информација за постоење на меѓународна организација која се залага за општ отпис на долговите
Прочитајте - мислам дека ќе Ве интересира
http://off.net.mk/vesti/mislenja/moralna-ekonomija-na-dolgot
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Нема било какви вести за отписот на долговите на сиромашните
Се испофалија, испофалија и на крајот ништо за сиромашните
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.224

Условите што беа за да се стане отписник на долг, беа за социјалци, ама се рекламираше дека ќе ја фати и средната класа.
И пак да не се повторувам оди на моето прво мислење на темата, таму пишува зошто социјалците не можат да имат долг, а плус и не им ги одбивале долговите за струја оти добиваат по 700 денари месечно за струја(мислам дека е толку освен ако не има покачиле), кога јас бев социјалец даваа по 600 денари, ама 8 месеци останаа неисплатени, после неколку месеци ги бараме парите (не се малку 4800) овие буквално го фрлиле досието што со години си бил социјалец.:facepalm:
 
G

Gricko_

Гостин
Од 42 илјади пријави, досега само 200 решенија

Како не им е срам? Само ги излажаа сиромасите
http://sky.mk/biznis/424473-kade-zaglavi-otpisot-na-dolgovi-od-42-000-baranja-samo-200-reshenija
Нова тактика имаат сеа. Ако нешто не работат како што треба, чекаат прво комуњарите да се јават со некое соопштение и магично за ден-два се решава и испаѓаат добрата влада. Овој нов тренд излезе од мигот кога Заев изјава за ,,бомбата''.
До среда, еве ај не до среда, до петок ќе најдат ,,решение'' и за тоа. Сеа се занимаваат со комуњарските студентски протести. :X3:
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Мислам овде би било поврзано, за социјалците е врзано
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=D420654AB345404DA3372F7BB41A895A

атум: 24.11.2014, 17:47
ИЗМЕНИ НА ЗАKОНОТ ЗА НБМ

СО БАРАЊЕТО ЗА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВА ДАЛИ „СОЦИЈАЛЕЦОТ“ ДОБИВА ДЕВИЗИ ОД СТРАНСТВО

Александра Томиќ

Податоците за тоа кој има и колкави приливи од странство Народната банка ќе биде должна да им ги даде на увид на Министерството за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување и на Фондот за здравствено осигурување. Се подготвува дополнување на Законот за Народната банка, со што податоците, кои таа досега ги чуваше како тајни, ќе биде должна да им ги отстапи на неколку државни институции. Измените се с` уште во владина процедура и во образложението стои дека тие ќе служат за проверка на податоците и информациите што ги поднесуваат барателите – физички лица пред државни институции.

Што ќе биде на увид

Познавачите коментираат дека тие се во насока да се смени практиката социјална корист од државата да имаат лица што имаат големи приливи на средства од роднини што живеат и работат во странство, а истовремено многу често се корисници на социјална помош, надоместок за невработеност и други државни бенефиции.

Со новите законски измени што ги предлага Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика, Фондот за здравство и Агенцијата за вработување ќе имаат право да побараат и да добијат податоци од Народната банка на прилив на средства од странство.

Во предлогот за дополнување на законот на НБМ стои дека овие четири институции ќе можат да имаат пристап до податоци од Централната банка само за да одговорат на потребите на граѓаните.

- Основната цел на предлогот на законот е да се овозможи на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и на Фондот за здравственото осигурување на Македонија преку пристапот до податоците до кои дошла Народната банка при вршењето на своите задачи и должности да извршат проверка на податоците и информациите што ги поднесуваат барателите – физички лица за остварување одредени права во постапка пред овие институции - стои во предлогот.

Од Народната банка не го коментира предлогот со образложение дека законот не е стасан кај нив.

Досега овој вид податоци централната банка ги класифицира како доверливи. Имено, во Законот за НБМ стои дека вработени во институцијата не смеат да употребуваат или да дозволат да бидат употребени за лична корист податоци што ги собира Народната банка, освен ако тоа не е неопходно.

Во август пристигнале 21,3 милиони долари

Единствени исклучоци во кои овие податоци можеа да бидат објавени се ако има согласност од тој на кој се однесуваат или ако има судски налог, регулаторни или супервизорски тела.

Според последните податоци од Народната банка, во август годинава како лични трансфери меѓу домаќинства се запишани 21,3 милиони долари. Инаку, вкупните трансфери од странство се поголеми. Вкупниот доходот што е заведен во НБМ како прилив од странство во август е 220,8 милиони долари. Од оваа сума помал дел е за државата. 217 милиони долари се пари кои влегле како прилив за финансиски претпријатија, нефинансиски претпријатија, домаќинства и непрофитни организации кои им служат на домаќинствата.

Македонското искуство покажа дека дознаките од странство со години позитивно влијаат на македонската економија. Постојаниот позитивен прилив на дознаки структурно го намалува негативното салдо на тековната сметка во целина.

Истражувања на економските аналитичари покажаа дека илјадници македонски семејства би живееле многу посиромашно ако не се парите кои секој месец им стасуваат од роднините од странство, со што директно се влијае и на намалување на сиромаштијата во земјата. Меѓутоа, некои од овие семејства на домашен терен се корисници и на социјална помош од државата, а добиваат и паричен надоместок од невработеност.
 
Лајк за тоа(y).
Ќе образложам зошто, познавам многу кој што биле социјалци а имале автомибили, целата фамилија има телефони (од оние паметните со повеке од 500 претплата) итн.
Знам дека ќе речете автомобил има речиси сегј и ефтини се, ама како може фамилија со 2000-3000 денари месечно да си купи афтомобил од 2000-3000 илјади евра или за претплата на телефони да троши половина од социјалната помош(n).

Сетете се на социјалецот од чаир којшто добивал 50 евра социјална помош, а имал приходи од 9000 евра месечно:facepalm:.

Од 42 илјади пријави, досега само 200 решенија

Како не им е срам? Само ги излажаа сиромасите
http://sky.mk/biznis/424473-kade-zaglavi-otpisot-na-dolgovi-od-42-000-baranja-samo-200-reshenija

Нема да бидат 200 сигурно, но јасно е дека нема да бидат којзнае колку, можеби 15.000-20.000.
Пак ќе кажам условите беа такви за да ги фаќа само социјалците, а социјалец не може да има којзнае каков долг.
Ако некого го интересира зошто, нека ги прочита моите претходни постови.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ќе образложам зошто, познавам многу кој што биле социјалци а имале автомибили, целата фамилија има телефони (од оние паметните со повеке од 500 претплата) итн.
Знам дека ќе речете автомобил има речиси сегј и ефтини се, ама како може фамилија со 2000-3000 денари месечно да си купи афтомобил од 2000-3000 илјади евра или за претплата на телефони да троши половина од социјалната помош(n).

Сетете се на социјалецот од чаир којшто добивал 50 евра социјална помош, а имал приходи од 9000 евра месечно:facepalm:.
.
Ако е нешто променето во условите од порано, тоа е друго. Инаку за социјална помош семејството не треба да има примања над одредена сума по член. Други услови се (или беа) да не поседува возило или недвижен имот на нивно име. Изјавата примањата и за тоа што поседуваат, се заверува(ше) во суд и се проверува-ше според податоците во базите. И повторно беше прашање (и покрај исполнтетите услови) дали ќе добие помош. Доколку имал толкави приходи и коли, треба да си провери министерството кои лица го водат тој случај затоа што веројатно се работи за класични случаи на корумпирани служби.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.224
Ако е нешто променето во условите од порано, тоа е друго. Инаку за социјална помош семејството не треба да има примања над одредена сума по член. Други услови се (или беа) да не поседува возило или недвижен имот на нивно име. Изјавата примањата и за тоа што поседуваат, се заверува(ше) во суд и се проверува-ше според податоците во базите. И повторно беше прашање (и покрај исполнтетите услови) дали ќе добие помош. Доколку имал толкави приходи и коли, треба да си провери министерството кои лица го водат тој случај затоа што веројатно се работи за класични случаи на корумпирани служби.
:pos::pos::pos::tapp::tapp::tapp:
Ме изнасмеа убаво, дури ниту сега не бараат некакви заверки, претходно кога со мојата фамилија бевме социјалци, се поднесуваше барање, потврда за ученик/студент и уверение од УЈП (ама во тие претходно од 2011 на сите им ставаа 0).
Понатаму тие што работеа во центарот ќе се прошетаа еднаш годишно по домовите да видат кој што има.
Моја роднина на која што и почина таткото, си зимаше пензија како студент и заедно со мајка и си беа социјалци, друг случај мажот доби старосна пензија, а во меѓувреме си беа социјалци, не пријавија дека се промениле примањата туку во октомври-ноември поднесуваат нови документи за продолжување на социјалната помош и дури во април им стигнува известување дека веќе долго време не треба да се социјални случаи, ги вратија парите.
Бидејќи сме мало место не имаше околу 100-тина социјални случаи, јас сум убеден дека социјалните работници ги знаат сите детално што и како имаат, ама дури и да знаат некој неправилности ништо не преземаат.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Ако можат службеници од УЈП и Фонд за здравство да им наредат да донесат извод од банка и од денарска и од девизна сметка (не знам дали законски е во ред и дали воопшто е регулирано), за наводен преглед на плаќања за радиодифузна или пензиско/здравствено, тогаш можат и евиденција да водат за се друго.Ама секогаш ќе имаме поеднакви во еднаквите и кај нас е преизразено.
Друго, ако имаш приход како социјален случај, а добиеш 2-3 пати годишно дознака од фамилија во странство (за роденден / слава / Бајрам) или 12 пати, не е исто, а и сумата не е некоја стандардна бројка.Поради утврдени приходи (читај прва реченица) им е скратена социјална помош на добитници на наградни игри, кладилница или приходи од продажба на старо железо/пластика.Социјалци не смеат да уплатат лото, бинго, кладилница и било каква наградна игра со парична добивка.Среќата однапред им е укината.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
:pos::pos::pos::tapp::tapp::tapp:
Ме изнасмеа убаво, дури ниту сега не бараат некакви заверки, претходно кога со мојата фамилија бевме социјалци, се поднесуваше барање, потврда за ученик/студент и уверение од УЈП (ама во тие претходно од 2011 на сите им ставаа 0)..
Ова го зборам од искуство. Ако се работи за бркање врски, тоа е друга работа. Зборам регуларно како одеше тоа, пред икс години.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Сетете се на социјалецот од чаир којшто добивал 50 евра социјална помош, а имал приходи од 9000 евра месечно:facepalm:..
Знаеме предобро како и за кого важат законите во РМакедонија. Тој што го спомна од Чаир секако ќе зима и социјална помош, без разлика на уредбите и законите кои би се донеле.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Kajgana Shop

На врв Bottom