Во Македонија е најдобро да си должник !

Член од
10 јули 2014
Мислења
86
Поени од реакции
36
Отписот на долгови е мерка која, релативно, често е користена низ историјата. И таква мерка може да даде голем потик на стопанството, како на пример отписот на долгови во времето на Солон или Рузвелт
Но нашиов случај се работи за многу мала бројка на ептен, ептен сиромашни, на кои ќе им се отпишуваат долговите за комуналии и слично и мислам дека нема да има некој економски значај. Но ќе има морално значење.
Мене ме интересира какви реформи треба да се направат за да стопанството добие сила.
Во времето на Солон, Атина едвај се прехранувала. Солон извршил отпис на долговите, но тоа било следено и со други мерки. И со тоа бил ставен темел на атинската демократија
Solon bil tiranin i go napravil toa za da ostane na vlast preku dobivanje podrska od populusot sekoja slicnost pomegju grujo i solon e slucajna.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
13
Поени од реакции
2
Мене ме интересира дали на должникот со отпишувањето на долгови ќе му се отпишат вкупно сите што ги има (струја, вода, парно....) или не?
Нешто денес разбрав дека секој должник, од ранливата категорија ќе мора да избере, дали сака долгот за струја или за вода или пак парно да му се отпише. Да се реши само за едно.....
Имате ли некаква информација? :unsure:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Ќе се отпишуваат сите долгови.
На барањето се пополнува каде се има долгови и ако се прифати - се се отпишува
Погледни на претходната страна има линк од Министереството за финансии
 
Благодарам за одговорот...и јас мислев дека е така...нема логика само еден долг да се прости...а што останува со другите?
Но информацијата ја добив од лице што е близу до Владата...па затоа сум збунета и побарав мислење.
Сепак...благодарам уште еднаш.
 
Член од
22 август 2014
Мислења
35
Поени од реакции
22
Сето ова е една голема фарса. Не сакам да бидам сватен погрешно ама ова кажува во каква сиромаштија живее народот во оваа држава. Замислете 100000 граѓани зависат од социјалната помош на државата. Па некому му текнало ли дека треба да се зголеми таа социјална помош кон овие семејства. Нека тие со големи примања одвојуваат 25% од заработката над 12 минимални плати во државава и ете се парите за социјална помош. Треба да се напушти концептот на рамен данок. Воведете прогресивен данок зошто Македонија има најлош GINI индекс во Европа. И тој со рамниот данок останува ист. Направете фондација за помош на ваквите семејства, собирајте пари по улица па давајте им ги, земете грант од странство, било што ама јас не се сложувам мојот данок да се дава на ваков начин. Јас тешко сум ги заработил тие пари и сум платил се - и кредити, и сметки, и обврски кон државата. Сум живеел во мизерија и сега толку лесно владата носи ваков закон? Критериумите се на стаклени нозе. “Социјално Загрозените“ стануваат граѓани од прв ред во Македонија. Каде си тие волонтери во дрзавни институции, болници, судови... Каде се стечајците. Или ајде ќе отпуштиме волонтер кој волонтирал 1 година па ќе вработиме некој од социјално загрозено семејство. А многу од нив имаат деца по странство кои заработуваат месечно колку што еден работник заработува овде годишно, ама дури може да се искористи државта нека се користи.

И нека го објават списокот на тие на кои ќе им се надоместат долговите. Да знаеме, тоа се сепак наши пари кои како данок завршиле во Буџетот. А за се друго нема пари. Нема пари за фабрика, за стадион во Битола, за жената од Велес која и требаат 3000 евра за операција а маж и е волонтер.
Треба малце да се замислиме и да видиме кон што се движиме. А со ова се враќаме не во феудализам туку во робовладетелство.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Вицот е многу едноставен кај нас тој што работи нека биде крава за молзење тој што не работи чека некој да му најде работа во администрација не му се секира многу за овие што работат приватно тие се мутави така.

Македончето секогаш страдало од својот за жал каква одговорност да барате кога државата сака паразити и неработници најлесно може да манипулира другите се сите идиоти така испаѓа.

Највеќе ме боли што немаме синдикати иначе друга песна ќе беше никаква опозиција срамота сме .
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Потврда за многу големата логика на темата на потфорумот и уште поголем доказ за еден од многуте извори за остварување на акцијата за отпис на долгови, те покривање на сметките на не-плаќачи на струја на пр (а со ова ќе покријат и други).... ќе се уверите со последната сметка од ЕВН, за Јули/Август... мене на пример без никакви или можеби многу малку поголема потрошувачка во однос на предходните два месеца (с неможам да се сетам од што!? Топилницата сум ја вклучил изгледа онаа на златни шипки).... ми дојде сметката САМО + 80% поголема од Јуни/Јули и Мај/Јуни.... Додуша последната пресметка за 28 дена (претпоследната не ја ни видов) а оваа за 31 ден... Изгледа јака зима имавме ова Августов, мора да сум уклучувал Тетморот на +6!
Будала е државата да покрива неплаќачи со толкави кратери во буџетот... уште побудала е ЕВН ЕЛЕМ ЕСМ! Си питат премудрога!
Пс. Комшијата не ме краде, знам кој ме краде.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Ќе ти кажат од ЕВН дека си го ладел многу со клима, затоа голема сметката.
Ја вклучив само два-три пати сезонава по саат-два! Крај! Кое лето ова човече!? До 11-12 Август беше Октомври!... од тогаш реков ја вклучив едвај 2-3 пати по еден час и толку... Внатрешно имам поставено изолација, ама солидна е, горе-долу добра изолација има станот, термопан прозори, башка на приземје сум, дворче со дрвја четинари (додуша од комшијата) ама ми прават сенка... од 14,00 веќе станот не е изложен на Сонце.... Која клима? троши факинг 0,8Kw/h при ладење! Осум сијалици од старомодните и неекономични!? Каква клима бре ова е.... Пљачка тречег Рајха... Се обидувам да се сетам: и јас помислив на климата, ама не ќе да е! Никакви навики некои ритуали со струја во Август поголеми потреби од предходните два месеци, ништо од мајстории бетономешалки, заварувачи... НЕЕЕ! Ниту туршија со варење на штпрет од оние со саати малтретирање на зеленчукот, па во рерна.... не правев, ајвари пинџури чуда врагои на баклон во летна кујна на шпоре (казнуват сега пред зграда) АМА НИ ТОА НЕ!
Не ме плашат толку овие +80% на августовската! Ниту се многу нешто пари како износ, иако ме заболе пљачкава! Ме плаши повеќе и само помислата за +30-40% на зимскате фактури од лани!.... Ма да (фака) тоа и најверојатно не очекува, со нови корекции и либерализација!
Се повеќе сум сигурен дека е ова ‘‘аванта‘‘ за да се покрие дупката со неплаќачите!
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А бе тешко нас има да биди, не да сме печени реш печени сме :icon_lol:. Поливајте со тоа кофите и се во ред :icon_lol:.

Аплицираат луѓе со 10000 евра кредит, која банка ќе го опрости тоа бе за даночно олеснување од 30 проценти, се лажат луѓево еј, народ гужви построени пред социјално и пред агенција таму пуууууууу, треба од полиција да пратат обезбедување.

Тешко нас има да биди :icon_lol:.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Се повеќе сум сигурен дека е ова ‘‘аванта‘‘ за да се покрие дупката со неплаќачите!
Oва што го подвлеков со зголемување на буквите не е точно.
За тие кои не платиле кога требало, одамна имаат платено останатите
Јас веќе напишав дека на ЕВН и сличните му се признава ставка LCt - средства за ликвидност, му се признаваат и други огромни трошоци. Значи не се грижи, одамна имаш платено и преплатено за тие кои не плаќаат
Од друга страна ќе се отпишат сосема мал број долгови на ептен, ептен, ептен сиромаси. Ќе видиме колку ќе бидат, јас се сомневам дека ќе најдат помалку од илјада такви
ЕВН и другите прават што сакаат, од причина што ние, во областа на енергетиката, немаме држава.
Се е препуштено на лепотаните од регулаторна а тие се гражат само за лепота и патувања во странство. Лепотаните се дирекно извршители на желбите на претпријатијата.
 
Да, да.... мора да се корегирам! Не размислив подетално. Ова твое (болдираното) има многу логика. Се сложувам дека неплаќачите се дебело покриени досега.... а ова сега као за нив а уствари
излегува дека секој божемски бенефит, субвенција, опрост (во случајов) или социјална мерка, кон некоја категорија е само или во најголема полза на наша штета! Те највеќе за некоја нивна цел!.... Еј потег посран не прават, ако немаат некоја корист од него, а usual најголемиот број граѓани штета! Излегува дека е најдобро ништо да не работат, никому да не помагаат... така би било најарно за најголемиот дел граѓани.
 
Нас ЕВН, Топлификација и слични живе не одраа, не ограбија чисто, на чисто, мајката ни ја расплакаа.
Со овој одпис на долгови, многу мал дел од нашите пари ќе се пренасочи кон ептен, ептен сиромасите. Тоа е подобро, одколку да остане во џеповите на дерикожите и крвопиите. Штета што повеќе граѓани не се обфатени со ова. Јас бев сите долгови, на сите граѓани за струја парно итн да се отпишат. Тоа е помалку од колку што претпријатијата ограбија. Тие со години не ограбуваат. Сум проучувал како лепотаните ги одредуваат цените. Тоа е смешно Еве конкретно: Цената на струјата произведена во ЕЛЕМ е околу 2,5 денари за киловат час. Цената на струјата од увоз е 0,4 евра.
А ти дома струјата ја плаќаш 6, 60 денари за киловатчас., а цената за дуќани е 10, 30
Дали ме разбираш - живи не одраа
Овој одпис на долгови е многу малку.
И што е најважно, причините за енормната задолженоста на граѓаните со оваа не се решаваат и пак се ќе се повторуваат
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Se vrtat muabeti od partiski gazolizaci deka ke se otpisuvale i krediti od rangot 100.000+ evra, sto i bila glavna pricina za predlozuvanje na ovakov lopovski zakon. Airlija neka e.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom