Во Албанија отворен најдолгиот тунел на Балканот

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
И таму градат само тунели , мостови, патишта... ама затоа пак болниците им се хорор- вели шпанската репортажа
болниците во Албанија наликуваат како од времето на Втората светска војна

во албанските болници е поверојатно де се инфицирате, отколку да бидете излекувани

http://www.20minutos.es/noticia/1746601/0/sanidad-albania/hospitales/sobornos/

http://brif.mk/balkan/spanska-reportaza-albanskite-bolnici-se-horo/
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
Отворен автопатот Тирана-Елбасан

Во рекордно време од само 13 месеци, во Албанија е изграден автопат од 27км.

Автопатот е 2х2 , како нашиот Тетово-Гостивар, но мислам дека лентите се пошироки на тој во Албанија, и не само тоа , туку се работи за исклучотелно тежок терен , за што се изградени 2 тунела од по околу 2,5км , и неколку моста , од кој едниот е доста голем.

Автопатот кошташе 300 милиони (долари мислам беа.

Иако засега се пуштени само 2 ленти од автопатот , но и другите наскоро ќе се завршат. Бериша не можеше да чека да заврши, пошто имаат избори таму :)

Ги натера грците (компанијата Актор) да работат 24 часа за да го завршат пред избори, ретко кој веруваше дека за 13 месеци ќе завршат сите тие тешки делов, но успеа.

Иначе сега Тирана-Елбасан ќе бидат далеку само 20 минути, а не како претходно час и пол.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Не ставаш наслов готово ако е пола или помалку готово и го сместуваш во една реченица подолу.Ама политички маркетинг :sneaky:
Точно готова е само едната страна, 2 ленти - еден правец.Другата уште не е готова, значи не се 13 месеци.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
пред 8 години сум ја возел старата делница Елбасан-Тирана преку планината.Возев ноќе бидејќи дење треба доста храброст или лудост за да се вози
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
пред 8 години сум ја возел старата делница Елбасан-Тирана преку планината.Возев ноќе бидејќи дење треба доста храброст или лудост за да се вози
И јас сум патувал низ стариот пат , и тоа со автобус ноќе, што викаш да беше дење ќе беше хорор, вака барем ништо не се гледаше, освен светлата на некое село таму доле ахаха, се качуваше нагоре како за во Месечина да бевме тргнати, ни препреки не гледав, мала грешка и отиде.

Сега тој пат ќе остане за авантуристите, мислам дека истовремено и стариот пат е реконструиран.
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
И јас сум патувал низ стариот пат , и тоа со автобус ноќе, што викаш да беше дење ќе беше хорор, вака барем ништо не се гледаше, освен светлата на некое село таму доле ахаха, се качуваше нагоре како за во Месечина да бевме тргнати, ни препреки не гледав, мала грешка и отиде.

Сега тој пат ќе остане за авантуристите, мислам дека истовремено и стариот пат е реконструиран.
Ставиле сега препреки, ама што ќе држат тие бе.
Сум патувал и дење и ноќе, ептен авантуристички е. Освен тоа кога знаеш дека си во рацете на друг човек (возачот)...:гик:
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Ставиле сега препреки, ама што ќе држат тие бе.
Сум патувал и дење и ноќе, ептен авантуристички е. Освен тоа кога знаеш дека си во рацете на друг човек (возачот)...:гик:
Тоа е оној патот кај што место банкини има мермерни споменици од тие што загинале?
Јас кога бев имаше еден лудак пред нас со x6-ка, од што го гледав како вози ми се лошеше.
И да, дење беше, ми смрзна гомното.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
јас се враќав од Црна Гора и на враќање решив да го пробам и тој пат.Го возев околу полноќ и се сеќавам на врвот на планината гледам лево-долу во провалијата гледам светла од село,се вртам десно во провалијата исто така светло.Ми изгледаше како да возам по сртот на Андите ,а не во Албанија
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
Израдбата на автопатот Приштина-Блаце ќе почне на почетокот од 2014та

Америчко-турскиот конзорциум Бехтел-Енка даде понуда од 500 милиони евра за изградба на автопатот , како и друга опција од 600 милиони евра , а во кој ќе биде вклучен и тунел кај Качаник.

Бехтел-Енка е конзорциумот кој го градеше автопатот од границата со Албанија до излезот на Приштина. Досега се изградени 61км , со што Приштина е автопатски поврзана со Албанија (Тирана-Драч).
Последниот дел ќе биде завршен до крајот на оваа година, а вредноста ќе надмине над 600 милиони евра.

Косово после војната вложи многу инвестиции во патната инфраструктура , но во април 2010та започнаа со изградбата на автопатиштата, па во рекордно време ги завршуваат.
Намерата им е сите краеви на државата да ги поврзат со автопатишта , па така и магистралните патишта ќе се претворат во автопатишта. (Приштина-Митровица , Приштина-Пеќ)
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346

Браво.....

Иначе патот Приштина - Митровица ќе стане автопат тој што иде низ Вучитрн или тој што иде источно од градот ?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
Браво.....

Иначе патот Приштина - Митровица ќе стане автопат тој што иде низ Вучитрн или тој што иде источно од градот ?
Тој што иде кон Вучитрн ќе се претвори во автопат, се работи на терен, нема да биде брзо како останатите , но ќе заврши.

1х1 (2003 година)

работа за проширување (2010)

3х3 (2012)

Сликите се во близина на селото Балшај , од приштинска страна.

Иначе денес владата на Косово го изгласа буџетот за 2014 , во кој се предвидени пари за автопатот Приштина-Блаце.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Џабе се радуете. Ако има нешто нафта, тие кои треба го дознале тоа на време. Затоа сега ве држат за муда, а Албанија од нафтата ќе профитира отприлика толку, колку што денес демократска Либија профитира.
Нафтата е за бомбите со осиромашен ураниум, кои донесоа независност и онкологија за Албанците од Косово.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom