Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.724 79,2%
  • Не

    Гласови: 452 20,8%

  • Вкупно гласачи
    2.176

Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Лично, напишав на неколку форуми дека сум видела вонземјанин позади нашата куќа, но не ми поверува никој, сите почнаа да ме тролаат. Исто така сум видела и летачка чинија, кога сум била на одмор надвор од Македонија.

Верувам дека постојат пошто сум видела, а инаку не сум нит ретардирана, нит малоумна.
Сакав да одам на некоја од нашите Мк телевизии, да раскажам, но... Се предомислив, овдека никој на ништо не верува. А, и онака би испаднала само како уште една лудакиња, која пробува да се здобие со популарност. Затоа ова си го чувам во себе и не го кажувам никому. :)
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864

На темата земјотрес пиша дека ти кажале точно у колку саат ќе има земјотрес, тука дека си видела вонземјани, не мислиш дека претеруваш со лажењето?
 
Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
На темата земјотрес пиша дека ти кажале точно у колку саат ќе има земјотрес, тука дека си видела вонземјани, не мислиш дека претеруваш со лажењето?
Сериозна сум. :)
Не лажам, вистина ми кажаа за тој ноќе шо го имаше од 2 секунди.
И за вонземјанинот не лажам.
 
faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.370
Поени од реакции
21.915
Лично, напишав на неколку форуми дека сум видела вонземјанин позади нашата куќа, но не ми поверува никој, сите почнаа да ме тролаат. Исто така сум видела и летачка чинија, кога сум била на одмор надвор од Македонија.

Верувам дека постојат пошто сум видела, а инаку не сум нит ретардирана, нит малоумна.
Сакав да одам на некоја од нашите Мк телевизии, да раскажам, но... Се предомислив, овдека никој на ништо не верува. А, и онака би испаднала само како уште една лудакиња, која пробува да се здобие со популарност. Затоа ова си го чувам во себе и не го кажувам никому. :)
Кога беше тоа?Оти не си снимила нешто?Сите имаме паметни телефони со камери.Вака никој нема да ри верува,барем доказ да имаше нешто.
 
Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114

Дај ни барем опис на вонземјанинот, гугл ќе ти помогни :).
 
LudVonzemjanin

Уфолог,Луд теоретичар,Гејмер.
Член од
11 септември 2016
Мислења
76
Поени од реакции
15

АХАХХА и ајде дај ми ФБ да те проферам дали стварно си видела .. Кажи каква боја каков облик на каде и кога И у колку саат ..... :) Демнн иначе јас сум мини уфолог ... ХАХА се бавам со уфологија веќе 3-4 години
 
Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Кога беше тоа?Оти не си снимила нешто?Сите имаме паметни телефони со камери.Вака никој нема да ри верува,барем доказ да имаше нешто.
Не сум снимила ништо, бидејќи не ми текнало во тој миг да го извадам мобилниот и да снимам или да сликам. А, и јас сум еден таков тип што помалце ги сака унапредениве технологии, иако иам 24 години. Не сум мераклика, да бев ќе ми текнеше одма. Ја мојот мобилен не го ни носам со себе.

Не ни сакам да ве убедам, вие доволно сте големи, умни и паметни, за да имате ваш став и рационално мислење.

Дај ни барем опис на вонземјанинот, гугл ќе ти помогни :).
Ако мислиш дека гугл, би ми помогнал, нема ни зашто тука да опишувам.
Слободно, отвори си гугл и разгледај како тие изгледаат. Не се доста изменети од прикажаното.

АХАХХА и ајде дај ми ФБ да те проферам дали стварно си видела .. Кажи каква боја каков облик на каде и кога И у колку саат ..... :) Демнн иначе јас сум мини уфолог ... ХАХА се бавам со уфологија веќе 3-4 години
Отвори гугл ќе видиш, исти се.
Одете по таа точка, ако не постои нешто, како може луѓето да му текни на тоа, тоа постоело некад,некој го видел, од уво на уво, од колено на колено се раширило верувањето.
Кој е одбран ќе го види тоа, кој не... Ќе си живее нормално и среќно. Без ванземаљци...[DOUBLEPOST=1474046546][/DOUBLEPOST]
Македонски уфолог: Вонземјани слетуваат кај Охрид и Штип
Вонземјаните постојат, тие ја посетуваат Македонија, овде се, но уште не сакаат да се покажат и да стапат во контакт. Човековиот ум уште не е подготвен да го сфати начинот на кој тие се тука присутни, ниту да ги разбере законитостите што владеат во универзумот. Кој сака, нека верува во ова, кој не, нека не верува. Мојата задача е да го кажам тоа што го знам и да ги изнесам фактите кои науката уште не може да ги објасни, вели за Телеграф.мк Стојмир Симјаноски, еден од најактивните и најпознати македонски уфолози, чии ставови, мислења, заклучоци во полето на потрагата по вонземски живот се забележани и во светската мрежа на уфолози.
Тој е воедно и автор на дела од областа на научната фантастика, во кои ги поврзува науката, духовноста, историјата и претпоставките за постоење вонземски цивилизации.

– Да се сфати суштината на НЛО, човек едноставно треба да живее со тој проблем и исклучително добро да ја познава астрономијата. Едно е мислење, став или претпоставка, друго се фактите. Ни еден закон досега не може да го негира постоењето на друг живот и цивилизација во вселената. Со кое право некој може да тврди дека ние сме сами? Зарем ќе се занесува со религиозен фанатизам дека човекот е круна? Не е така. Човекот е еден слабак на кого природата му дала само моќ да го приспособува телото и да создава услови за да преживее – вели Симјаноски за Телеграф.

Тој вели дека во земјава, места на кои најчесто се појавуваат вонземски летала се Охрид и Охридско, Исарот кај Штип, како и локалитетот Јама, кај Лазарополе.

Според Симјаноски, Македонија е интересна за посети како духовен центар и нагласува дека во земјава имало инвазија од вонземски летала во периодот на деведесеттите години од минатиот век. Тој набројува и примери во кои, како што тврди, овдешни жители имале средби со вонземјани.

– Првиот за кој имаме податоци дека имал средби со вонземјани е Александар Македонски. Прва жена од Македонија која контактирала со вонземјани е Синадинка Герасимовска од Добреновец. Тоа било во 1942 година. Прва жена вонземјанин која е забележана е во Јама, во 1957 година. Првпат оружје било употребено во деведесеттите години, кај Прентов мост, во близина на Охрид, каде што вонземјанин пукал во наш доктор за да се спречи контактот – тврди Симјаноски.

Вели дека и лично имал средба со вонземско летало. Тоа првпат се случило во 1957 година, во близина на селото Иванчиште, по што се заинтересирал за феноменот на НЛО

– Имам храброст тоа што го мислам и што го знам да го кажам. Не ме интересира дали тој што чита ќе ми верува или не. Првата средба беше во младоста. Се враќавме од планина и седнавме да одмориме. Тогаш на оддалеченост од околу 200-300 метра видов нешто што секогаш ме збунува. Беше долго околу десет метри, некој вид тело, слично на ракета, со стабилизатори напред и назад. Предниот дел му беше осветлен, од долниот дел излегуваше пламен. Дојде до црквичката на селото, застана неколку секунди над неа, потоа полета во воздухот двесте метри, дојде над ридот, брзо се сврти на север, по што се растегна во светлечка линија и исчезна – раскажува Симјаноски.

Додава дека слична средба имал и во времето кога работел како наставник во Извор. На висина од околу 500 метри, како што вели, имало необична летачка појава, која ја виделе повеќе луѓе.

– Ми личеше на пирамида, а другите рекоа дека е призма. Преку двоглед се виде дека е стаклесто тело, а на рабовите имаше разлевање на боите. Ја смени формата и почна да се движи, прво во една насока, па во друга. Го гледавме околу 30 минути. По некое време дојде објаснување дека било метеоролошки балон. Но, како е можно на толкава висина балон да се движи спроти ветрот, кој тогаш беше силен – нагласува уфологот.

Вели дека и на 30 септември 1991 година над Кичево, градот во кој живее, се појавила цела формација од НЛО, кои биле во различни бои и летале на висина од околу 500 метри. Како што тврди, луѓе посведочиле за тој настан, а биле направени и снимки од страна на полицијата, но сè уште не успеал да дојде до нив. Вели дека исти такви формации тој период биле регистрирани и над Египет, Грција, Бугарија, Романија и Украина.

Како што објаснува нашиот уфолог, во светската мрежа на уфолози постојат кодекси кои треба да се почитуваат при евентуална средба со претставник од вонземска цивилизација. Правилата се такви што упатуваат на тоа да не се предизвикува инцидент, кој би бил погубен.

– Тоа е правило кое повеќе е за заштита на планетата, да не се предизвика каков било конфликт. Инцидентите со вонземјаните би биле катастрофални. Фактите што досега ги имаме укажуваат дека тие ги избегнуваат умешно таквите инциденти. Воедно секој уфолог има задача да го шири како вистина тоа што го искусил, видел или открил во врска со вонземските цивилизации – нагласува Симјаноски.

Сепак, тој вели дека нема потреба за стравување при средба со битија од друга планета. Не верува дека тие би биле насилни кон човечкиот род, особено зашто се интересираат од духовните придобивки на човештвото.

– Точно се знае зошто се појавуваа во Охрид. Нема друг град каде што можат да се набројат 365 цркви. Знаеме дека тие постојат и дека се тука. Но, не знаеме кои се, од каде доаѓаат и зошто доаѓаат на Земјата. Спротивно на стравувањата на Стивен Хокинг, дека средбата со нив ќе биде фатална за човештвото, верувам дека вишиот разум е многу похуман. Сепак, не ми е спорно доаѓањето, спорно ми е тоа другото – зошто еднаш јавно не се покажат и точно да кажат кои се и зошто доаѓаат – прашува Симјаноски.

Последно уредено:

LudVonzemjanin

Уфолог,Луд теоретичар,Гејмер.
Член од
11 септември 2016
Мислења
76
Поени од реакции
15
Не сум снимила ништо, бидејќи не ми текнало во тој миг да го извадам мобилниот и да снимам или да сликам. А, и јас сум еден таков тип што помалце ги сака унапредениве технологии, иако иам 24 години. Не сум мераклика, да бев ќе ми текнеше одма. Ја мојот мобилен не го ни носам со себе.

Не ни сакам да ве убедам, вие доволно сте големи, умни и паметни, за да имате ваш став и рационално мислење.

Ако мислиш дека гугл, би ми помогнал, нема ни зашто тука да опишувам.
Слободно, отвори си гугл и разгледај како тие изгледаат. Не се доста изменети од прикажаното.

Отвори гугл ќе видиш, исти се.
Одете по таа точка, ако не постои нешто, како може луѓето да му текни на тоа, тоа постоело некад,некој го видел, од уво на уво, од колено на колено се раширило верувањето.
Кој е одбран ќе го види тоа, кој не... Ќе си живее нормално и среќно. Без ванземаљци...[DOUBLEPOST=1474046546][/DOUBLEPOST]

Копи пасте од еден од најпознатите и најдобрите уфолози во Македонија... И шо ќе речеш дека беше сама или со некоја твоја другарка или сестра ИЛИ ако си била со некој дека само ти си го видела ... Нема сведоци ,нема докази , не се десило ништо .... Доволно се објаснуваше , не запаѓај у поголема каша , фала
 
Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Копи пасте од еден од најпознатите и најдобрите уфолози во Македонија... И шо ќе речеш дека беше сама или со некоја твоја другарка или сестра ИЛИ ако си била со некој дека само ти си го видела ... Нема сведоци ,нема докази , не се десило ништо .... Доволно се објаснуваше , не запаѓај у поголема каша , фала
Ништо нема да речам, освен, ТЕРАЈТЕ!!! :tapp:
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Лично, напишав на неколку форуми дека сум видела вонземјанин позади нашата куќа, но не ми поверува никој, сите почнаа да ме тролаат. Исто така сум видела и летачка чинија, кога сум била на одмор надвор од Македонија.

Верувам дека постојат пошто сум видела, а инаку не сум нит ретардирана, нит малоумна.
Сакав да одам на некоја од нашите Мк телевизии, да раскажам, но... Се предомислив, овдека никој на ништо не верува. А, и онака би испаднала само како уште една лудакиња, која пробува да се здобие со популарност. Затоа ова си го чувам во себе и не го кажувам никому. :)
Види вака женска.. Прво никој не знае како изгледа (или како може да изгледа) една вонземска форма на живот од проста причина што човештвото досега нема пронајдено примерок од вселенска природа, освен остатоци од метеори, комети и по некој камен од месечината.

Второ, најголем дел од индивидуалните сведоштва (како твоево) не допираат т.е. не се доволен аргумент за да се изговори долгоочекуваното - We are not alone.

Светот троши огромни ресурси (КЕПЛЕР, СЕТИ и JWST во иднина) за да даде одговор на вака - фундаментални прашања. Теории на заговор од типот ареа51 има милијарда.. но и тоа е премалку за да биде сериозен аргумент во моменталната реалност.
Дали мултиверзумот е полн со живот, или ние сме единствени... подеднакво се "застрашувачки" двете опции, бидејќи тоа отвора уште милион други прашања на кои немаме одговор.

Значи ти верувам дека си видела нешто. Меѓута невозможно е да тврдиш дека тоа нешто има вселенско потекло. Тука треба да се анализираат многу други фактори, вклучувајќи и ја и твојата психичка не/стабилност. Твојата перцепција на настаните, твоите верувања и убедувања..

Го знаеш примерот, пуштаат 50 луѓе во театар и на сцената (случајно) поминува дечко по кратка сива маица. За пола сат ги ваѓаат надвор, и ги прашуваат како изгледаше дечкото. 15 тврдат имал бела, 10 црна, 5 не го ни забележале, а 20 тврдат дека бил по долга блуза.

Ја разбираш поената?

Човековото сведоштво (слух, вид и мирис) не е доволно за да се утврди реалната слика на настаните бидејќи постојат многу непредвидливи елементи кога човекот ја складира моменталната меморија во "базата на податоци".

И јас верувам дека постојат, ама не тврдам.
 
Последно уредено:

Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Доискажи се детално што се случи еве ја ти веруем ама ме интересираат детали ако може. ^^
Ако мислиш дека твоите така наречени „тролања“, ќе допрат до мене, страшно се лажеш. Иди замарај по други теми, по оваа, но те молам не ме цитирај мене. Те молам!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom