Воени злосторства на терористите од УЧК

Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.442
А заштитен знак на копилињата им е пукање во глава на веќе ранети/мртви полицајци/војници...
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
А заштитен знак на копилињата им е пукање во глава на веќе ранети/мртви полицајци/војници...
Иста прича и со Смилковско. Прво ги наполниле дечките со олово, и на крај на сите добиле по еден во темето...
Семката да им се сотре бе да им ибам шoшoните!
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
866
Поени од реакции
3.411
http://www.mkd.mk/kolumni/karpalak

Карпалак 2001

Карпалак
Повторно 8-ми август е уште едно потсетување, дека пред 14 години од заседа на автопатот Скопје - Тетово беа убиени десет припадници на АРМ кај месноста Карпалак.


Годишнината од погибијата на бранителите кај Карпалак е добар повод да споделам со јавноста еден момент кој побудува сериозно сомневање дека некој сепак ги местел овие бранители.

За жал, повеќе од една деценија ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на македонските бранители кај Карпалак, осуммината мачени и живи палени кај Вејце, осуммината убиени во заседа кај Љуботенски пат, загинувањето на тројцата припадници на МВР од граната на АРМ за време на акцијата за ослободувањето на Арачиново...

Дотолку повеќе што, преживеаните бранители, роднините и семејствата на загинатите бранители по повод чествувањето на годишнината од трагичните настани, покрај тоа што го изразуваат незадоволството од нерешениот социјален статус, истовремено го изразуваат незадоволството од институциите, како се однесуваат спрема нив, бидејќи и по 14 години не знаат како загинаа нивните најблиски, посочувајќи дека сега многу повеќе од трагичните последици ги боли тоа што не ја знаат вистината.

Засега, 14 години по крвавиот настан кај Вејце, Карпалак, Љуботенски пат, Арачиново... едно е сигурно: Ниту кај СДСМ до 2006 година, ниту, пак, кај ВМРО-ДПМНЕ после 2006 година кога дојде до промена на власта, нема интерес за вистината за сомнителните загинувања на македонските бранители.

Затоа, како припадник на МВР за време на војната во 2001 година, имам силна обврска да се залагам да излезат на виделина непријатните вистини околу местењето на бранителите, кои загинаа во одбраната на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Загинувањето на бранителите кај Карпалак можело со сигурност да биде спречено, доколку некој не пропуштил да преземе одредени дејствија, кои бил должен да ги преземе во интерес на безбедноста на конвојот. Време е да се каже зошто е направено тоа.

Имено, во почетокот на јули 2001 година, значи, четириесетина денови пред крвавиот настан кај Карпалак, во македонската Служба за државна безбедност постоеја два службени документи со податоци врз основа на кои се знаеше дека на ридот од каде се пукаше врз конвојот, се наоѓа вооружена група од 10-15 лица, кои преку ден беа присутни во ископаните ровови, а ноќта се повлекуваа кај свои јатаци во едно соседно село. Државната безбедност добро го работела овој случај и успеала дури да уфрли свој човек - соработник во терористичката група. При едно нивно вообичаено ноќно повлекување кај јатаците, комбиниран тим на припадници од државната и јавната безбедност при МВР, дури и го посетиле ова место и извршиле снимање и увид на локацијата. Преку вградениот соработник се извршила и комплетна идентификација на терористичката група, по што од оперативните евиденции на МВР можело да се види дека овие лица се всушност поранешни криминалци, претходно добро познати на македонската полиција. По ова, СДБ при МВР, согласно правилата за соработка на безбедносните органи во државата, преку МВР ги доставила овие информации за понатамошно постапување до Секторот за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана.

Врз основа на оперативните податоци содржани во споменатите два службени документи од кои произлегува дека се се знаело за терористичката група кај Карпалак, дополнително од аналитичката служба е изготвена информација уште во јули 2001 година како да се запоседне просторот околу автопатот кај Карпалак, заради безбедно минување на редовните конвои со бранители, кои во тоа време одеа накај Тетово. Од текстот на аналитичката информација може да се види дека полициските службеници професионално си ја извршиле работата и дале прецизни анализи и насоки, што да се преземе за безбедно движење на воено-полициските конвои во правец на Тетово.

Оттука, верувам дека сега на секој му станува јасно дека трагедијата сигурно ќе беше избегната, доколку, на пример, само со еден хеликоптерски прелет била решена оваа вооружена група, бидејќи прецизно се знаеле сите битни елементи, како локација, време и начин на движење, вооруженоста, распореденоста, бројноста на терористичката група и слично.

Значи, сознанија имаше, а ништо не се презеде. Наспроти ова, загинаа припадници на безбедносните сили од испукана граната токму од кај Карпалак, иако, замислете, македонските безбедносни органи знаеле се за Карпалак речиси 40-тина дена, а, како што споменав, постоела и аналитичка проценка како да се запоседне автопатот кај Карпалак.

Меѓутоа, не само што не е постапено во контекст на добиените оперативните податоци и аналитичката информација, туку некој дури се погрижил пред трагедијата да го отстрани и безбедносниот пункт на автопатот Скопје - Тетово во близина на Карпалак, а, после трагичниот настан, бранителите се оставени сами на себе без никаква помош да горат во торпедираните возила, иако на армиските хеликоптери по воздушна линија од аеродромот Александар Велики до Карпалак им било потребно само пет минути да им пружат соодветна помош.

Како заклучок, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ги навредуваат македонските граѓани со нивното секојдневно натпреварување, за да докажат, кој од нив повеќе лажел и крадел во изминатите дваесетина години. Односно, пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, веднаш после годишните одмори, во име на македонскиот народ да се согласат Собранието да донесе политички документ (декларација или заклучоци) со кои ќе побараат расветлување на перфидното местење на македонските бранители во Татковинската војна во 2001 година. Ова од причина што, да се дојде најпосле до официјален одговор, како, од кого и зошто беа нарачани и договорени масакрите кај Вејце, Карпалак, Љуботенски пат, Арачиново... во кои бранителите беа испратени во заседа и мораа да загинат.

Јанко Бачев

(Авторот е универзитетски професор и претседател на Народно движење за Македонија)
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
866
Поени од реакции
3.411
Одбрана - Прв македонски воен форум
пред 4 часа ·


[СПОДЕЛИ ВО ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ] :

На денешен ден, 13-ти август, во Охрид е потпишан „Охридскиот Рамковен договор„ со кој е формално завршен конфликтот во Македонија започнат од албанските терористи од тнр. „ОНА„.

Истиот, наместо да предизвика смирување на меѓуетничките тензии и постконфликтен напредок на државата, доведе до нивно постојано тлеење и постојани проблеми, судири и спречување на напредокот.

Денеска, и по 14 години од неговото стапување на сила, неговата содржина воопшто нема кредибилитет бидејќи ниту Македонците ниту останатите етнички заедници во Македонија не се задоволни од правните дејства кои произлегуваат од него.

Вечна им слава на сите македонски бранители кои се бореа, и го дадоа својот живот за татковината!

Нивната жртва нема да биде заборавена!

11855894_919064381489807_2817710581317301621_n.jpg
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
866
Поени од реакции
3.411
Тато, а кој те уби тебе?
01 Mar 2008, 14:24
ТРАУМИТЕ НА ПОЛИЦАЕЦОТ ГОРЈАН РИСТЕСКИ ПО 25 ДЕНА ВО КОМА И 55 ДЕНА ВО ШОК-СОБА


По завршувањето на војната во 2001 година, државата, за да им се оддолжи на своите бранители, ги прифати барањата за отштета на ранетите припадници на безбедносните сили и на семејствата на загинатите. Но кога власта се смени, државата се премисли за дел од отштетите и реши да си ги бара назад парите кои еднаш им ги даде на припадниците на полициските сили кои од бојните полиња во 2001 се вратија дома со шрапнели во телото, со извадени белодробни крила, со жици место ребра и со воени трауми кои им ги пренесоа на нивните деца, сопруги, мајки... Заедно со тие што треба да ги враќаат парите од отштетата, во ист кош се и дел од семејствата кои не добиле отштета или Врховниот суд им ги поништил судските пресуди за обесштетување.
Во третиот кош се најдоа бранителите кои, по завршувањето на воената 2001, беа деградирани во нивната служба, што од едната што од другата власт. Така, високи полициски старешини кои беа во кризните региони, место благодарам, од државата добија деградација во помлади инспектори и преместување на работни места надвор од градовите во кои живеат.
Никој од нив, и да сака, не може да ги заборави траумите од војната. Ќе им останат белег за навек.
Сите тие, со згазен углед, се здружуваат во "Достоинство" за да си го обелат образот кој, како што велат, им го оцрниле други, место благодарност што се бореле за Македонија.




"Танушевци, Тетовско кале, Лавце, Селце, Вејце, Шипковица, Бродец, Вешала... Сите тие се дел од мојата татковинска приказна од 2001 што ништо нема да може да ми ги избрише од сеќавањето. А како заглавје на таа приказна, која не треба никогаш да ни се повтори, слободно можам да и го ставам Ваксинце. Селото каде што бев ранет и каде што го видов душманот што со снајпер ме застрела и ме осакати за цел живот, додека со колегите се обидувавме да ги ослободиме неговите сонародници кои тој и неговите 'борци за човекови права' ги држеа во заложништво. Таа епизода ми донесе 70% инвалидитет, 25 дена тешка кома, поствоени трауми. Тоа не се заборава".
Вака полицаецот од Прилеп Горјан Ристески го почнува речиси секој негов муабет за 2001, за воениот конфликт, за кризните региони, за колегите, за Велигден прославен во касарна, за здравицата за новородената ќерка по тешката кома, но и за сегашните денови, за повоените трауми, за фобијата од униформа, за неговиот ангажман како член на Надзорниот одбор во здружението на бранителите на Македонија "Достоинство".
Горјан бил испратен во Танушевци на 27 години, како припадник на прилепската посебна полициска единица, веднаш по познатиот инцидент. За сето тоа раскажува гордо, зашто, како што вели, па за татковината ли да не се направи тоа.
"На осми март 2001 заминавме за Танушевци со задача да заземеме што поголема територија во тој регион. Додека со битолската посебна единица ја извршувавме таа задача, се случи Тетовското кале. Итно бевме повлечени во Идризово, а од таму веднаш испратени за Тетово. Тоа утро, додека одевме кон Тетово, на Попова Шапка веќе се разгоруваше ситуацијата. Поради тоа, едната половина од посебната единица замина кон Попова Шапка, а ние продолживме за Тетово. Таму пунктовите на безбедносните сили како да чекаа на нас. Само што ги зазедовме позициите кај стадионот, почна гранатирањето, битката се разгоре, Тетовското кале мораше да се ослободи од припадниците на ОНА кои го имаа заземено. Почна последниот дел од операцијата, и кога 'тигрите' и 'волците' се појавија на Калето, се беше готово. Нам, заедно со една единица 'Волци' ни беше оставено да го чуваме, да ги задржиме позициите", почнува Горјан со неговата воена приказна, полека, како вовед пред заглавјето на неговите трауми Ваксинце.
Од Тетовското кале биле прекомандувани на позиции кај Лавце и Селце во чистењето на македонската територија од вооружените припадници на ОНА. По патролирањата Тетово - Вејце и Шипковица - Бродец - Вешала, во замена им дошла прилепската посебна единица. Се замениле со колегите што само неколку дена подоцна беа измасакрирани кај Вејце.
"Кога не заменија колегите од Битола, ние се вративме во Прилеп. Тогаш се случи Вејце. Битола пламна. Народот сакаше одмазда, па бевме испратени за одржување на редот во Битола. По три дена, пак се вративме во Скопје. По кусото затишје, почнаа воените дејства во кумановскиот кризен регион. Ваксинце беше тешко поприште. До заби вооружени припадници на ОНА, добро забарикадирани и скриени зад жив штит од месно албанско население кое го држеа во заложништво", раскажува Горјан.
На 24 мај, на Свети Кирил и Методиј, задачата била да се ослободат заложниците во Ваксинце. Горјан и колегите тргнале кон селото. На пат кон него, во неколку наврати биле напаѓани со митралези и снајпери, се до бензинската пумпа кај селото.
"Полека стигнавме до селото. Немавме прецизни информации колку припадници на ОНА има таму, можеби околу 100, но знаевме дека целото село го држат како жив штит во куќите. Пред селото ги повикавме да се предадат и да ги ослободат луѓето. Одбија. Дел од нив имаа направено обрач околу селото, а другите беа позиционирани во куќите. Дејствувавме кусо и брзо, по што околу 150 жители на селото излегоа од 10-ина куќи со кренато бело знаме. Ние почнавме да се приближуваме до куќите. Како што се движеа 'хермелините', ние одевме до нив. Јас одев прв покрај еден 'хермелин'. Додека се движевме во став и на готовс, гледавме внимателно. Тогаш на отвор на таванот од една од куќите само за миг видов оган како излегува од цевка од пушка. Го видов снајперистот што ме осакати за цел живот. Само мало делче после тоа, почувствував огромна топлина. Ме погоди, ама не бев свесен каде, почувствував само топлина. Паднав назад во рацете на колегата што одеше зад мене и само му реков" 'Ме погодија во срцето'. Тој гледаше, но не можеше да види ништо на градите. Тогаш падна граната до 'хермелинот'. Шрапнелот му ги покоси нозете на еден колега. Ранет бев, ама гледав како паѓа колегата. Ми гореше телото од топлина, а почнаа ужасни болки на десната плешка. Всушност, снајперистот ме погодил во вратот, а куршумот со надолна патека на движење ми ги продупчил хранопроводот, белодробното крило и излегол од задната десна страна, кршејќи ми ја лопатката. Излезната рана беше голема и од неа излегуваа крв, пена и големи меури поради повредата на белите дробови", кажува Горјан, не веќе толку смирено како кога ја почна својата приказна туку полека, со стегнато лице кое му ја одава мачнината што ја чувствува од сеќавањата на тој ден. Колегата во чии раце паднал Горјан, и ден-денес, кога ќе се видат, му велел: "Рацете уште ми мирисаат на твојата крв, Горјане".
Битката се повеќе се разгорувала. Кога се вклучиле и "Тигрите", на ОНА од Ваксинце и дошло засилување од Лојане. Гранати, митралези, снајпери, автомати, минофрлачи. Горјан, иако тешко ранет, бил свесен цело време. Јасно се сеќава кога го кренале колегите на раце и го однеле кон задните линии на бранителите, од таму со возило до бензинската пумпа, а потоа со "хермелин" од "Тигрите" до патот кај бензинската пумпа кај Умин Дол. Еден од полицајците му укажал прва помош и со амбулантно возило го однеле во Кумановската болница, него и неговиот колега што го погодил шрапнел во нозете. Таму, поради тешката повреда, не можеле многу да направат, па го препратиле во Државната болница во Скопје.
"Цели 4,5 часа, додека траеше транспортирањето, бев свесен, иако со огромни болки. Првин ја оперирале излезната рана, па кога виделе што направил куршумот внатре, итно од дома го викнаа д-р Андреа Арсовски. Докторот дојде веднаш по влечки. Влезната рана во вратот беше толку мала што не се гледаше. Утврдиле дека во белодробното крили има влезно -излезна рана. Морале да ми извадат дел од белите дробови, а тоа што останало го спојувале. По операцијата на влезната рана, следното утро околу 10 часот се освестив. Имав посета, ама состојбата ми беше многу лоша. Сопругата беше бремена, се плашев за неа и за бебето, да не им наштети целиот овој стрес. Попладнето уште повеќе се влоши. Добив постоперативна инфекција и паднав во кома, во која бев цели 25 дена, со 2-3 куси полубудења на кои не се сеќавам јасно. Сум добил инфекција на медијастинумот, односно на срцевата обвивка. Процентот на преживеани од таква инфекција во САД е само 1%. Поради тоа ми ставиле дренови во срцевата обвивка", кажува Горјан како се уште да е во болницата, во шок-собата.
Во кома бил 25 дена. Се будел неколку пати кусо, но не се сеќава јасно. Му кажувале дека во тие моменти несвесно се кревал, ја вадел од устата цевката од апаратот за дишење, сакал да стане. Докторите и сестрите едвај успевале да го задржат и да му помогнат.
На 25-тиот ден се разбудил од кома. Првото што го слушнал било дека има повредени македонски бранители во Арачиново и оти мора да се направи место за нив на КАРИЛ. Следниот ден покрај него бил донесен генералот Стојанче Ангелов, тешко ранет во Арачиново. Го прашал од кога е во болница и му рекол дека тој не може да остане таму, дека сака назад кај колегите. Едно утро му заsвонил телефонот. Бројот бил на еден од неговите колеги од посебната единица, ама гласот не бил од другар му. На телефон бил тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Горјан убаво се сеќава што му рекол Љубе: "Собери сили, братче, тука сум со твоите колеги и многу ни недостигаш".
"Почнав да се закрепнувам. На втори јули требаше да си одам, ама како за беља, се појави нова инфекција. Ми се направија две гнојни ќесиња и ме задржаа уште две недели. Така останав цели 55 дена во шок-соба. Дома си отидов на 17 јули. Кога ми се роди ќерката, ја крстивме Андреа, во чест на д-р Андреа Арсовски кој ме оперираше. Славевме, сакав да наздравам, ама се уште бев со медицинска цевка преку која се хранев. Му се јавив на докторот да го прашам дали смеам барем една голтка колку да наздравам за ќерката. Ми дозволи колку за адет, ама јас се хранев преку цевка, па здравицата ја направив со шприц, пуштајќи си една голтка во цевката преку која се хранев", вели Горјан, веќе опуштен, бидејќи, вели, да не било раѓањето на ќерка му таа 2001 година, се ќе било друга, страшна, приказна.
По воениот конфликт, Горјан одлучил да бара отштета за повредата. Неговите лекарски документи покажуваат 70% инвалидитет и намалена животна и работна способност.
"Не можам да им одговорам на задачите онака како што треба и како што јас сакам. Не можам да носам униформа која ме потсетува на траумите кои ми останаа од 2001, а за што имам и лекарски наоди. Во последно време имам проблеми со некои од претпоставените кои ме тераат да облечам униформа, иако јас имам докторска документација дека не треба да носам униформа туку да бидам во цивилна облека како што сум сега. Има многу случаи како мене кои вака ја завршија 2001. Се бореа за државата, гинеа, беа ранувани, а сега дел од нив се обесправени, земено им е достоинството. Кога некои бранители не добија отштета, некои беа деградирани, а некои дури мораат да ги враќаат парите кои ги добија како отштета, веќе не можевме да издржиме и одлучивме да го формираме здружението 'Достоинство' ", вели Горјан.
Денес Горјан се уште е во МВР, ама не е и во посебната единица. Многу често се гледа со колегите од војната. Иако им е тешко, се сеќаваат на тие денови, на раните, на болката.
"Колку и да е сериозно, на шега им раскажувам на другарите што ми вика синчето дома: 'Тато, а кој те уби тебе? Тој чичкото што го уби и чичко Стојанче'. И ајде сега објасни му на дете што ми се случило кога ќе ми ги види лузните на телото".
Горјан се обидува да ја заборави 2001. Вели, фала Богу што радоста со децата и со најблиските не му даваат така често да се навраќа на тој кошмар.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
866
Поени од реакции
3.411
"Не постои ништо што може да ми ги избрише сликите од Вејце и од Радуша. Длабоко во мене се уште ми е мачнината од Вејце, кога си ги видов измасакрирани другарите и кога прстите ми пропаѓаа во нивните јагленосани тела, додека ги качувавме во возилата. Кога Вејце понекогаш ќе ме остави на раат да отспијам малку, тука е Радуша да ме стресе и да ме потсети на 40-часовните рафали врз нас".
Полицаецот Саше Гилевски од Битола вака го почнува секое негово сеќавање на 2001, не можејќи да избега од она што им се случувало на бранителите. Денес се уште е во МВР, а истовремено е претседател на битолскиот полициски разгранок на здружението "Достоинство".
Гилевски, меѓу колегите и другарите познат како Качо, учествуваше во конфликтот во 2001 како командир на вод во битолската посебна полициска единица. Тој е првиот македонски бранител кој пристигнал заедно со своите колеги, со "волците" и со "тигрите" на местото на масакрот кај Вејце во 2001. За него Вејце е најужасната работа што му се случила во животот, а по неа се борбите кај Радуша. Качо е силен грамаден полицаец. Кај него не може да се види ни малку страв. Ама, вели, очите го издаваат, во нив му се сликите од загинатите другари.
"Во МВР сум од 1992 година. Уште од првата година сум припадник на битолската полициска посебна единица. Во конфликтната 2001 бев вклучен од самиот почеток, од случувањата во Танушевци, кога на трети март 2001 бевме мобилизирани. Патролиравме 14 дена по целата околина на Танушевци, а потоа, во координација со 'Тигрите' имавме организирани упади во потрага по униформирани припадници на УЧК. Во април бевме преместени во Тетово каде што ја заменивме прилепската посебна единица. Патролиравме низ тетовските села, во координација со армиските 'Волци'. Немавме командир на единицата туку јас и уште еден друг командир на вод ја водевме целата единица", се сеќава Саше. И тамам помислиле дека се брзо ќе се среди, дека конфликтот ќе помине само со дотогашните ситни инциденти, се случи масакрот кај Вејце, кога беа убиени, измасакрирани и запалени осумтемина македонски бранители.
На 28 април 2001 патролите од тетовската касарна ги добиле задачите која каде ќе оди. Едната патрола требало да патролира од 10 до 15 часот од Бродец до Шипковица, а втората патрола на релација Селце - Вејце од 17 до 20 часот. Утрото добиле информација дека некој рибар тоа утро пријавил оти видел 20-ина припадници на ОНА над Бродец.
"Јас со уште седум мои полицајци и командирот на 'Волците' со седум негови специјалци околу 10 часот се упативме кон Бродец. Го проверивме селото, дури и зборувавме со мештаните дали некој ги малтретира, дали имаат некоја мака. Се беше најнормално, дури бевме и во две чајџилници и најнормално разговаравме со луѓето. Особено прецизно го проверивме делот над Бродец каде што рибарот, наводно, видел униформирани лица. Немаше никакви траги. Се беше во ред и отидовме и до Шипковица. И таму се изгледаше најнормално, па некаде по 15 часот се вративме во касарната во Тетово каде што бевме позиционирани", раскажува Саше.
Во касарната ги наполниле возилата со гориво за да бидат подготвени за следната патрола која оди кон Селце и Вејце. Во 17 часот патролата тргнала. Во првото возило биле "волците", во второто полицајците од посебната единица, во третото пак "волци" и во последното полицајци.
"Замина патролата. Во 17.45 добивме повик од полицаецот Илче дека се нападнати меѓу Селце и Вејце. Веста за нападот ме затече на јадење. Оставив се, го ставив панцирот, го зедов автоматот и веднаш ја активирав единицата. За пет минути бевме спремни за тргнување. Кога излеговме во дворот на касарната, 'волците' беа веќе тргнати пред нас. Постојано на линија бевме со командирот на 'Волците'. Тие ја фатија горната позиција од кај сртот на планината, а ние од долната страна од кај длабината. Додека одевме кон местото на нападот, им јавивме и на 'тигрите' и на околу 500 метри пред местото на крвавиот настан стасавме заедно со нив. Претпазливо се приближувавме кон местото бидејќи не знаевме што навистина се случува таму. Имавме само штури информации дека има ранети и ништо повеќе. Јас и уште еден колега одевме први. Кога наближивме до местото, прво што видовме беше нашата полициска 'лада нива'. Дојдовме до неа. Таа беше издупчена целата. Баравме ранети колеги да им помогнеме. Продолживме повнатре, кон свијокот каде што беа другите возила", со мачнина раскажува Саше, чкрипејќи со забите и стегајќи ги тупаниците од лутина и бес.
"Следната глетка беше ужасна. Возилата се уште гореа, а насекаде се ширеше неподнослива смрдеа од изгореното. Кога влеговме во засекот каде што беше извршена заседата, ги видовме трите возила. Цело време бевме на штрек. Полека дојдов до второто возило каде што беше сега починатиот Илче од селото Породин. Беше под 'хамерот' и само нозете му се гледаа. Го фатив да го повлечам, да го извадам, надевајќи се дека е жив. Кога го извлеков, видов дека еден дел од неговото тело му го нема. Наеднаш исповратив. Брзо се созедов и, полн со бес и гнев, гледав каде да го допрам да му го опипам пулсот. За жал, беше мртов. Едвај се созедов. Тогаш забележав неколкумина од 'волците' кои се собраа кај второто возило и отидов и јас таму. Тоа беше возилото на полицајците. Имаше тројца полицајци на земја. Двајца беа блиску еден до друг, а третиот малку понастрана. Беа целосно изгорени. Ништо не им се познаваше на нив, ни лицата. Уште гореа и тлееја. Од оклопното возило со кое дојдоа 'тигрите', извадивме противпожарни апарати за да гасиме. Почнавме да ги проверуваме и полицајците и 'волците' дали има некој жив. Беше ужасно. Беа изгорени, измасакрирани. Се гледаше дека беа бодени по главите, им беа гмечени лицата како sверови да ги нападнале. Целото место смрдеше на изгорено месо. Таква слика не се опишува. Тогаш ги паркиравме возилата за да ги качиме нашите мртви другари. Не знаете каков гнев имаше кај сите нас тогаш. Бевме бесни како никогаш дотогаш. Слушнавме рафали кон селото Вејце. Веднаш му се јавив на колегата од 'Волците' и тој ми кажа дека од висината на која беа тие забележале униформирана група и запукале по неа", се обидува Саше да најде зборови да го опише, како што вели, тоа што не се опишува зашто само душата му знае што видел таму и како му било да си ги гледа другарите sверски измасакрирани.
"Веќе фати мрак. Имаше уште четворица мртви колеги. Не можевме да ги препознаеме. Знаев кои се осумтемина колеги во патролата, ама кои се тие последните четворица кои ни останаа да ги качиме, не знаев кои се. Беа гламјосани. Се сеќавам дека едно само кажав тогаш: 'На раце ќе ги носам другарите до Тетово, ама не ги оставам тука да ги јадат животните'".
Кревањето на загинатите другари за Саше и за неговите колеги бранители било најтешко. Се чадело околу нив, смрдеа ги дамлосувала, а над глава им висела опасноста дека sверовите кои им ги измасакрирале колегите можат да запукаат секој момент и по нив.
"Тогаш ни беше најтешко. Се распаѓаа телата на загинатите. На еден, кутриот, кога го кренавме, му отпадна ногата. А бе што sверови ќе беа тие што им го направија тоа. Додека кревавме, утробата ми се превртуваше, што од ужасната глетка што од бес поради мртвите колеги. Како ќе го фатевме некое тело да го кренеме, а тоа жешко, тлее, прстите ти се пикаат внатре во гламјосаното месо. Рацете како веќе да не ги чувствував. На прстите снемав осет. Нешто после 20 часот ги товаривме и тргнавме. Таму беа телата на нашите колеги. Дури отпосле ми идеше мислата како ќе си идам дома во Битола, па тоа ми се колеги, другари, а едниот од нив Марјан ми е прв комшија во мојата зграда во Битола живее. Се слушнавме со мајка ми да и кажам што ќе слушне на вести и да и кажам дека јас сум жив, а таа испаничена ми вели: 'Навистина ли си жив, синко'. Како да не веруваше дека разговара со мене", раскажува Саше и ги мести рацете како да ги крева мртвите другари. Му се враќа сликата од Вејце, од гарежот, од масакрот.
Гилевски се сомнева дека неговите колеги биле наместени, ама е гневен што тоа не може да го потврди, да докаже, може само да се сомнева.
"Имав силно чувство дека сме наместени. Јас дента бев со првата патрола и можеше и мене да ми се случи истото. Кога тргнаа возилата со загинатите кон Скопје за на Судска медицина, на мене беше да ги смирам колегите кои беа гневни и сакаа одмазда. Едвај ги смиривме и кон четири утрото беа во кревет. Тогаш останав сам буден. Тогаш ми пукна се. Признавам се изнаплакав, испуштив од мене да излезе се што дента ми ја исцрни душата".
Следното утро, нова мака за бранителите. Требало да се товари опремата на загинатите другари. Во ранците имало само малку алишта, а на полицајците и на "волците" тие торби од загинатите колеги им се виделе како да се нешто најтешко на светот.
"Никој не може да ми ја избрише сликата од тоа што го видов кај Вејце, како што никој не може да им ги врати синовите на родителите. Имам трауми, не се видливи, ама длабоко во мене уште тлеат телата на другарите. Првите две години по настанот не можев да спијам. Се будев со скокање на секој саат и палев цигара. Кошмари, потења, мирисот од Вејце уште ми е во носот.
Два месеца по Вејце паузиравме, и пак не активираа. Не можам да тврдам дека бевме предадени кај Вејце, ама тоа ни го рушеше моралот, а за тие деца по 20-ина години бев спремен да гинам. Ама пак после отидовме на терен", вели Гилевски.
Кога се вративме од Вејце, Битола почна да гори. Битолчани сакаа одмазда.
"Ниеден од моите колеги не учествуваше во палењето оти знаевме дека тоа нема да ни ги врати колегите. Јас до ден-денес велам, да знам кој ми ги намести колегите, ако ги наместија, ќе му вратам со оружје, па и затвор да лежам не се жалам. Мене тоа Вејце ми го смени животот, внатре душата ме боли. Мојот чичко загинал во Втората светска војна и татко ми ми велеше: 'Синко, братот си го изгубив во војна, не сакам и тебе да те изгубам'. Не ме премисли, му велам, тато, ако сите се откажеме од ова држава, што ќе ни се случи со Македонија. Свесни бевме за се, ама искрено, колку и да звучам патетично, тоа го правевме за Македонија, за моите деца, за децата на сите. Јас не сум плачко, ама во мене се е измешано после Вејце, и бес, и сила, и солзи, и мака, и гнев, и инает, ама не се откажувам од татковината. А бевме со мисла дека после Вејце се е против нас", бесно говори Саше, ама не го крева гласот. Зборува смирено, ама нервозно ги крцка прстите. Очите му се полни со солзи кои никако да потечат и со гнев што не може да го скрие со повремена блага насмевка што ќе му се испушти кога ќе се присети на секој убав миг поминат со сега загинатите другари.
По куса рехабилитација, 30-ина полицајци од битолската посебна полициска единица пак биле мобилизирани. Радуша како нив да ги чекала. Саше не кажува колкумина биле македонските бранители, а колкумина непријатели. Ама неофицијалните податоците велат дека во Радуша имало околу 600 припадници на ОНА и КЗК, наспроти сосема мал број македонски бранители, на почетокот на борбите едвај 35. Припадниците на ОНА и на КЗК во бранови доаѓале од правец на Крвеник од Косово. На помош на бранителите тогаш им беа испратени хеликоптери и "сухој", а од кај Чашка и Радуша инфилтрираните припадници на УЧК биле засипани со гранати. Македонските сили тогаш имаа петмина ранети. Бројот на загубите на ОНА, наводно, бил огромен.
"Во август заминавме за Радуша. Првиот ден помина најнормално и мирно. Вториот ден почнаа дејствата. Со мојата смена бевме кај нашиот бункер, кога почна нападот врз нас. За среќа, тогаш дојде армиски авион и припадниците на ОНА го свртеа огнот кон него барем за момент. Пред тоа 20 часа полицајците беа засолнети во три квадрати бункер. Се таму, и јадење и мокрење во шише или во ќесе. Ужасно. Кога не нападнаа дожд секакви проектили истураше врз нас. Бев залегнат долу, а авионот прелета на моја висина. Не престануваа да пукаат. Си реков готово, тука ми завршува животот, на 33 години. Тогаш, на 10 август мојата ќерка полнеше 7 години. И само господ не спаси тогаш. Се погодија трите празници Света Петка, Света Ана и Свети Пантелејмон. Тие светци не чуваа. Под силен напад, некако успеав да стигнам до бункерот да им помогнеме на колегите кои останаа внатре. Да не дојдеше и авионот, ќе останавме таму за навек. После Вејце, со Радуша пак ми се вратија сликите. Пак стресови. Замислете, да гледате обичен филм од саат и пол со пукање, па ќе ви се здосади или не знам што, а кај Радуша ни се фатија 45-46 часа пукање, борба. Почна повлекувањето, и за мене немаше место во другите возила бидејќи имавме петмина ранети, од кои еден критично во грлото. Јас се качив во еден камион и со него се вратив во штабот. Немаше одмор, активностите продолжија", со грч на лицето раскажува и погледнува нагоре, небаре и во тој момент над глава му прелетува истиот авион од кај Радуша.
968888_10151593330358034_429596607_n.jpg 994573_10151593330333034_881101140_n.jpg
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
866
Поени од реакции
3.411
12742684_558077331024086_4888333951535701637_n.png

Македонски Бранители
Допадната страница · пред 5 часа ·


СПОДЕЛЕТЕ!

Во центарот на Скопје е поставен споменик на „УЧК“ на чие откривање присуствуваше калицискиот партнер на власта на ДПМНЕ во владата Али Ахмети. Иако од град Скопје издале наредба истиот да биде срушен бидејќи како што велат од општината е нелегално изграден, тој денес свечено се откри.

Дали некој сака да ја федерализира Македонија со не санкционирањето на поставување на споменици на терористички војски кои ја нападнале Македонија, за што крвавеа Македонските Бранители во 2001, да гледаат издигнати споменици на луѓето кои ги напаѓаа тие што сакаа да ја поделат Македонија?

Најголема трагедија во целиов случај е што Македонските Бранители кој загинаа 2001 година кај месноста Карпалак имаат само една плоча со димензии 40-30 која често е искршена. Дали истите го заслужија тоа за тие што ја бранеа Македонија споменик со димензии од 40-30 а за напаѓачите два на четири метри споменик во центарот на главниот град?
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
866
Поени од реакции
3.411
Единица за специјални задачи Тигар додаде нова фотографија во албумот: Македонија е се што имаме!
· пред 2 часа ·
СПОДЕЛЕТЕ
ВОЈНАТА 2001 не беше за права туку за ТЕРИТОРИЈА!
Прочитајте го текстот ова е ВИСТИНАТА за екстремистите Терористите кои се борења за отцепување на ТЕРИТОРИЈА а се затскриваат зад наводните човекови права на нашите сограгани Албанците...
Текстот е од интервју со прецедателот КИРО ГЛИГОРОВ
Од 1992 до 2001 тоа не беше војна за права.Пример рудникот Лојане собирно место на паравоена единица на македонска територија.Оваа единица била организирана на принципот територијална одбрана, да се бранеле од евентуалните напади од југословенската Армија!? Вооружените екстремисти направиле команди на водови, одделенија, чети,покрај овој штаб на ОВК, беа откриени: штаб на оваа паравојска во Мала Речица, потоа еден во Стенковец и во Скопје, кај општината Чаир....
2016-02-25 05.07.33.jpg 2016-02-29 04.48.55.jpg
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.071
Поени од реакции
21.943
И после се ова сеуште ``невладини активисти`` веруваат во мултикултурализам и соживот .
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Јанко Бачев
Од моите сеќавања за масакрот кај Вејце!

Еве ги фактите:

На 13 ноември 2001 УБК праќа информација до министерот насловена како „Сознанија за громорозното убиство во с.Вејце-Тетовско„ под ев.број 470 во која детално е опишана терористичката акција кај Вејце која најсумарно кажано се сведува на тоа дека неколку дена пред нападот, извршителите се подготвувале и вршеле обука во логор на Косово, во непосредна близина на нашата граница и нивна задача била да ја ликвидира живата сила од патролата и да ги уништи возилата и воената техника. Терористичката група однапред го знаела движењето на патролата составена од македонските бранители кои настрадаа кај Вејце, а своевремено беа фатени и сигнали од разговор помеѓу лица од касарната во Тетово и терористичката група лоцирана кај Вејце, која ги чекала во заседа македонските бранители после нивното тргнување на војнички задачи.

По ова, МВР започнува подготовка случајот „Вејце„ да се расчисти по судски пат.

Меѓутоа, во МВР експресно доаѓа тогашниот амбасадор на ОБСЕ Крег Џенес и во кабинетот на министерот вели:„Ако преземете било што во тој момент против лицата од терористичката група, Македонија ќе биде обвинета за провоцирање нова војна во земјата, меѓутоа, веднаш по следните парламентарни избори во Македонија, јас лично ќе се заложам да се расчисти случајот Вејце, бидејќи и на нас во ОБСЕ ни се познати извршителите„.

Но, следните избори за кои зборуваше Крег Џенес беа на 15 септември 2002 и одамна завршија, Бошковски беше депортиран во Хаг, а до денешен ден случајот „Вејце„ сеуште нема официјална разрешница.

А лицата кои го извршија злосторството врз бранителите кај „Вејце„ останаа на слобода, а еден дел од нив станаа владини функционери.

Со еден збор, и МВР и ОБСЕ точно знаат што се случи кај Вејце.

Меѓутоа, ниту кај СДСМ до 2006, ниту, пак, кај ВМРО-ДПМНЕ после 2006 кога дојде до промена на власта, нема интерес за вистината за убиството на осумте бранители.

Да потсетам на денешен ден пред 15 години, односно, на 28-ми април 2001, за време на Татковинската војна во заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осум македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

Вечнаја памјат и слава им!

Хероите никогаш не умираат! Амин...
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.442
Мене една работа не ми е јасна. Зашто во таков период, патроли правеле со Лада нива ? Имајќи Хермелини, кои имаат оклоп, а и може да се постави тежок митралез на нив... и друго, патролата била 16 луѓе... 8 загинале, другите 8 ? Кој што како зашто ?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
Мене една работа не ми е јасна. Зашто во таков период, патроли правеле со Лада нива ? Имајќи Хермелини, кои имаат оклоп, а и може да се постави тежок митралез на нив... и друго, патролата била 16 луѓе... 8 загинале, другите 8 ? Кој што како зашто ?
повеќето загинати се од вакви заседи на кукавички начин чекани, голема е можноста ваквите патроли да се предадени во вејце,гајре,ваксинце,карпалак,тоа се исти сценарија пуштани војници и полиција да гинат за да се постигне крајната цел - поделба на територија која не успеа и дојде до компромис - рамковен договор со кој ја изгубивме националната држава и сега сме општество на граѓани, бројни држави не не насловуваат со нашето уставно име, на другите не им е гајле како ни се обраќаат итн итн
 

Kajgana Shop

На врв Bottom