Внесување семе преку царина

Член од
25 јуни 2011
Мислења
100
Поени од реакции
15
Здраво, имам едно прашање за вас.
Сакам да порачам некој семиња за дрвја и цвеќиња од aliexpress , но многумина велат "ау незнам дали може на царина да се внесе семе" па дали вие знаете дали е дозволено и дали некој има порачано семе и му стигнало ?
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Потребен е преглед од фитопатолог на влез.Ама зависи од количина и како се расположени.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
јас ис порачав преку ибеј и ми стасаа во плико а во пликото ќесецне со семиња
ни лук јал ни лук мирисал
да погодам пауловнија ќе порачуваш :)
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
100
Поени од реакции
15
Најпрво фала ви многу за одговорите на сите.
јас ис порачав преку ибеј и ми стасаа во плико а во пликото ќесецне со семиња
ни лук јал ни лук мирисал
да погодам пауловнија ќе порачуваш :)
Инаку да сакам да порачам пауловниа (ако знаеш како се одгледува од семе пиши :D ) и плус сакам да земам некој чемпреси , магнолиа, киви, калинки, капинки, орхидеи и рози бидејќи цените се и повеќе од поволни а гледам македонци порачувале и оставаат позитивен фидбек се надевам ќе имам среќа :D
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.665
Поени од реакции
11.698
Јас ја разгледувам можноста за нарачка на Peyote или San Pedro семки преку Амазон. Ако има некој информација за легалниот статус (ако воопшто постои таков за нив) нека ме обавести.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.324
Поени од реакции
29.788
За легалниот статус не знам, претпоставувам дека не постои, ама претпоставувам и дека боље да не дојдеш во позиција лично да го испитуваш статусот на насадените кактуси.
Од друга страна кактусите сигурно ќе прават добра сенка, за читање на Кастанеда во автентичен амбиент! ;)
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Најпрво фала ви многу за одговорите на сите.

Инаку да сакам да порачам пауловниа (ако знаеш како се одгледува од семе пиши :D ) и плус сакам да земам некој чемпреси , магнолиа, киви, калинки, капинки, орхидеи и рози бидејќи цените се и повеќе од поволни а гледам македонци порачувале и оставаат позитивен фидбек се надевам ќе имам среќа :D
јас нарачав пауловнија преку ибеј, 30 парчиња
ми стаса плико во големина како она плико од ЕВН со најлонче позади, во натре имаше А4 формат лист кој беше свиткан а во листот мало ќесенце со семето во него, семето е во големина и форма на кучешки крлеж мал (знам дека е језив описов ама така е), сега го насадив и го полевам два пати дневно, потсети ме по две недели ќе ти кажам дали правилно било :)
 
Член од
11 април 2014
Мислења
4
Поени од реакции
3
Би ве советувал сите што мислите или веќе сте порачале семе од Пауловнија како и други видови на семиња од и-беј,амазон,од Романија од Полска,од други држави во Еу како и од други континенти,бидејќи во многу блиска иднина,ова ви го тврдам најодговорно бидејќи сум во постојан конткат и соработка со одредени институции надлежни за оваа работа дека оваа нова мода ќе биде подложна на ригорозни контроли и санкции.Претходно треба да се побараат дозволи од одредени институции во државата за оваков вид на работење,(истот го правев и сеуште го правам и јас ова) па дури потоа да се помине на реализација на порачката.По пристигнувањето на порачаното,подложно е на анализа од самата институција па дури потоа се добива дозвола за истото за употреба.Нека не ве подлажуваат ниските цени на продажните веб.страници,како ни самите продавачи таму не знаат некогаш што продаваат бидејќи им е гајле на прво место,а второ оставате ваши податоци од кредитни картички кој што се разбира 100% може да бидат злоупотребени заради тоа што Македонија не е во групата на Пеј-Пал и не во Европска Унија,нема кој да ве заштити од финанскиска измама за која никој не сноси одговорност,и третиот многу важен сегмент е тоа што со ваквите порачки ја уништувате општествената одговорност.Во моментов многу луѓе како мене плаќаат високи давачки кон државата што се неизбежни за ваквиот начин на работа за да добијат се што е потребно за легалност во овој сегмент и не е коректно некој да плаќа огромни суми кон државата за дозволи за работа а некој да му го урива платеното и направеното со ваков начин на работење со кој не се знае дали е автентичен и вистинит.Уште еднаш би ве советувал да не правите порачки од ваков вид.
 
Последно уредено:

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Уште да ставеше линк/оглас да купат од кај тебе наместо 10 пати поевтино од нет и се ќе беше во ред со постот. (за личноста штотуку регистрирана и оп прво опширно мислење во темава)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Што е тоа општествена одговорност и што значи нејзино уништување? Дали ако купам од домашен трговец, ќе ја заштитам?
 
Член од
11 април 2014
Мислења
4
Поени од реакции
3
Во ред ЛУРТЗ,нека биде така како што ти милува душата да си го кажеш своето мислење и став.Не ја штити средината и општеството каде што живееш,се надевам дека подобро ќе живееш и ти твоите поколенија уништувајќи ја.Инаку се регистрирав на КАЈГАНА токму поради вашите небулози.А ако не знаеш што е ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ и нејзино уништување прочитај во К.З.на Р.М.,подлежи на законски санкции.
 
Баш тоа и ме интересира. Што е тоа општествена одговорност и како е тоа поврзано со внесување на семе.
 
Член од
11 април 2014
Мислења
92
Поени од реакции
179
Би ве советувал сите што мислите или веќе сте порачале семе од Пауловнија како и други видови на семиња од и-беј,амазон,од Романија од Полска,од други држави во Еу како и од други континенти,бидејќи во многу блиска иднина,ова ви го тврдам најодговорно бидејќи сум во постојан конткат и соработка со одредени институции надлежни за оваа работа дека оваа нова мода ќе биде подложна на ригорозни контроли и санкции.Претходно треба да се побараат дозволи од одредени институции во државата за оваков вид на работење,(истот го правев и сеуште го правам и јас ова) па дури потоа да се помине на реализација на порачката.По пристигнувањето на порачаното,подложно е на анализа од самата институција па дури потоа се добива дозвола за истото за употреба.Нека не ве подлажуваат ниските цени на продажните веб.страници,како ни самите продавачи таму не знаат некогаш што продаваат бидејќи им е гајле на прво место,а второ оставате ваши податоци од кредитни картички кој што се разбира 100% може да бидат злоупотребени заради тоа што Македонија не е во групата на Пеј-Пал и не во Европска Унија,нема кој да ве заштити од финанскиска измама за која никој не сноси одговорност,и третиот многу важен сегмент е тоа што со ваквите порачки ја уништувате општествената одговорност.Во моментов многу луѓе како мене плаќаат високи давачки кон државата што се неизбежни за ваквиот начин на работа за да добијат се што е потребно за легалност во овој сегмент и не е коректно некој да плаќа огромни суми кон државата за дозволи за работа а некој да му го урива платеното и направеното со ваков начин на работење со кој не се знае дали е автентичен и вистинит.Уште еднаш би ве советувал да не правите порачки од ваков вид.
Во ред ЛУРТЗ,нека биде така како што ти милува душата да си го кажеш своето мислење и став.Не ја штити средината и општеството каде што живееш,се надевам дека подобро ќе живееш и ти твоите поколенија уништувајќи ја.Инаку се регистрирав на КАЈГАНА токму поради вашите небулози.А ако не знаеш што е ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ и нејзино уништување прочитај во К.З.на Р.М.,подлежи на законски санкции.
Ова писмо преполно со небулози како наслов би му ставил ЗАГРИЖЕН ЦВЕЌАР ПРЕКУПЕЦ.
На кој што му пропаѓа бизнисот поради интернет продавниците.
Видете сега на сите ни е јасно на кој принцип работите и вие и таквите како вас, вие вашиот расаден материјал го купувате од истите тие виртуелни продавници, болката ви е што во скорешно време на никому не му требате како посредник ниту му треба вашата посредничка услуга која што ја наплаќате Х 5 Х 15 од реалната цена.
Зборите за несигурни семиња , дека не знаат што купуваат ?
Што може најлошо да се случи ?
Наместо Аронија да им никне Боровинка ?
Можност за внесување на патогени кој што би го уништиле огромното производство на Пуловнија кое што на државата и носи 10 000 000.00 евра на годишно ниво ?
Се увезуваат инванзивни видови кој што ќе ја уништат целокупната Холтикултурна индустрија која што е половина од БДП.
Има можност да се увезе некој инсект кој што ќе ги нападне и уништи ендемичните видови на троигличест кактус кој што единствено го има на Бабуна ?
Производството на Малини ли Капини ќе биде уништено ?
Кажете за една еколошка или економска катастрофа предивикана од увезени семиња преку интернет.
Да се разбира дека треба да има ригорозни контроли на семенскиот/расадниод материјал но на семенски материјал што се употребува во земјоделството.
1..Житарки
2. Зеленчук.
3. Винова лоза.
4. Тутун
5. Овошки
А овде баш и нема некоја контрола, затоа што семенскиот материјал увезен преку вас и многуте како вас потфрла, го купувате ефтино го продавате најскапо што може.
Како за пример само ќе наведам дека минатата година купив семенски материјал за домати па наместо воловско срце испадна дека се Чери доматчиња , пред минатата година купив семенски материјал за пипер наместо куртова капија испаднаа бабури.
Немам јас никаква опшествена одговорност кон вас посебно не кога се работи за украсни растенија или за овошки кој што не се ендемични за ова подрачје. Ако ви пропаѓа бизнисот започнете со нешто друго, никој не е глупав да ви плаќа 2000 денари за садница или семиња кога истите може да ги добие за 2-3 евра.
Каде е вашата опшествена одговорност кога мкнете по автобуси садници/семиња/цвеќиња од бугарија србија хрвтска грција сето тоа шверцувано без никакви даноци и давачки,без фито паталошки преглед и потврда.
Зарем нвистина мислите дека некој треба вам да ви плаќа за угоден живот само поради тоа што сте поткупиле и потплатиле неколку цариници и шофери ?
За крај морам да додадам најчесто сајтовите од кој што се купува, се сертифицирани и одобрени расадници кој што имаат итоа какви ригорозни контроли за да можат воопшто и да произведуваат расаден маеријал и семе, не е тоа македонија купил 2000м квадратни нива насадил се и сешто од џуџести рози до борчиња аронија и кактуси па ајде расадник, без никаква контрола без никаков сертификат.
На крајот од краиштата секој сајт секој продавач има листи на земји во кој што може и не може да испраќа, јас од интернет продавница порачав садници лаванда и винови лози, ми стигна е-маил дека лавандата ќе ја испратат но дека според македонскиот закон не се во можност да ми ги испратат садниците за винови лози.
Да и јас се зачленив на форумов за да најодговорно ви кажам дека сте full with bulshit
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom