Влезете во светот на музиката на Ѓорѓи Крстевски

Ваш омилен aлбум?


  • Вкупно гласачи
    14

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Секогаш велам дека најмногу ќе дознаете за мене преку мојата музика. Во секој стих што го пишувам и опевам, во секоја нота што ја компонирам - има дел од мене. Мојата музика е патот до мојата вистина.
Доколку имате некои 7-8 минути слободни прочитајте ја биографијата на Ѓорѓи Крстевски.
ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ изведувач, композитор, текстописец, аранжер и продуцент е роден на 03.09.1981 година во Скопје.

Уште во своето рано детство Ѓорѓи го покажа својот талент и интересирање за спорт и пеење.

Своето прво јавно музичко појавување тој го прави во 1996 година со песната „Мемориес” која е на англиски јазик и за која младиот Ѓорѓи сам ги направи музиката и текстот. Следи уште еден сингл на англиски - „Унтоуцхабле”, а потоа ја освојува наградата Тинс хит на годината ‘97 со песната „Само за тебе” која ја исполнува во дует. Следи синглот „Без тебе”, а своето сериозно влегување во музичкиот свет го прави со мега хитот „Таму некаде”, за кој го сними и својот прв видео запис. После „Таму некаде”, музичката кариера на младиот кантавтор молњевито расте и го менува текот на неговата кариера. Тој засекогаш се всадува во срцата на безброј фанови кои се препознаваат во неговите песни. По хитовите „Симона”, „засекогаш твој”, „Крај на…” и неговото учество на Скопскиот фестивал за песна на евровизија со „Песна за тебе” , Ѓорѓи, крајот на 2002 година го круниса со издавање на својот прв студиски албум насловен: „Во името на љубовта”. Следат неколку интернационални фестивалски настапи, Зеница (БиХ); Минхен (Германија), а на фестивалот во Банја Лука (БиХ) го исполнува својот голем хит „Несудена”.

Покрај музичката кариера, Ѓорѓи ја покажува својата хумана природа учествувајќи на голем број хуманитарни манифестации и активности. Во периодот што следи, неуморно го подготвува својот втор студиски албум „Засекогаш”, кој во музичкиот етер прозвучува во април 2004 година. На овој албум музичката зрелост на Ѓорѓи го доживува својот врв. Тој со своите извонредни вокални можности и уникатна боја на глас, на најчувствителен начин ги опева своите емоции преку големиот број авторски хитови кои се наоѓаат на албумот „Засекогаш”.

Следуваат неколку фестивалски настапи во странство и учество на ревијалниот Скопски фестивал со темата „Убава” што ја исполнува со групата Монистра, како и многу настапи низ Македонија кои се увертира на големиот и незаборавен концерт во живо во Универзалната сала во Скопје. По овој концерт кој претставува кулминација во неговата кариера, Ѓорѓи се затвара во своето студио каде го подготвува својот трет албум. Во меѓувреме во етерот ги издава сингловите „Вистина”, „Јер сам те волео” и „Летни дождови”, со која се претставува на домашниот избор за евровизија, кои како и сите претходни песни се комплетно авторски.

Секогаш со нови идеи и изненадувања, во Март 2008 година, сосема самостојно ја реализира невообицаената и исклуцително храбра идеја на еднонеделна турнеја со велосипед низ Македонија, под мотото „Моето име е Македонија”. На оваа турнеја, Ѓорѓи неуморно посети 15 градови и беше воден од цврстиот, патриотски став: ”Нашето име секогаш ќе биде Македонија”!

По долга и темелна работа, на 1-ви Јули 2009 година, светлоста на денот ја виде и неговиот трет албум, кој го носи името „Она најдобро од Нас”, по истоимената песна од албумот. Со овој албум Ѓорѓи несомнено ја оправда почитта, довербата, љубовта и поддршката на огромниот број негови обожаватели, кои го очекуваа албумот со огромно нетрпение. Подарувајќи им 9 композиции, исполнети со неизмерна вистина, огромна љубов и топлина, Ѓорѓи го потврди својот успех, поставувајќи нови стандарди во забавната поп-рок музика.


ДИСКОГРАФИЈА

Во името на љубовта
автор на сите песни: Ѓорѓи Крстевски

  1. Сакам да знам
  2. Во името на љубовта
  3. Засекогаш твој
  4. Ти си ми се
  5. Крај на...
  6. Симона
  7. Таму некаде
  8. Без тебе
  9. Ноќна кралица
  10. Моја македонија
  11. Песна за тебе
  12. Несудена


Засекогаш
музика и текст: Ѓорѓи Крстевски
аранжман: Валентино Скендеровски
продуцент: Ѓорѓи Крстевски
гитари: Д.Тасев, Д.Коцев
сакс: Зоран Крагуевски
пратечки вокали: Весна Малинова
студио: Ентерпрајз

  1. Љубов е
  2. Брате мој
  3. Посилни од се
  4. Те сакам
  5. Засекогаш
  6. Скитник
  7. Вљубена
  8. Седум години
  9. Малечка
  10. Несудена

Она најдобро од нас
музика и текст: Ѓорѓи Крстевски
аранжман: Ѓорѓи Крстевски
музички продуцент: Ангел Косев, Ѓорѓи Крстевски
продуцент: Ѓорѓи Крстевски
клавијатура: Ѓорѓи Крстевски, Ангел Косев
бас: Афто
виолина: Бобан Апостолов
гитари: Коста Јанчевски, Боби, Дaрко, Пeтар Ренџов
сакс: Трајче Давков
армоника: Николче Мицевски
кавал и тамбура: Александар Јовевски
студио: Подрумот

  1. Мила моја
  2. Немам право на нас
  3. Jer sam te voleo
  4. Не се предавам
  5. Она најдобро од нас
  6. По милионити пат
  7. Во неповрат
  8. Вистина
  9. Летни дождови

http://www.gorgikrstevski.com/

Топ 5


За понежниот пол...

3289_72081042653_6577199_n.jpg
3289_72081972653_6283256_n.jpg
3289_72083327653_352621_n.jpg
3289_72083937653_8175214_n.jpg
3289_72084317653_2083965_n.jpg
319248_10150306343427654_784426176_n.jpg
577530_10150694134652654_378598942_n.jpg

За женскиот пол омилен посебно кај младите девојки а пак кај машките патетична личност,феминизирана итн.но има и некои такви машки кои сеуште го слушаат што мене посебно ме радува. За мене како пејач и како личност го почитувам многу бидејќи има навистина одлични песни кои доста често се слушани од моја страна. Во последно време не е толку активен на македонската музичка сцена освен што направи нова песна со видео спот кој според мене спотот и песната му беа чист промашок.

 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.420
Едитирано од модератор - .Sky.

За мене - тотално непознато име, еве сега првпат слушам дека постои.
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Не е лош има неколку одлични балади кои се слушаат и денес, а и оваа е доста добра посветена на Тоше
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ви ги поправив вашите мислења оф-топик,индиректни навредни,потикнување на дискусија која води надвор од темата не е дозволено. Ви благодарам :pipi:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Се сеќавам на синглот Унтоуцхабле кога излезе, мислам дека тогаш и имаше пробив на фински и унгарски пазар заради името на песната.

Што знам мене ми е океј вокал Ѓорѓи и колку што знам човекот си е кант-автор и сам си ги пишува песните.
Друго што се сеќавам е дека имаше завршено музичка академија и ако не се лажам и нешто работеше како професор.
Трето бекстејџ прашање , беше во љубовна врска со Адријана Јаневска пред оваа да замине со Гино?
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Требеше да напишеш „за понежниот пол, ама и за мене“.

Него, ова е чекор напред во квалитативен аспект на форумот Музика lately. Imagine that happening.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Човеков некаде до 2007 година се појавуваше на ТВ и на крајот го снема. Јас си помислив дека се повлекол од музичката сцена.
Знам дека жално беше што немаше менаџер кој ќе го подтурнува за да успева.....
Не дека го слушам, но знам дека имаше неколку добри песни :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мене ми е супер човекот. Таму некаде, Малечка, Посилни од се и Несудена му се супер песни. Има фини поп песнички.
Според Несудена имаше и престава у која глумеше самиот Ѓорги Крстевски. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom