Вискосуплементација (хијалуронски инјекции за зглобови)

Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Имав тешка повреда на коленото, која подоцна резултираше со силни дегенеративни промени на `рскавицата. И претходно имав слушано, а и ортопедот ми препорача за тие скапите инјекции кои се ставаат директно во колено и треба да ја запрат или барем намалат болката.
Обично сум многу скептичен човек и истражувам и читам пред да се согласам да купам нешто, ама за ова така слепо прифатив, а и немав информација како се вика, ниту што е инјекцијата и се срамам да признаам колку пари платив за ваква инјекција прек неколку години.

Значи овие се хијалуронати кои се ставаат директно во коленото и наводно треба за одреден период да го „подмачкаат“ зглобот на коленото и да помогнат во движењето. Има различни брендови, Артрум (Arthrum), Fermathron. Lubravisc, Microvisc, Euflexxa и многу други, со најразлични цени, од 2-3000 па до 14-15000 денари.
За тие пари човек очекува значително подобрување на болката и движењето, ако не и целосно излекување, но ефектите се мноооогу незначителни и слаби, и краткотрајни, во дена или недели.
Ако побарате веднаш пишува дека овие методи се под знак прашалник и истражувањата не даваат позитивни резултати. http://blogs.nejm.org/now/index.php/viscosupplementation/2015/03/13/

Често се спомнуваат тие „мистериозни“ инјекции за колено, ама нема никаде јасно напишано што се и кои се, затоа ја отворив темата, ако некој пребарува да му даде насока да си истражува пред да се одлучи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom