Вино

Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Има ли некој љубител тука да ми препорача добро пенливо вино што може да се најде во Скопје.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Има ли некој љубител тука да ми препорача добро пенливо вино што може да се најде во Скопје.
Ако може да најдеш оригинално италијанско Prosecco, врв според мене кај пенливите вина. (y)
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Брут Екстра - Сковин.
Детаљи нешто ако можеш да кажеш. Видов цена и сорта, ме интересира на финиш какво е? да не не е доволно свежо, као презреано кога ги губи свежите ноти и остануваат бајатите, дали има некој доминатнен мирис и вкус и со што десерт по тебе најубаво иде?
цената вика дека мора да е солидно, мада нашите винарии си ги преценуваат вината премногу, ко никој друг у свет.
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 15:47 ---
Ако може да најдеш оригинално италијанско Prosecco, врв според мене кај пенливите вина. (y)
Кај нас има само од фантинел, сум го пробал, одлично е, фала сепак. Некое друго просеко ако си начекал кажуј одма :). Ете имаш добар вкус, спомни некое друго што се наоѓа кај нас(y)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.861
Детаљи нешто ако можеш да кажеш. Видов цена и сорта, ме интересира на финиш какво е? да не не е доволно свежо, као презреано кога ги губи свежите ноти и остануваат бајатите, дали има некој доминатнен мирис и вкус и со што десерт по тебе најубаво иде?
Kомбинација со овоштија, апетисани, па и до негде со индиска храна, печурки, прженици и пилечо во сос од портокал. Ретко кога мешам со благо, ама една торта така лесна може да улета и да измами. Инаку не сум енолог, ама пијам вино секојдневно и го обожавам. Брутов на вкус мене ми е сув искрено, доминантен е да, така да односот вода вино го терам 2:1.
цената вика дека мора да е солидно, мада нашите винарии си ги преценуваат вината премногу, ко никој друг у свет.
:icon_mrgr:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Kомбинација со овоштија, апетисани, па и до негде со индиска храна, печурки, прженици и пилечо во сос од портокал. Ретко кога мешам со благо, ама една торта така лесна може да улета и да измами. Инаку не сум енолог, ама пијам вино секојдневно и го обожавам. Брутов на вкус мене ми е сув искрено, доминантен е да, така да односот вода вино го терам 2:1.

:icon_mrgr:
Не им верувам на енолозите, повеќе на љубителите. Мислев твое мислење да ми дадеш за брутот и со што го комбинираш.

Каков ти е тој однос вода вино?
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.861
Не им верувам на енолозите, повеќе на љубителите. Мислев твое мислење да ми дадеш за брутот и со што го комбинираш.
Каков ти е тој однос вода вино?
Па секако ти дадов мое мислење од тоа што сум го пробал до сега уз брут варијанта, а бидејќи ми е суво го пијам со вода. :) Односот е 1 чаша суво вино, 2 вода. Барем мене ми одговара така. Ова зборам за кога седам јадам и пијам еснафски. Во спротивно кога пијам здраво вино преферирам да не биде суво бидејќи тогаш пиењето вода ми е трошење време.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Абе брат не е толку добро виното,колку цената шо му е добра и шо навечер по кафани,ваму-таму у главно ова вино го има :D
Добро, и ја го направив ептен којзнае шо, :) али за тие пари шо викаш, виното е одлично.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
пробајте;)
вино и нутела



 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Почнав да дегустирам и пробувам Розе во последно време, па некој препорака за добро розе вино.
Ги пробав досега сортните розе вина од Тиквеш, Стоби и Александрија Розе кое е исто така од Тиквеш.
Имам уште дома за пробување од винарија Вила Марија едно.
Засега ми беше најдобро од Тиквеш розето, и Стоби не беше лошо. Додека Александрија некако не ме бендиса и беше красатко.
 
Член од
27 септември 2013
Мислења
199
Поени од реакции
162
Бело вино само.
Поготово Александрија.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Редовно пијам Македонско на Стоби, и бело и црвено. Може некој да ми даде мислење дали има нормален квалитет? Јас лаички би го ставил во рангот на Кавадарка и Смедеревка на Сковин, не е најлошо, ама и далеку од некој квалитет.
 
Последно уредено:
A

Avenger99

Гостин
Редовно пијам Македонско бело на Стоби, и бело и црвено. Може некој да ми даде мислење дали има нормален квалитет? Јас лаички би го ставил во рангот на Кавадарка и Смедеревка на Сковин, не е најлошо, ама и далеку од некој квалитет.
Не е лошо,катастрофа е :) Ама во тој ценовен ранг не се ни очекува повеќе,кога веќе би пиел Смедеревка таа би била на Тиквеш, итоа мешана со кисела вода зошто чиста тешко се поднесува.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom