Јас и иглите прилично добро се познаваме.
Пред 7-8 години имав пневмонија, не знам колку инфузии испримав, носев канила на левата рака може две ипол недели. Раката ми беше тотално бескорисна тогаш, ни ја виткав, ни прсти мрдав.
Се чудеа и сестрите како толку време ми издржала, обично до две недели било као демек најмногу. Кога ми ја извадија, ги имав сите бои на виножитото на рака.
Оттогаш неам никаков проблем со нив, ни пред тоа немав некој страв. Дури се радувам кога од вена ми земаат крв, отколку од прст кога ќе ми кажат. Тоа повеќе боли.