Ветерна фарма Богданци

B

Bafra

Гостин
nego drugo mi tekna, zamisli investiras i pocnes. i utre denta ti smenat cenata, 10 pati poeftino. i bankrotiras, i posle 2 meseci od tvoeto bankrotiranje,pak si ja vratat cenata kako sto bila.
coek da ne pocne nisto vo zemjava.zakoni se menuvaat preku nokj.
Им текнало тоа на други пред тебе :P .
Шпанија и Италија во 2013 мислам ги укинаа договорите што ги имаа со производителите на фотовлотажна и еднострано им ја намалија "пу пу не важи" субвценционирата гарантирана цена ама не ја вратија :D . Нашиве само препишуваат од запад, не измислуваат топла вода .
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.113
Поени од реакции
8.900
Ама зависи од нивниот енергетски систем,колкав процент од енергијата е од ветер. Кај нас енергијата од ветер е многу мала за да влијае врз кривата на оптоварување,таа се регулира со хидроцентралите кој се гасат за 5 минути доколку има вишок. Е сеа доколку потрошувачката е ептен мала,бидејки РЕК не може да изгаси се испорачува во соседните земји и тука веќе се пазари што не ги разбирам:icon_lol:
Така и мислев. Со оглед на тоа што привршуваме со јагленот, а со гасоводите ситуација биќе неќе, ветерот, соларната енергија, и по мое мислење најмногу биомасата, може да имаат значаен удел во иднина. Само за да базираш систем на обновливи извори, мора барем една реверзибилна хидро, во случај да дојдеме до ситуација да произведеме вишок на струја :D
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Квотите што беа споменати, се однесуваат на ограничување на бројот на приклучени електрани кои имаат примарен обновлив извор на енергија во електроенергетскиот систем, на кои што операторот на „пазарот на електрична енергија“(во случајов, сектор ОПЕЕ од МЕПСО) по добиено одобрение од Регулаторната комисија за енергетика, ќе им плаќа повисока цена за произведен kWh.
Конкретно за тие што беа споменати во оваа тема. тие цени се:
8.9 евроценти (5.48 денари) по kWh за ветерни електрани до 50 MWh
16 евроценти (9.85 денари) по kWh за фотоволтаични електрани до 50 kWh
12 евроценти (7.39 денари) по kWh за фотоволтаични електрани од 50 kWh до 1 MWh
Кој смета дека може да добие ваков државен „бакшиш“, нека бара.
Околу правните лавиринти за тоа (Регулаторна комисија, МЕПСО, Агенција за енергетика, Министерство за економија, евенутално Влада на РМ.....) не можам да зборубам бидејќи не знам детали, обратете се кај некој што знае (ваљда адвокат) пред воопшто почнување било какви работи околу конкретната електрана.

Може да се изгради и приклучи електрана од обновливи извори и без овие „повластени цени“, но во таков случај му посакувам МНОГУ среќа на инвеститорот во финансирањето на цел проект и добивањето одобрение за енергетски приклучок од операторот на мрежата (ЕВН или МЕПСО), ќе му треба.[DOUBLEPOST=1465239080][/DOUBLEPOST]

Од каде тоа дека се привршува со јагленот?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.758
Поени од реакции
17.457
Има јаглен за уште 20 години колку што знам,потоа веројатно ќе се увезува. Или ќе увезуваме струја.
Ама само со обновливи извори не може да се одржуваме,има уште неколку потенцијални хидро и ветерни централи другото е искористено. А сончевата енергија е поскапа,никој нејке дупла сметка да плаќа.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.113
Поени од реакции
8.900
Квотите што беа споменати, се однесуваат на ограничување на бројот на приклучени електрани кои имаат примарен обновлив извор на енергија во електроенергетскиот систем, на кои што операторот на „пазарот на електрична енергија“(во случајов, сектор ОПЕЕ од МЕПСО) по добиено одобрение од Регулаторната комисија за енергетика, ќе им плаќа повисока цена за произведен kWh.
Конкретно за тие што беа споменати во оваа тема. тие цени се:
8.9 евроценти (5.48 денари) по kWh за ветерни електрани до 50 MWh
16 евроценти (9.85 денари) по kWh за фотоволтаични електрани до 50 kWh
12 евроценти (7.39 денари) по kWh за фотоволтаични електрани од 50 kWh до 1 MWh
Кој смета дека може да добие ваков државен „бакшиш“, нека бара.
Околу правните лавиринти за тоа (Регулаторна комисија, МЕПСО, Агенција за енергетика, Министерство за економија, евенутално Влада на РМ.....) не можам да зборубам бидејќи не знам детали, обратете се кај некој што знае (ваљда адвокат) пред воопшто почнување било какви работи околу конкретната електрана.

Може да се изгради и приклучи електрана од обновливи извори и без овие „повластени цени“, но во таков случај му посакувам МНОГУ среќа на инвеститорот во финансирањето на цел проект и добивањето одобрение за енергетски приклучок од операторот на мрежата (ЕВН или МЕПСО), ќе му треба.[DOUBLEPOST=1465239080][/DOUBLEPOST]
Од каде тоа дека се привршува со јагленот?
Како што пиша Димитар, 20 години отприлика, е релативно краток рок за енергетика. Секоја изработка на физибилити студии и други проверки е долготрајна, а и генерално се изработуваат за подолг период однапред. Опцијата за увезување на јаглен останува, колку што сум запознаен јагленот од Грција е лигнит со низок квалитет, останува како некоја пореална опција Србија бидејќи има поголеми резерви. А при увоз на јаглен се јавува рак-раната кај нас, патна инфраструктура и железници. Од увоз на нискоквалитетен јаглен, ем зголемени трошоци ем сите можни емисии на штетни издувни гасови - милина.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
На територија на РМ, јаглен има и за повеќе од 20 години, ама проблемот е што не баш блиску до сегашната ТЕЦ во Новаци и треба да се транспортира до таму. Ама (би требало да) има кој да мисли и прави пресметки за тоа, не е тоа темата.

Кај фотоволтаичните системи, цената на опремата во годините наназад опаѓа побрзо отколку за другите видови електрани и тоа се очекува да продолжи. Пред околу еден месец, случајно видов вест како на аукција/тендер во Дубаи, арапско-шпанска компанија-изведувач понудила да изгради 800MW-ен соларен парк по цена од 2.99 доларценти за kWh (малку чудно, обично се смета цена за изграден W моќност...но тоа е), што е во рангот на цената од капацитет како РЕК Битола и тоа без трошоци за екологија. Тоа не значи „крај, одиме на соларни електрани“, ама значи дека вреди можностите за искористување на сончевата енергија постојано да се следат и да не се потценуваат.

Според мене, ограничувањето не треба да биде само на тие т.н. „соларни паркови“, туку и синхронизација со градежната индустрија за примена на технологиите на користење на енергија од сонце во рамки на било какви градби. Тоа повлекува многу работа и промена на свест и навики воопшто во целокупното живеење, така што да не ширам, во општество со (не)прилики како овдешното, нема такво нешто ни во скоро ни пак во подалечно време.

За обновливите извори Македонија може многу да искористи од ЕУ, ама со оглед на тоа што земјата е далеку од тоа, не вреди да се дискутира.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.758
Поени од реакции
17.457
И нашиот е нискоквалитетен мислам,а вајда може да увезат преку солун поквалитетен.. А да и ако некад добиеме ефтин гас,ТЕТО можеби ќе стане исплатливо.
Ама енергијата е многу поефтино да ја штедиме него да ја создаваме,како на пример со енергетски ефикасни градби и промена на некој навики окулу користењето на енергијата.
 
Колку за јагленот, да има резерви во Македонија, знам сигурно во Неготино, ама проблемот е што е потребно јамско ископување, и може ТЕЦ Неготино да се пренамени на јаглен, но колку што знам, од разговори со некои од вработените, се разгледува некоја опција да се додаде уште една гасна турбина, и да работи на гас во комбиниран циклус. Колку сериозно се работи на тоа не знам, но тоа би било одлична опција.

Во поглед на заштедата на енергија, потполно се согласувам и со двајцата. Баш деновиве завршувавме еден проект за енергетски потреби на куќа во Полска. Заштедите од правилна ориентација, геометрија и соодветен избор на материјали се огромни.

Во однос на енергијата кај нас, мислам дека е добра опција да се насочиме кон енергија од биомаса. Веќе се користи за греење, и почнаа неколку мали електрани со работа. Има исто доста простор и за истражувачка работа во тој дел, добар дел од инженерите би останале дома, наместо да лутаме по светот.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Како што пиша Димитар, 20 години отприлика, е релати вно краток рок за енергетика. Секоја изработка на физибилити студии и други проверки е долготрајна, а и генерално се изработуваат за подолг период однапред. Опцијата за увезување на јаглен останува, колку што сум запознаен јагленот од Грција е лигнит со низок квалитет, останува како некоја пореална опција Србија бидејќи има поголеми резерви. А при увоз на јаглен се јавува рак-раната кај нас, патна инфраструктура и железници. Од увоз на нискоквалитетен јаглен, ем зголемени трошоци ем сите можни емисии на штетни издувни гасови - милина.
И нашиот е нискоквалитетен мислам,а вајда може да увезат преку солун поквалитетен.. А да и ако некад добиеме ефтин гас,ТЕТО можеби ќе стане исплатливо.
Ама енергијата е многу поефтино да ја штедиме него да ја создаваме,како на пример со енергетски ефикасни градби и промена на некој навики окулу користењето на енергијата.
Таа бројка од 20 години ја сретнав сега скоро, во известувања од медиуми за набавка на рударска опрема за рудниците Суводол и Брод Гнеотино во Новаци. Веќе пишав, јаглен има многу повеќе, ама приказната е отприлика ваква...
Како дел од Пелагониски басен, во прилепскиот дел од Мариово има јаглен уште најмалку за толку години горење со калоричност (квалитет) на ниво на тоа од битолските краишта. Една важна разлика е тоа што оној „почистиот“ јаглен од битолскиот дел е веќе изгорен и останува јаглен мешан со влага/земја/пепел, додека во прилепскиот дел го има и почистиот јаглен.
Само прилепско-мариовскиот јаглен би можел да се користи и повеќе од 20 години.
Се тоа супер, ама од таму до РЕК Битола во Новаци, има околу 30 километри воздушна линија или околу 90 километри по постоечки патишта. Имало идеи за изградба на електрана таму или изградба на железничка линија од таму до постоечкиот РЕК по најкратко можно растојание, ама од тоа до било каква реализација, не би коментирал.
Во Грција го има тој истиот јаглен од битолско и прилепско затоа што станува збор за геолошки ист басен ама и тие го горат, имаат електрана кај Козани/Кожани блиску до граница со Македонија. За друго место со јаглен во Грција, не знам. Надвор од РМ, најблиску јаглен може да се бара во Косово, но да не навлегуваме.

Еден период додека студирав, читав разни стратегии/предпроекти/штоидасе поврзани со ова затоа што ми беше индиректно поврзано со студиите, но реално ако не сте вработени во ЕЛЕМ/РКЕ/Министерство за економија/слично...нема потреба да се занимавате со ова. Доколку не сте тамошни вработени, тоа што можете е последната реченица од постот на @Dimitar171 - да си ја есапите потрошувачката на енергија најдобро што можете.[DOUBLEPOST=1465247608][/DOUBLEPOST]
Им текнало тоа на други пред тебе :P .
Шпанија и Италија во 2013 мислам ги укинаа договорите што ги имаа со производителите на фотовлотажна и еднострано им ја намалија "пу пу не важи" субвценционирата гарантирана цена ама не ја вратија :D . Нашиве само препишуваат од запад, не измислуваат топла вода .
Не мораш да одиш толку далеку.
This is what you call bad solar policy, bad investment and business policy, and overall bad policy.
Greece has retroactively cut solar feed-in tariffs (FiTs) by 30% on average. Of course, it comes as part of broader economic problems in Greece.
The New Deal would alter those rates not only for new systems going forward but also for systems that are already in place and have existing contracts.

Во антички Рим имало период кога користеле урина за чистење. Ефтина била, ја имало во изобилие. Што направил царот? Вовел данок на урина, да не пишам (ама ќе пишам) данок на мочање.
Тоа е, од држава нема бегање.

Колку за јагленот, да има резерви во Македонија, знам сигурно во Неготино, ама проблемот е што е потребно јамско ископување, и може ТЕЦ Неготино да се пренамени на јаглен, но колку што знам, од разговори со некои од вработените, се разгледува некоја опција да се додаде уште една гасна турбина, и да работи на гас во комбиниран циклус. Колку сериозно се работи на тоа не знам, но тоа би било одлична опција.

Во однос на енергијата кај нас, мислам дека е добра опција да се насочиме кон енергија од биомаса. Веќе се користи за греење, и почнаа неколку мали електрани со работа. Има исто доста простор и за истражувачка работа во тој дел, добар дел од инженерите би останале дома, наместо да лутаме по светот.
Руските „јужни“ гасоводни цевки останаа во историјата, амеро-азербејџанските не поминуваат овде дури ни како разгранок/крак. Ако изградат продолжение на таа од кај Куманово и Скопје до Неготино, може. Уште гасот да е поефтин, супер. Ама... .
Инаку истата гасна песна беше и за Осломеј електраната.
Што се однесува до мене, нека биде. Ама како што реков, ама... .

Кои мали електрани на биомаса почнале со работа? Да не ги мешаш со тие на биогас?
Биомасата е супер, само ако се работи по принцип од типот на „за 1 изгорено дрво, 2 да се засадат“. Прошетај по планините, и види колку се работи на тој начин.
А тоа последното, како инженер скоро сигурно е дека барем во делови од животот ќе бидеш надвор од РМ без разлика каде и за што работиш, гледај да не биде „лутање“. ;)
 
Последно уредено:

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.113
Поени од реакции
8.900
Таа бројка од 20 години ја сретнав сега скоро, во известувања од медиуми за набавка на рударска опрема за рудниците Суводол и Брод Гнеотино во Новаци. Веќе пишав, јаглен има многу повеќе, ама приказната е отприлика ваква...
Како дел од Пелагониски басен, во прилепскиот дел од Мариово има јаглен уште најмалку за толку години горење со калоричност (квалитет) на ниво на тоа од битолските краишта. Една важна разлика е тоа што оној „почистиот“ јаглен од битолскиот дел е веќе изгорен и останува јаглен мешан со влага/земја/пепел, додека во прилепскиот дел го има и почистиот јаглен.
Само прилепско-мариовскиот јаглен би можел да се користи и повеќе од 20 години.
Се тоа супер, ама од таму до РЕК Битола во Новаци, има околу 30 километри воздушна линија или околу 90 километри по постоечки патишта. Имало идеи за изградба на електрана таму или изградба на железничка линија од таму до постоечкиот РЕК по најкратко можно растојание, ама од тоа до било каква реализација, не би коментирал.
Во Грција го има тој истиот јаглен од битолско и прилепско затоа што станува збор за геолошки ист басен ама и тие го горат, имаат електрана кај Козани/Кожани блиску до граница со Македонија. За друго место со јаглен во Грција, не знам. Надвор од РМ, најблиску јаглен може да се бара во Косово, но да не навлегуваме.

Еден период додека студирав, читав разни стратегии/предпроекти/штоидасе поврзани со ова затоа што ми беше индиректно поврзано со студиите, но реално ако не сте вработени во ЕЛЕМ/РКЕ/Министерство за економија/слично...нема потреба да се занимавате со ова. Доколку не сте тамошни вработени, тоа што можете е последната реченица од постот на @Dimitar171 - да си ја есапите потрошувачката на енергија најдобро што можете.[DOUBLEPOST=1465247608][/DOUBLEPOST]
Не мораш да одиш толку далеку.
This is what you call bad solar policy, bad investment and business policy, and overall bad policy.
Greece has retroactively cut solar feed-in tariffs (FiTs) by 30% on average. Of course, it comes as part of broader economic problems in Greece.
The New Deal would alter those rates not only for new systems going forward but also for systems that are already in place and have existing contracts.

Во антички Рим имало период кога користеле урина за чистење. Ефтина била, ја имало во изобилие. Што направил царот? Вовел данок на урина, да не пишам (ама ќе пишам) данок на мочање.
Тоа е, од држава нема бегање.

Руските „јужни“ гасоводни цевки останаа во историјата, амеро-азербејџанските не поминуваат овде дури ни како разгранок/крак. Ако изградат продолжение на таа од кај Куманово и Скопје до Неготино, може. Уште гасот да е поефтин, супер. Ама... .
Инаку истата гасна песна беше и за Осломеј електраната.
Што се однесува до мене, нека биде. Ама како што реков, ама... .

Кои мали електрани на биомаса почнале со работа? Да не ги мешаш со тие на биогас?
Биомасата е супер, само ако се работи по принцип од типот на „за 1 изгорено дрво, 2 да се засадат“. Прошетај по планините, и види колку се работи на тој начин.
А тоа последното, како инженер скоро сигурно е дека барем во делови од животот ќе бидеш надвор од РМ без разлика каде и за што работиш, гледај да не биде „лутање“. ;)
Знам за сигурно, беше објавено за Везе Шари или таканешто, фармата за јајца, дека ја пуштија во работа, електрана со мал капацитет. Имаше уште неколку објавено по нашите медиуми, дека се во фаза на изградба мислам, има квота исто и за струја од биомаса. Тоа за биогас, мислам дека беше во регионот на Битола, изградено со помош од УС Аид.
За дрвата јасно е, нема потреба од дискусија. Кога зборувам за биомаса, генерално мислам на отпад од земјоделие, како најобилен извор, кој често нема некоја друга примена, а Македонија е земја во која земјоделието има важна улога.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
15.962
Знам за сигурно, беше објавено за Везе Шари или таканешто, фармата за јајца, дека ја пуштија во работа, електрана со мал капацитет. Имаше уште неколку објавено по нашите медиуми, дека се во фаза на изградба мислам, има квота исто и за струја од биомаса.
Функционира ова.
Везе Шари користи струја што сама ја произведува.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Знам за сигурно, беше објавено за Везе Шари или таканешто, фармата за јајца, дека ја пуштија во работа, електрана со мал капацитет. Имаше уште неколку објавено по нашите медиуми, дека се во фаза на изградба мислам, има квота исто и за струја од биомаса. Тоа за биогас, мислам дека беше во регионот на Битола, изградено со помош од УС Аид.
За дрвата јасно е, нема потреба од дискусија. Кога зборувам за биомаса, генерално мислам на отпад од земјоделие, како најобилен извор, кој често нема некоја друга примена, а Македонија е земја во која земјоделието има важна улога.
Биогасна централа е и таа од Везешари, нивниот отпад плус отпад од сточари од цела полошка околина плус од некои винарии со кои се договориле, се ферментира до метан кој се гори. Таму лично сум видел и затоа ми е познато.
За Битола, колку што ми е познато со оглед на тоа што не знам многу детали за таму, на истиот принцип работи и тој систем (можно е да е со дигестори наместо со ферментација), само што отпадот е од самиот инвеститор (ЗИК Пелагонија) и можеби од околни сточари. Инвестицијата е се, само не УСАИД, ама не навлегувам затоа што станува збор за апла политичка позадина. Ова се разбира, ако мислиме на истата централа во Битола, јас за друга не знам.

Во ред е, се разбравме, по таква логика биогас му доаѓа како подслучај од поголема област на енергија на биомаса, тука сме некаде.
Освен за крајот, околу улогата на земјоделието за Македонија, не би бил толку сигурен во важноста, особено како тенденција од година во година.
 
Јас пишав електрана, бидејќи од поодамна ја има в прочитано информацијата, не бев сигурен дали е со гасна или парна турбина, штом е гасна уште подобро и поефикасно.

За Битола сега баш прогуглав, истата е.

За земјоделието во Македонија :D и моите дома имаат некоја просечна површина на лозје. Исто како за дрвата, нема потреба од понатамошна дискусија, сите знаеме каква е реалноста. Поентата ми беше дека големи површини се користат за земјоделски насади, од различни видови, и плус има неколку поголеми посериозни фарми за јајца, млеко и месо. Нема да биде којзнае колкав придонес од нив кон енергетскиот систем во целост, ама сепак е позитивно дека се градат различни видови на постројки, може во блиска иднина да допринесе повеќе поголеми компании да размислуваат барем своите потреби да ги задоволуваат со сопствени мини електрани.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Со оглед на поставеноста на темата согласно воведниот пост, еве и накратко конкретно за ветерниците во Богданци.

Како што веќе пишаа, во првата година севкупно е надмината проекцијата за произведени киловатчаса електрична енергија, и тоа доста. Проблемот е во тоа што и е предвидено од претходно, а тоа е непостојаноста на ветерот како примарен извор на енергија. Во тест периодот пред две години, мислам дека беше месец мај, производството од ветерниците е такво што од час до час варира буквално од нула до максимум. Максимумот е во некои вечерни и утрински часови, преку ден шаренило. Од тогаш па наваму не знам, ама претпоставувам дека е слично.

Мое мислење е дека е ок проект, не е лошо ниту сјајно. Кошта пари самата изградба, ама затоа нема големи трошоци во тек на работата и се заштедува што не се пуштаат некои хидроелектрани кои би работеле во некои моменти место ветерниците.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom