Вашите анализи за иднината

  • Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Иднината е предвидувана во стотици книги и филмови од жанрот анти-утопија (дистопија) каде на разни начини се доаѓа до ист заклучок...дека иднината ќе е ужас...
Следејќи ги современите состојби најрелна опција е онаа од Хаксли во Храбриот Нов Свет...конечен триумф на турбо-капитализмот...потрошувачката како божанство...емоциите елиминирани...иако не се малку показатели кои навестуваат и остварување на кошмарите на Џорџ Орвел од 1984.

За Македонија...нешто како Никагарва или Ел Салвадор...најреално сценарио...
Една шака олигарси кои ќе доминираат...олигарси од рурален вид...

Богатите ќе стануваат уште побогати...а за сиромашните...погодете...
Телевизијата ќе има уште поголема улога во лоботомијата на населението...
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Пјонгјанг се заканува со нуклеарен напад врз Јужна Кореја и САД:vozbud:
16.08.2009 13:05
Официјален Пјонгјанг ја осуди претстојната воена вежба на САД и Јужна Кореја и се закани дека двете земји ќе ги нападне со нуклеарно оружје ако ја загрозат севернокорејската безбедност.
Американските и јужнокорејските вооружени сили утре почнуваат заедничка воена вежба, по извесен период откако властите во Северна Кореја ги ослободени двете американски новинарки и јужнокорејскиот работник.
Северна и Јужна Кореја правно се уште се во војна, бидејќи конфликтот од 1950 до 1953 заврши со примирје, но никогаш двете страни не потпишаа мировен договор.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112637

I na kraj nedaj boze da ne zapocne ova kako sto e na video klipcevo

:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Во предходниот пост дадов розова слика (но реална, се надевам), за светот на иднината. Еве и едно песимистичко сценарио. Дали е и реално, ако не се надминат денешните проблеми со демографската експлозија, сиромаштијата, верскиот фанатизам...???
Во Европа, како последица на економска криза (бетер од денешната), како и поради се поголемиот број на доселеници од третиот свет, на власт доаѓаат партии од крајната десница. Прва мерка што ја преземаат е запирање на проширувањето на ЕУ, прекинување со финансирањето на солидарните фондови, за сиромашните членки... Доселениците се обвинети за узурпација на работните места ... Започнува процес на депортација... Нешто слично се случува и во САД. Богатите се обидуваат целосно да се изолираат од сиромашните земји...Не се заинтересирани за нивните проблеми.

Во земјите од третиот свет, никогаш не било полошо. Бројот на муслимани го надмина бројот од 2 милијарди. Се очекува да се роди 3 милијардитиот муслиман. Сиромаштија, беда, глад како никогаш порано. Нема доволно производство на храна, за да се задоволат овие потреби. Но затоа пари за оружје се наоѓа и е приоритет. Производството на нуклеарно оружје е многу поедноставено. Нуклеарно оружје во фабриките се произведува масовно, како кобасици. Се очекува да дојде спасителот, кој што ќе ги обедини сите муслимани и ќе го формира третиот калифат.

Во Европа се насетува опасноста. Гладните тропаат на портите на Европа. Настанува паника. Спасот е во новиот папа, кој што се заканува со крстоносна војна. Повторно се случува “кристалната ноќ”. Се прогонуваат преостанатите муслимани. Нуклеарната војна е неизбежна. Ја започнуваат муслиманите. Немаат што да изгубат. Технолошки се инфериорни, но имаат нуклеарно оружје. Бројноста е на нивна страна. Детално го проучиле антиракетниот штит и знаат како да ги искористат неговите слабости. Оваа војна е многу поинаква од сите предходни. По војната настапува нуклеарната зима.

Оние што не загинле во војната имаат тешки последици. Генетски болести, рак... Ај и тука ќе завршам со оптимизам (ако може така да се каже). Елитата има технологии како клонорање, нано технологија, генетски инженеринг, со кој што се поправаат генетските грешки и се лечат генетските болести. Ракот се лечи на клеточно ниво, со уништување на клеткиите на ракот со наномашини. Се создава нова генерација на луѓе, кој што се способни да преживеат во услови на нуклеарна зима. Се промовираат и нови технологии, кои што за кратко време ќе ја обноват животната средина. Бебиња се произведуват во фабрики. Луѓето се само донори на генетски материјал. И започнува новата ера. Потребно е да за разори цел еден свет, за да се создаде нов, понапреден.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Уф сценариово бааги дупки ти има....
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Предвидувања:
2006 – Муслиманите ќе измиослат нов страшен вид на оружје. Сите ќе почнат да се приготвуваат за војна, да собираат резерви од оружје, храна, лекарства, вода и анти-гасови, ќе почнат да бегаат во планините, во шумите, во пештерите итн.

2008 – Конфликт во Хиндустан. Ова ќе биде една од причините за третата светска војна.
2009 - Светска економска криза. САД ќе ослабне.

2010 – Ќе започне трета светска војна. Војната ќе почне во ноември 2010 г. а ќе заврши во октомври 2014 г. Ќе почне како обична(со конвенционално оружје), потоа ќе биде применето на почетокот атомско а потоа и хемиско оружја.

2011 - Како резултат на радиоактивни отпадоци на северната полутопка нема да останат ни животни ни растенија. Потоа муслиманите ќе почнат хемиска војна против преостанатите живи европејци.

2012 - САД ќе се подели на 5 самостојни држави.

2014 – Поголемиот дел од луѓето ќе страдаат од чирови, рак на кожата и други кожни болести (последици од хемислата војна)

2016 – Европа ќе биде речиси без население

2018 – Кина ќе стане нова светска велесила. Земјите во развој од експлоатирани ќе се претворат во експлоататори.

2023 – Малку ќе се измени орбитата на Земјата.

2025 – Европа се уште ќе биде малку населена.

2028 – Ќе се создаде нов извор на енергија (најверојатно ова ќе биде контролирана термонуклеарна фузија). Гладот постепено ќе се надмине. Ќе стартува вселенски брод кон Венера управуван од човек.

2033 – Поларните луѓе тонат. Се зголемува нивото на Светските океани.

2043 – Светската економија ќе процвета. Европа ја водат муслиманите.

2046 – Ќе може да се пресадуваат сите органи. Замената на органите ќе стане еден од најдобрите методи на лечење.

2066 – За време на нападот на муслиманскиот Рим, САД применуваат нов вид на оружје – климатско. Нагло застудува.

2076 – Блескаво општество (комунизам)

2084 – Обновување на природата

2088 – Нова болест – стареење за неколку секунди!!!

2097 – Брзото стареење е победено.

2100 – Вештачко “Сонце” ќе ја осветлува темната страна на Земјата.

2111 – Луѓето ќе станат киборзи (живи роботи)

2123 – Војни меѓу мали области. Државите нема да се вмешаат.

2125 – Во Унгарија ќе пристигнат сигнали од вселената

2130 – Колонии под вода

2164 – Животните се претвараат во полулуѓе

2167 – Нова религија.

2170 – Голема суша.

2183 – Колонијата на Марс ќе стане нуклеарна сила и ќе побара независност од Земјата (како на времето САД од Англија)

2187 – Ќе се запре ерупцијата на 2 големи вулкани.

2195 – Морските колонии целосно ќе снабдуваат и со енергија и со храна.

2196 – Целосно мешање на азијатите и европејците.

2201 – Термонуклеарниот процес на сонцето забавува. Ќе застуди.

2221 – Во потрага по вонземјани, човештвото стапува во контакт со нешто ужасно.

2256 – Вселенски брод ќе донесе на земјата нова страшна болест.

2262 – Постепено се менуваат орбитите на планетите. На Марс му се заканува комета.

2271 – Повторно ќе бидат изменети физичките “константи”

2273 – Мешање на жолтата, белата и црната раса. Нови раси.

2279 – “Енергија од ништо” (веројатно од вакуум или од “црните дупки”)

2288 – Патување во времето. Нови контакти со вонземјани.

2291 – Сонцето се гаси. Ќе се преземат обиди за да се запали пак.

2296 – Се изменува силата на тежата. Почнуваат да паѓаат старите вселенски бродови и станици.

2299 – Во Франција – партизанско движење против исламот.

2302 – Ќе бидат откриени нови важни закони и тајни на Вселената.

2304 – Ќе биде откриена е тајната на месечината

2341 – Нешто страшно се приближува кон од вселената кон Земјата.

2354 – Хаварија од едно од вештачките Сонца доведува до суша.

2370 – Голем глад

2378 – Нова раса што брзо се развива.

2480 – Ќе има 2 вештачки Сонца. Земјата е во самрак.

3005 – Војна на Марс. Ќе се наруши траекторијата на планетите.

3797 – Во ова време на земјата ќе загине се живо, но човештвото ќе најде сили за нов живот во друг ѕвезден систем.

http://iluzionist.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=131&Itemid=75:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Уф сценариово бааги дупки ти има....
Не може без дупки. Личи на сценарио од хорор филм...:ija:
Сепак го преферирам сценариото, од предходниот мој пост(на предходната страна). Но сепак, иднината никој никогаш не успеал да ја предвиди. Ќе биде нешто трето.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Доста е актуелно сега ова со муслиманиве.А остануваме слепи на оние кои навистина имаат способност за реализација на такво сценарио т.е Кинезите.Се од што се плашиш и божемски треба или ке го имаат новите агресори всушност го има Кина.Нуклеарки,ракети да ги исфрлат било каде истите,скоро 2 милијарди,при крај нсо ресурси итн итн....
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
ОК! Може некое слично сценарио да се замисли и со Кинезите. Но сепак, Кинезиве имаат голем економски и технолошки напредок. Ќе го следат патот на Јапонија, Јужна Кореја, Тајван ... Имаат и проблеми, пред се етнички. Но сепак ... Со САД имаат и ќе имаат многу повеќе заеднички, економски интереси. Ривалитетот ќе премине во втор план.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Вака ќе биди:


:toe::toe::toe::toe::toe::toe::toe::toe::toe:
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
За технологијата. Да, инфериорни се. Но, ракета која што ќе пробие ракетен штит, е многу поедноставно и со пониска цена да се направи, отколку истиот таков штит.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Хммм па не би рекол оти баш ке имаат заеднички интереси.Кина сега има потреба за нови ресурси треба да се шири,па тајван да го реинтегрира.Во изградба им се преку 100 бродови а не треба да кажувам што значи тоа за САД кои ја имаат преродената руска морнарица на врат па сега и кинеската а здравје и Индиската.Тука веднаш се Јапонија и јужна кореја кои се од витално значење за САД а кои се меѓу првите кои ке настрадаат од кина.Заради Кинезиве многу скоро и русија ке ја видиме во НАТО ми се чини..

едит околу ракетите и ракетните штитови...далеку се муслиманските земји од такви ракети.Дволно е Русија само да се справи со нив и она што располагаат.....
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Точно, ресурсите се проблем... Но заедничките интереси ќе надвладеат. И новите технологии... Тајван сигурно ќе се реинтегрира со Кина. Нема САД да прават проблеми и економските интереси да ги стават во втор план.

Русија ги има денес. Сигурно муслиманиве ќе ги имаат утре. Се уште не е смислена заштита од ракети со повеќе боеви глави. А не е тоа нова технологија. За Топол М, ракетите кој што го менуваат правецот на лет и да не зборуваме. Штитот секогаш бил и ќе биде зад копјето. А нападот е најдобра одбрана.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Само да додадам. Огромна е трговската размена помеѓу Кина и САД. Во иднина ќе биде уште поголема. Кина е најголемиот финансиер на буџетскиот дефицит на САД. Тоа се заеднички интереси.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
Само да додадам. Огромна е трговската размена помеѓу Кина и САД. Во иднина ќе биде уште поголема. Кина е најголемиот финансиер на буџетскиот дефицит на САД. Тоа се заеднички интереси.
sto ne znaci i deka i ponatamu ke bidat.:0
 

Kajgana Shop

На врв Bottom