Вашите анализи за иднината

  • Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Темава ја отворамза да ги искажете вашите анализии претпоставки што ќе се случува на светот или пак на Македонија вие бирате

Како ќе се движи политката,каде ќе има конфликти,економија и згадување натален раст ,криминал итн

значи бирате дали ќе правите анализи за Светот,европа,балкан или Македонија

Повелете испробајте ги вашите аналитички способности тука
се надевам дека ќе се развие плодна дискусија и ве молам ако можете вашите аргументи поткерепете ги со линкови до статии од познати медиуми и весници
 
V

[vladimir]

Гостин
Да почнам со нашата државичка која има визија и гледа иднина во евроатланската заедница. Очајно оптимистички се гледа на тоа, па ок еве јас ќе бидам песимист да направиме некој баланс.
Без цврста економска база, не можеме да се изградуваме ние како нација. Не го гледам воопшто концептот на Владата за економски развој. Која е таа преродба кои се тие 100 чекори? Ова го нема никаде во светот. Плачеме и викаме "ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНИЈА", а што би требало да значи тоа? Ние ништо не нудиме, инвеститорите треба да дојдат и онака да измислат во што би ги вложиле парите. Така ќе ги привлекуваме? Земјите во транзиција ко нас имаат готови проекти на светскиот пазар на пари и ги убедуваат со аргументи инвеститорите дека ќе имаат профит и интерес. Бладата се замара со споменици, коњи, лавови по плоштадот, а што е битно што ние немаме образование, патишта, нема проекти etc. Немам многу сјајна визија.

A за светот, го чека муслинамска инвазија...се осекам како некој гатач

 
M

marsovka

Гостин
[vladimir];2821358 напиша:
Да почнам со нашата државичка која има визија и гледа иднина во евроатланската заедница. Очајно оптимистички се гледа на тоа, па ок еве јас ќе бидам песимист да направиме некој баланс.
Без цврста економска база, не можеме да се изградуваме ние како нација. Не го гледам воопшто концептот на Владата за економски развој. Која е таа преродба кои се тие 100 чекори? Ова го нема никаде во светот. Плачеме и викаме "ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНИЈА", а што би требало да значи тоа? Ние ништо не нудиме, инвеститорите треба да дојдат и онака да измислат во што би ги вложиле парите. Така ќе ги привлекуваме? Земјите во транзиција ко нас имаат готови проекти на светскиот пазар на пари и ги убедуваат со аргументи инвеститорите дека ќе имаат профит и интерес. Бладата се замара со споменици, коњи, лавови по плоштадот, а што е битно што ние немаме образование, патишта, нема проекти etc. Немам многу сјајна визија.
само една работа си испуштил премногу луѓе не јас осеќаат земјава како своја то ест како заедница кон која треба да придонесуваат


Нажалост тоа не доведе до ова дереџе
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
За несреќа ( или среќа ) постојат разно разни вируси - болест, природни - неприродни...
 
F

FilipMacedon

Гостин
[vladimir];2821358 напиша:
Да почнам со нашата државичка која има визија и гледа иднина во евроатланската заедница. Очајно оптимистички се гледа на тоа, па ок еве јас ќе бидам песимист да направиме некој баланс.
Без цврста економска база, не можеме да се изградуваме ние како нација. Не го гледам воопшто концептот на Владата за економски развој. Која е таа преродба кои се тие 100 чекори? Ова го нема никаде во светот. Плачеме и викаме "ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНИЈА", а што би требало да значи тоа? Ние ништо не нудиме, инвеститорите треба да дојдат и онака да измислат во што би ги вложиле парите. Така ќе ги привлекуваме? Земјите во транзиција ко нас имаат готови проекти на светскиот пазар на пари и ги убедуваат со аргументи инвеститорите дека ќе имаат профит и интерес. Бладата се замара со споменици, коњи, лавови по плоштадот, а што е битно што ние немаме образование, патишта, нема проекти etc. Немам многу сјајна визија.

A за светот, го чека муслинамска инвазија...се осекам како некој гатач

Ахам сигурно.
Ако ја гледаме статистиката,ке сфатиме дека се предвидувала само не она што точно се случувало.
За Нацистите предвидуваа превласт на светот,се случи Сталинградската битка и ништо од тоа Берлин пепел.
За Европска унија предвидуваа статистички создавање на еден "европски народ",се создадоа неколкуте бирократи во Брисел,создаа капиталистичка империја која е кон работ на пропаст.
Статистички мислеа дека Америка готово,веќе е врховен командант на човештвото,ама се случи новата рецесија,и сега со Обама не сакаат ни да се поздрават Русите.
Значи секогаш кога се зборува за глобална доминација,секогаш нешто ненадејно излегува
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Обожавам вакви анализа па ќе одам година по година

2009 - Македонија го променува името во Северна Македонија додека во меѓународна употреба е прифатено името Cool Macedonia предлогот е од новоизбраниот гувернерот на Илиноис Dr.Dre

Во светски рамки Украина го отвора новиот факултет за проституција и еротска масажа Тереза Орловски

Преку барата поточно во Гренланд е откриен вирус од кој се зголемува телесната температура за 4 степени голема опасност за топење на Гренланд инфицираните лица се пренесени по брза постапка во Флорида


2014

Голем успех на Кул Македонија во рамките на сузбивање на дебелината. Просечниот Македонец тежи 48.2 килограми
Васил Тупурковски засрамено се откажува од Македонското државјанство и зема државјанство на САД.

Докторот на Мајкл Џексон бразилецот Гутиерес пред смртта признава дека пресадувањето на кожата на Џеко е реципрочна со Барак Обама.
Обама ги отфрлува обвинувањата, големи протести организирани од правнукот на Мартин Лутер Кинг.

Германскиот канцелар Ордаган Шмит ветува дека старите автобуси ќе се донираат во земји во транзиција несрамежливо споменуваќи ја Македонија како потенцијален корисник.
Останатите три земји во транзиција (Куба,Бангладеш и Шри Ланка)испратија протестно писмо до Ордаган за нетранспаретност.

Премиерот на Кул Македонија Груевски со најновата технологија на Филипинскиот стручњак Де Лима Опису почнува да ја изговара буквата Р.
Организирана свеченост по тој повод на арената Филип 2, премиерот одушевено брмчи до нацијата. БРРРРРРРРРРРММММММММ БРМММММММММММ.
Секретарот на НАТО Бесник Мемиши со честитки до Груевски


2038

Киро Глигоров се кандидира за претседател на Кул Македонија

Светот - Папата признава дека е пронајден гробот на Исус и неговото тело, МПЦ ја отфрла Коперниковата теорија за универзумот,Земјата се држи на три кита сеуште.

Мајкрософт банкротира, Кинескиот софтвер со нано димензии е општоприфатен во светот

Франција - Во забутано село во близината на Швајцарската граница се пронајдени последните белци во Франција. Премиерот Али Шамак му доделува за нагрда кокер шпаниел.

Нови немири во Грција срушена статуата не Александар Македонски во Каламата, полициските сили воопшто не реагираат и се приклучуваат кон протестантите, Грција е во паника, колоната на Кул Македонци кој одат да го поминат летниот одмор во Грција се повеќе расте,министерот за надворешни работи Латас ги почестува чекачите со ладна вода.

2067

Изграден е пат во делницата од 3,5 км Велес-Градско претседателот Влатко Ѓорчев свечено го пушта во употреба со зборовите преродба во 100 чекори.

Јапан - Урнати сите патишта заради нефункционалност хибридните летала од групацијата Мазда ја изведоја новата генерација 5.9 еарлибрд со погон на криптонит.

2109

Влез на Македонија како асоцијативна членка на НАТО и ЕУ со знамиња и песни е прославена оваа победа.

Премиерот Црвенковски внук на оддамна починатиот премиер се обрати до нацијата дека на 15 Септември ќе има по еден вработен во семејство, Киро Глигоров видно остарен дефинитивно се откажа од политичката трка.

Историчарот Љупчо Георгиевски денеска потесети на неговиот татко Лав кој се откажа од Бугарското државјанство и докажа дека Карпатите потекнуваат од Македонија.

Светот

11 миљардитиот жител е роден во главниот град на Артикот Обама кој број 12 милиони жители.

Пронајден е нов сингл на Мајкл Џексон, торент и рапидшеар ја тужат издавачката куќа на Џеко за превземање на материјалот и нивна дистрибуција.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
2110 Пронајден е гобот на Тито. Во јавноста излегуваат информации дека гробот е пронајден во 2106 од страна на археолозите. Претседателот на Т.Ф. Србија Синан Сакичстон ги негира информациите.

2117 Во државата Абракадабра се забранува носењето на било каква облека.

2145 Земјаните го колонизираат Јупитер. Масовно се градат бурекчилници и Мк Доналдс објекти.

2167 Во Америка е најден најстариот белец и виљушката од кој што Алах јадел на тајната вечера. Исус негира излевајќи во јавноста.

Се потврди тезата дека Токио е изграден од пра Бугари.

2200 Граѓанска војна на Јупитер помеѓу бурекчиите и Мк Доналдс. Многу голем дел од WC популацијата беше уништена.

2222 Се појавува првот Човек кој стана Мајмун. Во Прилеп се дигаат масовни демонстрации.

2234 Нов вид на овошје : Бубрег

2391 Се измислува лек против глупоста. Официјано не е заразна.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
2040 Edna svetska vlada, edna svetska banka , edna svetska armija..... okolu 95 % od populacijata so cipovi vo niv (preku koj globalnata elita ke ima celosna kontrola vrz covekot .......okolu 100000 luge ke ja kontroliraat celata populacija
a drugite ke bidat bukvalno robovi
 
B

Borg_Drone

Гостин
Чекав да се развие дискусија, но ајде ќе го кажам она што јас го мислам. Постојат многу теории за светот кои се прифатливи, али само една ќе се оствари, која е не знам времето ќе покаже.Како и да е сакав да се задржам кај делот за муслиманите.Светот доживеа една инвазија на муслиманите, ја држеа и Шпанија под контрола, па беа на крајот протерани, светот ја доживеа и втората инвазија на муслиманите во 1683 година, дури и Виена беше под опсада (по втор пат првиот пат е во 1529 под водство на Сулејман Величенствениот) па на крај пак беа протерани од Европа на чело со Леополд I и Јан Собјески.
А кој не учи од историјата осуден е да ја повторува, ова не се случило прв пат ниту пак ќе биде последен пат.Единствена лоша работа што може да произлезе од ова е, ако дојдат до нуклеарно оружје организации (од Блискиот Исток) кои можат лесно да се инфилтрираат со тоа оружје во Западна Европа и го детонираат, денешните оружја (како нуклеарка) се далеку по-смртоносни од оние што биле во минатото, и една таква детонација ако се случи на површината на Западна Европа, може да донесе војна од катастрофални размери, тоа можеби ќе ја повреди Западна Европа и Америка (заборавив да ја кажам) но исто така тоа ќе значи и крај за Блискиот Исток, ќе се појават нови крстоносни војни, кои ќе бидат далеку по-опасни од оние што биле во минатото.
А што се однесува до Македонија, Македонија ако не си го среди проблемот со судството, инфраструктурата, енергетиката не и бега пропаст во блиска иднина.Зошто ако Македонија сака да има економија, мора да има и струја за таа економија, треба да има и средена инфраструктура патишта а исто така треба да има и не-корумпирано судство.
 
V

[vladimir]

Гостин
Ахам сигурно.
Ако ја гледаме статистиката,ке сфатиме дека се предвидувала само не она што точно се случувало.
За Нацистите предвидуваа превласт на светот,се случи Сталинградската битка и ништо од тоа Берлин пепел.
За Европска унија предвидуваа статистички создавање на еден "европски народ",се создадоа неколкуте бирократи во Брисел,создаа капиталистичка империја која е кон работ на пропаст.
Статистички мислеа дека Америка готово,веќе е врховен командант на човештвото,ама се случи новата рецесија,и сега со Обама не сакаат ни да се поздрават Русите.
Значи секогаш кога се зборува за глобална доминација,секогаш нешто ненадејно излегува
Па и темата е таква значи предвидување, анализи, визии за во иднина немора тоа да се случи и да е така. Ако имаш некоја твоја визија повели.:helou:
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Пофалба за темата....
Прво да си кажам за мојата мала земјичка...Она што ми пречи и што мислам дека ке продолжи е стварањето на 2 вида класи кои на сите ви се познати богати и сиромашни.. бараме да дојдиме до капитализам ? Македонија е мала земја и можат сите убаво да живеат но се зависи само од една одредена група на луге кои стегнато ги држат парите за своите правнуци на нивните дебели штедни книшки.... никогаш не ми беше јасно како некои се прават толку големи патриоти толку го љубат македонскиот народ а од друга страна му дава мизерна плата од сто евра и гледа да го искористи максимумот од работникот тоа никаде го нема нит си патриот нит си капиталист ти си губре и Newage робовладател. Во Македонија за жал владее еден голем егоизам и самоволие и така и ке продолжи се додека не се појави на сцена некој искрен што вистински сака да му го подобри животот на народот. Спомнавте странски инвестиции па какви инвестиции со сеуште комунистички закони има група на луге кои прават опструкции на секој нов инвеститор што доага зошто? поради монопол не сакаат конкуренција...проста работа зошто секој странец што ке дојдеше во охрид тие го бркаа не му даваа простор да работи и при таков притисок не му преостанува ништо освен да не напушти и никогаш да не се врати иако кај нив беше застапен баш капиталистички начин на работа ама то е друга тема.... Сакав да кажам дека и без европска унија македонскиот народ може добро да живее ...нејкам да бидам песимиста но аку се продолжи вака не ми се гледа светла иднина над мојата татковина...
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
За светот ..мислам дека во новиот феномен кој ке ги зафати сите општества и целиот свет она што денес го нарекуваме глобализација е чиста маска и поблаг збор за да се задскрие првичната замисла за радикално променување на општеството а тоа е воспоставување на новиот светки поредок. Знам дека многумина оваа тема поврзана со илуминати и масони ја сметаат како чиста приказна и измислица но се е изгледа толку реално покрај сиот документиран материјал од книги и видеа кои содржат јавни изјави на фунционери кои го предвестуваат новото доба. Според ова и се што досега имам видено и прочитано на ваквата тема сметам дека на светот воопшто не му престои добра иднина ..веке го имаме општество на разлигавени снобови на сметка на сиромашни деца кои секојдневно илјадници умираат и ги полнат гробовите во земјите со слаба економска мок. Но тие имаат безрезервни природни богатства и поради тоа покварената курва америка ги држи во робство. Тоа се група на луге со кои ги држат во сопственост најголемите коорпорации во светот кои го имаат главниот збор како да пропадне економијата на нечија земја преку лажливото лице на ммф и светската банка ти давам 100 долари но ти имат да ги вратиш тридупло за краток период, а кога немаш да ги вратиш стануваш роб многу јасно... што сакаш коментирај но нормален човек не може да посакува туѓа смрт тие ја посакуваат и тоа го остваруваат се додека не се разбуди свеста кај народот тие ке продолжат во остварувањето на својата валкана цел... Но кој да мисли покрај толку примамливи содржини на интернет и телевизија...?
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
За Македонија
Подобрување на економската состојба. Не, нема да се појави долгоочекуваниот спасител. Економскиот раст ќе биде постепен. Странските инвеститори конечно ќе се појават. А Македонија како аспирант за ЕУ, ќе мора да ги менува состојбите. Законодавството и денеска е добро, но она што ни фали е примената на законите. Партизацијата... Работи кои што ќе мора да ги промениме. Сами или под диктат од надвор. За членство во ЕУ, во овој момент е тешко да се даде прогноза. Но и да не станеме членки (поради името и сл.), ќе бидеме опкружени со ЕУ. Како што не може да се замисли сиромашна Швајцарија (Не е членка ни на ЕУ, ни на ООН), но е опкружена со богати држави, истото ќе важи и за Македонија. Осудени сме на успех. Не само ние туку и целиот Балкан. Менувањето на економските прилики кај нашите соседи (Србија, Бугарија...), ќе има директни последици и врз Македонската економија.
Состојбите никогаш нема да бидат идеални и проблеми и тогаш ќе имаме (Сиромашни, невработеност ...), но ќе се формира една доминантна средна класа и ќе заличиме на нормална Европска држава.
И за меѓунационалните состојби ќе се обидам да бидам оптимист. Всушност тоа што сме под надворешен мониторинг е клучно. Не е многу за пофалба тоа што сме приклучени на апарати за вештачко дишење (Не можеме самостојно да функционираме), но сепак диктатот од надвор ќе ни помогне да не ни се повтори 2001 година.

За светот
Технолошки напредок. Многу брзо во развиените држави хибридните автомобили целосно ќе ги заменат денешниве. А по хибридите ќе пристигнат електричните. Кај земјите во развој ќе биде потребно повеќе време да се заменат старите со нови автомобили, но ваквиот процес е неповратен. Нафтата ќе изгуби на важност, а со тоа ќе исчезнат и центрите на моќ, кој што се базираат на нафтата.
Единствена светска влада. Државите ќе се сведат на локална самоуправа. Класичните армии нема повеќе да постојат, а со тоа и класичните војни ќе станат минато. Но тероризмот поврзан со криминалот ќе остане уште долго... Глобална социјална политика, надминување на гладот, сиромаштијата кај неразвенте ... Социјалните проблеми ќе останат, но тие ќе бидат подеднаво распределени низ цел свет (Како во САД на времето, каде најпрво бил високоразвиен само нивниот североисток. Но со социјалната политика се промени состојбата во останатиот дел на САД).
Верскиот фанатизам и верите воопшто ќе го изгубат своето значење и влијание. Ефтиното и лесно достапно образование преку интернет е она што најмногу ќе ги промени состојбите, особено во земјите од третиот свет.
Рабоното место на човекот на иднината ќе биде пред компјутерот. Нема да се оди на работа. Работните задачи ќе се извршуваат од дома. Ќе се работи во виртуелна работна околина и ќе се пазарат виртуелни добра (Како во Second Life). Со тоа денешниот материализам ќе исчезне...
Во фабриките ќе работат само роботи, а истите ќе ги контролираат луѓето преку компјутери, од дома. Класично новинарство нема да имаме. Сите на некој начин ќе станат новинари, преку интернет. Манипулацијата со информирањето ќе го снема, или драстично ќе се намали. Борба на вистини ...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
22.03.2024 Вести на Сител-7 со Драган Павловиќ-Латас и Ивона Талевска

-Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денес се закани дека ќе го искористи правото на вето и ќе го спречи членството на Македонија во НАТО и ЕУ доколку земјата не им ги отстапи териториите околу Гостивар,Тетово и Липково.
Опозицисискиот лидер Бранко Црвенковски изјави дека неговата партија се согласува на преговори со Косоварите околу спорот со териториите."Важен е компромис за да влезиме во НАТО и ЕУ",рече тој.Премиерот Груевски не беше достапен за коментар.Ниту од кабинетото на претседателката Вилма Трајковска не добивме коментар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom