Diabolical !llusion
Магец
- Член од
- 3 август 2006
- Мислења
- 2.238
- Поени од реакции
- 22
За младиот баритон животот отсвирел ниски ноти
и покрај животот сличен на драма,сеуште пее
Баритонот Васил Гарванлиев, започна со настапи професионално на 7 годишна возраст како детска ѕвезда во неговата Македонија. Како солист во Чикашкиот детски хор, тој настапуваше на многу познати места како: Ravinia Festival, Grant Park, Carnegie Hall, Chicago Theater, President Clinton, Samuel Ramey, Celine Dion, Heather Hedley... и со многу познати луѓе.Тој студирал во Италија со Pier Miranada Ferraro. Моментално е во Канада и студира во Glenn Gould School, под менторство на Roxolana Roslak. Васил е член на Оперскиот концертен хор и настапува на повеќето од нивните претстави.
Музичкиот живот ми оди прекрасно.Го играв Рен во Футлуз,пеев без престан( со Сеline Dion, Josh Groban, Samuel Ramey, Nick Carter, Yolanda Adams, Enrique Iglesias, Bobby Mcferrin, Dennis Deyoung итн)- изјави Васил.
Пред одреден период поминавме малку време со Васил Гарванлиев,млад македонски баритон кој студира на Ројалниот конзерваториум за музика.
Неговата е, без размислување, оперска приказна.
-Пред неколку години, во еден наврат додека пеел придружувајќи ја својата мајка во шопинг,го слушнал еден познат македонски композитор низ отворениот прозорец. Композиторот бил воодушевен.
Речиси преку ноќ, момчето со златен глас стана ѕвезда,неговите телевизиски настапи беа најгледани,концертите најпосетувани,а неговите плочи се продаваа како палачинки[FONT="].[/FONT] Тогаш започна војната во Косово.
Момчето со златен глас беше тивко во своето ново американско средно училиште, се почувствува несигурен во себеси и одбиваше да зборува.
-Тогаш, случајно, еден професор по музичко ја откри неговата приказна,ги слушна неговите ленти,му помогна со англискиот и направи место за него во школскиот хор.
До скоро време,Васил беше член на Детскиот хор во Чикаго,добиваше секакви медали,награди и стипендии. Беше поканет да посетува едно престижно училиште, и таму да ги продолжи своите студии. И тогаш се случи неочекуваното....
-Националната фондација за постигнувања во уметноста ме обвини за лажно државјанство и ми ја одзеде стипендијата-вели Васил-Музичкото училиште во Менхетн го тврдеше истото, дека лажев за државјанството.Ни рекоа дека ќе бидеме депортирани. Не можев да поверувам што ми се случува.
Една вечер,учениците од Детскиот хор во Чикаго одржуваа говор да им се заблагодарат на донаторите.
-Напишав приказна за мојот живот во вид на бајка,на крајот го прочитав писмото за депортирање.Целата публика плачеше. Една жена ми се приближи и ми рече дека што и да правам таа ќе плати за мене,а еден адвокат ми ги понуди своите услуги бесплатно- се сеќава Васил.
На крајот,после многу средби и дискусии,неговата фамилија беше депортирана во Македонија. Нему му беше дозволено да остане во Чикаго и да го заврши школувањето сосема сам. Васил можеше да остане и да ги заврши своите студии комплетно во САД но се врати во Македонија кога татко му беше приведен во затвор.
Тој рече: Чекав 5 месеци и аплицирав за да се вратам во САД,Претседателот на Македонија ми даде препорака за конзулатот,но тоа не помогна,Американската амбасада не ми даде дозвола за враќање.
Васил настојуваше да ги продолжи студиите. Се пријави во Ројалниот Колеџ за музика во Лондон.Колеџот прима 13 странски студенти годишно,и бидејќи училишната година беше во тек,Васил беше принуден да чека за следната.
Додека чекаше,еден познат европски баритон го препорача на еден негов пријател во Милано[FONT="].[/FONT]Васил заврши на аудиција во Ла Скала, и беше примен во класот на напредни ученици.Неговиот учител имаше 38 години и зборуваше само италијански,па Васил се почувствува уште еднаш недобредојден. Неговите часови ги плаќаше жената од Чикаго, тој се чувствуваше непријатно заради ангажманите,преферираше да ги праќа парите на неговите.
Со тек на времето,колеџот во Лондон го даде неговото место,а некој му предложи да оди во Канада.
Кога би го сретнале на улица не ги го претпоставиле ништо од ова.Не би знаеле дека мајка му и брат му се модни дизајнери,дека на погребот на својот татко ја пеел Amazing Grace[FONT="]...[/FONT]ниту пак дека бил познат во Македонија,бидејќи и покрај се,тој е обично момче....
Joe Fiorito