Вака изгледа едно искрено македонско CV

Дискусија во форумот 'Чек дис аут!' започната од c i t r o, 15 декември 2011.

  1. c i t r o

    c i t r o

    Член од:
    20 септември 2008
    Мислења:
    11.107
    Допаѓања:
    7.314
    Предмет: Моето CV
    До: ДОО *****

    Почитувани,
    Моето име е Александар ******** и можам да кажам дека сум потполно неподготвен за работа и немам досегашно работно искуство (затоа што негде морам да почнам со работа, за да имам).
    Под притисок и со прекувремена работа нема добро да се снајдам, освен ако не сум дебело платен.

    Искрено, ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус и нешто да ми остане за гардероба, излегување...

    Функционирам според принципот “Колку пари – толку музика.“

    Исто така, не ме интересира што сте во проблеми и очекувам сите обврски кои ви се предвидени со закон да ги извршите на време, како и тоа да ги почитувате сите празници и да добивам годишен одмор.

    Факт е дека ќе ве напуштам штом ми се пружи подобра шанса.

    Комуникативен сум со пристојни и љубезни личности, за заебанти имам краток фитил.

    [​IMG]

    Пцујам на неколку светски јазици.

    Студирав 100 години, но сметам дека е успех што воопшто и завршив факултет во оваа земја, каква што е.

    Се усовршувам постојано и без вас, затоа што сум љубопитна личност и мислам дека животот има смисла и без скапување на работа.

    Реагирам само на позитивна стимулација. Немојте да ме гушите со тестирање и тимски глупости. Ако веќе се стремите за такви западњачки стандарди, тогаш понудете и западњачка плата и услови за работа. Тоа што сте посетиле два, три семинари - не ве прави модерна европска фирма.

    Што не знам – ќе научам. Не сум дебил.

    И да, постојат работи кои во животот сум ги правел од чист ентузијазам, но жалам што морам да ве информирам дека тоа не важи и за работата која Вие ја нудите.

    Со почит,
    Александар ********

    (y)
    На Мартин Јунајтед, Saber Rider, PancoSK и уште 19 други им се допаѓа ова.
  2. Лајто

    Лајто

    Член од:
    25 јули 2010
    Мислења:
    7.411
    Допаѓања:
    2.394
    Вистина и јас сум се запрашал сите бараат работно искуство кај да се накопа тоа? o_O
    На Nymphadora му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ljupco Meljata

    Ljupco Meljata AJFON ILI ANDROID you choose

    Член од:
    11 ноември 2007
    Мислења:
    1.718
    Допаѓања:
    458
    Браво и ја вака сакав да го направам моето ЦВ ама мајка ми и девојката ме обесхрабрија.
    На Montescani му/ѝ се допаѓа ова.
  4. .Lost Angel.

    .Lost Angel. Гостин

    се прашувам дали само има некој муда :eek: да направи вакво сиви и да го даде на некоја фирма баш би сакал да му го видам лицето директорот :pos:
  5. Mussolini

    Mussolini Гостин

    Абе будало, шо има да ги слушаш мајка ти и девојка ти? да не они ке одат да работат на твое место...? ак си решен пушти им такво CV и чао пријатно... само се плашам дека ова шо е напишано малку старо па да не излезе финтата стара финта - нова будала... и да сме на јасно: немам намера да те навредам со зборот будало напишан на почетокот :гик: :pipi:
    На Ljupco Meljata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TheMayor

    TheMayor

    Член од:
    6 декември 2011
    Мислења:
    1.827
    Допаѓања:
    2.663
    Ова Cv го имам прочитано повеќе пати, доста е привлечно ама нема кандидат кој ќе се осмели да аплицира со него.
  7. Keiko

    Keiko

    Член од:
    15 декември 2011
    Мислења:
    61
    Допаѓања:
    10
    moze probal, ama ne ni kazuva
  8. nescafe

    nescafe за освестување

    Член од:
    27 август 2009
    Мислења:
    604
    Допаѓања:
    275
    За твојата искреност и подготеност за работа никого не го интересира и доколку го дадеш ова CV некаде 99% е сигурно дека нема воопшто да ти се јават и дека CV ќе се најде во некоја од корпите за ѓубре.

    Препрај си го насловот во:
    Вака изгледа едно дебилно македонско CV

    Тоа би било најсоодветно име
  9. Anco

    Anco За солун ДА, ЗА срем НЕ

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    5.048
    Допаѓања:
    7.943
    -Кој денес ти го гледа тоа “ЦВ“ при вработување.
    Само ни мачкаат очи на нас обичните луѓе - поштените.
    Се се завршува преку телефон и во некоја кафеана.
    Потоа се оди во корпа, давај колку сакаш “ЦВ“-џабе.
    Да не збориме ако си албанец не треба ни тоа работа
    имаш, а не мораш да работиш но плата ти доаѓа дома.
    Тоа што ни официјалниот јазик не го знаеш не му се
    секирај никој не те ни прашува важно дека си од оние.
    А за знаење веќе знаеме дека си “О“ но за во шума ако
    треба тука си и во секој момент спремен па плата земаш
    мајкуму некогаш ќе треба и да поработиш нешто.
    А нашите па и оние најдобрите со “1О,оо“ ќе почекаат
    за вработување а многу нема ни да се запослат никогаш
    како мојте на пр.луѓе време е за револуција за запослување.
    ------------------------------------------------------------------------------------
    Е ОВА Е МАКЕДОНИЈА
    На Galeb му/ѝ се допаѓа ова.
  10. c i t r o

    c i t r o

    Член од:
    20 септември 2008
    Мислења:
    11.107
    Допаѓања:
    7.314
    Зашто дебилно..ОК ајде ќе се правиме неудрени..
    си ги видел ли огласите за работа со каква содржина се..си видел ли какви услови бараат при вработување во сите тие "големи" фирми..како еден млад човек со штотуку завршен факултет или средно да најде пристојна работа.. или неможе, ќе мора прво од метла да почнат за да соберат доволно "искуство".. Сите бараат искуство по 3,5,7 години за обично ебано работно место,како за директор да аплицираш, а кога се работи за плата гледаат да те спуштат на најниско ниво, во најмизерни работни услови и под притисок од тебе гледаат да го исцрпат максимумот и за тоа никогаш нема фала да ти кажат..само ќе ти фрлат 150-200 евра како на куче ,под изговор дека слабо им оди работата, а истите газди ги гледаш како возат добри коли и одат по 2 пати на летовање и 1 на зимување.. а што би напишал јас во едно цв , според тебе како да го почнам...

    " Драги и семожни газди..
    До земја ви се клањам и ве молам , приме те ме на работа..
    И ќе трпам се што треба, за прекрасна плата од 200 евра..
    И тоа е супер, знам..во Африка ни толку не зимаат..
    Ќе ви бидам верен како роб,ќе работам од утро до мрак и ни А нема да кажам...."

    Така ли треба да биде едно соодветно Македонско ЦВ..?
  11. nescafe

    nescafe за освестување

    Член од:
    27 август 2009
    Мислења:
    604
    Допаѓања:
    275
    Те сваќам, ја сваќам поентата на темава али што да правиме само кај нас е вака во сите други држави е обратно, али така и ќе остане се додека народов гласа како цигански коњ само за боите на партијата а не за нивните визии како понатака.
  12. Bibo

    Bibo

    Член од:
    9 април 2006
    Мислења:
    1.601
    Допаѓања:
    333
    А ти мислиш некој ги чита овие? Они само гледаат која изгледа најзгодна и таа ја зимаат, да му се најде на шефот за „одредени потреби“, тоа останатите (особено нас машките) не се ни замара да види што иаме да кажеме ЛОЛ

Сподели преку: