Важноста на физичкиот изглед

Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
Колку е важен изгледот во животот?
Дали згодните луѓе се поуспешни ,полесно склопуваат контакти,повеке напредуваат,дали друштвото го негува култот на убавината?

Прочитав една студија која вели дека уште од најмала возраст ,поубавите деца се миленици на учителките и дека на убавите луѓе полесно им се отвараат вратите во животот.
Дали е така ,колку е важна физичката убавина во животот?
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Во остварување на контакти физичкиот излгед е важен од причина што лугето кои се физички поатрактивни имаат изградена поголема самдоверба и бидејќи физички атрактивните по default имаат холивудска насмевка тие постојано се смејат и со својата насмевка шират позитивна енергија и аура на која ретко кој би останал рамнодушен.
Сарказмот на страна.
Наполеон бил со низок раст и грд што не било пречка да биде еден од најхаризматичните војсководци во историјата.
Лугето кои ај да кажам се приглупи а такви се едно 99% се занимаваат со физичкиот изглед поради дефицитот на сива маса во мозокот не можат да понудат памет па се шлепаат на изглед.
Женските нормално е да се замараат со физичкиот изглед од нив памет не се очекува.
Ова зборам за канцеларсики професии, а во дејности каде што се бара стручност а не заводливо смеење,намигнување,прекрстување на нозе е таму нема место за грешка таму ако сакаш изгледај и како марсовец тоа нема да биде пречка твојот труд да биде наградуван и уважуван.
 
PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Да... Кај нас, во нашето општество сеуште постојат стереотипите за надворешен изглед... Пирсеви, долга коса,широки паналони... А исто и убавината... Поубавите имаат повеќе другари, повеќето сакаат да се дружат со нив... Тоа е факт... Не дека поубавите се и помпаметни :vozbud:

Женските нормално е да се замараат со физичкиот изглед од нив памет не се очекува.
хахахахахахаха....значи... ц ц ц
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Да, од камено доба наваму убавината е величана и давано и е најголемо значење.
Зш на Аполон, Венера бистите им се од убави поубави, зошто не се извајани како Квазимодо?
Важен е-тој го остава првиот впечаток на сетилата кај другите лица. А првиот впечаток е и најбитен.
Ова го имаше и во една друга тема, слично... истото го реков. Ако се вработуваш, прво ти мери физичка појава, после тоа разговара со тебе. Значи комплетност да, но ако немаш физички предиспозиции, има помалку шанси. Не помали шанси туку тоа е првиот филтер.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Mислам дека е важна. Како што викаат убавиот збор,железни врати отвора, така би се рекло и за убавината.
Пример беше една на Идол баш кога гледав. Оваа беше премногу убава,ама тапа за пеење. Кога влезе, сите подзинаја и и дадоја шанса само затоа што е убава...(така кажа Ф`нки).
Важна е сепак, остава поинаков впечаток т.е. лесно е забележлива,за разлика од спортивното.
Сепак тоа не значи дека секој убав човек е толку привлечен внатрешно,ама ете убавината си го прави своето...:toe:
Има многу работи каде што убавината е на прво место..
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Зависи што се подразбира под убавина во едни времиња и едно опшество тоа било едно, а во други друго. Секој човек си поседува своја уникатна убавина.
Другите луѓе не перцепираат нас преку нашето тело и не гледаат преку нашата физичка појава. Кога полагав за лиценца за обезбедување професорот ме праша дали сум од Скопје (само мене), одговорив негативно, потоа разбрав дека имал агенција за обезбедување и сигурно сум ги исполнувал физичките карактеристики според него :).
 
Delfin4e

Го обожавам морето
Член од
20 април 2009
Мислења
61
Поени од реакции
5
Многу често знаеме да кажеме дека "убавината е менлива и минлива работа", но според мене и покрај оваа реченица кој што е потполно вистинита, убавината игра многу битна улога во успехот на една личност, но само кога оваа личност е збогатена и со интелигенција, е во тој случај успехот е неизбежен, а во обратен случај, случај каде што личноста е богата само со надворешен изглед без интелегенција тогаш оваа личност е само жив плен на надворешните "интелегентни" грабливци!!! :toe:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Женските нормално е да се замараат со физичкиот изглед од нив памет не се очекува.
Имаш право, нема успешни жени во светов, нема..само мажите се успешни и паметни.

Инаку на темава.. Точно дека убавината е минлива, но точно и дека влијае како еден вид на одскочна даска. На крајот сепак ако си неспособен џабе ти е убавина.
 
Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Женските нормално е да се замараат со физичкиот изглед од нив памет не се очекува.
Баш напротив, не се очекува памет од ваков пост. Машките воопшто не се замараат со физичкиот изглед, нееее, они се толку суптилни, просто да не ти се верува колку еволуирале во последниве неколку века. Ај не генерализирај молим те, како можеш такво глупо нешто да кажеш или само сакаш да провоцираш можеби? Не се ли машките оние кои бараат згодни женски да им бидат секретарки на пример и што ли уште не, не сте вие тие што оговарате ко баби некои, појше и од женските дури. Како можеш да ги сакаш женските, а да не ги почитуваш, тоа не можам да го сфатам.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Баш напротив, не се очекува памет од ваков пост. Машките воопшто не се замараат со физичкиот изглед, нееее, они се толку суптилни, просто да не ти се верува колку еволуирале во последниве неколку века. Ај не генерализирај молим те, како можеш такво глупо нешто да кажеш или само сакаш да провоцираш можеби? Не се ли машките оние кои бараат згодни женски да им бидат секретарки на пример и што ли уште не, не сте вие тие што оговарате ко баби некои, појше и од женските дури. Како можеш да ги сакаш женските, а да не ги почитуваш, тоа не можам да го сфатам.
Ај кажи тогаш зошто во тоа вашите списанија Теа модерна,Тин Шема и сл се збори за целуит,за шминка,за заводливо смеење,за флертување и сл?
Што не се коментира некоја актуелна војна,глобалното затоплување, лига на шампиони и останатите теми кои се од животно значење?
Кажи една професија каде жената е подобра од мажот?
 
Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Ај кажи тогаш зошто во тоа вашите списанија Теа модерна,Тин Шема и сл се збори за целуит,за шминка,за заводливо смеење,за флертување и сл?
Што не се коментира некоја актуелна војна,глобалното затоплување, лига на шампиони и останатите теми кои се од животно значење?
Кажи една професија каде жената е подобра од мажот?
Како што има такви женски списанија, има и машки со исти или слични теми, затоа ти реков да не генерализираш. Теми за глобално затоплување, војни итн. имаш во друг тип на списанија (пр. National Geographic). Лига на шампиони и не ми се чини дека е баш од некое животно значење (и после за нас викаат дека сме биле плитки). Професии каде жената е подобра (поуспешна) од мажот има многу: професорки, наставнички, докторки, ги има и во бизнисот (сега се повеќе и повеќе), во политиката, новинарството, просветителството итн. Јас тврдам, дека нема работа во која жената не би била поуспешна од мажот. И немој те молам со тие средновековни размислувања за супериорноста на мажот врз жената, не чинат, мислам дека одамна општеството преминало преку тоа.
 
Професорка е професија?
Се знае кои се најдобрите невро хирурзи.
Во политиката?????
Не си ја напишала домашната работа.
Обиди се повторно.
 
Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Професорка е професија?
Се знае кои се најдобрите невро хирурзи.
Во политиката?????
Не си ја напишала домашната работа.
Обиди се повторно.
Да, да се биде професор е професија ако не си знаел. Можеби ти не си ги пишувал домашните додека си одел во школо или ако уште одиш, па затоа изгледаш толку збунето. Да те просветлам малце може, професорите се ултимативниот образовен орган, без нив ништо батка, црна темница. Нема да потпаднам под твоите сексистички провокации, пошто знам дека мислењето у 3 поста не можам да ти го сменам, можам само да си ја докажам мојата поента. Верувам дека најдобрите невро хирурзи во светот не се само мажи. И да, има многу успешни жени во политиката (Ангела Меркел, Кондолиза Рајс, Јулија Тимошенко, Маргарет Тачер, Хилари Клинтон, Беназир Буто, Индира Ганди итн.) Чудно е како у најзатуцаните земји има жени политички водачи, додека ние "модерните" уште се наоѓаме под превезот на шовинизмот.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Кажи една егазктна наука во која жената е подобра од мажот?
Нема потреба да набројуваш имиња доволно е да именуваш една бранша од природните науки.
 
Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
ептен сте офтопик дај вратете ја темава у нормала

него да поубавите човеци имаат предност тоа е факт :toe:
Точно, меѓутоа морав да кажам нешто пошо глеам дека сите ќутат. Инаку и јас да се изјаснам на темава, да, мислам дека поубавите луѓе подобро поминуваат во животот, а нели, не треба да е така. Сеа ја да не солам памет и да не бидам клише али сите знаеме дека не треба човек да биде површен, треба да се види и внатрешноста на човекот; некој е убав, згоден ама ќе прозбори и скроз ќе те одбие од себе едноставно веќе не ти е убав, додека некој помалку привлечен би можел да те заинтересира со неговата интелигенција, смисла за хумор, општа култура, добро воспитување и да не набројувам понатака.:smir:

Кажи една егазктна наука во која жената е подобра од мажот?
Нема потреба да набројуваш имиња доволно е да именуваш една бранша од природните науки.
Лингвистиката. Знам дека не е природна наука ама таа ми текна во моментот (како наука). Докажано е дека жените подобро се снаоѓаат во вербалната комуникација. А од каде таа твоја толкава машка супериорнот во однос на женскиот пол? Зошто мислиш дека треба постојано да се натпреваруваме кој е подобар во што, животот не е околу тоа, животот е меѓусебно помагање и правење на околината, на средината во која ние опстојуваме, подобро место за живеење кое се разбира ќе ни служи и нас и на нашето потомство, барем јас така го сфаќам. Зарем не сме створени еднакви и зарем не треба така да бидеме третирани?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom