"ВИ РЕКОВ !"-Фудбалска тема за предвидувања

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Можеби е дебилна и не потребна темава и ако како таква се избрише не би имал против пошто во 3 саат штом ми текнало да ја отворам темава сигурно и не ми е најдобра идеја :icon_mrgr:

Трансфер периодот заврши и полека сите лиги се спремаат да влезат во редовен натпреварувачки ритам. За време на летово се изначитавме премногу предвидувања за тоа како некој трансфер е добар/лош/грд и претпоставувам дека тие што дале некои по храбри предвидувања ќе се цитираат на крајот на сезоната доколку биле во право. Е па еве ви можност во оваа тема да пишете што очекувате а другите велат дека сте комплетно погрешни во очекувањата.

Вака полесно ќе може да се цитирате на крај на сезона и на сите да им речете "ВИ РЕКОВ", ама и полесно ќе можат да ве цитираат на крај на сезона ако згрешите ептен и да соберат лајкови на ваше не знаење :D

Горе доле тоа е тоа, можете да почнете со предвидување за престојнава ( па и за следните неколку сезони зошто да не) сезона.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Сеа ќе ги подберам сите од кладилница и ќе им се смеам оти не погодиле ништо денеска. :icon_lol:[DOUBLEPOST=1409793939][/DOUBLEPOST]
Поарно Левандовски од Љоренте.. :) Види го, секоја утакмица дава гол.. Иначе лично, најголема желба ми е Фалкао, иако скоро и да нема шанса да дојде тој.. :)
И сеа очекувајте за 3 дена во темата за Премиер Лигата да не прашуваат кај е Фалкао, ако само еден има пишано.
Неам појма значи, немало да дојде Фалкао. :icon_lol::D:cool:
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Сега ќе биде јако некој Модератор да се направи курназ да пише

"Предвидувам дека темава ќе се затвори", да ја затвори на еден ден и после да ја отвори за да биде у право :D
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
Предвидувам дека:

Манчестер Утд.- Англија
Баерн - Германија
Барса - Шпанија
Јуве - Италија
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Јас предвидувам дека на Манчестер ќе им треба уште една година да се опорават. Ферги не дупка туку кратер остави по заминувањето, што е доказ дека куќа без темели не бидува.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Челзи ќе бидат откритие(фаворит од сенка) годинава, и во ЛШ и во Премиер.
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.262
Мои предвидувања за 2014-2015

Шпанија-Ла лига

  1. Барселона
  2. Атлетико М.
  3. Реал М.
  4. Валенсија или Билбао
Најдобри стрелци:
Mеси,К.Роналдо,Суарез,Нејмар,Манџукич

Најдобари трансфери:

Ракетич,Гризман,Суарез

Англија-Премиер лига
  1. Челзи,Ливерпул
  2. Ливерпул,Челзи
  3. Манчестер Сити
  4. Манчестер Јунајтед,Арсенал
Најдобри стрелци:
Д.Коста,Руни,Стариџ,Џеко,Лукаку

Најдобари трансфери:
Ди Марија,Д.Коста,Морено,Тадич,Лукаку

Германија-Бундес лига
  1. Баерн М.
  2. Б.Дортмунд
  3. Волфсбург
  4. Шалке,Леверкузен
Најдобри стрелци:
Левандовски,Ројс,Мулер,Сеферович,Имобиле

Најдобри трансфери:
Кагава,Левандоски

Италија-Сериа А
  1. Рома
  2. Јувентус
  3. Милан
  4. Наполи,Фиорентина
Најдобри стрелци:
Торес,М.Гомез,Освалдо,Игуаин

Најдобри трансфери:
Торес,Видич,Освалдо,Итурбе

-ЛИГА НА ШАМПИОНИ-
Шампион:Барселона
Најдобар стрелец:Меси
Најдобар играч:Меси
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Чичарито ќе даде 10+ голови и тоа сите од клупа.
Фалкао ќе даде помалце од 10 голови и ќе има нова повреда.
Милан ќе обезбеди место во ЛШ во Италија, заедно со Јувентус и Рома.
Челзи ќе изгуби дома повторно од многу послаба екипа.
Балотели ќе се затепа со друг играч.
Јунајтед ќе купи уште 1 скап играч во зимскиот преоден рок.
Меси ќе поврати за време на натпревар повеќе од 3 пати сезонава.
Баерн Минхен нема да доминира во Бундес како минатите сезони.
Комити ќе имаат фрки со полиција барем уште 5 пати.
Европска Шкендија нема да игра во Европа.
Вадиме нерешено со Шпанија еден од натпреварите.

Италија - Јувентус
Шпанија - Барселона
Германија - Баерн
Англија - Челзи
Македонија - Вардар
 

Kajgana Shop

На врв Bottom