Бугарија го политизира "Трето полувреме", ја презема улогата на Грција во ЕУ

Член од
27 октомври 2011
Мислења
21
Поени од реакции
20
http://www.scribd.com/fullscreen/49810782?access_key=key-8q4st1yz3jkzfhireir

Еве тука документи за депортацијата на Евреите од Вардарска Македонија, злодело на тогашната бугарска фашистичка влада.

Уште тоа е напишано од бугарски историчар, кој сосема аргументирано докажува, дека вина за смртта на тие 7200 луѓе има бугарската влада. И ете што кажува самиот тој :

“Внимателнијат и безпристрастен прочит на архивните документи доказва по един категоричен начин, че с'дбата на еврејското население по тези земи и по това време е решавана от б'лгарската висша и местна администрација ........ итн. “

(Иван Хаџијски, “Судбината на еврејското население од Беломорска Тракија, Вардарска Македонија и југозападна Бугарија во 1941-1944 година“)
Не не друже, и ова мора да е некоја „србомакедонска“ пропаганда. А и книгава не ми личи на книга, мора ние да сме ја фалсификувале. :))))
А и вие со цел памет ќе им докажувате на Бугариве. Си знаат тие многу добро што праеле со Евреите, само совеста ги мачи. Оставете ги овие 5-6 платени пропагандисти на Б. Димитров, „Атака“ и слична багра на нив, да се помачат и да си ја заработат платата.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
http://www.youtube.com/watch?v=kzr4j-lDiVs&feature=player_embedded
--- надополнето: Nov 22, 2011 12:00 AM ---


Понатаму во книгата Бугарија и ролјата на кралот Борис III за време на холокаустот, авторот добро ги опишува и типичните негации со кои се служат дел од современите бугарски политички функционери и дипломати во врска со депортацијата на Евреите од Македонија за време на Втората светска војна:
„Зошто тие треба да не' потсетуваат на оваа трагедија токму сега, кога одаваме чест на избавувањето на Евреите од Бугарија; го прават ова со цел само да ја омаловажат оваа светла страница од нашата историја“

Како и обидите за оправдување и префрлање на вината:
„Сето ова се случи под притисок на Хитлер, немавме вистинска контрола таму, тие - Евреите од Тракија и Македонија - не беа бугарски граѓани ... Германците и Хитлер го направија тоа, тие управуваа таму, ништо не можеше да се стори.“

И настојувањата за релативизирање на депортацијата на Македонските Евреи:

„Зошто треба да се потсетиме на 12000 жртви, кога ние имаме спасено 50000, а 6 000 000 Евреи се убиени низ цела Европа.“

Сиве овие реченици на оправдување, негација и префрлање на одговорноста и вината за депортирањето на Евреите од Македонија, делуваат познато затоа што со истите тие реченици и во врска со македонскиот филм „Трето полувреме се послужија некои Бугари.

За политиката на сокривање и отфрлање на вината од страна на Бугарија во врска со депортацијата на Евреите, Nissim Yosha пишува:
„Уште од крајот на војната Бугарија постојано потсетувa на нејзината наводно позитивна улога во однос на Евреите од „старa Бугарија“, а во исто време ги сокрива нејзините сурови анти-семитски закони и кривичните дела против Евреите екстрадирани за истребување.
Бугарија никогаш не ги призна нејзините злосторства, никогаш не побара прошка од жртвите, никогаш не понуди да се вратат имотите, но многу добро знае да побара заслуги и признанија за опстанокот на „своите“ автентични Евреите. Но еврејскиот народ и целото човештвото ќе се сеќаваат засекогаш на криминалната улога на цар Борис, пријателот и сојузникот на Хитлер, и на неговата фашистичка влада.“

Во „Бугарија и улогата на кралот Борис III за време на холокаустот“, за оправдувањето дека Евреите во Македонија не биле бугарски граѓани па затоа со право биле депортирани, авторот пишува:

„За некои не е изненадувачки, дека поради склоп на околности, бугарските власти ги лишија Евреите од Тракија и Македонија од бугарските државјанства. Факт е дека на бугарската влада, врз основа на сопствена извршна наредба бр 31 од 5 јуни, 1942 година, противуставно ги лиши од бугарско државјанство, токму со цел за да се овозможи нивно предавање на странска сила.“

За оправдувањето дека за депортацијата на Евреите од Македонија виновен е Хитлер, авторот вели:
„Оправдувањето „тоа беше активност целосно на Хитлер“ не треба дури ни да биде разгледувано - целиот процес на депортацијата, во сите негови фази - почнувајќи со законодавната, минувајќи низ десетина неуставни владини извршни наредби и завршувајќи со најситниот детал од одвратното практично извршување - беше спроведена од страна на бугарските власти - од полицијата, државните органи на KEV, армијата, локалната администрација. Иако е јасно дека владата го извршила тоа како резултат на сопствен избор на политики и на Алијансата со хитлерова Германија, сепак е смешно да се тврди дека „сите активности се дело на Хитлер“ - по целиот трагичен пат, од еврејските домови преку трансферот по кампови, до нивното предавање на германските SS на граничните премини на Лом и Лапово, германски униформи можеа да се видат само во многу малку прилики...“

За отфрлањето на ова тврдење, дека Бугарите немале вина, а за депортацијата на Евреите од Македонија виновен е Хитлер ќе се послужиме со текст од Nissim Yosha во кој пишува:

Во телеграмата n. 442 од 4 април, 1943 година на Јоаким фон Рибентроп до неговиот министер во Софија - Бекерле, пишува дека Борис на 1 април во Берхтесгартен, му рекол дека ја одобрил депортација на Евреите на анексираните територии. Според тоа Борис не е подобар од ниеден друг сојузник на Хитлер... Кои помогнаа да се сотрат несаканите „странски“ Евреи спасувајќи само неколкумина или многумина од „своите“ Евреи. (Види слики)

Доколку Борис сакал да ги спаси Евреите немало да потпише. Доколку Хитлер и неговата нацистичка Германија де факто ја имале контролата на теренот во Македонија и Тракија зошто би барале дозвола од бугарскиот цар?

Понатаму во книгата „Бугарија и улогата на кралот Борис III за време на холокаустот“пишува и за курсот кон кој Бугарија денес треба да се движи по ова прашање и за негативните последици од негирањето на вината за депортацијата на Евреите:

Кога некои бугарски дипломати во соседните и во подалечните престолнини денес ја негираат одговорноста на тогашните бугарските власти за трагедијата на Евреите од новите земји со аргументи како што се тие не биле бугарски граѓани, тие немале бугарски пасоши и слично, тие си прават себеси краткорочна лична корист, но и прват голема штета на Бугарија. Бидејќи повеќето од нив всушност настојуваат да го задоволат синот на цар Борис III, а сегашен премиер на Бугарија(се разбира, неколку од нив искрено веруваат дека така се брани Бугарија). Всушност, тие не ја бранат Бугарија, туку про-нацистичкта бугарска влада од 1941-1943 која ги осуди Евреите од Тракија и Македонија. Тие... Оваа политика е штетна за Бугарија, а жетвата од овој горчлив плод допрва треба да се собира во странство.

Сите Бугари кои го напаѓаа филмот „Трето полувреме“ уште пред да го видат, обвинуваа за историски фалсификат и искривување на историјата, и негираа поврзаност на тогашната бугарска влада со депортацијата на Евреите од Македонија нека се подзамислат малку над напишаното погоре. Не затоа што јас го велам тоа, туку затоа што тоа е напишанo од бугарски дипломат од кариера (1984-2003) кој нема интерес да работи во штета на својата земја, баш напротив.

За крај за сите оние кои и понатаму ќе продолжат да веруваат и ќе продолжат да пропагираат дека тогашната бугарска власт нема поврзност со депортацијата на Евреите од Македонија, еден цитат од Nissim Yosha:

„Затоа сите ние кои ја сакаме вистината мора да ја отфрлиме секоја бугарска претенциозна аспирација да биде наградена за она што не го заслужува, особено не за да му се оддаде почит на воен злосторник и на неговата влада која ладнокрвно екстрадирала Евреи на нивниот нацистички сојузник. Таков чин не само што ќе го навреди сеќавањето на запоставените жртви од Тракија и Македонија, но со право ќе биде сметан за негирање на холокаустот. Преживеаните и роднините на жртвите нема да толерираат било каква подршка за воениот злосторник Борис и на неговата земја за нивните воени злосторства.“

http://www.macedonianspark.com/vesti/mediainternet/677------2-?lang=mk
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.738
Поени од реакции
17.437
незнам што напињате филм е ебате ретардираните,да не скате да го забранат? Не е ова саудиска арабија, секој што сака може каже у филм.Што треба русине да кажат за секој амерички филм каде што сакаат светот да го уништат.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Бугарија=Иран
Македонија=Салман Ружди

Дали вашата фатва ќе ги опфати сите кои имаат придонес во филмот или само режисерот ќе го крка?
--- надополнето: Nov 22, 2011 11:28 AM ---
незнам што напињате филм е ебате ретардираните,да не скате да го забранат? Не е ова саудиска арабија, секој што сака може каже у филм.Што треба русине да кажат за секој амерички филм каде што сакаат светот да го уништат.
Прости им,заостанати се.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Не можеа да дозволат „Македонија“ да биде првак на Бугарија

„Левски“ немаше шанси да не' победи и направија фалсификат, вели познатиот лингвист Трајко Стаматоски

Сунчица Уневска

„Фудбалскиот тим ’Македонија‘ во времето на Втората светска војна, но и по неа ја испишуваше историјата, успевајќи да ги победи и најсилните противници. На натпреварите доаѓаа и по пет илјади навивачи. Беше тоа време на фудбалот...“, така ја почнува својата приказна најпознатиот македонски жив лингвист, Трајко Стаматоски, кој бил очевидец на сите тие настани бидејќи, како што вели, на терените е од своите десет години односно од 1935 година па се' до денес. Тимот „Македонија“ кој играл во тогашната прва елитна лига во фашистичка Бугарија, не само што бил надмоќен и што донел незаборавни моменти на фудбалските терени во тоа време, туку неговите победи кога Македонија како држава не била признаена само по себе имале уште поголемо значење.

На оваа навистина фантастична и неверојатна приказна околу легендарниот тим „Македонија“ се навратија сега сите поради филмот „Трето полувреме“, поради режисерот Дарко Митревски и неговата упорност сето ова да го пренесе на филмското платно. И иако филмот на Митревски не е само за случувањата околу овој фудбалски тим, туку и за една вистинска љубовна приказна, како и за судбината на Евреите, сепак, оваа победничка приказна, како по правило, успеа да ги освои сите. А уште повеќе и поради реакциите од страна на некои бугарски медиуми, па дури и парламентарци, кои испраќаа деманти и писма со обвинување дека овој филм, со силна поддршка на Владата на Македонија, сака да ја искриви историјата. Интересно е дека филмот не е ни излезен и не знаеме што точно ќе содржи, па сепак, Бугарите побрзаа да ја демантираат неговата приказна.

Оградувајќи се од филмот ние се обидовме да се навратиме на овие настани заедно со еден од живите сведоци на сето она што тогаш се случувало на терените во Македонија, но и надвор од нив. „Во тоа време имаше еден многу добар клуб во Македонија, ’Граѓански‘, кој влезе во првата југословенска лига уште во 1938 година. Тие играа во сезоната 1939/1940 година, а исто така и во 1940/1941, но не завршија поради окупацијата на Југославија“, вели Стаматоски. Тогаш во Македонија имало повеќе тимови, но „Граѓански“ бил најдобар. Во 1938 година во Македонија дошол тренерот Илјаш Шпиц од Сплит, каде што го тренирал „Хајдук“, за кого Стаматоски вели дека бил таков визионер и стручњак, кој и денеска би бил врвен.

„Шпиц го подигна нивото на фудбалот во Македонија. Во 1941 година беше направен тимот ’Македонија‘ во кој во голем дел влегоа играчи од ’Граѓански‘, но и играчи од другите скопски тимови, како голманот Васил Дилев кој дојде од ССК, скопскиот спортски клуб. Шпиц направи многу добра екипа во која беа и Кирил Симоновски - Џина, Васил Цветковски, Саво Цветковиќ, Драган Геров, Јаневски, Шутевски“, раскажува Стаматоски, кој вели дека Џина бил најдобриот фудбалер на сите времиња.

„Првите натпревари со Бугарија ги имавме уште во 1941 година. Нашиот тим отиде во Софија и ги направивме лом и тие тогаш, сакајќи да го прикажат тоа како ослободување на Македонија, во 1942 година не вклучија во првата нивна сојузна лига, која ја викаа елитна. Тоа беше така затоа што во неа беа само тимови од Софија, не и од другите градови во Бугарија. И сега дел од таа елита стана и нашиот тим ’Македонија‘“, продолжува Стаматоски. А тоа значело дека нашиот тим морал осум пати да оди во Софија, да игра со сите тимови, а тие сите дошле само по еднаш во нашата земја. Но, „Македонија“ бил на врвот, а се ближел крајот на шампионатот 1941/1942 година. Единствениот конкурент на „Македонија“ му бил „Левски“ и решавачкиот натпревар се играл во Скопје. Денот бил дождлив, теренот каллив и полн со локви вода, но тимот „Македонија“ веќе во 20. минута повел со 2:0. Тогаш во една акција нивниот играч Стамболиев ја погодил стативата, на која како што раскажува Стаматоски, долго потоа стоел калливиот отпечаток. Но, бугарскиот судија рекол дека тоа е гол. И додека нашите играчи отишле кај судијата да протестираат, играчите на „Левски“ го напуштиле теренот. Фудбалската федерација рекла дека македонскиот тим го напуштил теренот и како завршен резултат го објавила 3:0 за Бугарија. „Тие не можеа да дозволат Македонија да биде првак на Бугарија. Видоа дека немаат ни теоретски шанси и направија фалсификат, направија невиден преседан“, објаснува Стаматоски.

Инаку, со тоа не завршил овој историска натпревар. Тогаш навивачите, се разбира, цело време извикувале Македонија, бодрејќи го својот тим, но коњицата која го обезбедувала натпреварот почнала да ги брка и да ги удира. Била тоа неверојатна мешаница, после која, како што категорично тврди Стаматоски, натпреварите не се обезбедувале само со коњица, туку носеле и митралези. „Игравме и понатаму, вели Стаматоски, игравме и во втората сезона 1942/1943, која се одржуваше по ист принцип, додека во следната сезона, кога веќе се насетуваше исходот на војната, се укина лигата. Но, тимот „Македонија“ не го оставаа надвор, гостувавме два пати во Софија и игравме на пријателски натпревари. Во 1943 година во Софија го победивме „Левски“ два пати со резултат 1:0 и им докажавме дека сме подобри“, зборуваше Стаматоски. Тој рече дека во 1944 година тимот не играл затоа што голем дел од играчите отишле во партизани. „Се зборуваше дека тимот на ’Хајдук‘ бил тој кој отишол во партизани, но тоа не беше точно. Тие отидоа да играат со странски екипи. Додека нашите играчи, Џина Симеонов, Васил Цветковски, Саво Цветковиќ, Драган Геров земаа пушки и заминаа во партизани“, додава Стаматоски.

Во тоа време атмосферата на трибината била фантастична. На натпревари оделе главно учениците од гимназиите прогресивно ориентирани односно, како што нагласува Стаматоски, целата младина тогаш била напредна. Но, за тоа кога биле почетоците на фудбалот во Македонија нашиот соговорник вели дека биле многу, многу порано. Фудбал во нашата земја се играл уште на почетокот на 20 век. На местото каде што се наоѓа топката кај „Идадија“, посочува Стаматоски, се одиграл првиот натпревар во 1911 година. Инаку, во тоа време немало други спортови и фудбал се играл речиси на секоја полјана.

Го прашавме господинот Стаматоски и за приказната околу ослободувањето на тренерот Илјаш Шпиц за кого, како што вели Стаматоски, би имал десетици приказни да раскаже. Тој ни рече дека тука е толку чиста ситуацијата, дека Шпиц од концентрационен логор го спасиле Македонците кои биле во Управата на фудбалскиот тим „Македонија“, но преку интервенцијата на тогашниот претседател Чкатров, кој бил во служба на Бугарите. „На друг начин, вели Стаматоски, и немаше шанса да се стигне до бугарскиот министер за внатрешни работи Габровски. Нашето раководство во Управата по апсењето на Шпиц отиде кај Чкатров и му рекоа дека тоа не е затоа што Шпиц е Евреин, туку дека тоа е насочено против него. Тогаш Чкатров, на иницијатива на партиската организација која ја искористи неговата суета, интервенираше и Шпиц беше симнат кај Врање.“ Што се однесува до другите тврдења на Бугарите дека тие ги спасувале Евреите, Стаматоски вели дека бил сведок како бугарската војска и полиција влегувала буквално во сите куќи. Тој вели дека од 7.300 Евреи во Македонија дали се спасиле само 10 или 20. Бугарите, како што вели Стаматоски, ги спасиле нивните Евреи, но не и нашите, туку напротив, тие биле оние што ги собрале.

А околу реакциите од бугарска страна, Стаматоски вели дека треба да сме свесни дека кај Бугарите за цело време има една константа, дека ние сме Бугари. Без оглед на се', на тоа дека не' признале, тие секогаш мислеле и мислат дека ние сме Бугари. „Нека кажат, вели Стаматоски, како го направија ’Левски‘ првак, нека кажат дали овде беа прифатени, нека кажат дали нешто придонесоа за ослободувањето“. Тој додава и дека при крајот на војната тие сакале да се прикажат како ослободители, сакале да влезат во Скопје кога било ослободено, но тоа не им било дозволено.

А тимот „Македонија“ постоел и по војната и играл се' до 1947 година. Веднаш по војната „Македонија“ играл со „Црвена ѕвезда“ и ја победил 4:1. Се појавиле и други тимови и во 1947 година, кога баш и не било пријатно да се слуша на трибините „Уа Македонија!“, се присоединиле „Македонија“ и тимот „Победа“ и бил создаден „Вардар“. „Шпиц беше тренер и на ’Вардар‘, а потоа го побараа во Белград. Нашите одлични играчи, Симоновски, Јаневски, Шутевски беа дел и од југословенската репрезентација. А Шпиц умре на терен, кога игравме со ОФК ’Белград‘. Но, остана приврзан за нашата земја и секогаш кога му беше потребен на ’Вардар‘ тој доаѓаше“, се присетува со радост и задоволство на тие времиња господинот Трајко Стаматоски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E83948817FC5054E978555A30D4CBD43ж

.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Отворено писмо до предаването „Панорама” по БНТ и до водештија Бојко Василев

Уважаема редакција,

Повод за това писмо ми дава изл'ченијат от вас репортаж на 11.11.2011 г. за нероденија оште филм „Трето полувреме”, којто очевидно ште се прев'рне в јаб'лка на раздора не само в рамките на с'седските отношенија с Република Македонија.

Обр'штам се к'м вас и к'м водештија Бојко Василев и неговија екип, но с'штевременно с'знавам странната ситуација, че адресат'т се намира не само в БНТ, но и в други медии, на п'рво мјасто в телевизија СКАТ, с којато сте намерили удивително обшт език и дори обшти с'трудници в лицето на Пламен Павлов. Преди да се појави в'в вашето предаване, тој вече беше направил своја коментар не само на в'проснија филм, но и на други материали по темата, например мојата публикација в списание „Биограф” под заглавие „Апокриф за цар Борис Трети”, којато в документална форма разказва обшто взето исторически сјужети от нароченија за антиб'лгарски филм. Този филм, господа и дами от Панорама, очевидно не е за футбол, а за нешто доста по-важно, заради което и се вдига так'в шум, врјавата от којто трјабва да достигне до Европејскија парламент.

Става дума за депортацијата на 11343 евреи от Македонија и Беломорска Тракија през март 1943 г., изв'ршена от б'лгарска војска и жандармерија, ос'штествена от б'лгарска администрација по решение на б'лгарските власти и б'лгарскија цар Борис Трети, технически организирана от БДЖ и туристическо бјуро „Балкан”, заплатена с отнето еврејско имуштество и с крајна дестинација – Треблинка, нај-ужасјаваштијат лагер за човешко уништожение, к'дето оште при пристигането депортираните при тази акција деца (4500 на број!) са били застрелвани с куршум в тила, а в'зрастните са били задушавани в газови камери.

За оправдание на тази депортација, евфемиз'м на планирано, масово убијство, са изписани тонове мастило, вклјучително за да се обоснове абсурдната теза, че е изв'ршена с благородна цел, т.е., за да б'дели спасени други 48000 евреи в старите граници на Царство Б'лгарија. Повтарјана многократно и изслушвана учтиво в чужбина, тази версија е спасителен појас за онези нечисти с'вести, които и до днес се стрјаскат от кошмара на изв'ршеното, но нјамат сила да признајат една вина, којато вече е понесена от преките изв'ршители, но историческата отговорност за којато јавно пречи на амбициите на техни наследници.

Тук искам да ви об'рна внимание, господа и дами от Панорама, че вината и отговорността не са едно и с'што нешто. Вината е понесена и ште остане като историческа прис'да над малка група хора с големи амбиции : минист'р-председателјат Филов, Борис Трети, нјакои министри. Обслужвашти интереси на кр'гове от онова минало се опитват да ја пренесат с днешна дата обаче в'рху цјалото б'лгарско обштество, за да го накарат то да ја отхв'рли като нап'лно незаслужено обвинение и по този начин да оневини и тјах самите.

Отговорността обаче е другаде и е недопустимо тја да б'де прехв'рлјана в'рху цјалото гражданско обштество. Заштото само поради неговата намеса през онази епоха и против волјата на управлјаваштите една оште по-масивна депортација, планирана и организирана, е била, макар и временно, осуетена, което се е оказало от решавашто значение за оцелјаването на близо 50000 отлични б'лгарски граждани от еврејски произход.

По-к'сно за с'жаление с'штите напуснаха пределите на Б'лгарија, подгонени от мрачните спомени за случилото се с техни братја, сестри и роднини в посочените територии. Опитајте се да објасните на тези хора, че за да б'дели спасени, са били пожертвани техните нај-близки!

Никоја д'ржавна институција от онази епоха, Дворец, Народно с'брание, Министерски с'вет, не сe е замислила да спре онова прест'пление, изв'ршено по решение и с'с с'гласие на цитираните. В замјана са дејствали организирани граждански групи като Адвокатскијат с'јуз, С'јуз'т на писателите, отделни благородни б'лгари като Димо Казасов, Петко Стајнов, Димит'р Пешев и стотици, чиито имена са неизвестни на широки кр'гове от обштеството. Единствената официална институција, којато тв'рдо, методично и последователно е изв'ршила огромна по своите маштаби и значение работа за заштита на преследваните, е била Б'лгарската православна ц'рква, којато нито за миг в периода от 1940 до 1944 г. не е престанала да третира като свој приоритетен д'лг борбата срешту еврејските преследванија, вклјучително депортацијата.

Свидетелство за това са протоколите на Светија синод от онази епоха, в които личи, че просветлените умове на времето, озарени от истински хуманиз'м, не са се намирали нито в царскија дворец, нито в министерскија с'вет, но в'в всјака б'лгарска ц'рква. Тези умове и истински ренесансови личности от онази епоха, 11 б'лгарски митрополити начело с'с Стефан, Кирил и Неофит, все оште не са получили нужното всенародно почитание, което им се пада по право и по заслуга. Тјахната традиција е жива и до днес, което стана јасно по време на скорошните с'битија в Катуница, при които Б'лгарската православна ц'рква веднага отправи истински необходимија призив за толерантност и п'рва заговори в с'здалата се ситуација на езика на европејските ценности!

Вместо достојните б'лгарски митрополити от онази епоха, господа и дами от Панорама, вие счетохте за необходимо да навирате в очите на публиката една изклјучително спорна фигура като цар Борис Трети. Не мога да прем'лча в'змуштението си, че целијат ви дебат с в'проснија историк Пламен Павлов се изв'ршваше при символичното прис'ствие на Кобурга, лично отговорен за македонската депортација, и пред неговија паметник, издигнат преди нјаколко години наб'рзо в градината с негово име по време на министерстването на неговија собствен син.

Интересен детајл е с'што факт'т, че с'штијат господин Павлов, којто редуваше дитирамби и заклинанија пред вашата камера, само месец по-рано отправи пламенна анатема (изл'чена в едночасово предаване в телевизија СКАТ ) срешту моето есе „Апокриф за цар Борис Трети”, публикувано в'в втори број на списание „Биограф” като, между другото, разпалено се к'лнеше,че нјама никакви чувства к'м монархијата, нито к'м последнија б'лгарски цар!?!

Кога казва истината господин Павлов, избрал за свој символичен патрон цар Борис Трети в'в в'проснија задочен спор с македонскија филм, е в'прос, којто очевидно нјама ништо обшто с историјата, а с една вече досадна пропаганда за заслугите на царја, којато в'преки упорството, с којато се изв'ршва, и до ден днешен не е зачетена като исторически факт .

Нјамам никакво намерение да адвокатствам на едно все оште незав'ршено и невидјано художествено произведение, заштото не желаја да изпадам в смешната ситуација, в којато всички критици на филма, вклјучително вие, господин Василев, се поставјате, атакувајки една неизвестност.

Мислја си обаче, че так'в филм трјабваше да б'де направен от б'лгари в Б'лгарија и тој штеше да има наистина огромна тежест пред световната обштественост, заштото нај-значителните победи са победите, които постигаме над самите себе си като поемаме макар и символично историческа отговорност.

В анонса на вашија репортаж, господин Василев, вие објавихте, че става в'прос за историја „много сложна, малко т'жна и леко смешна”. Частично с'м с'гласна с вас. Много сложно е да се прехв'рли вината на преките изв'ршители на едно от нај-безчовечните дејанија в новата ни историја в'рху целија народ, нешто, което от 20 години нјакои писачи на политически сценарии се опитват да сторјат, за с'жаление с известен успех, ако се с'ди дори по вашата собствена реакција.

Не знам какво ви кара да мислите обаче, че историјата с варварското избиване на 11343 души е „леко т'жна”. Цивилизованијат свјат нарича това с'битие „незаличима трагедија”. „Леко смешно”, както се изразихте, е в моите очи мечешката намеса на тримата евродепутати и техните хилави аргументи, поставени в заштита на една незаштитима кауза, чијато дејствителна цел веројатно те самите и не с'знават нап'лно јасно, с изклјученија на царскија адјутант Светломир Илчев, когото подозирам като инициатор на тази безмислена и наистина смехотворна акција, на всичко отгоре обречена на неуспех. Тримата веројатно не знајат, че проблем'т с македонската депортација вече беше ведн'ж разискван в Европејскија парламент в далечната 1993 година, когато група евродепутати, вклјучително р'ководителката на дјасната фракција Симоне Вајл, самата бивша концлагеристка от Аушвиц, реагираха с в'змуштение на масовата реабилитација на бивши военнопрест'пници и антисемити като Богдан Филов, Димит'р Габровски, Дочо Христов и други.

С'мнјавам се, че нашите „евродепутати” и днес ште намерјат в ЕП с'мишленици на тезата, че в Македонија и Беломорска Тракија не се е случило ништо специално и че може да има забрава и опроштение за македонскија холокост, само поради факт'т, че други евреи са успели да се спасјат.

Все едно жертвите на арменскија геноцид да б'дат забравени заради оцелелите и прокудени от домовете им техни близки. Сто години след това с'битие арменскијат народ прод'лжава храбро да се бори за своето достојнство и за поемане на морална вина от д'ржавата, којато е изв'ршила това прест'пление. Колкото и да не желајат да признајат нјакаква историческа вина, не мога да да си представја турски политици да поискат с писмо от Барак Обама или от Конгреса на САшт да б'де спрјан пореднија филм на тази тема на Парамаунт или на Метро Голдуин Мајер.

Арменскијат народ предава от поколение на поколение завет'т на својата борба за достоинство.

Уверјавам ви, дами и господа от Панорама, вие, които показахте пренебрежително незачитане пред камерата к'м паметта на 11343 невинно избити евреи от Македонија и Беломорска Тракија, че потомците им в Б'лгарија и по света с'што не са забравили техните фантоми и ште бдјат те да не б'дат осквернјавани по начина, по којто вие сторихте това, приравнјавајки тјахната трагедија до организирана от вас махленска разправија по повод един незав'ршен филм и между с'седи, които не могат да намерјат обшт език и си оспорват правото с какви паметници да украсјават собствените си градове.

Леа Коен
14 ноември 2011

http://www.facebook.com/notes/lea-cohen/отворено-писмо-до-редакција-панорама-по-повод-филма-трето-полувреме/10150378365423450
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
233
Повтарјана многократно и изслушвана учтиво в чужбина, тази версија е спасителен појас за онези нечисти с'вести, които и до днес се стрјаскат от кошмара на изв'ршеното, но нјамат сила да признајат една вина, којато вече е понесена от преките изв'ршители, но историческата отговорност за којато јавно пречи на амбициите на техни наследници.
Да за жал тоа е вистината, за која мнозинството денес во Бугарија дури и не знаат.
Но, интересно е дека Груевски знае каде да удри слаба точка на Бугарија.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
219
. . . Но, интересно е дека Груевски знае каде да удри слаба точка на Бугарија.
Значи признаваш, дека не Бугариjа, току Македониjа политизира "Трето полувреме".
Нели тоа ви сборим от почетокот.
Признахте!!!
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Значи признаваш, дека не Бугариjа, току Македониjа политизира "Трето полувреме".
Нели тоа ви сборим от почетокот.
Признахте!!!
Ех.:pos:
Браво, ете aivanv69 е всушност самиот Дарко Митревски.
Готово, не открија, затворајте ја темата.:tapp:
 
V

viktora

Гостин
Значи признаваш, дека не Бугариjа, току Македониjа политизира "Трето полувреме".
Нели тоа ви сборим от почетокот.
Признахте!!!
Погрешно толкуваш Груевски мава каде ве боли а тоа е ВИСТИНАТА!
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Се гледа по вашето напинање на темава и секоја тема поврзана со Македонија колку не ве боли половиот орган.
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
За Блгарите во темава повелете нагостете се

http://www.bbc.co.uk/news/magazine-15877299

+


- Тоа се луѓе кои не разбраа ништо за Европа, тие треба да прекинат со тоа бидејќи што би правеле ние во Германија. Ако секогаш мораме да кажеме „не“ или да протестираме за сите филмови кои се снимаат за Третиот Рајх. Не е наместо да се реагира на ваков начин, тоа не културен начин на делување и би сакала да не им са дава големо значење на нивните реакции, вели Пак.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Сител пренесува сторија на BBC направена со една од ретките македонски Еврејки, 89 годишната Џамила Колономос.

Би Би Си, објави потресно сведочење на македонска еврејка

28.11.2011 - 16:10
Преку ликот на 89 годишната еврејка од Битола, Џамила Коломонос, една од ретките која го преживеала холокаустот, ББС направи репортажа во која го отслика макотрпниот живот на евреите во Македонија.

Екипата од ББС која всушност во Скопје дошле по повот отварањето на меморијалниот центар на жртвите од холокаустото, кој е четвртти по ред во светот, сосема случајно наишле на старицата која им го раскажала целиот нејзин живот. Преку црно белите фотографии Џамила им доловила дел од тоа време.
Во нивната репортажа, тие го опишуваат и животот на уште една еврејка која успеала да се спаси од смртта и во кампот Плашов и од Аушвиц, благодарение на умешноста да свири на пијано која по завршувањето на војната се преселила во Лондон а починала во 2007 година на 96 годишна возраст.

ИЗВОР

Еве го и делот од видеото направено со старицата од луѓето на BBC што дошле да снимат сторија за македонскиот меморијален центар посветен на жртвите од холокаустот во втората светска војна.

Macedonia Holocaust survivor: 'I escaped with the resistance'

Целата сторија на BBC е на овој линк:

КЛИК
 

Kajgana Shop

На врв Bottom