Доста бе Небо, одмори малце брат. Како шо не можиш ти да докажиш дека се постигнува брзината на светлината, така и тие не можат да докажат дека не се постигнува.
Човечкото тело дефинитивно не може да ја постигне таа брзина и да преживее, то лесно може да се докажи. Ама пак ако зборуваме за теоретско достигнување на таа брзина, постојат честички кои всушност патуваат со таа брзина (фотоните), што значи дека достижна е теоретски таа брзина. Преминувањето на истата е теоретски необјасниво барем за денешната наука, само субјективни претпоставки можи да се изнесат околу ова прашање.
па фотоните се светлината, значи викаш само светлината може да патува со брзината на светлината
еве ти пример од еден киксер од средно: Кругот е дел од рамнината во форма на круг. :pos2:
Имаше еден пост дека ако се патува со брзина на сетлината треба да се има т.е. ќе се има бесконелна маса. Епа ако е така, тогаш како не удира светлината нас треба да не разнесува, освен ако има објаснување зошто тоа не е така.
Светлината има маса, затоа и црните дупки многу си ја сакаат. И светлината има двојна природа и како честица (значи има маса) и како бран. Квантана теорија.............
А и баталете го Ајнштајн со неговаат теорија за реалтивитетот. Тоа е само негово размилување, не е докажано, впорчем е само тероија. Нема ништо на хартија...
Поинтересно е E=m*c^2, каде што од тело со маса добиваш енергија, т.е. претвораш маса во енргија.
Не може ли обратното m=E/c^2, па да се претвора енергијата во маса и да се овозможи процесот на телепортирање.
Или пак чичко Ајнштајн само сакал да ни каже дека едно мало тело може да произведе големо количество на енергија (атмоска бомба) и ништо повеќе.