Бременоста и негата

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Nega za vreme na bremenosta

Dobrata nega koja ke ja pruzite na vaseto svoeto dete ne pocnuva na denot na raganjeto, naprotiv zapocnuva od denot koga prv pat doznavte deka ste bremena. Pa duri i porano, zatoa sto vo tekot na godinite pred bremenosta vaseto zdravje, pravilnata ishrana i dobrata fizicka kondicija se zdruzuvaat zaedno za da doprinesat za napredokot na vaseto bebe.
Grizata za vaseto dete vsusnost znaci deka na vreme ke go pobarate lekarot koj ste go odbrale i da gi sledite negovite soveti za da go odrzite vasiot organizam vo dobro zdravje, dovolno da se odmarate i sto e najvazno dobro da se hranite.
Ovoj nacin na pretporodilna nega dva pati se isplati.
Prvo, mu davate na svoeto dete najdobra moznost da bide zdravo i jako, vtoro, doprinesuvate vasata bremenost da bide prijatna i poroduvanjeto da bide polesno.

Prvo pravilo glasi deka treba da odite na lekar vednas stom ke pomislite deka ste se zanele.Duri i ako veke ste bile bremeni i bez nikakvi poteskoti, duri i ako nema nikakva osnova da pomislite deka ovoj pat ke imate probelmi ili tegobi, ke bide najdobro vednas da se konsultirate so vasiot lekar. Toj poveke saka od nego da pobarate sovet uste od samiot pocetok, zatoa sto ke bide vo moznost ovoj period da vi go napravi poprijaten.

Toj sistematski ke ve pregleda, ke vi zeme krv na analiza uste na samiot pocetok od vasata bremenost.
Ke ja zabelezi vasata pocetna telesna tezina, krven pritisok,vasite telesni dimenzii.Ovie podatoci ke mu bidat od golema korist vo podocnezniot period, koga ke gi prati ovie podatoci i ke oceni dali nasatpila nekoja drasticna promena.
Mnogu ozbilni komplikacii moze da se izbegnat ako vasiot lekar navreme ve pregleda i potoa redovno ve pregleduva.

Znaci na bremenost

Kako moze da znaete dali ste bremeni?

Obicno prv znak e docnenje na menstruacijata. A ko menstruacijata ja dobivate tocno vo odredeno vreme, a sega zadovnila deser pa i poveke denovi, pocneet da razmisluvate.Ako nitu drugata menstruacija ne dojde,toa e veke siguren znak.
Znaci ako ne ste go dobile mesecnoto pranje i nautro imate cesto potreba za mokrenje pametno bi bilo da se obratite na svojot lekar.
Postojat i drugi znaci na cija osnova vasiot lekar go nosi zaklucokot- na primer dojkite pocnuvaat da rastat a temniot krug okolu bradavicite se siri-iako e tesko da bide siguren,otprilika pred tretiot mesec.
Vo nekoi otsutni momenti se slucuva zenata da ima lazni simptomi.Ne i nimalko redok slucajot da se preskokne edno pranje i duri utroto da imaat maka, zatoa sto pomisluva deka mozebi zabremenila.

Ako sepak morat evednas da doznaete dali ste bremena ili ne, postojat testovi koi sso sigurnost od 95-100% mozat da bi dadat odgovor vednas.Megutoa nema nikava potreba od vakvi testovi dokolku nemate vistinski licni pricini da dobiete vednas i tocna dijagnoza.
Vo tekot na prvata polovina od bremenosta, i vo slucaj se da se odviva kako sto treba, potrebno e da go posetuvate vasiot lekar ednas mesecno.Vo vtorata polovina toj moze da bara od vas da go posetuvate i sekoi dve ili tri nedeli,a mozebi i ednas nedelno.
Pridonesot na vasiot lekar, kako sto toj nesomneno kenapomne, ne e prvenstveno zatoa sto ke ve leci kako negov pacient, ami poradi faktot sto treba da obezbedi normalna i vedra bremenost.

 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Кога треба да го очекувате детето

Наjверојатно вашиот лекар ќе го предвиди датумот кога може да очекувате да се роди вашето бебе, но немојте строго да се придржувате до неговата прогноза. Должината на носењето може да биде различна, а сепак да биде нормална; понекогаш постојат и други фактори кои отежнуваат да се дојде до точна математика. Лекарите обично преметуваат 280 денови, или десет месечеви мени, почнувајќи од првиот ден на последната менструација. Пресметајте наназад три календарски месеци од првиот ден на вашето последно прање и додадете седум календарски денови. Да речеме дека последната менструација почнала а 16.декември. Избројте три месеци наназад и ќе добиете 16.септември, и потоа додајте седум денови. Тоа значи дека можете да го очекувате породувањето околу 23.септември. Запаметете дека овде се работи за механичко погодување, бидејќи ниту вашиот лекар, ниту било кој друг, не знае колку навистина ќе му биде потребно на вашето бебе да се припреми за раѓање. Ова најмногу се однесува ако го очекувате вашето прво дете, и нималку не треба да ве изненадат две недели повеќе или помалку.
Ако често го посетувате лекарот пред крајот на бременоста, и ако тој го прати откуцувањето на срцето на детето, ќе бидете сигурни дека се ќе биде во ред. Не барајте од вашиот лекар да ги забрза работите. Ако тој заклучи дека треба да го забрза породувањето, сам ќе ги превземе потребните мерки.

Дозволени активности

Како ќе се однесувате во овој период на својот живот, зависи од тоа што сте имале обично како обврски да работите. Ако досега сте се занимавале со спорт или возеле со автомобил, продолжете, само умерено, и секако доколку лекарот се согласи и не чувстувате никакви лоши последици. Пливањето има свои извесни опасности, освен ако водата е проверено чиста и ако не е ладна. Претерана подвижност - како што е јавање коњ, играње тенис, брзи игри - можат да бидат штетни. Златно правило е да се престане пред да почувстувате замор, никако после тоа.

Немој да пропуштите за се ова да поразговарате со вашиот лекар. Помеѓу останатото, прашајте дали може да возите автомобил после шестиот месец. Можеби ќе ви советува дека тоа е возможно, или можеби напротив ќе ви забрани со оглед на околностите.
Ако досега самите сте работеле по дома, ќе ви биде од корист да продолжите, под услов грубите работи да ги оставите на некој друг, по можност на вашиот сопруг, и да не се преморувате. Веднаш штом ќе осетите замор, престанете.

Ако сте вработени, користете го времето за одмор и навистина треба да се одморите. Испружете се, и доколку за тоа имате услови, па макар и за кратко време.
Ако сте не се занимавале со некој спорт или домашна работа, не би било паметно да почнете. Од друга страна, извесно движење е неопходно, но сепак тоа се да го споите со вашите досегашни навики. Најпрепорачливо е : утринска и вечерна прошетка; во почеток треба да бидат кратки и постепено да се продолжуваат се додека не почнат да ве заморуваат. Повеќето лекари им препорачуваат на здравите жени секојдневни прошетки, дури и на оние кои имаат домашни обврски.

Дали треба да патувате?

Вашиот лекар треба да одлучи во колкав обем и со кое превозно средство може да патувате. Долгите патувања со автомобил повеќето жени ги заморува, а во некои случаи може да предизвикаат и поголеми проблеми. Ако имате итна причина за патување направете го тоа во повеќе етапи, за да не го почувстувате заморот. Патувањето со брод е погодно, доколку нема бранови.

Кога ќе одлучите да патувате, не треба во никој случај да заборавите дека ќе бидете далеку од својот лекар, кој е потполно запознает со вашата состојба во случај да ви имате потреба од помош. Исто така треба да знаете, дека природата на човекот тешко бара медицинска помош надвор од местото на живеење.
Во текот на првите осум месеци е дозволено патување со авион под услов да претходните бремености поминале без никакви проблеми, и ако немате тешкотии со патување. За време на последните два месеци, повеќето авионски компании ќе ви побараат писмена потврда од вашиот лекар кој го одобрува патувањето. Доколку имате пропишано било каква диета - за смалување на солите, маснотиите или јаглено-хидратите - авионската компанија ќе се погрижи сето тоа да го обезбеди, ако навремено ја известите.
Ако сте принудени да патувате, тогаш возот или авионот се најпогодни. Возот е пријатен за долги патувања. Препорачливо е да бидете во местото на живеење последните два месеца од бременоста или пак во почетокот на осмиот месец да престојувате во местото каде што планирате да се породите.

Бидете што повеќе на свеж воздух
Старото мислење дека идната мајка треба да јаде два пати повеќе од порано, сега е напуштено. Но сега увидено е дека идната мајка мора да дише за двајца. Колку повеќе можете, престојувајте на воздух. Просториите во кои го поминувате денот, треба да бидат што подобро проветрени, а исто така и вашата спална соба.

Пушење и алкохолни пијалоци

Поделено е мислењето во поглед на делувањето на тутунот за време на бременоста. Доколку сте озбилен пушач, лекарите советуваат да го сведете пушењето на минимум или сосема да престанете ако вашиот лекар тоа го препорача.
Алкохолните пијалоци би било паметно да не ги внесувате во организмот. Алкохолот ги зголемува калориите, а нема никаква хранлива вредност и може да биде штетен по други основи. Информирајте се кај вашиот лекар дали смеете да испиете по некоја чаша.



Сексуален однос

Препорачливо е да се избегнува сексуалниот однос, кога ви бил менстуалниот период поради фактот што е зголемен ризикот од спонтан абортус.
Потполно престанете со сексуалниот однос во текот на последните шест недели од бременоста.

Детето расте од тоа што го јадете вие

Со фактот дека вашето бебе пред раѓањето зависи од вас во поглед на исхраната, храната која ја земате е од големо значење.
Денес се знае дека не морате да јадете повеќе отколку што сте го правеле тоа пред бременоста, но сега квалитетот на храната е многу важен.
Меѓутоа, иако јадете и за вас и за вашето бебе, сепак не треба да се делбелеете. Дебелеењето може да предизвика големи проблеми за време на бременоста и за време на породувањето, а и потешко ќе се ослободите од вишокот килограми после тоа! Поради тоа современите лекари ја контролираат тежината на свиоте пациенти за време на редовните прегледи и во повеќето случаи препорачуваат зголемување на телесната тежина не повеќе од десет килограми.
Тоа значи дека не треба да јадете повеќе од порано; но затоа треба да внимавате на состојките на храната који се најважни за добриот развојот на Вашето дете. Самите треба да внимавате на правилната исхрана во соодветни количини.


 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Која храна е добра


Неоходно ви е млеко поради калциумот

Млекото содржи минерални материи кои се потребни за развојот на коските и забите на детето и тоа во облик во кој можете и вие и детето да ги користи. Исто така млекото е богат извор на протеини потребни за развој на ткивата, потоа на јаглени хидрати неопходни за енергија, и најпосле на важни витамини.
Најверојатно, ќе морате да пиете млеко во поголеми количини отколку порано. Затоа намалете го земањето на тешка храна која има многу калории, а не ви обезбедува соодветни важни состојки кои се наоѓаат во млекото.
Ако ви се причини дека добивате повеќе на тежината, иако сте го намалиле обемот на јадење на слатки и друга храна која дебелее, прашајте го вашиот лекар дали може да го замените млекото со обрано. Полномасното млеко повеќе се препорачува поради витаминот А кој се наоѓа во павлаката. Доколку лекарот ви препорача обрано млеко, тогаш витаминот А ќе ви препорача да го земате во некој друг облик.
Дневно треба да пиете по еден литар млеко, било да го пиете за време на редовните оброци, или помеѓу нив. Во секој случај препорачливо е еден литар дневно.
Млекото може да биде свежо, пастеризирано или во прав. Млекото во прав ги содржи истите сосотјки како и свежото, и добро би било еден дел од дневната количина да ја внесувате како млеко во прав. НО за ова сепак треба да се консултирате со вашиот лекар. Сепак мислењето на специјалистите, е дека било која храна во големи количини може да доведе до појава на алергија кај нероденото дете. Се смета дека млекото во прав, не содржи алергогени супстаниции поради високата температура на која се изложува при обработката.
До пред извесно време се сметаше дека калциумот во облик на капсули може да го замени млекото кај жените кои тоа не го пијат; но ваквата замена не одговара потполно, затоа што калциумот е само еден дел од минералите кои се содржат во млекото.Со млекото добивате и други неопходни материи и витамини, кои се важни за развојот. Поради тоа, само во случај на алергија од млекото, млекото не се препорачува во количините кои ги наведовме. Истотака препорачливо е еден дел од млекото да се зема во облик на сирење, поради други потребни состјки кои ги има како на пример фосфор, протеини итн.
Младото сирење содржи голема количина на протеини, но не е така богато со калциум. Поради тоа овој вид на сирење може да го користите како додаток, а не како замена за количината на млеко.
Доколку добивате на тежина, намалете од нешто друго, млекото да биде последното од кое намалувате. Ако млекото ви созадава запек, пробајте од советите кои ќе ги опишеме подоцна, но не се откажувајте од млекото.

Неоходно ви е и железото

Второ на листата на неопходни материи за вас, а особено за вашето дете е железото, затоа што бебето прави залихи на железо, кои ќе ги користи неколку месеци после раѓањето. Не е ретка појавата на анемија кај бремените жени, а таа може да се спречи со внесување на железо. Како додаток вашиот лекар може да ви препише и железо во чист облик.
Ова е храната која специјалистите ја сметаат за добар извор на железо :

-
Јајца (особено жолчката)
- Џигер, срце, бубрези, месо, говедски јазик, мисиркино месо, сок од говедско месо
- Риба
- Јачмен, пченично зрно, тестенини
- Сушени кајсии, сушени праски, сушени смокви, суви сливи и грозје
- Соино брашно, сите врсти на боранија, леќа, сушен грашок.
-
Екстракти на квасец
- Брокула, зелка
- Зеленчук со зелени листови, како што е спанаќот, келераба, зелена салата
- Варен компир или печен со лушпата

Потребна ви е и соодветна количина на јод

Вашето бебе зависи од вас и во поглед на снабдување со јод како пред раѓањето така и во првите месеци од животот. Јодот е толку важен што во недоволни количини може да предизвика озбилни недостатоци во менталниот и физичкиот развој. Со обзир на фактот дека постојат области каде го нема, а и го нема ниту во храната која се одгледува, мора јодот да се зема во друг облик. Најдобар извор на јод се : рибино масло и морска риба. Понекогаш е потребно да се додаде јод и во облик на препарат, но за тоа мора строго да се придржувате до советите на лекарот.

Особено се важни витамините

Витамините се состојки кои се наоѓаат во храната во мали количини, а кои сепак се важни за животот, здравјето и растот на човекот. Тие се важни за луѓето, а особено за бремените жени и доилките кои имаат поголема потреба за витамини. Мора да се погрижите да внесувате храна богата со витамини и тоа во големи количини. Витиманите се толку важни во исхраната, што понекогаш лекарот може да ви препорача дополнително и мултивитамински капсули и слично.
Ќе ги наведеме сите потребни витамини, кој за што е корисен и каде да го најдете.

Витамин А

Потребен е за : нормален раст, мека и здрава кожа, јаки коски и заби, добри нерви, формирање на видот, отпорност на инфекции.
Најдобри извори се : путер, павлака, полномасно млеко, сирење, жолчка, џигер, овошје со жолта боја, особено морков, зеленчук со зелени листови, сите врсти на рибино масло, прехрамбени производи во кои е додаден витаминот А.

Витамин Б1

Потребен е за : нормално функционирање на нервите, срцето, правилно користење на јаглени хидрати, здрав апетит, добро варење на храната, правилно отстранување на отпадните материи, раст, отпорност на инфекции, спречување на заморот.
Најдобри извори се : свинско месо, срце, џигер, бубрези, пченично зрно, леб, пченични клици, грашок, боранија, жолчка, домати, печен компир, помаранџи, грејфрут, ананас, сушен пивски квасец.
Витамин Б2

Потребен е за : раст, виталност, апетит, варење, нервен систем, кожно и очно ткиво.
Најдобри извори се : џигер, бубрези, жолчка, полномасно млеко, сирење, зеленчук со зелени листови, боранија, сув грашок, сушен пивски квасец, пченични клици.

Ниацин (уште еднна компонента на Б комплекс витаминот, познат како никотинска киселина)

Потребен е за : нормално варење и асимилација, здрава кожа, нервен систем, раст.
Најдобри извори се : млеко, жолчка, месо, срце, бубрези, џигер, пилешко месо, конзервиран лосос, пченица, печурки, домати, квасец.

Витамин Ц

Потребен е за : раст, здрави коски, десни, ткиво во ќелиите, јаки крвни садови, обновување накрвта, дишни органи, заздравување на рани, отпорност на инфекции.
Најдобри извори се : помаранџи, грејфрут, лимони, домати, компир, диња, свежа зелка, зелена пиперка, сокови.

Витамин Д

Потребен е за : раст, јаки коски и заби, како помош на организмот да користи калциум и фосфор.
Најдобри извори се : сите врсти на рибино масло, сите врсти на храна збогатени со витамин Д.

Витамин Е

Потребен е за : нормален развој на фетусот, и завршување на бременоста.
Најдобри извори се : витаминот Е е најраспространет и со нормална исхрана се внесува во доволни количини. Овој витамин најмногу го има во зелена салата, и пченични клици.

Витамин К

Потребен е за : нормално згрутчување на крвта и спречува крварење.
Најдобри извори се : жолчка, џигер, спанаќ, соино масло, домати, карфиол. Може да ви дадат и инекција од витамин К при породувањето


Како да ги сочувате витамините и минералите

Со оглед дека многу витамини се губат подложени на топлина и на воздух, треба во текот на денот да обезбедувате свежо овошје и зеленчук. Некои витамини може да апсорбираат вода за време на варење. Поради тоа варете је храната брзо и во покриен сад со малку вода. Искористете ја истата вода за сосови и супи.
Варете ја храната не лупена за да ги сочувате минералите.
Купувајте свежо овошје и зеленчук. Чувајте ги на ладно место да не свенат односно да не изгубат витамини. Секогаш кога можете избегнувајте да ја греете храната која еднаш сте ја вареле.
Витаминот Ц брзо се губи на воздух, поради што, правете сокови непосредно пред употреба.
Конзервираното овошје и зеленчук можат да се користат на ист начин како и свежото. Сочувајте го сокот од конзервираната храна за супа и десерт.

Протеините го градат животот

Калциумот и фосфорот во млекото служат за формирање на скелетот на вашето бебе, додека протеините, всушност се потребни за формирање на ткивата. Поради тоа протеините треба да имаат свое место во вашата исхрана во соодветни количини. Факт е дека на бремената жена и е потребно 50 проценти повеќе протеини од претходно.
Месото, јајцата, млекото и сирењето се најголеми извори на протеини.


 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Одберете ги најдобрите јагленохидрати

Јаглените хидрати се супстанција која дава енергија, потребна како и во секоја друга активност па така и за време на бременоста. Најмногу ги има во житните каши, лебот, компирот, и разни слатки.
Одберете леб од пченично зрно, или обогатен со додатоци, поред енергијата обезбедете си и доволно витамини.


Витаминот Д е неопходен

Без разлика колку млеко пиете, витаминот Д е потребен како помош на организмот за користење на калциумот и фосфорот кои се наоѓаат во млекото, а тие пак учествуваат во формирањето на коските. Извесна количина на витамин Д може да си обезбедите со сончање во лето, но како посебно важно треба да се нагласи и земањето на по една супена лажица рибино масло за време на летото, а по две лажици дневно во другите месеци.

Храна која треба да ја земате за време на бременоста

Еве неколку врсти на храна која треба да ја јадете секојдневно за сопствено добро, а и да му овозможите на своето дете растење онакво какво посакувате.

1. Млеко. Еден литар (или соодветна количина на млечни производи иако е најдобро млеко)

2.
Овошје. Две или повеќе порции варен зеленчук. Една порција ја сочинуваат четири супени лажици. Предвидете секој ден некој зеленчук со зелени листови. Еден мал компир, варен или печен со лушпа, кој е добар извор на витамин Ц.

3. Овошје и овошни сокови. Околу 200гр. непроцеден сок од помаранџа или сок од лимон, грејфут и слично, за доволни количини на витамин Ц. Поголеми количини на овошје помагаат при запек.
4. Месо, риба или дивеч. Најмалку една порција.
5. Барем едно јајце.
6. Житарици во зрно или со додатоци. Една порција.
7. Леб од разни врсти на жито. Три кршки.
8. Путер или маргарин. Околу три кафени лажици.
9. Витамин Д по упатство на вашиот лекар

Дневна количина на течности

Ако премногу нагло добивате на тежина или лекарот ви ограничи внесување на течности, доведете ја дневната количина на сите течности на 6-8 чаши. Под тоа се подразбираат млеко, овошни сокови, чај, кафе, вода, супа и останати пијалоци.



Храна која НЕ ТРЕБА да ја јадете

Избегнувајте храна богата со маснотии, шеќер и скроб, како што се сосови, сланина, мајонез, мрсни меса, уштипци, помфрит, макарони, шпагети, ориз, пити, теста, колачи, јаки пудинзи, сладолед, слатки, пиво и останати алкохолни пијалоци, пуканки, кикирики и слично. Исфрлете ја многу зачинетата или посолена храна, како и зачини од сите врсти.
Внесувајте сол во мали количини затоа што предизвикува задржување на водата во ткивата, на што е подложна секоја бремена жена. Избегнувајте многу посолена храна, сланина, шунка, или леб на скара.


 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Грижа за бубрези

Колку е важна грижата за бубрезите, покажува фактот што вашиот лекар ќе прави редовни контроли на вашата урина. Освен овие прегледи не треба ништо посебно да правите, само да пиете редовно млеко еден литар и 6-8 чаши други течности или вкупно околу 3 литра течности, како и да се придржувате до редовната хигиена. На почетокот и на крајот од бременоста жените се склони кон често мокрење, поради тоа што материцата притиска на бечиката и мокрачниот канал. Во тоа нема ништо нелогично. Но, ако приметите дека недоволно мокрите, дека мокрачата ви е со темна боја и јак мирис, обратете се на вашиот лекар.

Знаци на опасност

Доколку се појават следните симптоми помеѓу посетите на лекарот, веднаш, да го известите :
1. Отекување на лице, раце или стапала;
2. Заматен или нејасен вид;
3. Болки во стомакот;
4. зголемена телесна температура;
5. макар и најмало крварење од вагината;
6. упорно повраќање;
7. континуирана главоболка
;
8. излив на вода од вагина;
9. голем пад. Ако тоа се случи, веднаш јавете се на лекарот, легнете и не мрдајте додека не ве прегледа.

Овие промени можат да бидат многу важни, но исто така можат да предизвикаат состојба која бара итно лечење. Единствено лекарот може да донесе таква одлука.


Грижете се за вашите заби

Забите на бремените жени се склони кон крварење. Како и да е, нема да му штети на вашето бебе да секој расипан заб се поправи.
На почетокот на бременоста, посетете го вашиот забар, кој треба да ве прегледа детално. Пожелно е сите поправки да се направат што е порано можно. Настојувајте да ги закажувате термините, како во нормалниот период кога не би имале менструација, затоа што може да бидете емотивно по лабилни отколку обично. Ако сте приморани да вадите заб, избегнувајте го споменатиот период, односно менструалниот.

Грижете се за брадавиците

Од тоа во каква состојба ќе бидат вашите брадавици кога ќе се породите зависи дали успешно или никако нема да го доите вашето дете. Ако брадавиците ви се крути и повлечени тогаш бебето тешко ќе го зема млекото. Подоцна ќе го објасниме начинот на доење, но во овој момент треба да обратите внимание на состојбата на брадавиците, што е важен момент.
Секое утро треба да ги миете со млака вода и благ сапун. Потоа исплискајте ги со ладна вода за да станат крути.
Доколку брадавиците ви се премногу крути и тврди, тогаш намачкајте ги со вазелин, ланолин или топол путер од какао. Покријте ги со парче чисто платно или газа за да ги заштитите од облеката.
Почнувајќи од четвртиот месец можно е да од брадавиците тече течност, понекогаш и обилно, и ќе морате да ја заштитите облеката. Ако оваа течност се задржува на брадавиците, можно е тие да станат осетливи. Значи потребно е често да се мијат. Доколку се појават некои красти, благо мијте ги со вриена вода, а потоа намачкајте ги како што е опишано.
Носете прслук кој благо ќе ги подига градите нагоре, го чува обликот, и не притиска на брадавиците. Никогаш не користете прслуче кое ќе ги притиска брадавиците навнатре.
За други промени потребно е да го известите вашиот лекар.
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Стрии на стомакот

Браздите или линиите кои се појавуваат на стомакот често, се последица на напрегнатоста на кожата. Може да си помогнете доколку внимавате и на тежината која ја добивате и да ги намалите во наjмал можен обем. Не дозволувајте брзо да се здебелите. Ако се појават браздите, тогаш намалете го обемот на течности на ден и сведете го на 6 чаши дневно, доколку се сложи и вашиот лекар со тоа.
Некои стручњаци препорачуваат блага масажа на стомакот.со путер од какао. Ова може но и не мора да помогне.
Самите бразди со текот на времето после породувањето ќе се смалат, но никогаш потполно нема да ги снема.

Бањање

Пожелно е секојдневно бањање. Но не треба да употребувате претерано врела, ниту ладна вода. Мора да внимавате да не се лизнете. За даго спречите тоа ставете нешто на подот на кадата, но истотака внимавајте и на плoчките во бањата.
За време на последните шест недели од бременоста, можеби многу ќе ви годи туширањето, баш поради овие незгоди при влегувањето или излегувањето од кадата. Бањајте се во кадата само кога сте сигурни дека нема да ви се случи ништо.

Облекување

Нема да ви биде тешко да се при
држувате до некои правила :
- Не носете ништо што би ве стегало
- Секој дел од облеката треба лежерно да ви паѓа од рамениците
- Не облекувајте ништо што е припиено до телото, особено на градите, струкот или стомакот.

Ако сте носеле прслук број три, тогаш веројатно ќе морате да го зголемите до третиот месец. Најдобра кондура е онаа со ниски потпетици и широки врвови.
Облеката бирајте ја да биде соодветна и корисна. Што теба да купувате? Костим со неколку блузи. Потоа едноствна хаљина од два дела. Две до три спортски хаљини. Панталони од грубо платно за преперување и слично.

Ќе го вратите вашиот убав изглед

Со текот на времето можеби ќе се замислите и ќе помислите дека такви и ќе останете. Шетањето и другите ненапорни вежби ќе ви помогнат да останете во добра кондиција. Стомакот може да ви остане опуштен, некое време по породувањето, но тоа е само привремено. Добрата исхрана и соодветни вежби кој би ви ги препорачал лекарот,вашиот изглед ќе се врати.
Придржувајте се до упатствата кои ќе ви помогнат и не се грижете за ништо.

Оживување

Пред крајот на четвртиот месец од бременоста, вашето бебе ќе почне да се движи во стомакот. За овие први движења се вели дека сте почувствувале живот. Ќе личи на движење на крила од птици. Подоцна кога вашето бебе ќе има поголема сила, ќе помислите дека ова неродено мангупче изведува некои скокови.



 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
ВООБИЧАЕНИ И СПЕЦИЈАЛНИ АНАЛИЗИ ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕОСТА

Најверојатно дека уште за време на првата посета, или веднаш кога ќе биде сигурен, вашиот лекар ќе ја измери големината на карлицата. На таа основа тој ќе утврди дали е доволно голема за да може бебето да помине. Тој за време на понатамошните прегледи ќе забележува колку сте тешки, колку е крвниот притисок, а во текот на бременоста ќе изврши и внатрешен преглед преку вагината. Овој преглед ќе му овозможи да го утврди обликот на материцата, конструкција на карлицата и дали е се во ред.
Со текот на времето лекарот ќе врши и редовни надворешни прегледо да би го слушнал срцето на бебето и вас лично, да ја проконтролира материцата и положбата на бебето.
Покрај ова тој ќе врѓи и други анализи кои се наменети за доброто на детето и вас лично. Ќе наведеме само некои прегледи.

Преглед на урината

На секој преглед лекарот може да побара да му носите извесна количина наурина.Овие редовни прегледи ќе придонесат за одредување набелковини, потоа шеќер и други состојки поради општата состојба и работата на бубрезите.

Крвен притисок

Во текот на овие прегледи лекарот редовно ќе го проверува крвниот притисок, како би можело да се открие било какво покачување.


Преглед на крвта поради сифилис

На самиот почеток на бременоста лекарот најверојатно ќе ви земе крв за анализа на основа на Клајновиот, Хинтоновиот или Каноновиот тест утврди болест или не од сифилис. Факт е дека многу жени се болни, но не се свесни за тоа. Поради тоа потебно е навремено превземање на мерки на лечење заради ваша сигурност и нормално на вашето бебе.


Концентрација на хемоглобин

Покрај останатото, лекарот ќе ја испита крвта и за да утврди нивото на хемоглобин. По овој преглед, доколку се утврди на анемија, лекарот ќе препорача лечење како би се избегнале сите незгоди.


 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
АКО НЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ДОБРО

Многу жени за време на целата бременост се чувствуваат подобро и поубаво изгледаат отколку било кога порано. Па сепак, можеби ќе имате разни тегоби кои ќе ги убалижите со правилна нега. Понекогаш се јавуваат и озбилни компликации, но и нив можете да ги избегнете, ако се придржувате на упатствата на лекарот.

Гадење и повраќање

Најчеста од помалите непријатности за време на бременоста се утринските гадења. Но тоа не значи ека нема да чувстувате мака во било кој друг дел од денот.
Половина до една третина од бремените жени ќе чувствуваат мучнина, особено првите месеци на бременоста. Тоа чувство е нормална физиолошка појава.
Меѓутоа ако дојде до почести повраќања, можете да си помогнете во голема мера, ако усогласите некоја диета со одмор.
Настојувањето да се совладаат утринските гадења со помош на диета се состои од земање на помалку калорична храна. Потребно е да се има шест оброка дневно, со тоа што треба истите да бидат
богати со јаглени хидрати, и малку маснотии. Додека ја држите оваа диета нема да може да ја држите тежината под контрола.
Кока гадењето ќе се совлада или сосема исчезне, што се случува обично крајот на првото тромесечје, може да ги смалите јаглено хидратите и со тоа нешто ќе изгубите во тежината. Така ќе може да продолжите со зголемување на тежината во нормални граници, иако во првиот период сте добиле некој вишок на килограми.
Путерот спречува склоност кон гадење, поради што може да се користи овој период во мали количини. Доколку рибиното масло не ви одговара, замолете го лекарот да ви препише витамин Д во некој друг облик.

Покрај шесте оброци кои се препишуваат против гадење, нека ви се најдат секогаш при рака солени бисквити, и јадете ги секогаш кога ќе почувстувате проблеми во стомакот. Бисквитите чувајте ги и покрај креветот кога спиете, и земете по некоја бисквита рано наутро пред станување од креветот. Истотака чувајте бисквити и на работното место доколку сте вработени.
Откако ќе ви престанат маките можете слободно да продолжите како и обично, да јадете месо, зеленчук, овошје итн.

Одмарајте се ако патите од мачнина

Одморот е исто толку важен како и диетата. Диетата нема да ви помогне ако не си легнувате навечер во 20 или 21 часот, никогаш подоцна, и ако не се одмарате попладне. Најверојатно ќе можете да го извршувате домашните обврски, но ќе мора да се откажете од други надворешни работи. Ако имате гости доцна навечер, извинете им се и легнете си, или очекувајте следното утро да не се чувствувате добро.
Ова непријатно чувство поминува после третиот месец, иако може потоа да се случува повремено.

 

JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
480
Поени од реакции
19
Галете си го стомакот.
Пуштете му музика на бебето, Моцарт и Вивалди ги сакаат, Бетовен го нејќат.
Зборувајте му, раскажувајте му што правите, како се чувствувате, што се случува надвор, опишувајте му. Тоа го запознава светот преку вас, вие сте неговиот прв учител.

Не дигајте тешки работи во поодмината бременост, носете порамни чевли.
Ова божем сите го знаеме, ама сепак.
Купете си креми за масажи, практикувајте масажи да не ви испука кожата.
Бидете физички активни, ако сте бремени не сте болни.
Бидете опкружени од драги луѓе кои ве сакаат, и со кои ви е убаво.
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Rh - фактор

Уште еден тест кој вапиот лекар ќе го направи е утврдување на Rh-факторот. Во некои случаи, ќе побара и испитување на факторот кај вашиот сопруг.
Овој назив лекарите го дале на еден фактор кој се наоѓа во крвните зрнца на повеќето луѓе. Луѓето кои го имаат се нарекуваат Rh-позитивни, додека за оние кои го немаат Rh-негативни.
Нема да се појават никакви проблеми кај случаевите кога двајцата родители се со ист фактор. Единствено може да се појави кога мајката е Rh негативна додека таткото Rh позитивен. Во ваква комбинација бебето е Rh позитивно. Во текот на бременоста, можно е некои Rh позитивни ќелии да поминат
во крвотокот на мајката. Потоа се ствараат антитела кај мајката кои ќе ги уништат крвните зрнца кои се Rh позитивни. До овој момент ништо страшно не се случило. Меѓутоа ако антителата стигнат до крвотокот на бебето ќе уништат извесен број на крвни зрнца кај бебето што ќе доведе до анемија. Уништените крвни зрнца кај бебето ќе доведат до жутица. Ако се уништат голем број зрнца може да дојде до оштетување на органите на бебето.
Мала е веројатноста дека ќе се случат некои компликации за време на бременоста, дури и во оваа комбинација на родители, совен ако мајката порано не примила трансфузија на Rh позитивна крв. Во следните бремености може да дојде до несакани промени. Самиот лекар ќе бара редовна контрола на крвта во наредните бремености и ќе го проверува нивото на антитела.
Доколку се утврди дека нивото на антитела е зголемен, лекарот ќе одлучи да добиете трудови неколку недели порано.
Постојат и други некомпактибилности откриени во последно време, за кои ќе се погрижи и вашиот лекар.


Проширени вени

Понекогаш некои вени на нозете може да ви отечат и да болат. Ова ретко се случува за време на првата бременост, но може да ви направи големи проблеми во другите бремености. За оваа појава треба да го известите лекарот.
Проширените вени се последица на лоша циркулација на крвта. Како што напоменавме во делот за облеката, не треба да носите ништо што ќе ве стега. И покрај тоа што ќе носите соодветна облека може да се појават проширени вени.
Правилно обвиткување на нозете со растеглив завој може понекогаш да помогне.



 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Бременост

Забременување

Концепција (зачнување) - вовед

Верувале или не, успешното оплодување може да биде екстремно тешко. Доколку ги земеме предвид сите несакани бремености, пред се кај тинејџерките ова звучи малку неверојатно, но за да се реализира процесот на зачнување потребни се идеални услови.

Особено условите кај женското тело трбеа да бидат перфектни за да се случи фертилизација. Временската рамка во која може да се случи фертилизацијата, оплодувањето на јајце клетката кај жената, е многу кратка.

Постојат многу фактори кои можат да ја спречат фертилизацијата. Најголем дел од нив можат да се избегнат или да се спречат со медицински или други мерки. Следуваат статии кои ќе ви помогнат во вашата успешна концепција.

Основи на концепција - плодни / неплодни денови

Да се гарантира концепцијата е речиси ако не и целосно невозможно. Огромен дел од целиот процес зависи од правилниот тајминг, бидејќи женската јајце клетка е фертилна во еден краток временски период од месечниот циклус. Исто така постојат голем број на надворешни фактори кои можат да го спречат успешното зачнување. Затоа корисно е да ги знаете основите на зачнувањето, како да ја пресметате точната дата на овулацијата и кога да имате секс со цел за зголемување на шансите за концепција.



Овулација и месечен циклус
Најважно што треба да знаете за да останете бремени е да го знаете сопствениот месечен циклус. Сите циклуси не се исти и нивното траење може да варира помеѓу 22-42 дена, просечно 28 дена. Кај голем дел од жените циклусите варираат од месец до месец. Доколку ги следите циклусите 3-4 месеци подобро ќе знаете кога отприлика се случува овулацијата кај вас.

Овулацијата обично настапува околу 14 ден по првиот ден од месечниот циклус (вклучувајќи го и времетраењето на менструацијата). Како прв ден од циклусот се смета првиот ден на менструација во тој месец.

Фертилноста се зголемува околу 4 дена пред да се случи овулацијата и 48 часа по овулацијата. Фертилноста е најголема денот пред овулацијата и секако на денот на овулација.

Овулацијата најлесно се калкулира со мерење на телесната температура. При овулација доаѓа до благо покачување на телесната температура. Доколку не ја мерите температурата а имате редовни циклуси тогаш можете да рачунате дека овулацијата настапува 14-тиот ден од почетокот на циклусот.

Забелешка: Во овој пример циклусот е земен со траење од 32 дена, со 14 дена траење на овулациона фаза (лутеална фаза).

Ден 1-5 од циклусот:

Првите денoви од циклусот се стартот на менструацијата. Многу важно е да ги забележите (најдобро на мал календар) овие дати, затоа што тоа ќе ви биде потребно за пресметување на претпоставена дата на овулација.

Ден 6-11:
Овие денови се наречени „суви денови“, бидејќи менструацијата е завршена и во овој период жената не е фертилна, т.е. при полов однос во овој период нема да дојде до зачнување. Во овој период телото едноставно се подготвува за ослободување на јајце-клетката.

Ден 12-18 :
Во овој период фертилноста е најголема, во тек на овие 6 дена јајце-клетката е создадена и ослободена така да најдобро е во овој период да имате сексуални односи доколку сакате да забремените.

Ден 19-32:
Доколку имате сексуални односи во овој период, за жал ја испуштитвте шансата и ќе мора да чекате до наредниот циклус за да се обидете повторно. Многу малку е веројатно дека ќе забремените во овој период.

Најдобри пози за концепција

Секако има позиции при секс кои ја зголемуваат шансата за забременување и позиции кои ги намалуваат шансите. Да видиме кои позиции ги зголемуваат шансите и зошто.

Позиции при секс кои ги зголемуваат шансите за коцепција

Мисионерска позиција
Широко е раширено верувањето дека оваа позиција, со мажот одозгоре е најдобрата за забременување и секако постојат голем број причини за тоа. Оваа позиција овозможува најдлабоко пенетрирање со што спермата се ејакулира поблизу до цервиксот, внатре во вагината. Има и алтернативи на оваа позиција како на пример женскиот партнер става перница под колковите со што пенетрацијата е уште подлабока.



Поза отпозади
Мажот пенетрира во жената отпозади. Оваа позиција исто така овозможува испуштање на спермата поблиску до цервиксот на матката.



Лежење еден покрај друг
Оваа позиција е порелаксирачка и е најдобра за партнери кои се обезни (обезност-зголемена телесна тежина) и кои имаат болкии во грбот.

Позиции кои ги намалуваат шансите за концепција
Експертите советуваат дека треба да се избегнува секоја позиција при која жената е одозгоре или пак стои, бидејќи на тој начин спермата нема да може лесно да се движи кон цервиксот затоа што треба да се движи против гравитацијата.





Исто така, се препорачува жената да остане да лежи пола до еден час по односот со колковите поткренати. Ова овозможува спермата полесно да се движи кон фалопиевите туби, со помош на гравитацијата, кон јајце клетката.


Постои мит дека жената мора да доживее оргазам за да забремени. Ова секако не е точно, иако поновите истражувања укажуваат дека мускулните контракции на матката при оргазам ја влечат спермата кон тубите. Сепак, не е неопходно важно жената да има оргазам но од друга страна машкиот оргазам е секако неопходно и колку е посилен оргазмот кај мажот толку се ејакулира повеќе сперма и со поголема брзина. Затоа е важна апстиненцијата барем 2-4 недели кај мажот, со цел да се добие посилен оргазам, што значи повеќе сперматозоиди и нивна ејакулација со поголема брзина.
Планирање на полот на вашето бебе

Како прво нема 100% гаранција дека може да го одредиме полот на бебето, но можеме да ги анализираме концепцијата и сперматозоидите за да пробаме да го планираме полот на бебето.

Ова е тоа што го знаеме:
„Машките“ сперматозоиди се движат, „пливаат“ побрзо од „женските“ сперматозоиди. Ова значи дека мажот произведува два различни типа на сперматозоиди, сперматозоиди кои доведуваат до стварање на машко бебе и сперматозоиди кои доведуваат до стварање на женско бебе и дека „машките“ сперматозоиди „пливаат“ побрзо од „женските“.
„Женските“ сперматозоиди остануваат живи во партнерката многу подолго од „машките“сперматозоиди.
Јајце-клетката која ја произведува партнерката е фертилна, плодна, многу краток период - околу 24 часа, откако ќе биде ослободена по овулацијата.

Значи ова е основата на теоријата. Да видеме како ова ќе ви овозможи да си го изберете полот на вашето бебе.


Доколку сакате момче
Знаеме дека „машките“ сперматозоиди, кои носат Y хромозом, се движат побрзо од „женските“ сперматозоиди, кои носат X хромозом.

Но овие сперматозоиди ќе умрат побрзо од „женските“ сперматозоиди, така да вие и вашиот партнер треба да бидете сигурни дека сте 100% блиску до овулацијата и да имате сексуален однос колку што е можно поблиску до датата на овулација (денот пред или на самиот ден на овулација).

Ова им овозможува на побрзите „машки“ сперматозоиди да дојдат побрзо до јајце-клетката, која чека да биде оплодена и да ја оплодат пред да стигнат побавните „женски“ сперматозоиди.

Доколку сакате девојче
Па сега е прилично едноставно. Доколку сакате да имате девојче најдобро е да водите љубов два дена пред овулацијата, така да ова ќе им овозможи на побрзите „машки“ сперматозоиди да ја истрошат енергијата и да умрат оставајќи ги побавните „женски“ сперматозоиди (но кои живеат многу подолго) да пристигнат и да ја оплодат јајце клетката која чека да биде оплодена.

Други фактори кои треба да ги земете во предвид:
Мажите треба да се воздржат од било каква сексуална активност 2-4 недели пред датата на овулација на партнерката.
Мажите не треба да носат тесни гаќи, туку боксерки, кои нема да ги стегаат тестисите. Тесните гаќи го намалуваат протокот на крв до тестисите а со тоа и бројот на сперматозоиди.

Планирате да забремените? Неколку работи пред тоа

Повеќето од жените знаат дека треба да се грижат за своето здравје за време на бременоста - но дали знаевте дека можете да го заштитите здравјето на бебето пред да забремените? Јадењето одредена храна пред - како и за време на бременоста, на пример, може да помогне да се спречат некои болести кај бебињата. Исто така, треба да проверите дали сте имуни на рубеола (ситна сипаница), заболување што може да предизвика сериозни проблеми кај нероденото дете. Ако пушите, пиете алкохол или земате дроги, откажете ги кога ќе почнете да планирате да забремените, наместо да чекате да бидете сигурни дека сте бремени. Додека да дознаете може да сте шест недели или повеќе во бременоста - доволно време бебето да биде изложено и повредено од овие отровни материи.

Што треба да знам за рубеолата (ситни сипаници).
Рубеолата е заразна болест што може да предизвика сериозни дефекти кај нероденото бебе ако мајката се зарази. Околу 90 од сто бебиња чии мајки добиле рубеола во текот на првите осум до десет недели од бременоста ќе имаат оштетувања. Може да биде оштетен слухот, видот и мозокот кај бебето, а се зголемува и ризикот од спонтан абортус или раѓање на мртвородено дете.

Проверете дали сте имуни на рубеола пред да забремените, навистина е важно.
Едноставен тест на крвта може да покаже дали поседувате имунитет на оваа болест. Ако немате имунитет, може да се вакцинирате против заболување - но тоа мора да биде пред да забремените. Ако сте жена на возраст кога се планира раѓањето деца и не сте вакцинирани, ве молиме побарајте од својот доктор да ве вакцинира пред дури и да почнете да размислувате за забременување. Кога ќе се роди бебето, се препорачува да го вакцинирате против сипаници, заушки и рубеола (MMR) на возраст од 12 месеци. После одредено време се дава и втора инекција со MMR на возраст од четири години.

Што треба да знаете за магарешка кашлица (пертусис)
Пертусис е многу заразна болест што се пренесува со кашлање и кивање. Во денешно време, со програмата за редовна вакцинација на населението, болеста е речиси искоренета. Но важно е дека бебињата можат да се заразат и да умрат пред да дојдат на возраст кога можат да се вакцинираат (на возраст од 8 недели). Важно е вие и вашиот сопруг да бидете вакцинирани против дифтерија, тетанус и пертусис (ДиТеПер вакцина), доволно време пред дури и да почнете да размислувате за забременување. Доколку не сте вакцинирани најдобро е да се обратите кај вашиот доктор за вакцина против пертусис за возрасни.

Добра исхрана за здрава бременост.
Дали јадете во обилни количества зелени лиснати зеленчуци, портокали, сок од портокали (особено свежо исцеден сок), црн леб, ориз, тестенини или други житарици, зготвен сув грашок, грав или леќа? Бананите и оревите, лешниците и слични се, исто така, добри. Сите овие содржат еден важен Б витамин за жените, наречен фолна киселина (Б12). Докторите сега знаат дека недостигот од овој витамин придонесува во појавата на сериозни дефекти кај неродените деца наречени дефекти на невралната туба (канал) (neural tube defects), кои секоја година се јавуваат кај илјадници бебиња во светот. Недостигот на фолна киселина се мисли дека се одразува врз развојот кај бебињата, предизвикувајќи сериозни (понекогаш смртоносни) проблеми со мозокот и рбетот. Секоја жена која планира да забремени треба да јаде храна богата со фолна киселина и да пие таблети на фолна киселина со јачина од 0,5 мг секој ден барем еден месец пред да забремени и три месеци откако ќе забремени. Овие таблети се безбедни да се пијат за време на бременоста и можат да се купат од аптека и од продавници за здрава исхрана.

Алкохол, тутун и други дроги - време е да ги откажете.
Кога бремена жена пуши, јагленороден моноксид поминува низ крвотокот на бебето - исто како и тоа да пуши. Тоа значи бебето прима помалку кислород и не расте како што би требало. Пушењето во бременоста го зголемува ризикот од многу проблеми како спонтан абортус (побацување), раѓање на недоносено бебе, или бебе со ниска тежина при раѓањето. Бебињата на мајки кои пушат, исто така, имаат поголем ризик да добијат проблеми со дишењето, астма и Синдром на ненадејна смрт кај доенчињата. Пушењето марихуана да има слични ефекти кај бебињата како и тутунот.

Алкохолот, исто така, поминува низ крвотокот на бебето. Редовното пиење или повременото тешко пијанење за време на бременоста може да предизвика забавено физичко растење, како и ментална заостанатост. Други дроги кои можат да предизвикаат проблеми за време на бременоста се хероин, кокаин, LSD и амфетамини. За повеќе информации, или за помош да се откажете од легалните или од илегалните дроги, локалниот општествен здравствен центар може да ве поврзи со најблиската Служба за дроги и алкохол.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Тест за одредување на плодноста

Во продажба е пуштен (во САД и Англија) првиот домашен тест за одредување на плодноста кај двата партнери...

Овој двоен тест им овозможува на мажите во рок од 80 минути да дознаат за квалитетот на нивната сперма, додека кај жените тестот го одредува нивото на фоликуостимулирачки хормон (FSH), главниот предиктор на плодноста кај жените.
Fertell –тестот е одобрен од FDA, но сепак не е замена за стандардните клинички испитувања кои се изведуваат за утврдување на плодноста.(повеќе за неплодност)



Но тестот може на двојките да им даде рано предупредување дека нешто не е во ред.
Тестот е добар прв чекор, и е нешто што мажите навистина би го направиле. Жените се многу проактивни кога е во прашање нивната плодност, но мажите речиси никогаш сами не бараат тестирање за плодност.
Тестот кај жени се изведува слично како и тестот за бременост-со потопување на тестот во урина. Но се употребува во специфично време – на третиот ден од менструалниот циклус-за да се добијат најдобрите резултети на фоликулостимулирачки хормон, кој е главен индикатор за резервата на јајниците и квалитетот на јајце клетката. Тестот е доста скап и чини околу 100$.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Календар на Бременост

Што можете да очекувате од календар на бременост?

Вашиот и растот на вашето бебе. Како растат вашиот стомак и вашето бебе.
Развојот на вашето бебе: Како се развива вашето бебе во матката.
Промени кај вас: Промени на телото и промени на расположението .
Информации за исхраната: Што треба да јадете а што не во текот на вашата бременост
Компликации: Можни компликации кај вас и вашето бебе во текот на бременоста

1-ва и 2-ра Недела

Во оваа фаза, иако звучи чудно, сеуште не сте бременa. Во првите две недели ќе започне месечниот циклус, овулацијата и потоа концепцијата.

Нашиот календар на бременост е заснован на траење на бременоста од 40 недели, со што бременоста всушност започнува дури во третата недела.

Како се смета датата на породување?
Терминот на породување се пресметува со едноставно додавање 280 дена на денот кога започнал последниот менструален циклус пред зачнувањето. Човечкиот гестационен период трае 266 дена, така да со додавање на 14 дена, колку што трае првата фаза на менструалниот циклус (периодот до овулација), доаѓаме до бројката од 280 дена.

4-та Недела

Календар на бременост - 4-та Недела
Возраст на вашето бебе - 2 Недели

Колку е големо вашето бебе
Иако вашето бебе сеуште е многу мало, со должина околу 0,36 милиметри до 1 милиметар, тоа расте и се развива брзо.

Колку сте големи вие
Сеуште е рано за да се примети разлика кај вас, како и за појава на знаците а бременост. Всушност, најчесто во оваа недела трудниците започнуваат да сфаќат дека е можно да се бремени.

Како се развива и расте вашето бебе
Иако бебето е многу мало, сепак се случуваат многу промени во вашето тело. Сега имплантираната бластоциста веќе започнува да развива амнионска шуплина, која подоцна ќе биде исполнета со амнионска течност. Исто така започнува да се развива плацентата. Плацентата има многу важна улога во лачењето хормони како и во транспортот на кислород и хранливи материи.

Клетките кои се развиваат формираат обвивки. Од овие герминативни обвивки се развиваат органите на вашето бебе. Постојат три обвивки: ектодерм (надворешна обвивка), ендодерм (внатрешна обвивка) и мезодерм (средна обвивка).
Ектодермот покасно ќе се развие во нервен систем, вклучувајќи го и големиот мозок .
Ендодермот ќе се развие во хранопроводен тракт, вклучувајќи го и црниот дроб, панкреасот и тироидната жлезда.
Од мезодермот ќе се развијат скелетот и сврзните ткива, крвта, мускулите и уро-гениталниот систем.

Промени кај вас
Веројатно очекувате следниот менструален циклус да зпочне точно сега, и кога тоа нема да се случи, бременоста е веројатно првото нешто што ви паѓа на памет. Постојат многу тестови за бременост за домашна у[/потреба, кои се ефтини и се купуваат без рецепт и кои можат да ја детектираат бременоста многу рано, 10 дена по оплодувањето. Доколку направете тест за бременост во овој период резултатите ќе се позитивни.

6-та Недела

Календар на бременост - 6-та Недела
Возраст на вашето бебе - 4 Недела

Топката од клетки-сега наречена ембрион - која расте во вашата матка, сега е со големина на семка од јаболка. Ембрионот е поделен во три обвивки од кои ќе се формираат органите и ткивата.

Невралната цевка (од која се формираат мозокот, рбетниот мозок и нервите) се формира од најгорната обвивка.

Срцето и циркулаторниот систем започнуваат да се појавуваат во средната обвивка.
Од третата обвивка се развиваат белите дробови, цревата и уринарниот систем. Во меѓувреме, раната верзија на плацента, хорионски реси и папочна врвца, кои обезбедуваат кислород и хранливи материи за бебето, веќе функционираат.

Доколку сеуште не сте направиле домашен тест за бременост, неговото изведување во овој период ќе ви ја потврди вашата бременост. Исто така, постојат и други знаци кои укажуваат на тоа дека сте бремени. Дознајте ја датата на породување со помош на нашиот калкулатор за бременост. Откако ќе добиете потврда дека сте бремени, со домашниот тест за бременост, обратете се кај вашиот гинеколог и матичен лекар. Добра антенатална грижа (редовни прегледи пред породувањето) е најважна за вашата безбедност и здравје како и за безбедноста и здравјето на вашето бебе.

• Забелешка: Секое бебе се развива различно-дури и во матката. Целта на календарот на бременост е да ви даде претстава за растот и развојот на бебето во матката.

8-ма Недела

Календар на бременост - 8-ма Недела
Возраст на вашето бебе - 6 Недели

Колку е големо вашето бебе
До 8-та недела од вашата бременост, големината на бебето е околку 1.4cm to 2cm.

Колку сте големи вие
Иако може сеуште да не се приметува, сепак вашата матка забрзано се зголемува, како одминуваат неделите.

Како се развива и расте вашето бебе
Кај вашето бебе се случуваат неверојатни промени и неговиот раст се забрзува уште повеќе во раните фази на бременоста.
Се појавуваат набори од кои се формираат очите, а истовремено се формираат и нервните клетки кои ја формираат ретината.
Врвот на носот е присутен.
Се развиваат ушите, и надворешните и внатрешните ушни канали.
Аорталните и белодорбните валвули се веќе присутни во срцето.
На рацете се формираат лакти и нозете се веќе истегнати нанапред.
На рацете и стапалата се забележуваат зачетоците на прстите.
Промени кај вас
Пред да забремените, вашата матка е со димензии на вашата тупаница, а во овој период веќе е со димензии на грејпфрут. Поради развојот на матката, можете да почувствувате грчеви, но не е невообичаено воопшто да немате такви проблеми. .
Но, доколку грчевите се придружени со вагинално крварење, веднаш обратете се кај вашиот гинеколог!
Забелешка: Секое бебе се развива различно-дури и во матката. Целта на календарот на бременост е да ви даде претстава за растот и развојот на бебето во матката.

10-та Недела

Календар на бременост - 10-та Недела
Возраст на вашето бебе - 8 Недели

Колку е големо вашето бебе
Во оваа недела вашето бебе е големо околу 3.1-4.2cm. Од оваа недела започнуваме да ја мериме тежината на вашето бебе, бидејќи претходно беше премногу мало. До оваа недела тежината на вашето бебе е 5g.

Колку сте големи вие?
Иако можеби добивате на тежина, сепак промените во тежината се постепени и сеуште не се видливи во оваа недела.

Како расте и како се развива вашето бебе?
Крајот на оваа недела го означува крајот на ембрионскиот период и почеток на феталниот период на вашето бебе. Оваа фаза се карактеризира со брз раст и разој на фетусот и во овој период фетусот е многу чувствителен на надворешни фактори кои би можеле да го попречат неговиот развој.

Вашата исхрана
Земањето доволно протеини со исхрана ќе ги обезбеди неопходните амино киселини за раст на фетусот, плацентата, матката и дојките. Бременоста ги зголемува потребите од протеини и тие би требало да претставуваат 15% од тоталниот дневен внес на калории.

12-та Недела

Календар на бременост - 12-та Недела
Возраст на вашето бебе - 10 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега тежи околу 8-14 грама и е долго околу 6 сантиметри. Големината на вашето бебе е речиси дуплирана во последните 3 недели!

Колку големи сте вие
На крајот на 12-тата недела вашата матка е преголема за целосно да ја собере во карлицата и како резултат на тоа, може да се напипа над карличната коска, под папокот. Матката има извонредна способност за растење додека сте бремени и ќе расте се до крајот на бременоста. Неколку недели по породувањето ќе се врати во нормална големина.

Како се развива и расте вашето бебе
Во 12-тата недела при посета на вашиот гинеколог можете да го чуете срцето на вашето бебе! Тоа е можно со помош на Доплер, кој ги засилува звуците на работата на срцето на вашето бебе.
Скелетниот систем сега има центри на коскена формација (осификациони центри) речиси во сите коски.
Прстите и палците се раздвоени и почнуваат да растат нокти.
Надворешните полови органи почнуваат да покажуваат дискретни машки или женски карактеристики.
Хранопроводниот систем сега е способен да произведува контракции со кои храната се турка низ цревата.
Хипофизата, сместена на базата на големиот мозок, започнува да произведува хормони.
Количината на амнионска течност е зголемена и сега е околу 50 милилитри.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
14-та Недела

Календар на бременост - 14-та Недела
Возраст на вашето бебе - 12 Недели

Колку е големо вашето бебе
Должината на бебето сега е 8-9.3 сантиметри и тежи околу 25 грама.

Колку сте големи вие
Во овој период од бременоста треба да почнете да размислувате за поголема облека. Многу поудобно ќе ви биде доколку земете облека поголема неколку броја, отколку да се трудите колку е можно подолго да ја носите старата облека со откопчување на копчиња.
Секоја бременост е различна, не само помеѓу различни жени туку и две бремености кај иста жена се различни. Може да се случи да се приметува дека сте бремена порано или покасно во однос на претходните бремености.

Како се развива и расте вашето бебе
До оваа недела ушите на вашето бебе се на своето место, странично поставени на главата.
Вратот продолжува да расте и образот на бебето веќе не е потпрен на градите.
Продолжува развојот на генителните огани и сега е многу полесно со ехо-преглед да се одреди полот на бебето.

16-та Недела

Календар на бременост - 16-та Недела
Возраст на вашето бебе - 14 Недели

Колку е големо вашето бебе
Во оваа недела на вашата бременост, вашето бебе тежи околу 80 грама и е долго 10.8-11.6 сантиметри.

Колку сте големи вие
Вашата матка веќе е зголемена и може да се почувствува на 7.6 сантиметри под папокот. Зголемена е и количината на амнионска течност и сега изнесува 250 милилитри.

Како се развива и расте вашето бебе
Вашето бебе е покриено со лануго, од глава до пети. Ноктите се добро формирани и папочната врвца е закачена за стомакот на бебето. Во овој период нозете се подолги ид рацете и почнуваат да се придвижуваат од време на време. Многу жени на почетотокот не сфаќаат дека всушност се работи за движење на бебето, но набрзо тоа ќе им стане јасно.

Вашата исхрана
Една од убавите работи додека сте бремени е тоа дека речиси сите лекари ќе ви кажат да имате повеќе мали оброци помеѓу главните јадења.

18-та Недела

Календар на бременост - 18-та Недела
Возраст на вашето бебе - 16 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега е долго околу 12.5-14 сантиметри и тежи околу 150 грама.

Колку сте големи вие
Вашата матка веќе може да се напипа веднаш под папокот. Вкупно имате околу 6-7 килограми повеќе, но тоа варира од бременост до бременост.

Како се развива и расте вашето бебе
Вашето бебе ќе продолжи да расте и да се развива, но сега ќе почне малку да успорува. Срцето на вашето бебе започнува да се развива од 3-тата недела и во овој период, 18-та недела, со помош на ехо-преглед, може да се установи евентуална абнормалност на срцето.

Вашата Исхрана
Железото има важна улога во бременоста и во оваа фаза ви требаат 30 милиграми дневно, заради зголемениот волумен на крв. Повеќе од пренаталните витамини содржат доволно железо, но доколку мора да земате таблети со железо, најдобро е да ги земате со сок од портокал или лимон, за подобрување на апсорпцијата на железото.
Календар на бременост - 18-та Недела
Возраст на вашето бебе - 16 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега е долго околу 12.5-14 сантиметри и тежи околу 150 грама.

Колку сте големи вие
Вашата матка веќе може да се напипа веднаш под папокот. Вкупно имате околу 6-7 килограми повеќе, но тоа варира од бременост до бременост.

Како се развива и расте вашето бебе
Вашето бебе ќе продолжи да расте и да се развива, но сега ќе почне малку да успорува. Срцето на вашето бебе започнува да се развива од 3-тата недела и во овој период, 18-та недела, со помош на ехо-преглед, може да се установи евентуална абнормалност на срцето.

Вашата Исхрана
Железото има важна улога во бременоста и во оваа фаза ви требаат 30 милиграми дневно, заради зголемениот волумен на крв. Повеќе од пренаталните витамини содржат доволно железо, но доколку мора да земате таблети со железо, најдобро е да ги земате со сок од портокал или лимон, за подобрување на апсорпцијата на железото.

20-та Недела

Календар на бременост - 20-та Недела
Возраст на вашето бебе - 18 Недели

Колку е големо вашето бебе
Должината на вашето бебе сега е од 14-16 сантиметри и вашето бебе сега тежи околу 260 грами.

Колку сте големи вие
Вашата матка е до нивото на папокот оваа недела. Вашата матка редовно ќе се мери при секој гинеколошки преглед со цел да се прати растот и развојот на бебето. Од 20-тата недела вашата матка ќе започне да расте по 1 сантиметар секоја недела.

Доколку растот заостанува, вашиот гинеколог ќе направи контролен ехо-преглед за да провери дали е точно одредено траењето на бременоста и да не има интраутерини проблеми со бебето кои го намалуваат неговиот раст.

Како се развива и расте вашето бебе
Кожата која го покрива вашето бебе започнува да расте од два слоја, епидермис-површен слој на кожата и дермис-длабок слој на кожата. Во оваа фаза на бременоста кожата всушност е составена од 4 слоја. Во овој период од развојот на бебето, кожата ќе почне да излачува материја наречена верникс, која ја штити кожата на бебето од амнионската течност. Изгледот на оваа матeрија најверојатно ќе го видите по породувањето на бебето.

22-ра Недела

Календар на бременост - 22-ра Недела
Возраст на вашето бебе - 20 Недели

Колку е големо вашето бебе
Должината на вашето бебе е околу 19 сантиметри и тежи околу 350 грама.

Колку сте големи вие
Вашата матка сега би треабло да е 2 сантиметри над папокот и 22 сантиметри над пубичната симфиза оваа недела. Би требало да уживате во овој период затоа што знаците на бременост, утринското гадење веќе поминаа, а не сте толку големи да ви биде постојано неудобно.

Како се развива и расте вашето бебе
Органските системи на вашето бебе стануваат специјализирани за нивната посебна улога. Функцијата на феталниот црн дроб, на пример, е многу поразличн од таа кај возрасен човек.

Вашата исхрана
Многу е важно редовно да пиете течности во текот на бременоста. Течностите се неопходни за обработка на хранливите материи и нивна апсорпција, одржување на волуменот на крв и регулација на телесната температура.

24-та Недела

Календар на бременост - 24-та Недела
Возраст на вашето бебе - 22 Недели

Колку е големо вашето бебе
Должината на вашето бебе е околу 21 сантиметар и тежи отприлика 540 грама.

Колку сте големи вие
Вашата матка би требало да е 5.1 сантиметар над папокот што е речиси 24 сантиметри над симфизата на карлицата.

Како се развива и расте вашето бебе
Вашето бебе се повеќе личи не новороденче при породување иако е тешко само 540 грама и е многу мало.

Промени кај вас
Кај некои жени при бременоста се јавува почесто крварење од носот. Се претпоставува дека ова настанува заради хормонални промени низ кои минува телото на трудницата, кое се адаптира на бременоста, што доведува до полесно крварење од крвните садови.

26-та Недела

Календар на бременост - 26-та Недела
Возраст на вашето бебе - 24 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега тежи околу 1 кг. Оваа недела неговата должина е околу 23 сантиметри. Отприлика оваа недела, бебето ќе почне да добива масно ткиво.

Колку сте големи вие
Вашата матка е 6 сантиметри над папокот и 26 сантиметри на дпубичната симфиза. Во втората половина од бременоста вие ќе добивате 1 сантиметар неделно, доколку имате балансирана исхрана или 7.2-9.9 кг повеќе од пред почетокот на бременоста.

Како се развива и расте вашето бебе
Вашето бебе сега има образец на спиење. Ќе увидете дека во одреден период од денот е поактивно отколку во другите периоди. Сите пет сетила на бебето веќе се потполно развиени. Досега би требало да го слушнете срцето на вашето бебе при посетите кај вашиот гинеколог.

Промени кај вас
Со зголемувањето на вашата матка, плацентата и како бебето станува поголемо, така и вие добивате на тежина. Болки во грбот, главоболки, грчеви на нозете и чувство на притисок во карлицата - сето ова сега се појавува се почесто.

Вашата Исхрана
И покрај контроверзите, сепак јадењето риба е многу добро за вашата бременост. Докажано е дека жените кои јаделе разновидни риби при бременоста имале подолга бременост, резултирајќи со подобра породилна тежина на бебето.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
28-ма Недела

Календар на бременост - 28-ма Недела
Возраст на вашето бебе - 26 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе веќе тежи околу 1.1 кг и е долго од глава до крајот на торзо-25 сантиметри и 35 сантиметри од глава до пети.

Колку сте големи вие
Вашата матка е веќе многу над папокот. Кај некои бремености растот на матката може да биде побавен и за другите може да изгледа како да се случило преку ноќ. Вашата матка е 8 сантиметри над папокот, или 28 сантиметри на пубичната симфиза.

Вашата здобиена тежина во оваа фаза би требала да е меѓу 7.7 и 10kg.

Како се развива и расте вашето бебе
Отприлика во 28-та недела од вашата бременост, мозокот на вашето бебе ги добива карактеристичните бразди на површината. Очните капаци и трепките се веќе присутни и косата на вашето бебе веќе расте.

30-та Недела

Календар на бременост - 30-та Недела
Возраст на вашето бебе - 28 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе тежи околу 1.35 кг и е долго 38 сантиметри.

Колку сте големи вие
Вашата матка е сега 10 сантиметри над папокот и околу 23 сантиметри од пубичната симфиза.

Во оваа фаза најверојатно ќе се чувствувате дека мора да истрчате од собата, или дека може да експлодирате секој момент, но не се грижете има само уште 10 недели. Плацентата, вашата матка и бебето ќе продолжат да растат.

Како се развива и расте вашето бебе
Вашето бебе ќе биде доста активно овој период и ќе продолжи созревањето на сите органски ситеми.

32-ра Недела

Календар на бременост - 32-ра Недела
Возраст на вашето бебе - 30 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега тежи околу 1.8 кг и е долго околу 42 сантиметри.

Колку сте големи вие
Вашата матка сега достига околу 12 сантиметри над вашиот папок или 32 сантиметри над пубичната симфиза.

Како се развива и расте вашето бебе
Во овој период можат да започнат болките во грб, особено доколку стомачните мускули ви се слаби. Имено, доколку се слаби стомачните мускули, тежината на плодот ја носи самиот грб, со исправување на рамењата наназад за рамнотежа.

Во оваа недела кај вашето бебе:
Сите сетила се развиени и функционираат
Ирисот на очите, обобениот дел од окото, се проширува при светлина и се стеснува при затемнување.

34-та Недела

Календар на бременост - 34-та Недела
Возраст на вашето бебе - 32 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе тежи околу 2.28 килограми и е долго околу 44 сантиметри.

Колку сте големи вие
Вашата матка сега е околу 14 см над папокот и 34 см над пубичната симфиза.

Овие мерки се само водич, бидејчи секоја бременост е разична. Важно е да знаете дека матката со развојот на бебето соодветно се зголемува и дека тоа укажува дека се е нормално.

Како се развива и расте вашето бебе
Веќе започнува да се развива имуниот систем на вашето бебе, со кој ќе се бори против инфекциите. Очите на вашето бебе сега се сини, независно од тоа каква боја ќе имаат потоа.

Кога ќе се спушти вашето бебе
Неколку недели пред породувањето ќе забележите промена во вашиот стомак и ако сега се мери растојанието од врвот на матката до папокот ќе се забележи дека ова растојание е намалено. Ова се случува кога главата на бебето ќе влезе во породилниот канал.
Со ова ќе се јават и следниве промени:
Позитвни промени: Заради спуштањето на бебето ќе можете да дишете полесно и нема да се чувствувате толку „притиснати“.
Проблем: Зголемен притисок на мочниот меур и анусот и во целата карлица.

36-та Недела

Календар на бременост - 36-та Недела
Возраст на вашето бебе - 34 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега тежи околу 2.75 кг и е долго околу 46 сантиметри.

Колку сте големи вие
Вашата матка сега е околу 14 сантиметри над вашиот папок и 36 сантиметри над пубичната симфиза. Вие би требало да имате 11.25-13.5 кг повеќе во однос на периодот пред да забремените.

Како се развива и расте вашето бебе
Доколку вашето бебе сеуште не е спуштено во породилниот канал, тоа може да се случи во овој период. Како е поставено вашето бебе ? Во овој период од бременост можно е вашиот гинеколог да ја види поставеноста на бебето во матката, во смисла дали е бебето нормално поставено, со главата надолу или е со карлична поставеност.

До крајот на 36-тата недела вашето бебе ќе ја заземе породилната позиција иако сеуште е можно да се сврти доколку таа позиција е неповолна.

38-ма Недела

Календар на бременост - 38-ма Недела
Возраст на вашето бебе - 36 Недели

Колку е големо вашето бебе
Вашето бебе сега тежи околу 3.1 кг и е долго околу 47 сантиметри. Може да забележите дека нема промена во однос на претходната недела.

Колку сте големи вие
Вашата матка сега е околу 16-17 сантиметри над вашиот папок и 37 саниметри над пубичната симфиза. Кај најголем број од жените овие мерки не се променуваат во последните недели од бременоста.

Како се развива и расте вашето бебе
Во оваа недела од бременоста вашето бебе собира доста мекониум во цревата, кој ќе помине низ хранопроводниот систем на бебето како прва столица.

Вашата исхрана
Најверојатно во овие недели не ви е многу до јадење, затоа што се чувствувате уморни и напнати. Сепак важно е да внимавате на исхраната и пред се да земате почесто мали оброци.

40-та Недела

Календар на бременост - 40-та Недела
Возраст на вашето бебе - 38 Недели

Колку е големо вашето бебе
Честитки ! Доколку сеуште не сте го породиле вашето бебе, сега вашето бебе е целосно спремно за да почне самостојно да живее. Просечно бебињата тежат околу 3.4 кг и се долги околу 48 сантиметри.

Колку сте голема вие
Како што спомнавме и во претходната недела, вашата матка не се зголемува во последните недели и сега врвот на матката е околу 16-20 сантиметри над вашиот папок.

Што да правите кога ќе започнат породилните трудови
Кога ќе започнат првите породилни знаци, на патот кон болницата би требало:

При патувањето во возилото не треба да седите исправено, туку најдобро е да се навалите на лева страна ( за да се избегне притисокот на бебето врз долната шуплива вена на мајката, што може да предизвика и губење на свест, заради недостиг на крв во срцето и мозокот на мајката).

На почетокот на секоја контракција, земете длабок здив и издишете полека.

Честитки ! Вашата бременост наскоро ќе заврши. Вашето семејство ќе се зголеми за еден, два или три нови члена. Раѓањето на бебето е уникатно животно искуство и вашата љубов и приврзаност кон вашето бебе ќе расте секој ден. И покрај долгите бессони ноќи кои следат во првите години, сепак вашата врска со вашето бебе ќе расте секој ден !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom