Фала многу на деталниот опис, сигурно и на некој друг ќе му помогне за да направи правилен избор на бојлер. Јас веке се двоумам бидејќи според напишаново ќе треба да полнам плин секој месец, а проблемот е што живеам на петти кат во зграда без лифт, а самата боца заедно со плинот тежи околу 25 кг. и истата јас ќе морам да ја м'кнам нагоре.
Е тука неможам да ти поможам
[DOUBLEPOST=1484513367][/DOUBLEPOST]
Како зависи? Дали е или не е поефтино на струја во ефтина тарифа од ваков бојлер?
И ова нема економска оправданост.
Така бе Бранче зависи. По твојата логика најевтино е да се грееш на оној комбинираниот бољер на дрва каде можеш да го стоплиш и со гранки. Сега колку е практично е сосем друга работа ама барем е најевтино. После одиме со просторот и дефеци од типот се дупнал бољерот, изгорел грејачот, се нафатил бигор итн итн. Тука конкретно мака мачиме со бигорот и по некое непишано правило казанот се дупнува за две три години, ретко 5. Таква е водата.
За на крај да завршиме за практичноста. Јас немам проблеми со скапа евтина струја, мене многу ми е гајле кога каква е и дали има воопшто струја. Многу ми е гајле дали некој пред мене ми го потрошил бољерот или дали некој после мене треба да се капи. Пак ке има вода. После ајде бољерот имал топла вода, загреан бил ама ете мене ми било мака, ми испаднало работа, ми дошле гости или што ти јас знам. Џабе сум го греел значи. Остај што скоро цело време го држите уклучен било скапа било евтина, требало нетребало. Па на крај и да платам некоја стотка плус повеќе , комфортот се плаќа. Исто и инвестицијата не е нешто посебно голема па да ја враќам со години како со сончевите да речам. Ако имаш веќе боца инвестицијата е како еден најобичен бољер од Леов од 80 литри или малце поскапа.