Јас имам од Лиал. Ги има скоро секаде , цената им е околу 7500-8500 , зависи кај ке го најдиш. Ете Битола беше -25 и нема гајле си постигнува температура без проблем. Мене лично ми одговара околу 41-42 ама нема проблем можи и повеќе. Треба да имаш добар притисок на водоводот како и за секој проточен бољер , а протокот ке го ограничиш на 5 литри во минута на излезот за топлата вода од бољерот, не на влезот на ладната. Боца ако немаш ќе си земиш од макпетрол и обавезно неповратен вентил од макпетрол не од било каде. При првото монтирање на боцата и цревата обавезно ке си провериш да не ти протекува некаде. Најлесно ти е со сапуница и во глобала тоа е тоа. Нема мирис кога работи, одма затоплува. Ти треба издув во бањата или таму каде што ке го чуваш бољерот за издувните гасови од плинот. Боцата кај мене ми е баш под бољерот, не се ни замарав да ја шетам лево десно. За потрошувачка зависи какви навики имаш, ама една боца мислам дека без проблем ке ти истера еден месец освен секако ако не кисниш цел ден под туш. Друга работа околу боцата, кога ке се намали плинот во неа бољерот нема да ти ја грее добро водата иако има пламен. Сега ако ја однесиш во макпетрол да ти ја заменат ке им ја однесиш со едно кило плин отприлика, така да подоборо би било да ја наполниш некаде каде што полнат. Околу бољерот ке си купиш батерии, не му треба приклучок за струја. Тие се за искра и се пали автоматски кога ке пуштиш вода. Имаш таму после за регулација на притисокот, тоа еднаш ке го наместиш и најверојатно повеќе нема да го гибниш. Имаш за летно зимско, кај мене секогаш е на зимско дури и во летото. На летно не ми постигнуваше температура ама тоа зависи од температурата на водата во водоводот. И после имаш за регулација на температура и термометар кој ти кажува колку е моментралната температура на толпата вода. Си ја местиш по желба и после немаш потреба да ја мешаш со ладна. Дали е опасно ? Зошто би било опасно ? Не е нешто посебно, како обично шпоре на плин само што има изменувач на топлина и малце електроника за автоматски да се уклучва, а и ете сеуште сум жив.
Ако нешто пропуштив прашај.[DOUBLEPOST=1484492743][/DOUBLEPOST]
Тебе ке те пријавувам грев еден, уште за да те пријави чоек си. Кај казнет од господ си уште јас да те пријавувам