Борба за демократија или за промена на експлотаторите на нафта?

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Борба за нафта а не демократија.Основата на Американската индустрија е нафта која они се помалку ја имаат па принудени се зад превезот на демократијата преку исценирани кризи и војни да собираат нафта од ониe држави кој природно ја поседуваат.Америте се плашат од БРИК (Бразил,Русија,Индија и Кина) кој поседуваат ресурси за развој а со тоа и поголема доминација во геополитиката кој Америте ги немаат.
Овде може да се најдат интересни работи за играта околу нафтата и демократијата.

http://www.pecat.co.rs/2011/05/americke-igre-sa-naftom-i-vatrom/
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
нафта нафтаа... они сакаат да се дават во нафта..
нив не им е гајле за сопствениот народ кој тоне во долгови и гине секој ден на улици... они делат совети на другите како да живеат.. и како законите не чинеле... а нивните закони се видоа а и нивната демократија сега кога почнаа демонстрациите за окупирањето на wall street...

Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
А кај бе жити мене успеала во Куба? Во Куба никогаш никаква тактика не им успеала, а пробале со се. Не знам само колку атентати се спречени врз Кастро. Тоа значи не ти држи вода. Југославија? Па само наивен човек може да мисли дека Југославија се распадна сама од себе. Проблемот е што Балканците имаат краток фитиљ доволно е малце да ги набуцкаш па да се испотепаат меѓу себе. Немаше потреба да ја напаѓаат Југославија, ние сами си се испоутепавме. Зашто да се мачат, а друго Југославија не им беше толкав трн во око, затоа што иако комунистичка односно социјалистичка, сепак соработуваше и со западните капиталистички земји.

Јас не велам дека тие не ја сакаат нафтата, напротив, потенцирав дека и таа игра улога и тоа голема, но не можеш да го негираш фактот дека се повеќе и повеќе се трудат да навлезат во тотална политичка доминација врз светот. Да, некои земји не ги напаѓаат а имаат подобра стратешка положба, затоа што или на добар начин се имаат договорено со тие држави или како во случајот на Иран, не смеат да писнат, затоа што Ахмадинеџад има карта со која може да им се спротистави и има сега за сега моќ за да не им дозволи да стапнат на негова земја.

Се се прави тактички, мора да се чека и дочека и погоден момент. Сигурно Либија не им паднало од небо да ја нападнат. Тоа се подготвувал терен со години, па после тргнале во акција...

Се е тоа систематски и ништо не е случајно. :) Систематска демократија. Зарем мислиш дека Грузија туку така и текна да отвори војна на РУСИЈА?
Значи, мора да ти реплицирам, оти греота е ако некој помисли дека си во право.
Прво, морам да ти замерам што твоите геополитички “знаења“ ти се од рекла казала референци и од ТВ извори.

Второ, Куба. Спореди ја денешна “комунистичка Куба“ со Куба од „Заливот на свињите“ и карипската криза, па види дали чекањето не успеа.
Трето, Југославија. Кога се распадна Југославија:? Или, ајде, да ти помогнам, кога почна југословенскиот распад. Значи, тактиката на чекање и „умирање“ на ликот врз кој се гради култот и политиката, и тука, успеал. Има уште милијарда зачини за распадот, кој ги посолил Кисинџер, ама рецептот е тој.
Четврто, со Иран НЕ раководи Ахмадинеџат, иам и повисоки инстанци поради исламското уредување. Причините зошто Иран сеуште е „читав“, се поинакви, не се заради „јачината на Техеран“.
Петто, ми спомнуваш геостратегија и доминација. Види, Америка владее со светот, потполно, премногу, веќе 20тина и повеќе години. Те прашувам, зошто Либија за геостратегија? Зошто не Тунис, Чад, Алжир, Мароко, Мавританија, Египет?
Шесто... Либија е земја која, според Америте „заслужи демократија“ уште од пред триесетина и кусур години. Зарем за да обезбедат геостратешка предност (спрема никого) америте чекаа пола век? За геостретешка позиција? :)
Седмо... Русија и Грузија и тактиката за напаѓање... no comment.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Значи, мора да ти реплицирам, оти греота е ако некој помисли дека си во право.
Шесто... Либија е земја која, според Америте „заслужи демократија“ уште од пред триесетина и кусур години. Зарем за да обезбедат геостратешка предност (спрема никого) америте чекаа пола век? За геостретешка позиција? :)
.
Не би да ви се мешам во дискусијата ама ако едниот е во право, не значи дека другиот не е (барем делумно).;)

Не се убацив за да изигравам судија, туку да ја доловам поентата - битна е и тоа многу геостратешката позиција, а ако притоа капне и нафта уште поубаво. Како кога купуваш цигари а успут ти дале и капче/маичка гратис. Не си тргнал по капче, ама веќе кога ти „следува„...

Конкретно за болдираното, америте воопшто не чекаа пола век. Нивна инсталација си беа и Мубарак и Гадафи и добро им одеше. Кој прател внимателно ситуацијата со Либија од почеток приметил дека ова беше забава на кепецон од Париз и на англичаните. Дури US беа и доста лути на нив што избрзаа во некои потези и под казна ги оставија сами да се мачат некое време. Само америте си се амери, знаат да предвидат работи и да се стават на победничка страна. Во случајов - колку и да се килави овие Пикси и Дикси од Париз и Лондон секако на крајот ќе излезеа како победници, само за подолго време и со поголеми масакри. Ако е веќе така, Америте си превземаа работата (а во месеците пред тоа им покажаа на другиве колку можат сами), работите се убрзаа и се завршија. А за Гадафи и Мубарак...well добро им служеа ама ќе си најдат „постари и поубави„.

Да скратам, во случајов најблиску сум до мислењата на Human и Galeb и не би ги повторувал, имаат убави постови на претходната страна.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
4.670
Во време на нова геополитичка криза, посебно на САД и полтроните, кога очајно им треба нафтата од Либија, ти тврдиш дека се работи за стратешка позиција во Африка и светка доминација?

Над кого да доминираат? Над Украина?
Саудиска Арабија заедно со Ирак и Кувајт поседуваат огромни резерви на нафта, дури 15 пати повеќе од Либија. Над 500 милијарди барели, додека Либија поседува нешто повеќе од 40 милијарди барели...
САД ја имаат нафтата од тие три земји погоре што ги набројав, Ирак е окупиран, Кувајт и С.Арабија се марионети на САД.
Ако толку очајно како што викаш ти им требаше нафта, ќе ја нападнеа Венецуела која поседува пола од она што го поседуваат трите земји погоре.

Очигледно не се работи за нафта.
 
Браво! Иако, многу плитко, ама браво!

Да се надоврзам на тезата...
Америка НЕ ја нападна Русија, очигледно не се работи за нафта.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
4.670
Браво! Иако, многу плитко, ама браво!

Да се надоврзам на тезата...
Америка НЕ ја нападна Русија, очигледно не се работи за нафта.
Ова го рече ти:
Во време на нова геополитичка криза, посебно на САД и полтроните, кога очајно им треба нафтата
Нафта САД имаат обезбедено доволно-предоволно.
Овде се работи за борба на влијание, каде што ако не ја нападнеа Либија, Кинезите тука ќе си направеа воени бази(иднина) и ќе си обезбедеа нафта за нив, а со тоа и поголемо влијание во светот, кое секако им пречи на САД и нивните интереси.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Ова го рече ти:

Нафта САД имаат обезбедено доволно-предоволно.
Овде се работи за борба на влијание, каде што ако не ја нападнеа Либија, Кинезите тука ќе си направеа воени бази(иднина) и ќе си обезбедеа нафта за нив, а со тоа и поголемо влијание во светот, кое секако им пречи на САД и нивните интереси.
Стојам на фактот дека на САД им треба нафта, очајно.
Бројките кои прејудицираат милијарди барели нафта во С. Арабија тешко дека се (сеуште) веродостојни. Истите тие бројки КСА ги има објавено во 1988 година. Денес, вадат нафта од море. Чудно, а?
нафтен зенит, јебига :) Ни КСА нема вечни залихи од нафта. Зошто сето тоа не се обелоденува, друга тема и расправа.

САД можеше да постави воени бази во Тунис и во сите земји во кои сака да постави бази.
Зошто отидоа во Либија? нафта
Не знам зошто го негираш фактот дека, ако ништо друго, нафтата е главна работа што ги однесе таму.
Ниту паралелите со венецуела и зошто не ја напаѓаат, воопшто не држат вода.
И во денешно (и идно воено) доба, мислиш дека геостретешката положба, па ко старото „излез на море“ ќе има голем впечаток врз надворешната политика на САД и подреденоста на другите?

јас не...
 
Има голема разлика. САД имаат база во Тунис, а Кинезите во Либија. Кинезите можат да лансираат напад насекаде околу Либија со што многу, мнооогу може да им наштети на интересите на САД. Може да речиме да го окупира Египет (од х причини) и да наметне тројно поголема такса за поминување на С. Арабиските танкери. Ова е само еден пример од многуте.
Затоа, битно на САД им беше да спречат друга надоаѓачка сила да воспостави силни односи со Либијците.

Пак ќе речам, ако сакаа нафта ќе ја посереа Венецуела која има многу повеќе резерви на нафта од Либија. Бтв, се наоѓа и многу поблиску до САД.

Докажаните резерви на нафта на КСА се тие, двеста и кусур милијарди барели. Моментно и не експлоатираат многу, бидејќи Русија моментално е на првото место по експлоатација на нафта. А и Ирак и Кувајт растураат.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не би да ви се мешам во дискусијата ама ако едниот е во право, не значи дека другиот не е (барем делумно).;)

Не се убацив за да изигравам судија, туку да ја доловам поентата - битна е и тоа многу геостратешката позиција, а ако притоа капне и нафта уште поубаво. Како кога купуваш цигари а успут ти дале и капче/маичка гратис. Не си тргнал по капче, ама веќе кога ти „следува„...

Конкретно за болдираното, америте воопшто не чекаа пола век. Нивна инсталација си беа и Мубарак и Гадафи и добро им одеше. Кој прател внимателно ситуацијата со Либија од почеток приметил дека ова беше забава на кепецон од Париз и на англичаните. Дури US беа и доста лути на нив што избрзаа во некои потези и под казна ги оставија сами да се мачат некое време. Само америте си се амери, знаат да предвидат работи и да се стават на победничка страна. Во случајов - колку и да се килави овие Пикси и Дикси од Париз и Лондон секако на крајот ќе излезеа како победници, само за подолго време и со поголеми масакри. Ако е веќе така, Америте си превземаа работата (а во месеците пред тоа им покажаа на другиве колку можат сами), работите се убрзаа и се завршија. А за Гадафи и Мубарак...well добро им служеа ама ќе си најдат „постари и поубави„.

Да скратам, во случајов најблиску сум до мислењата на Human и Galeb и не би ги повторувал, имаат убави постови на претходната страна.
http://articles.cnn.com/2011-06-08/us/libya.rebels.oil_1_libyan-crude-oil-italy-and-qatar-oil-sales?_s=PM:US
http://truthfrequencynews.com/?p=4513
http://www.wsws.org/articles/2011/jul2011/pers-j20.shtml
Нови дилови со нови “клиенти“ почнаа одамна, уште кога нафтените полиња паднаа во рацете на бунтовниците.
Либија ќе биде новата Сауди Арабија, прва потег кој го повлекоа бунтовниците беше доделување на нови концесии и договори на “помагачите“ а денес најавија воведување Шеријат.

Влијанието на Русија беше непостоечко, а на Кина никакво.
И двете наведени членки, НЕ ставија вето на резолуцијата во ОН со која беше дадено зелено светло за воздушни удари во Март...
Којзнае зошто...
--- надополнето: Oct 23, 2011 9:03 PM ---
Има голема разлика. САД имаат база во Тунис, а Кинезите во Либија. Кинезите можат да лансираат напад насекаде околу Либија со што многу, мнооогу може да им наштети на интересите на САД. Може да речиме да го окупира Египет (од х причини) и да наметне тројно поголема такса за поминување на С. Арабиските танкери. Ова е само еден пример од многуте.
Затоа, битно на САД им беше да спречат друга надоаѓачка сила да воспостави силни односи со Либијците.

Пак ќе речам, ако сакаа нафта ќе ја посереа Венецуела која има многу повеќе резерви на нафта од Либија. Бтв, се наоѓа и многу поблиску до САД.

Докажаните резерви на нафта на КСА се тие, двеста и кусур милијарди барели. Моментно и не експлоатираат многу, бидејќи Русија моментално е на првото место по експлоатација на нафта. А и Ирак и Кувајт растураат.
Каде има Кина база !??
Режимот на Гадафи беше многу потрул од оној на Чавез.
За жал и Венецуела ќе биде цел во блиска иднина...
--- надополнето: Oct 23, 2011 9:07 PM ---

Кој и каде ги докажал тие резерви?
Никој.
Тоа е само изјава на арабиската фамилијарна нафтена компанија од осумдесетите, без никаква независна потврда.
И по 20+ години екстракција, објавуваат дека имаат исти резерви.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
се е сфера на влијание....и сега играчите ги распоредуваат пионите на таблата
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
4.670

Каде има Кина база !??
Режимот на Гадафи беше многу потрул од оној на Чавез.
За жал и Венецуела ќе биде цел во блиска иднина...

Кој и каде ги докажал тие резерви?
Никој.
Тоа е само изјава на арабиската фамилијарна нафтена компанија од осумдесетите, без никаква независна потврда.
И по 20+ години екстракција, објавуваат дека имаат исти резерви.
Нема база, ако читаше повнимателно погоре, ќе видеше дека тоа е само претпоставка. Што би било кога би било... :)

За резервите на нафта во С. Арабија.... и да не се толку колку што тие викаат, а се знае дека регионот е и тоа како богат со нафта и производството на нафта е многу високо, укажува на фактот дека сепак имаат големи резерви на нафта. Барем за во наредните неколку години, со оглед на производството.

Зошто мислиш дека Венецуела ќе биде цел во блиска иднина?

И, влијанието на Русија и Кина е онака како што ним им одговара (заради некакви си отстапки од западот можеби?), па за Сирија сеуште немаат дадено зелено светло за да почнат да фрчат бомби.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
http://articles.cnn.com/2011-06-08/us/libya.rebels.oil_1_libyan-crude-oil-italy-and-qatar-oil-sales?_s=PM:US
http://truthfrequencynews.com/?p=4513
http://www.wsws.org/articles/2011/jul2011/pers-j20.shtml
Нови дилови со нови “клиенти“ почнаа одамна, уште кога нафтените полиња паднаа во рацете на бунтовниците.
Либија ќе биде новата Сауди Арабија, прва потег кој го повлекоа бунтовниците беше доделување на нови концесии и договори на “помагачите“ а денес најавија воведување Шеријат.

Влијанието на Русија беше непостоечко, а на Кина никакво.
И двете наведени членки, НЕ ставија вето на резолуцијата во ОН со која беше дадено зелено светло за воздушни удари во Март...
Којзнае зошто...
--- надополнето: Oct 23, 2011 9:03 PM ---
Toe, постот што ми го цитираше никаде не го негира ова. Па нема ваљда на Окта да и ја остават нафтата. Претходната дискусија беше во насока дали била пресудна нафтата или стратешката позиција, и тоа од аспект на америте!
Затоа и постот е таков каков што е и искрено не би менувал ништо во него - не е само нафтата причината, барем не од аспект на САД! На крај краева, зошто би менувале свој човек за повторно да стават - свој човек?

Лондон и Париз се веќе друга приказна, тие си имаа своја математика со Либија. Дури и избрзаа во некои работи, а САД и немаа баш некој избор освен да се вмешаат.Ги казнија малку овие џуџињава со тоа што ги оставија сами, колку да им покажат дека воено се гол к...ц без американска поддршка, ама пак се вклучија и ја завршија работата - не заради НИВНИ, туку заради СВОЈ интерес. Кога веќе они ја завршија работата зарем некој очекува туку така да ја остават цела нафта на некој друг?И

И како може да се каже дека геостратешки Либија не е битна? Па удира во „мекиот стомак„ на Европа, се контролира и старата к...а ако и текне да биде непослушна, се контролира и едно од најважните топли мориња, правец кој од памтивек бил еден од најважните во светот, близу е до неколку интересни зони.....
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Нема база, ако читаше повнимателно погоре, ќе видеше дека тоа е само претпоставка. Што би било кога би било... :)

За резервите на нафта во С. Арабија.... и да не се толку колку што тие викаат, а се знае дека регионот е и тоа како богат со нафта и производството на нафта е многу високо, укажува на фактот дека сепак имаат големи резерви на нафта. Барем за во наредните неколку години, со оглед на производството.

Зошто мислиш дека Венецуела ќе биде цел во блиска иднина?

И, влијанието на Русија и Кина е онака како што ним им одговара (заради некакви си отстапки од западот можеби?), па за Сирија сеуште немаат дадено зелено светло за да почнат да фрчат бомби.
Сауди Арабија секако дека е богата со нафта, нивната кралска фамилија спонзор на религиска лоботомија и фундаментализам/тероризам и со ова ниво на екстракција сигурно имаат нафта за неодреден број години. Но далеку од она кое самите (лажно) го тврдат.

Венецуела ги има најголемите нафтени резерви во светот, во појасот Ориноко посебно и поради тој факт ќе биде на удар. Но и тоа зависи од опстанокот на денешниот режим, има многу шпекулации околу Чавез и негово наводно скорешно заминување од овој свет...

Toe, постот што ми го цитираше никаде не го негира ова. Па нема ваљда на Окта да и ја остават нафтата. Претходната дискусија беше во насока дали била пресудна нафтата или стратешката позиција, и тоа од аспект на америте!
Затоа и постот е таков каков што е и искрено не би менувал ништо во него - не е само нафтата причината, барем не од аспект на САД! На крај краева, зошто би менувале свој човек за повторно да стават - свој човек?

Лондон и Париз се веќе друга приказна, тие си имаа своја математика со Либија. Дури и избрзаа во некои работи, а САД и немаа баш некој избор освен да се вмешаат.Ги казнија малку овие џуџињава со тоа што ги оставија сами, колку да им покажат дека воено се гол к...ц без американска поддршка, ама пак се вклучија и ја завршија работата - не заради НИВНИ, туку заради СВОЈ интерес. Кога веќе они ја завршија работата зарем некој очекува туку така да ја остават цела нафта на некој друг?И

И како може да се каже дека геостратешки Либија не е битна? Па удира во „мекиот стомак„ на Европа, се контролира и старата к...а ако и текне да биде непослушна, се контролира и едно од најважните топли мориња, правец кој од памтивек бил еден од најважните во светот, близу е до неколку интересни зони.....
Либискиот брег е само мал дел од средоземноморскиот басен.
Нато има бази по цело средоземје и секако носачи на авиони кои ја анулираат потребата од либиски пристаништа.
Нормално дека не е само нафтата, ликвидацијата на Гадафи е само пример за “непослушните“ т.е. оние кои не плаќаат навремено рати од кредитот наречен апсолутна власт.
За разлика од семејството Ал-Сауд.

Зошто мислите дека се “загрижени“ поради “недемократијата и тиранијата“ во Иран а 8 месеци пружаа секојдневна масовна воздушна подршка на либиските бунтовници кои прва работа која ја направија од кога објавија победа е.......Шеријат :vozbud:

Нато е само огромен,скап и релативно ефикасен рекетар за капиталистичката олигархија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom