Болести - причини и превенција

Член од
5 декември 2007
Мислења
169
Поени од реакции
0
Нови грипни вируси ште ни атакуват до краја на јануари,

Тази година се очаква да ни атакува главно грип тип А, с новите штамове “Соломонови острови” и “Бризбејн”.


Все оште нјама установени случаи на истински грип. Лошото е, че преди да ни вр'хлети епидемијата, много хора се разболјават от стотиците рино- и адено-вируси. Така организм'т отслабва оште преди да се е сбл'скал с грипа

“Грип'т е едно заболјаване, което се различава от другите инфекции на дихателните п'тишта по това, че започва в определен час с разтрисане, болки в мускулите и главоболие, но нјама никаква кашлица. Нјама кашлица грипа в началото”.


Ако имате тези оплакванија, се препор'чва б'рза атака с антигрипни препарати – химиотерапевтици.
Тези средства вече не са за имунитет, а се опитват да спрат размножаването на грипнија вирус оште докато е в инкубационен период. Така човек не се разболјава или прекарва болестта без усложненија. Нелекуванијат грип води до пораженија на средното ухо, с'рцето, белите дробове.
Препор'ка : пот'рсете лекарска помошт- не се самолекувајте!
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Белодробна тромбоемболиска болест

„Загубата на и еден болен од белодробна тромбемболија, таа неочекувана и потенцијално фатална болест - која може да се превенира, е искуство кое го заборава ретко кој доктор, а од кое сите стравуваат.“



Белодробната тромбоемболија (БТЕ) е клинички и патофизиолошки синдром кој настанува при делумна или потполна опструкција на десната комора или делови од функционалниот белодробен крвоток со тромбни маси создадени во венските крвни садови или десното срце. Поранешните термини белодробен инфаркт и акутно белодробно срце се денес напуштени бидејќи се тие само еден од можните патофизиолошки супстрати и клинички манифестации во севкупните збиднувања кај белодробната тромбоемболија.

Последните децении расте мобридитетот од БТЕ и таа е сe почеста причина за смрт кај хоспитализираните болни. Појавата на БТЕ е почеста кај лица постари од 40 години, адипозни и од женски пол. Заболувањето е по својата природна еволуција потенцијално рецидивирачко, има прогресивен и сукцесивен тек, со голем ризик од фатален исход. Се цени дека скоро секоја десета епизода на болеста е фатална, а секоја втора периферна венска тромбоза се комплицира со БТЕ. Зголемената инциденца на БТЕ во последните децении се должи не само на подобрената дијагностика, туку и на сe почестото присуство на предиспонирачките фактори во современиот живот. Посебна тешкотија претставува заживотната дијагноза заради:
  • тивкиот, клинички незабележителен развој на флеботромбозата
  • нетипичната симптоматологија, релативно долго непрепознаена и погрешно интерпретирана (обично БТЕ се третира како пневмонија или друго белодробно заболување)
  • природните механизми (локална и системска фибринолиза) го деградираат тромбот во тек на неколку часови, така што процесот може да остане долг период незабележан и од пациентот и од докторот (особено кога е зафатен мал крвен сад).
Дијагнозата на БТЕ е една од најтешките во клиничката медицина и е најчестата погрешно дијагностицирана болест . Се констатира дека недозволеното задоцнување и потполно погрешна дијагноза е се почеста појава отколку што многу клиничари сакаат да веруваат. Од друга страна, хипердијагностиката со ризик од несоодветна терапија е сe позачестена и покрај напредокот во дијагностиката.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Анемија предизвикана од недостаток на витамин Б12

(Пернициозна анемија)


Месото, рибите и сирењето се одлични извори на витмин Б 12.

Анемијата е недостаток на црвени крвни клетки или намален хемоглобин и води кон намалување на количините на кислород кои им се потребни на органите и ткивата за нормално работење и со тоа предизвикува невообичаена слабост, појава на вртоглавици, бледило и сл.

Црвените крвни клетки-еритроцити се создаваат во коскената срцевина и тие имаат животен век од 120 дена. Анемијата настанува или кога создавањето на нови еритроцити е намалено или губење на еритроцитите, крварење. .

Еритроцити


Еритроцитите се клетки кои заедно со крвната плазма циркулираат низ телото. Со својата пумпна активност срцето ја движи крвта низ артериите. Еритроцитите се снабдуваат со кислород во белите дробови и го разнесуваат низ сите делови на телото.

Клетките го користат кислородот за метаболизирање на гликоза и на масните киселини и со тоа за добивање на енергија.

При работа на мускулите, се создава јаглерод диоксид како отпаден продукт. Тој се сврзува со еритроцитите и се транспортира во белите дробови од каде се издишува, се заменува со кислород. .

Зошто недостатокот на витамин B12 предизвикува анемија?


За да создаде еритроцити, на телото му требаат меѓу другото и железо, витамин Б 12 и фолна киселина ( од групата Б витамини). Доколку недостига некоја од овие материи се развива анемија.

Витаминот Б 12 е есенцијален за нервниот систем и неговиот недостаток води кон воспаление на нервите (невритис) и деменција (ментална болест). Недостатокот на витамин Б 12 настанува или како резултат на неможност на тенкото црево да го апсорбира или од недостаток од витамин Б 12 во исхраната. Најчесто се случува кај постари лица, најпогодени се алкохоличарите, но може да се јави и кај помлади, особено кај жени.

Причини за недостаток на витамин Б 12


Стриктно вегетеријанска диета може да доведе до недостаток а витамин Б 12, бидејќи витамин Б 12 се наоѓа единствено во храна со животинско потекло, како месо, црн дроб, јајце и млеко. Во денешно време најчеста причина за недостаток на витамин Б 12 е немањето на интринзичен фактор, супстанца која се произведува во желудникот и овозможува апсорбција на витамин Б 12.

Причини за намалено создавање на овој факотoр се:
  • формирање на антитела насочени кон клетките кои го произведуваат овој фактор. Клетките умираат и се развива анемија ( пернициозна анемија).
  • Рак на желудник и чир на желудник r можат да се прошират до таа мерка да останат премалку клекти кои го произведуваат овој фактор.
  • заболување на цревата, паразити во цревата (тении) како и хируршко отстранување на голем дел од цревата можат да ја намалат апсорпционата површина на цревата и да доведат до недостаток на витамин Б 12.
Симптоми на анемија предизвикана од недостаток на витамин Б 12
  • Првите симптоми обично се невообичаен умор, тешкотии при дишењето , лесно задишување и вртоглавица.
Со продолжување на состојбата се развиваат и следниве симптоми:
  • зацрвенет,сјаен и иритиран јазик
  • намалено чувство на вкус
  • пореметено или намаелно чувство на допир
  • намален осет за вибрации
  • кај некои луѓе симптомите на недостатокот на витамин Б 12 започнуваат со нервни симптоми.
  • главоболка
  • психолошки симптоми
  • болка во нозете, тешкотии при одење и координација заедносо парализа на мускулите.
  • намален осет за допир
  • чувство на гушење, и болка во градите ( ангина пекторис)
  • пернициозната анемија е ризик фактор за појава на рак на желудникот.
Превенција на недостаток на витамин Б 12
  • Јадење на разнолична храна, особено црвено месо, риби и јајца.
  • Стриктните вегетаријанци би требало да земаат витамин Б 12 заедно со фолна киселина, како суплементи, додатоци на исхраната.
  • Доколку некој член од семејството има пернициозна анемија треба да се проверат и останатите членови.
  • Дијагноза на анемија предизвикана од недостаток на витамин Б 12
На вашиот лекар ќе му бидат потребни лабораториски резултати за одредување на бројот на црвени крвни клетки, како и за одредување на нивниот волумен и количината на хемоглобин. Дијагнозата на оваа анмија конечно се поставува со микроскопска анализа на крвта, со тоа што при оваа анемија еритроцитите се поголеми од нормално.

Доколку се утврди ниско ниво на витамин Б 12 мора да се одреди и нивото на интризичен фактор, за да се утврди што точно довело до појавата на анемија. (Шилингов тест).

Терапија


Кај пациентите со наследна пернициозна анемија се даваат инјекции со витамин Б 12 (најчесто заедно со фолна киселина) еднаш на три месеци, доживотно. Кај другите пациенти овие витамини се даваат до корекција на анемијата и потоа се прави промена на исхраната.

Прогноза


Со елиминирање на причината која довела до анемијата доаѓа до потполно опоравување, но доколку болеста долго време не е лечена може да остави последици, оштетувања на нервниот систем.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Пролив - Дијареа

Дефиниција
Дијареата претствува честа, течна столица. Дијареата се смета хронична (долго-трајна) доколку трае повеќе од 4 недели.
Дијареата е обично лесна болест и поминува брзо и без комликации. Но кај новородени и деца ( посебно под 3 месечна возраст), дијареата може брзо да предизвика дехидратација.

Причини
Најчеста причина за пролив е вирусен гастроентеритис, лесна вирусна инфекција која сама, спонтано престанува по неколку дена. Оваа состојба обично се нарекува стомачен грип. Најчесто се јавува како мини-епидемија во школи, установи и семејства.
Труење со храна и патнички пролив се другите две најчести причини за пролив. Тие настануваат како резултат на конзумирање храна , вода или останати пијалоци кои се контаминирани, загадени со бактерии или паразити.

Колера

Лековите, особено антибиотици, лаксативи („омекнувачи“ на столица) кои содржат магнезиум и хемотерапија за лекување на рак се исто честа причина за појава на дијареа. Поретки причини се:
  • Малабсорптивни синдроми ( неможност за ресорпција на храна и хранливи материи) како нетолеранција на лактоза (млечен шеќер).
  • Инфламаторна болест на дебелото црево ( Хронова болест и улцеративен колитис)
  • Иритабилен цревен синдром
  • Целијакија
Други поретки причини за дијареа се :
  • Zollinger-Ellison-ов синдром
  • Невролошки нарушувања како автономна и дијабетична невропатија
  • Карциноиден синдром
  • Гастректомија ( делумно отстранување на желудникот)
  • Висока доза на радијациона терапија
Домашна нега
Треба да се пијат големи количини на течности за да се спречи дехидратација. Сите пијалоци се во ред, со исклучок на алкохолни и пијалоци кои содржат кофин.
  • Активните култури на „добри“ бактерии ( пробиотици) го скратуваат времтраењето на дијареата и ја намалуваат тежината на болеста. Пробиотици има во јогуртот, во посебни продукти, суплементи на храна кои содржат култури со живи бактерии и тн.
  • Храна како двопек, банани можат понекогаш да помогнат при дијареа.
  • Одмор
Обратете се на лекар доколку:
  • Има крв или гној во столицата, или доколку столицата е црна!
  • Имате болка во стомакот која не поминува по стомачните грчеви, туку продолжува да трае.
  • Имате симптоми на дехидратација (малаксаност, жед, вртоглавица, зуење во ушите, намален крвен притисок)
  • Имате температура над 39о C, или над 39,5о C кај деца
  • Скорешни патувања во странски земји
  • Имате јадено со други луѓе кои добиле дијареа
  • Сте започнале со некој нов лек
  • Дијареата не поминува за 5 дена ( 2 дена за новородени и деца) или се влошува
  • Кај деца: доколку повраќаат подолго од 12 часа (кај новородени при првото повраќање треба да се обратете на лекар)
Преглед
Лекарот ќе ве испраша за целата историја на болеста и ќе ве прегледа, обраќајки посебно внимание на стомакот.
Во одредени случаи може да има потреба од идентификација на инфективниот организам која ја предизвикал инфекцијата, односно изведување на специфични лабораториски и микробиолошки анализи.

Доколку има знаци на дехидратација, се прават и следниве тестови:
  • лабораторија
  • специфична тежина на урина
  • креатинин

Дехидратацијата се корегира со внесување на големи количини течности, а доколку е многу изразена се лечи во болница, со инфузии на течности, на пр. физиолошки раствор (солен раствор).
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Пелвична воспалителна болест

Пелвична воспалителна болест е назив кој се користи за да се опише било која инфекција на долните женски полови органи која се шири нагоре кон горните полови органи на жената.


Пелвична воспалителна болест е назив кој се користи за да се опише било која инфекција на долните женски полови органи која се шири нагоре кон горните полови органи на жената. Во долните полови органи на жената спаѓаат вагината и вратот на матката. Горни репродуктивни органи се телото на матката, јајцеводите и јајниците.
Опис


Пелвичната воспалителна болест е најчеста и воедно најсериозна последица на сексуално преносливите болести кај жената. Сексуално активните жени на возраст меѓу 15 и 25 години имаат највисок ризик за да развијат пелвична инфламаторна болест. Сепак болеста може да се јави, иако значително поретко, и кај жени кои имаат само еден сексуален партнер. Најсериозна компликација на пелвичната воспалителна болест е зголемен ризик од губење плодност кај жената и појава на бременост со плод надвор од матката (најчесто во јајцеводите) т.н. ектопична бременост.
За да се разбере пелвичната инфламаторна болест (скратено ПИБ), од корист е да се разберат основите на воспалението. Воспалението е одговор на телото кон петогените микроорганизми. Зафатениот дел на телото со воспаление може да отече како резултат на насобирање течност во ткивото или може да поцрвени како резултат на прекумерно насобирање на крв. Може да дојде до насобирање на воспалителен секрет, гној, кој се состои од насоберени бели крвни клетки и оштетено мртво ткиво. На крај доаѓа до формирање лузна како резултат на растење на сврзно луѕнесто ткиво на местото на со воспаление оштетеното ткиво. Ова лузнесто сврзно ткиво доведува до меѓусебно затегање и зближување на органите еден до друг т.н адхезии.



Кои се причини за појава на пелвична воспалителна болест?


Постојат повеќе фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на пелвична воспалителна болест:

  • Возраст. Појавата на ПИБ е многу почеста кај помлади жени, а со стареење ризикот од ПИБ се намалува.
  • Социоекономски статус. Најчесто се појавува кај жените од посиромашните социјални слоеви поради недостаток на образование и свесност за сопственото здравје и болестите.
  • Употреба на одредени облици на контрацепција. Вештачки абортус, употреба на спирала, не користење на кондоми и често практикување на вагинални испирања и триења се поврзани со повисок ризик за развој на ПИБ
  • Ризичен животен стил како злоупотреба на дрога и алкохол, прво сексуално искуство во раната младост, голем број на сексуални партнери и пушење се проследени со зголемен ризик од појава на ПИБ.
  • Посебни сексуални навики. Сексуален однос за време на менструација како и претерано чести сексуални односи во краток временски период создават повеќе можности за пристапување на патогените микроорганизми кон внатрешноста на матката
  • Присуство на сексуално пренослива болест. 60% до 75% од случаите на ПИБ се поврзани со постоење на сексуално пренослива болест.
Двата најчести предизвикувачи на полово преносливи болести се Neisseria gonorrhoeae , која предизвикува гонореја или трипер и Chlamidia trachomatis. Главниот симптом на гонореата е појава на слузест и гноен вагинален исцедок.
Инфекцијата со кламидија или други бактерии обично дава многу поблаги или воопшто не дава никакви симптоми.
Иако пелвичната воспалитена болест не е вообичаена кај жени кои не се сексуално активни, патогени микроорганизми поинакви од гонококот (предизвикувач на гонореа) и кламидија можат повремено да навлезат во горните репродуктивни органи и да предизвикаат пелвична воспалителна болест.
Нормално вратот на матката (цервикс) продуцира цлузав секрет кој служи како бариера за патогените микроорганизми (бактериите) да не можат да продрат нагоре во матката и од таму кон јајцеводите и јајниците. Оваа природна бариера може да ослабни на два начина; сексуално пренослив патоген микроорганизам ја напаѓа слузницата од вратот на матката и на тој начин си овозможува влез во погорните репродуктивни органи. Друг начин за да продрат бактериите е да настане повреда или промена на тој дел од матката. Пораѓај, спонтан или вештачки абортус, или употреба на спирала во матката како средство за контрацепција се состојби кои можат да ја изменат и ослабат слузокожата на вратот на матката, правејќи ја на тој начин склона кон продор на инфекции најчесто со повеќе различни микроорганизми истовремено. За време на менструалните крварења, отворот на вратот на матката се проширува и може да им дозволи влез на патогените микроорганизми особено ако во тој период се практикуваат сексуални односи.


Скорешните докази покажуваат дека бактериската инфекција на вагината наречена
бактериска вагиноза може да резултира во пелвична воспалителна болест. Присуството на вакви патогени бактерии во вагината во услови на една мала повреда на вратот на матката како резултат на сексуален однос , менструација, пораѓај се доволни за да овие бактерии продра во матката и од таму кон јајцеводите водејќи кон појава на пелвична воспалителна болест.

Кои се симптомите на пелвична воспалителна болест?


Најчестиот симптом на пелвичната воспалителна болест е карлична болка (болка локализирана во долниот дел на стомакот. Како и да е многу жени кои имааат ПВБ имаат само слаби тегоби така што воопшто не се свесни дека имаат инфекција на гениталиите во карлицата.
При нагло (акутно) воспаление на јајцеводите (стучно наречено акутен салпингитис), доаѓа до нивно отекување така што истите стануваат болно осетливи за време на бимануелниот гинеколошки преглед.
Покрај болка често пати може да биде присутна и покачена температура со трески. Воспалението може да напредува до насобирање гној во јајцеводите, јајниците или во околната карлична празнина. Гној може да протече кон стомачната празнина па да дојде до инфекција и воспалување на стомачната марамица што претставува по живот опасна состојба за која често е потребна хируршка интервенција.
Акутното воспаление на јајцеводите доколку не се лекува може да премине во хронично, а кое се карактеризира со формирање на лузни и зтегање на гениталните органи што од своја страна се манифестира со хронична долготрајна болка и неправилни менструации. Како резултат на блокирање на јајцеводите со сврзно, лузнесто ткиво, жените со хронично воспаление на јајцеводите имаат голем ризик од ектопична бременост (бременост при која плодот наместо во шуплината на матката се вгнездил во тесниот јајцевод при која постои реална опасност од пукање на јајцеводот со растење на плодот).

Како се поставува дијагноза пелвична воспалителна болест?


Доколку се сомнева на пелвична воспалителна болест, лекарот ќе инсистира на комплетно испрашување околу самиот почеток и тек на болеста како и на постоење претходни заболувања. Потоа неопходен е вагинален преглед со посебен акцент на испитување на карличните органи при бимануелниот гинеколошки преглед. Неопходно е да се направат соодветни испитувања за да се отфрли можноста за постоење воспаление на слепо црево или ендометриоза, состојби кои исто така се проследени со карлична болка. Доколку при бимануелниот вагинален преглед се покаже дека постои болка во пределот на карлицата или особено болка при придвижување на вратот на матката, тогаш постои голема веројатност за присутна карлична воспалителна болест.
Точна дијагноза тешко се поставува бидејќи карличните органи се тешко пристапни за испитување. Може да се искористи примерокот слузница земен од вратот на матката за да се идентификуваат бактериите кои ја предизвикале инфекцијата. Два теста од крв можат да покажат дали е присутно воспаление а тоа се седиментација на еритроцити и мерење на т.н. Ц реактивен протеин. Дијагноза може да се постави со помош на лапароскопија (преку мал отвор на долниот дел на абдоменот се внесува камера и посебен инструмент со кој се зема примерок од карличните органи), но самата постапка е поскапа и поинванзивна и носи одреден ризик за самиот пациент.
Една понова дијагностичка метода која за сега е достапна само во поопремените лабаратории е т.н. лигаза верижна реакција со која преку мокрачата на жената многу прецизно се открива инфекција со гонокок или кламидија кои се воедно најчести сексуално преносливи микроорганизми кои предизвикуваат карлична воспалителна болест.

Како се лекува болеста?

Општи препораки се:
  • Лежење во кревет. Пациентките треба да се одмараат и да ги намалат физичките активности за да му помогнат на телото да се опорави побрзо
  • Да се избегнува сексуална активност. Обата партнера треба да се лекуваат при постоење сексуално пренослива болест. При тоа треба да се воздржат од сексуални односи се додека не се илечат целосно од инфекцијата.
  • Здрава исхрана. Исхраната треба да вклучи консумирање свежо овошје и зеленчук. Овие содржат голема количина на фитоелементи и витамини кои му помагаат на телото да зајакне и го стимулираат имунитетот да се бори со инфекцијата.
Медицински третман


Ако постои сомнение за акутно воспалени јајници, веднаш треба да се започне со антибиотска терапија. Лекувањето се состои во земање барем два антибиотика со широк спектар на делување кои можат да ги уништат и гонококите и кламидиите плус другите типови на бактерии кои имаат потенцијал да предизвикат инфекција. Лекувањето на хронична пелвична воспалителна болест може да бара и целосно отстранување на матката (хистеректомија).

Доколку кај жена се открие пелвична воспалителна болест неопходно е да се почне со лекување и на нејзиниот сексуален партнер како не би дошло до повторна инфекција кај неа.
 
Член од
16 јуни 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ubavo e da se procita vakov strucen napis vo ovoj forum, iako se slozuvam deka e premnogu strucen i ne e dovolno razbirliva za posirokite sloevi koi ne se profesuionalni medicinari.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
скај дог ај ако сакаш напиши нешто и за дебело црево:smir:
:smir::smir::smir:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
nema garancija da se ostane zdrav i pokraj najdobro pazenje na sebe vo smisla se sto moze da go osteti moeto telo e zlo.Nema garancija da ostanes zdrav kako sto nema garancija da ostanes ziv. A dusevnite bolesti se posebna prikazna.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.288
Единствената превенција којашто може човек да ја направи е да го намали стресот во неговиот живот.
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
391
Поени од реакции
20
koga veke vaka opsirno pisuvas za razni bolesti i lekuvanja aj te molam najdi nesto za stitnata zlezda.ja konkretno pravev operacija pred sest meseci mi rekoa deka imam cvorcinja na stitnata zlezda i pola zlezda mi ja izvadija,voedno imav do pred mesec dena non stop tahikardija pa zimam lekovi kako za tiroidata taka i za srceto za smiruvanje.napraviv milion ispituvanja i mi rekoa deka se e vo red a sepak ima denovi koga ne se osekam najdobro i se taka vo krug.
 
S

smart ass

Гостин
Единствената превенција којашто може човек да ја направи е да го намали стресот во неговиот живот.
Експериментираат со шпански серии и Кампањи...налик БИДИ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ и сл...да не ги спомињам..
:pos2:



Најновиот проект на Министерството за земјоделство
Почна кампањата на "Биди земјоделец"

СТРУМИЦА- Со првата јавна презентација што се одржа во Струмица, практично почна медиумското претставување на најновиот проект на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија ?Биди земјоделец".

Проектот опфаќа два значајни закона во оваа област, односно Законот за вршење земјоделска дејност и Законот за Фондот за земјоделство. Спроведувањето на овие закони, како што истакна Миле Јакимовски, државен секретар во ресорното Министерство и претседател на Извршниот одбор на Фондот за земјоделство, е од суштинско значење за конечното правно и социјално дефинирање на земјоделската дејност и за нејзина финансиска поддршка во форма на поволни кредити или доделување неповратни средства за поттикнување на развојот на земјоделството.

Во рамките на оваа капитална реформа во аграрот е и имплементацијата на Законот за земјоделско земјиште, со што се очекува создавање нова вредност во секторот на земјоделското производство, а со тоа и натамошно унапредување и битно зајакнување на нашето индивидуално земјоделско стопанство.

Земјоделците од Струмичко на презентацијата најмногу се интересираа за тоа што конкретно ќе добијат со запишувањето во Регистарот за вршење земјоделска дејност, на кои бенефиции можат да сметаат, дали ќе се зголемат нивните давачки спрема државата, дали новите законски решенија се направени за олеснување на многубројните тешкотии со кои се среќаваат земјоделските производители или, пак, само поради усогласување на нашето со европското законодавство во оваа област
:vozbud::pos2:

И....Би така на кампањи WHILE




Абе закон-добар експеримент замајнд контрол-башка невработеност,низок стандард...интересно општество...за проучување.

Ubavo e da se procita vakov strucen napis vo ovoj forum, iako se slozuvam deka e premnogu strucen i ne e dovolno razbirliva za posirokite sloevi koi ne se profesuionalni medicinari.

Епа нека остава дефиниција во заграда...за терминот:toe:

Тоа е сугестија...

Или пак пред текстот да има посебни термини+образложение:toe:
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Вовед
Постојаните болки и физичките ограничувања, предизвикани од околу 100-те форми на артритис, се секојдневие за милиони луѓе. Реуматоидниот артритис е една од најтешките форми, која покрај болки и ограничени движења, предизвикува и деформитети на зглобовите.



Понекогаш реуматоидниот артритис ги прави и наједноставние движења - отварање тегла или прошетка - невозможни.
Наспроти остеоартритис, реуматоидниот артритис е воспаление на зглобовите. Точната причина за појава на реуматоидниот артритис е непозната. Воспалението е предизвикано од имуниот систем на организмот кој го напаѓа ткивото кое ги обвиткува зглобовите, синовијата.



Реуматоидниот артритис е два до три пати почеста кај жените отколку кај мажите, и воглавно се појавува на возраст меѓу 20 и 50 години. Но реуматоидниот артритис може да се јави и кај помлади и кај постари.

Не постои лек за реуматоиден артритис. Но со соодветен третман и стратегија за заштита на зглобовите, и промена на животниот стил, болеста може да се стави под контрола и заболените да имат долг и продуктивен живот и покрај болеста.
Знаците и симптомите на реуматоидниот артритис можат да варираат, да се јавуват и да се губат. Овие симптоми вклучуваат:

*
Болка и оток во зглобовите, особено во малите зглобови на шаката и стапалата.



*
Општо чувство на болка и укоченост на зглобовите, особено по одмор или спиење.
*
Неможност за изведување на движења во зафатените зглобови.
*
Губиток на сила, слабост во мускулите кои се припоени за зафатените зглобови.
*
Малаксалост, која може да биде многу изразена при влошување на болеста.
*
Покачена температура
*
Деформирање и изобличување на зглобовите со тек на време

Реуматоидниот артритис обично предизвикува проблеми во повеќе зглобови истовремено. На почетокот на болеста, обично симетрично се зафатени зглобовите на шаката, стапалата, колената. Како напредува болеста, ги зафаќа и останатите зглобови, рамењата, лактите, колковите, вратот, дури и зглобот на вилицата. Обично ги зафаќа двете страни на телото истовремено.




За разлика од остеоартритис, кој ги зафаќа само коските и зглобовите, реуматоидниот артритис е системска болест, која може да предизвика воспаление на солзните жлезди, плунковните жлезди, обвивките на срцето и белите дробови, самите бели дробови и во ретки случаи, крвните садови.

Реуматоидниот артритис е хронична системска автоимуна болест, која обично варира, со периоди на влошување и периоди на стишување на болеста кога отоците, болката, малаксаноста привремено исчезнуваат.
Отоците и деформитетите можат да ја ограничат подвижноста на зглобовие. Но сепак дури и во најтешките форми на реуматоиден артритис подвижноста на зглобовите се задржува.

Причини
Како и кај другите форми на артритис и реуматоидниот артритис ги зафаќа зглобовите. Секој подвижен зглоб е обложен со еднатенка ммбрана наречена синовија. Кај пациентите со реуматоиден артритис, белите крвни клетки - кои обично ги напаѓаат вирусите и бактериите-излегуваат од крвните садови и ја напаѓаат синовијата. Овие крвни клетки играат важна улога во реуматоидниот артритис и во воспалението на синовијата.
Како резултат на воспалението се ослободуваат протеини, кои со тек на време ја задебелуват синовијата, ја оштетуваат рскавицата, коските, лигаментите и накрај зглобот ја губи својата форма. Причината зошто започнува овој процес е непозната и иако има голем број на претпоставки од скриени инфекции со вируси и бактерии до наследни фактори, сепак точната причина не е утврдена..

Ризик фактори
Иако точните причини за развој на реуматоидниот артритис не се познати, постојат фактори на ризик:

*
Стареење, бидејќи честотата на реуматоидниот артритис се зголемува со стареењето.
*
Женски пол.
*
Пушење во тек на долг период.


Кога да барате лекарска помош
Доколку имате постојано чувство на неудобност и оток на зглобовите од двете страни на телото (лева и десна страна, левата и десната шака на пр.) обратете се на лекар. Оштетувањето на зглобовите од болеста може да се стави под контрола со ран и соодветен третман.

Дијагноза
Дијагнозата на реуматоиден артритис во голема мера се заснова на типичниот наод, така да прв чекор во дијагнозата е лекарскиот преглед. За утврдување на дијагнозата потребно е да се изведат и следниве тестови:

Лабораториски анализи: Одредување на седиментациона рата (седиментација) -покачено ниво укажува на присуство на воспалителен процес во телото. Кај луѓето со реуматоиден артритис, седиментацијата е обично покачена, но седиментацијата не е специфична за реуматоиден артритис така да ќе бидат потребни и додатни испитувања. Од друга страна кај пацинтите со остеоартритис, седиментацијата обично е нормална.



Друг лабораториски тест кој се изведува е реуматоиден или реума фактор, кој претставува антитело кое се јавува кај пациентите со реуматоиден артритис, иако може да биде отсутен на почетокот на болеста. Исто така е можно присуството на реума фактор во отсуство на симптоми на реуматоиден артритис.


Рентген снимања: Други методи кои се применуваат се рентген снимање на зафатените зглобови. Во однос на добиените резулатаи од прегледот, лабораториските анализи, рентгенските снимања се поставува или се отфрла дијагнозата на реуматоиден артритис.



Компликации
Реуматоидниот артритис предизвикува укочување и болка на зафатените зглобови, но истовремено го зголемува ризикот од остеопороза, особено кај луѓето кои примаат кортикостероиди за лечење на реуматоидниот артритис. Во минатото луѓето со реуматоиден артритис завршувале во инвалидски колички поради големото оштетување на зглобовите. Денес, со денешните опции за лечење, состојбата е сосема поинаква и со соодветен третман, и најтешките форми на реуматоиден артритис можат да се стават под контрола. Други поретки компликации се воспаление на обвивките на срцето и белите дробови и воспаление на крвните садови (многу ретко).

Третман
Иако не постои лек за реуматоиден артритис сепак со денешната медицина реуматоидниот артритис може да се стави под контрола. Лечењето најчесто започнува со лекови и болеста се одржува под контрола со лекови, но во некои случаи може да биде потребен и хируршки третма
Ке може ли несто поконкретно во врска со лечењето на шилци, како на пр. имиња на лекарства, креми и сл. ?
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Ке Ве молам нешто поконкретно во врска со лечењето на шилци, како на пр. имиња на лекарства, креми и сл. бидејки мајками има шилци во колената и сега за 3- 4 дена е како инвалид , неможе да оди од болка.
Благодарам однапред.
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
402
Поени од реакции
51
koga veke vaka opsirno pisuvas za razni bolesti i lekuvanja aj te molam najdi nesto za stitnata zlezda.ja konkretno pravev operacija pred sest meseci mi rekoa deka imam cvorcinja na stitnata zlezda i pola zlezda mi ja izvadija,voedno imav do pred mesec dena non stop tahikardija pa zimam lekovi kako za tiroidata taka i za srceto za smiruvanje.napraviv milion ispituvanja i mi rekoa deka se e vo red a sepak ima denovi koga ne se osekam najdobro i se taka vo krug.
Болеста на BASEDOW ( Mornus Basedowi )

Оваа болест етиолошки е кортексно – диенцефало – хипофизна хипертонија, која преку наголеменото лачење на TSH предизвикува хипертироидеја (хиперфлазија на жлездата) со хипертиреоза (наголемено лачење на тироидните хормони тироксин и тријодтиронин). Оваа невроендокринска хипертонија е предизвикана од психоафективни агресии (спротивности) : грижи, возбуди, брачни, семејни и социјални спротивности. Basedow – А болест има кога постои карактеристичната симптоматска четворка: зголемена штитна жлезда (струма), испакнати очи напред (егзофталмија), треперење и тахикардија. Со дополнителни прегледи се дијагностицира 25% над нормалниот базален метаболизам, под 150 мг холестерин во крвта, и др. Клиничките форми на хипертиреозата се : акутни, со висока темперарура и инсуфициенција на срцето; лесен тиреотоксичен аденон на штитната жлезда без хиперстимулинија. Компликациите се особено срцеви: најпрво екстрасистоли, потоа тахикардија и апсолутна аритмија, а најпосле срцева инсуфициенција. Лекувањето се изведува на еден од следните четири начини:
·[FONT=&quot] [/FONT]јод во форма на Lugol – ов раствор кај лесните случаи;
·[FONT=&quot] [/FONT]тиреостатици кој се даваат во таблети
·[FONT=&quot] [/FONT]радиојодот 131 кој се дава по 40 год воздраст
·[FONT=&quot] [/FONT]суптотална тиреоидектомија е исечување на поголемиот дел од жлездата.
Индицирана е кај тиреотоксичниот аденон, противиндицирано е кај болеста на Basedow поради наголемувањето на егзофталмијата по операцијата.

Тиреоидна инсуфициенција или микседем (Muxoedema)

Микседемот е симптом на хипотиреоза. Етиолошки микседемот е кусок во тироидниот хормон, било поради неспособност на тироидната жлезда да го лачи хормонот и покрај нормалното стимулирање од хипофизата, било поради кусок во тиреостимулинот иако нејзината способност за лачење е зачувана. Микседемот може да биде здобиен и вроден. Здобиениот микседем кај возрасен се појавува кај жените меѓу 40-50 год воздраст, постепено со четири главни симптоми: инфилтрација на кожата и слузниците кои се задебелени и бледи ; влакната се оретчени, се кршат, веќите опаднати во надворешниот дел, ноктите ребрести и кршливи, нема лачење на кожна лој ; смалена физичка и психичка активност, дење сонливост, а ноќе неспиење ; атрофија на тиреоидната жлезда.
Состојбата на болниот се нормализира со постојано давање на тиреоиден екстракт. Кај нелекуваните случаи се развиваат : кахексија, инфекции и завршна кома, срцево садовни компликации од кои болниот ќе умре. Микседемот кај децата:
А. Раниот вроден микседем се изразува со : запирање на растењето, анорексија, опстипација, кожни симптоми, психичка заостанатост и др. Лекувањето брзо ги поправа психичките и физичките симптоми, но прогнозата во однос на интелектуалното развивање не е секогаш добра.
Б. Доцнежниот микседем кај децата го сопира нивниот развој на степенот на кој веќе стасале. Колку порано ќе се појави толку е потежок. Пред пубертетот предизвикува физички, гениталин и интелектуален инфантилизам; по пубертето со микседемот кај возрасните.

Тиреоидит

Се работи за воспаление на штитната жлезда. Предизвикувачи: бактерии, вируси, имунолошки заболувања најчесто како автоимуно заболување.
Екутен тиреоидит е многу ретко заболување и се должиу на инфекција локализирана на штитната жлезда. Порадио заболувањето штитната жлезда е зголемена и болката се засилува со голтање и зрачи во пределот на целиот врат, а понекогаш и кожата над штитната жлезда е воспалена и топла. Болеста може да биде проследена со покачена телесна температура. За време на заболувањето не доаѓа до никакви хормонални растројства. Најчесто воспалението поминува без потешки компликации. Понекогаш може штитната жлезда да зднои, а се лекува со антибиотици.
Субакутен тиреоидит или субакутен грануломатозен тиреоидит или Quervain – ов тиреоидит. Најчесто се јавува кај жени меѓу 40 – 50 год. Етиологијата е непозната. Постои сомнение дека се работи за вирусна инфекција. Најсомнителен е вирусот Mumps – от, кој предизвикувач е и на заушки. Штитната жлезда е зголемнена, болката зрачи во вратот, вилиците, рацете и градите. На палпација таа е напната и има карактеристична конзистенција. Понекогаш постои покачување на телесната температура. Лабараториски постои забрзана седиментација и зголемено количество протеински врзан јод. Дијагнозата најсигурно се поставува со биопсија. Од еволуцијата може да настане секундарна хипотиреоидија. Лекувањето е најчесто со спонтана ремисија; од медикаменти најдобро е да се даде аспирин и нема потреба од антибиотичка терапија.

Хроничен тиреоидит или тиреоидит на Hashimoto. Уште се нарекува хроничен лимфоиден тиреоидит или струма на Hashimoto. Се работи за афтоимуно заболување. Најчесто се среќава меѓу 30 – 40 годишна воздраст, почесто кај жени. Хистолошки постои лимфоидна инфилтрација, интерстицијална фиброза како и проширување на фоликулите. Локално штитната жлезда е зголемена (струма) дифузно, површината и е мазна или малку нерамна. Општата состојба не е растроена. Биолошки постојат знаци за инфламација и зголемување на антитироидни антитела. Во една третина случаи се развива хипотиреоидизам. Постои намалување на протеинскиот врзан јод. Врзувањето на радиоактивниот јод може да биде зголемено. Дијагнозата се поставува со биопсија како и наод на циркулирачки антитиреоидни антитела. За лекување е потребен долготраен третман, бидејки не постои спонтана ремисија; се дава тироксин за супресија на TSH. Понекогаш се користат кортизоноиди (терапија од неколку недели).
 
Член од
20 февруари 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
AJ AKO IMAS NESTO ZA LUMBOISIALGIJA (ISIJAS,DISCUS HERNIA,DISCOPATIA) NAPISI ILI PUSTI MI PP
FALA ODNAPRED
 

Kajgana Shop

На врв Bottom