Болести - причини и превенција

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Потенцијални причини за низок крвен притисок

Причините за појава на низок крвен притисок не се секогаш јасни. Оваа појава може да биде во врска со една или повеќе од следниве состојби:
  • Широки и проширени крвни садови
  • Ослабени срцеви контракции
  • Нарушен проток на крв како резултат на оштетени срцеви залистоци или други причини.
  • Предосирање со лекови за снижување на крвниот притисок
  • Поради несакани ефекти од некои други лекови, особено кога истовремено се земаат антихипертензиви.
  • Бременост
  • Нарушувања на жлездите со внатрешно лачење како што се намалена активност на штитната жлезда, шеќерна болест, низок шеќер во крвта или слабост на надбубрежната жлезда (Адисонова болест).
  • Срцев удар или топлотен удар
  • Различни облици на срцева болест (на пример срцева слабост, преткоморно треперење или брадикардија)
  • Различни облици на црнодрбна болест (на пример цироза, хепатитис, рак на црниот доб)
  • Слабокрвност или анемија (како резултат на крварење, недостаток на железо, фолна киселина или витамин Б12)
Нагло и опасно по животот опаѓање на крвниот притисок може да биде предзнак за појава на шок. Вакви брзи падови во крвниот притисок кои се опасни по живот можат да бидат последица на:
  • Губиток на крв (на пример како резултат на крварење надворешно или
    внатрешно)
  • Ниска теласна температура (хипотермија)
  • Висока телесна температура (хипертермија), како резултат на невообичаено топло време.
  • Тешка алергиска реакција кон некоја инјектирана супстанца (на пр. при убод на пчела)
  • Реакција на некој лек, при одредени состојби
  • Срцева болест или оштетувања како на пример при акутен инфаркт на срце.
  • Ендокрини нарушувања на жлездите со внатрешно лачење
  • Тешка дехидрација
  • Тешка инфекција со сепса
Понекогаш нагло опаѓање на крвниот притисок кој сепак не е живото загрозувачки може да се случи воследниве ситуации:
  • При обилно менструално крварење
  • Невообичаено топло време
  • Слаба до умерена дехидрираност
  • По предолг престој на сонце или во сауна
  • При ненадеен емоционален шок
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Дијагностички методи за низок крвен притисок

Секогаш кога ќе се појави низок крвен притисок, лекарот мора да се обиде да ја открие причината, да го одреди точниот третман и да се осигури дека истиот не е резултат на некое посериозно заболување како што е срцева болест на пример. Срцевите болести кои се манифестираат со низок крвен притисок како што е абнормален срцев ритам (аритмија) или стеснување (стеноза) на срцевите залистоци се сериозна закана по животот.

Сепак кога се прави проценка на причината за низок крвен притисок мора да се земаат во предвид возраста на пациентот, состојбата при која се јавуваат симптомите како и самите симптоми. Понекогаш неопходно е да се направи електрокардиограм ЕКГ и ехокардиографија. Анализа на крвта (шеќер, комплетна крвна слика и хематокрит) можат да помогнат при откривање на евентуална хипогликемија или анемија.

24 часовен холтер мониторинг може исто така да биде од корист со цел да се следи срцевата активност во тек на 24 часа. Оваа направа е направена така што пациентот во тек на 24 часа нормално ќе си ја врши својата секојдневна активност а при тоа со паралелно снимање на срцевата електрична активност можат да се откријат извесни неправилности.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Третман на снижениот крвен притисок

Лекувањето речиси во целост зависи од присуството на симптоми и од основната причина за нискиот крвен притисок. Во одредени случаи вашиот лекар може да ви препорача лекови за покачување на крвниот притисок или за спречување на бавна работа на срцето. Понекогаш доволно е да се зголеми внесувањето на сол преку исхраната со пиење доста течности. За пациентите со постпрандијална хипотензија (снижување на притисокот по обилен оброк) се препорачува избегнување обилни оброци и оброци богати со јагленохидрати-шеќери. Исто така се препорачува избегнување на алкохол и нагло станување од седечка положба, непосредно по јадење.

Лекови кои го покачуваат крвниот притисок со покачување на задршка и абсорпција на сол се препишуваат во случаи на симптоматска хипотензија. На лица со ортостатска хипотензија може да им се препорача fludrocortison, лек кој го покачува крвниот притисок и обично многу добро се поднесува. Меѓу другите лекови кои се препорачуваат спаѓаат: ephedrine, midodrine, caffeine и нестероидни антиинфламаторни лекови. На пациентите со неврална хипотензија им се препорачуваат бета блокатори. Како надополнение на сето ова се препорачува носење еластични чорапи кои помагаат крвта полесно да се враќа од нозете кон срцето.

 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Покачена телесна температура

Хипертермија, Пирексија


Кога се обидувате да не смрзнете на Северниот пол или да не испарите во Сахара, или кога спиете и кога трчате по автобус-вашата телесна температура, секако доколку сте здрав, останува отприлика иста - 37o C .

Дефиниција

Кај здрави луѓе нормалната телесна температура варира помеѓу 36.1°C и 37.8°C, со просечна вредност од 37°C. Телото ја одржува температурата во овие рамки балансирајќи со топлината произведена од метаболизмот и со топлината која ја губи во надворешната средина. „Термостатот“ кој го контролира овој процес е сместен во хипоталамус, мала структура во мозокот. Нервниот систем постојано носи информации за телесната температура до хипоталамусот кој за возврат активира различни физички одговори дизајнирани да го оладат или загреат телото, во зависност од моменталните потреби. Овие одговори вклучуваат намалување или зголемување на протокот на крв низ „јадрото“ на организмот, внатрешните органи, каде крвта се загрева, или на површината на телото каде истата се лади: намалување или зголемување на ратата со која телото ја претвара храната во енергија (метаболна рата) вклучувајќи и „тресење“, кое генерира топлина преку мускулната контракција: и потење кое го лади телото преку евапорација (испарување).



Покачената температура се јавува кога термостатот е подесен на повисока температура, примарно како одговор на инфекција. За да ја покачи температурата, организмот ја преместува крвта во потоплите внатрешни делови, ја зголемува метаболната рата и индуцира тресење. Чувството на ладни бранови, кои често ја придружуваат покачената температура, се предизвикани од преместувањето на крвта во јадрото на телото, оставајќи ги екстремитетите и кожата ладни.


Кога ќе се постигне повисоката температура тресењето и треските престануваат. Кога инфекцијата ќе заврши или кога ќе се употреби лек како аспирин или парацетамол, термостатот се враќа на пониско ниво на температура и се активираат механизмите на ладење на телото- враќање на крвта во периферијата, во кожата и потење.

Нормалната телесна температура варира во зависност од возраста, активноста, дел од денот и е различна на различни делови од телото. Просечна нормална телесна температура е 37 о C додека температура над 38,5о C се класифицира како треска. Телесната температура се одржува постојана со мали дневни промени благодарејќи на еден многу комплексен систем, централно контролиран од мозокот, периферно преку крвните садови и кожата со потните жлезди. Најголем дел од телесната топлина во мирување се создава од црниот дроб, додека при физичка активност секако од самите мускули.

Мерење на телесната темература


При инфекција, агенси означени како пирогени се ослободуваат или од имуниот систем на организмот или од самите инфективни агенси и доведуваат до ресетирање на термостатот на повисоко ниво. Или во други случаи, истото се јавува при алергиски реакции и автоимуни болести, кои доведуваат до неконтролирано ослободување на пирогени. Мозочен удар или карцином можат да го оштетат хипоталамусот и со тоа да доведат до малфункција (оштетување) на центарот за температура. Преголема изложеност на сонце исто може да доведе до хипертермија, состојба во која механизмите на ладење на телото не можат да се изборат со надворешните услови. Малигна хипертермија е ретка но потенцијално фатална болест, која се јавува кај предиспонирани лица кои примаат извесни анестетици или мускулни релаксанти како подготовка за хируршка операција

Колку долго ќе трае температурата зависи од неколку фактори како причинителот, возраста на пациентот и целата здравствена состојба. Најчесто покачената температура е акутна состојба, која се јавува нагло и се смирува нагло. Од друга страна благо покачена температура, која трае со недели секогаш треба да се разгледува внимателно.

Дијагноза


Покачената температура најчесто се дијагностицира со термометар.

Нормалната телесната температура варира и во тек на денот:
  • Кај деца помали од шест месеци, овие вариации се во голема мера зависни од надворешната средина поради незрелост на центарот за терморегулација и затоа е важно температурата на околината да биде помеѓу 22о-26о Целзиусови.
  • Кај деца помеѓу 6 месеци и 2 години овие дневни варијации се околу 1 степен по Целзиус
  • Дневните варијации се движат и до 2 степена над возраст од 6 години.
Телесната температура варира помалку кај возрасните. Но менструалниот циклус кај жените може да ја покачи температурата за 1 или повеќе степени.

Телесната температура вообичаено е највисока навечер. Може да се покачи со физичка активност, силни емоции, јадење, лекови, висока температура на средината, висока влажност на воздухот. Ова особено важи за децата.

Температурата мерена на различни места на телото во исто време е различна ; кожната температура (мерена во пазувите), која најчесто се користи како метода за мерење на температурата, покажува најниска вредност во однос на ректалната и оралната температура. Оралната температура е температурата измерена во усната празнина и таа обично покажува повисоки вредности во однос на кожната температура. Ректалната температура (температура мерена во чмар) до 38о C се смета за нормална.

Самата покачена температура не е болест нити непријател туку важен дел од одбранбениот систем на организмот против инфекции. Многу често, особено кај бебиња и мали деца и при благи настинки се развива покачена температура. И додека самата појава на покачена температура ни сигнализира дека во организмот се води битка, покачената температура се бори за телото а не против него.

За најголем дел од вирусите и бактериите кои предизвикуваат инфекции кај луѓето најдобра температура на средината е 37оC. Покачување на телесната температура за само неколку степени во голема мера го инхибира размножувањето на бактериите и вирусите. Уште повеќе, покачената температура го активира целиот одбранбен механизам, го зголемува протокот на крв, метаболизмот, имуниот систем произведува повеќе бели крвни клетки, анти-тела и други агенси насочени против инфекцијата.

Од друга страна, причина заради која се покачува телесната температура при инфекции е од ендотоксините кои се ослободуваат при разградување на инфективните агенси.

Кај многу луѓе, особено кај родителите, постои страв од покачена температура и најчесто самата покачена температура се гледа како најголем проблем. Исто така постои страв дека нелекувана, покачената температура ќе го оштети мозокот, дека покачената температура ќе продолжи да расте и сл. Оштетувања на мозокот од покачената температура е можно при температура над 42 степена. Нетретирана, покачената температура предизвикана од инфекција ретко се качува на 41 степен, (исклучок маларија), доколку детето не е премногу облечено и сместено во многу топла просторија. „Термостатот“ на мозокот ќе го сопре качувањето на температурата над 41 степен.

Родителите исто така се плашат од конвулзии предизвикани од покачената температура . За најголем дел од децата ова не важи, но сепакфебрилни конвулзии се јавуваат кај децата, обично во првиот ден од покачувањето на температурата. Истите најчесто се безопасни и не оставаат последици по детето.

Иако најчеста причина за покачената температура се вообичаените инфекции, најчесто вирусни, сепак листата на болести кои предизвикуваат покачена температура е многу долга, вклучувајќи и токсини, карциноми, автоимуни болести и др.

Особено опасен облик на покачена температура е секако топлотниот удар, затоа што се надминати капацитетите на организмот да се излади, и истите најчесто се предизвикани при екстреми на надворешната средина во смисла на надворешна температура и влажност на воздухот.

Необјаснета покачена температура која трае со недели и месеци (пролонгирана фебрилна состојба) е еден од најголемите дијагностички проблеми. Иако најчеста причина е скриена инфекција, најчесто туберкулоза и бруцелоза, сепак мора да се земат во предвид и други причини како карцином, автоимуни болести, Mb. Hodgkin, леукемија и тн. Дел од рутинските испитувања кои се прават во тој случај се:

  • Комплетна крвна слика
  • Специфични лабораториски испитувања
  • Церебро-спинална течност (ликвор)
  • Култура од спутум
  • Уриноанализа
  • Пункција на коскена срцевина
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Болка - Основи

Секој индивидуално е најдобар судија за својата болка. Според времетраењето болката се дели на акутна болка и хронична болка.

Акутна болка
Акутната болка се јавува одеднаш и обично по квалитет е остра болка. Акутната болка е еден од најважните аларми, кој не предупредува дека нешто сериозно се случува. Истата може да биде предизвикана од огромен број на состојби, најчесто посекотини, удари, изгоретини па се до фрактури, пораѓање, хируршки интервенции и тн.

Акутната болка може да биде благо изразена и да трае многу кратко или да биде неподнослива и да трае со недели. Акутната болка не трае подолго од шест месеци и исчезнува кога причината која ја предизвикала е отстранета. Но, истата може да продолжи во хронична болка.Акутната болка е остро ограничена на повредениот дел, истата може точно да се локализира, пред да се рашири на околните делови. Овој тип на болка добро реагира на лекови.


Хронична болка
Хроничната болка продложува и трае со години. Хроничната болка е сериозен проблем која доведува до сериозни физички и психички проблеми : намалена и ограничена активност, ограничена подвижност, недостаток на енергија, промена на апетит, како и депресија, лутина, вознемиреност и страв. Најчести причини за хронична болка се:
  • Главоболка (најчесто мигрена)
  • Болка во грбот (Дископатија)
  • Болка предизвикана од карцином
  • Артритис
  • Неурогена болка (болка предизвикана од оштетувања на нерви)


Хроничната болка може да исто така биде резултат на претходна траума/повреда или инфекција.



Искуството на болка може да се групира и според изворот на болка и поврзаните ноциоцептрои (неврони кои детектираат болка).
  • Кожна болка е предизвикана од повреда на кожата или површинските ткива. Кожните ноциоцептори завршуваат непосредно под кожата, и поради големата густина на нервни влакна, даваат точно дефинирана, локализирана болка со кратко траење. Повредите кои доведуваат до кожна болка се најчести-посекотини, изгоретини (прв степен) и сл.
  • Соматска болка-која потекнува од лигаменти, коски, крвни садови и нерви. Соматската болка е детектирана од соматски ноциоцептори кои произведуваат карактеристична тапа, нелокализирана болка, која трае доста подолго од кожната болка, на пример истегнат зглоб или скршена коска.
  • Висцерална болка- потекнува од внатрешните органи на телото. Висцералните ноциоцептори се лоцирани во внатрешноста на телото и во обвивките на органите. Распоредот на овие рецептори за болка е уште порегок во однос на соматските рецептори така да болката која ја произведуваат многу тешко се локализира, болката е најчесто многу силна, тешко се поднесува и обично го активира целиот автономен нервен систем, предизвикувајќи брзо чукање на срцето, брзо дишење, потење, но и страв и паника.
  • Фантомска болка е чувството на болка во екстремитет (рака или нога) кој е изгубен. Оваа појава се јавува речиси исклучиво кај пациенти кај кои е ампутиран екстремитет или пациенти со квадриплегија (парализа на сите екстремитети).
  • Неуропатска болка, или невралгија, може да настане како резултат на повреда или болест на самото нервно ткиво. Невралгијата е една од најсилните по интензитет болка ( вадење на заб на пример).
Физиологија на болката

Ноциоцепција е неврофизиолошкиот термин за специфичната активност на нервните патишта кои ја спроведуваат болката. Овие патишта главно спроведуваат информација -болка, но која мозокот не мора ја интерпретира како болка. .

Рецептори за болка
Сите рецептори за болка се слободни нервни завршетоци. Постојат механички, топлотни и хемиски рецептори за болка. Се наоѓаат на кожата и на внатрешните површини како периостеум (надворешна обвивка на коските) и зглобните површини



Длабоките внатрешните површини се слабо снабдени со рецептори за болка и ќе пропагираат чувство на хронична, силна олка доколку се јави оштетување на ткиво. Рецепорите за болка, за разлика од сите други рецептори, не се адаптираат на стимулот.Во некои случаи, надразнувањето на нервните влакна се зголемува доколку болниот стимуланс продожува, водејќи до појава означена како хипералгезија(минимална дразба, како допир предизвикува болка, на пример по изгоретини од сонце).

Постојат два главни типа на нервни влакна кои ги спроведуваат нрвните импулси, Aδ кои пренесуваат сигнал со брзина од 6 до 30 метри во секунда и C влакна кои бавно ја спроведуваат болката, 0,5 до 2 метри во секунда.

Пренос на болка во мозокот
Рецепторите за болка ја спроведуваат информацијата до рбетниот мозок, до сензорните неврони. Преку рбетниот мозок овие сигнали се праќаат до таламус, во кој се случува перцепцијата на болка. Преку таламус болката се праќа до кората на мозокот, со што индивидуата станува комплетно свесна за болката.



Шематски приказ на преносот на болка до мозокот. Ова е упростена шема, се работи за многу комплексен систем, кој е поврзан со речиси структури на мозокот, кои и самите имаат влијание на крајното чувство на болка.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Дијагноза на причината за болка

Дијагнозата на болка може да биде очигледна или да бара примена на голем број на тестови, лабораториски анализи, рентген испитувања и слично. Секако најважен дел од утвдрувањето на причината е лекарскиот преглед и историјата на болеста, развојот на болката. Најчесто појавата на болка која сигнализира потенцијално фатална болест има карактеристичен образец, кој укажува на специфична состојба. Дел од дијагностичките тетови кои се употребуваат се:

Рентген: Оваа испитување се заснова на рентгенските зраци, кои различно поминуваат низ различни делови од телото, со различна густина и врз основа на тоа се добиваат слики за внатрешноста на телото. Особено корисен за скршеници на коски.



CT или CAT скен:
Компјутерска томографија или компјутерска аксијална томографија користи рентген зраци и компјутерско рендерирање и дава приказ на вертикален или хоризонтален пресек на дел од телото кој се испитува. За време на прегледот од пациентот се бара да биде колку што е можно помирен. Понекогаш потербно е давање на контраст (венски) за време на снимањето. Најчесто процедурата трае 15-60 минути.



MRI: Магнетната резонанца продуцира многу прецизни слики на телото без употреба на рентген зраци, туку користи голем магнет, радио бранови и компјутер кој ги продуцира сликите. Во најголем број од случаите, тестот трае 40 до 80 минути. Во некои случаи се дава и контраст, интравенски, со гандолиниум, кој помага во полесно идентификување на извесни анатомски структури, органи и слично. Заради употребата на магнет, кај некои луѓе (кај пациенти со пејсмејкер) магнетна резонанца не треба да се прави. .



EMG:
Со оваа процедура се следи активноста на мускулите и нервите.За време на оваа процедура, многу фини игли се инсертираат во мускулите за да го мерат одговорот на мускулот на сигнали од мозокот или рбетниот мозок.

Скенирање на коски:
Оваа испитување се користи за следење и откривање на инфекција на коските, фрактура (скршеница), или други пореметувања на коските. За време на испитувањето, мала количина на радиоактивен материјал се инјектира во крвотокот. Овој материјал се собира во коските, особено во деловите кои имаат некоја абнормалност. Добиените слики се анализираат со компјутер кој ги идентификува специфичните делови кои имаат некаква абнормалност. .



Ултразвук: ултразвучно скенирање или сонографија; овој тест користи високо-фрекфентни звучни бранови за добивање на слики од внатрешноста на телото.

 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Пролив - Дијареа

Дефиниција
Дијареата претствува честа, течна столица. Дијареата се смета хронична (долго-трајна) доколку трае повеќе од 4 недели.
Дијареата е обично лесна болест и поминува брзо и без комликации. Но кај новородени и деца ( посебно под 3 месечна возраст), дијареата може брзо да предизвика дехидратација.

Причини
Најчеста причина за пролив е вирусен гастроентеритис, лесна вирусна инфекција која сама, спонтано престанува по неколку дена. Оваа состојба обично се нарекува стомачен грип. Најчесто се јавува како мини-епидемија во школи, установи и семејства.
Труење со храна и патнички пролив се другите две најчести причини за пролив. Тие настануваат како резултат на конзумирање храна , вода или останати пијалоци кои се контаминирани, загадени со бактерии или паразити.

Колера

Лековите, особено антибиотици, лаксативи („омекнувачи“ на столица) кои содржат магнезиум и хемотерапија за лекување на рак се исто честа причина за појава на дијареа. Поретки причини се:
  • Малабсорптивни синдроми ( неможност за ресорпција на храна и хранливи материи) како нетолеранција на лактоза (млечен шеќер).
  • Инфламаторна болест на дебелото црево ( Хронова болест и улцеративен колитис)
  • Иритабилен цревен синдром
  • Целијакија
Други поретки причини за дијареа се :
  • Zollinger-Ellison-ов синдром
  • Невролошки нарушувања како автономна и дијабетична невропатија
  • Карциноиден синдром
  • Гастректомија ( делумно отстранување на желудникот)
  • Висока доза на радијациона терапија
Домашна нега
Треба да се пијат големи количини на течности за да се спречи дехидратација. Сите пијалоци се во ред, со исклучок на алкохолни и пијалоци кои содржат кофин.
  • Активните култури на „добри“ бактерии ( пробиотици) го скратуваат времтраењето на дијареата и ја намалуваат тежината на болеста. Пробиотици има во јогуртот, во посебни продукти, суплементи на храна кои содржат култури со живи бактерии и тн.
  • Храна како двопек, банани можат понекогаш да помогнат при дијареа.
  • Одмор
Обратете се на лекар доколку:
  • Има крв или гној во столицата, или доколку столицата е црна!
  • Имате болка во стомакот која не поминува по стомачните грчеви, туку продолжува да трае.
  • Имате симптоми на дехидратација (малаксаност, жед, вртоглавица, зуење во ушите, намален крвен притисок)
  • Имате температура над 39о C, или над 39,5о C кај деца
  • Скорешни патувања во странски земји
  • Имате јадено со други луѓе кои добиле дијареа
  • Сте започнале со некој нов лек
  • Дијареата не поминува за 5 дена ( 2 дена за новородени и деца) или се влошува
  • Кај деца: доколку повраќаат подолго од 12 часа (кај новородени при првото повраќање треба да се обратете на лекар)
Преглед
Лекарот ќе ве испраша за целата историја на болеста и ќе ве прегледа, обраќајки посебно внимание на стомакот.
Во одредени случаи може да има потреба од идентификација на инфективниот организам која ја предизвикал инфекцијата, односно изведување на специфични лабораториски и микробиолошки анализи.

Доколку има знаци на дехидратација, се прават и следниве тестови:
  • лабораторија
  • специфична тежина на урина
  • креатинин

Дехидратацијата се корегира со внесување на големи количини течности, а доколку е многу изразена се лечи во болница, со инфузии на течности, на пр. физиолошки раствор (солен раствор).
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Кинетоза – болест на патување

Доколку при патување имате мачнина, вртоглавица, се потите и повраќате во текот на целото патување, причината е болест на патување или кинетоза. Тоа се непријатни симптоми кои се јавуваат кај ...


Доколку при патување имате мачнина, вртоглавица, се потите и повраќате во текот на целото патување, причината е болест на патување или кинетоза. Тоа се непријатни симптоми кои се јавуваат кај некои луѓе при патување со кола, брод или авион, но не претставуваат сериозна болест. Тегобите обично се повлекуваат кога телото ќе се навикне на патувањето или брзо по престанувањето на патувањето. Но има начини како кинетозата да се ублажи или да се спречи.

Болеста настанува кога мозокот ќе добие погрешна информација за движењето. За да се одржи во рамнотежа нашето тело, нашиот сетилен систме постојано собира информации од околината и ги праќа во мозокот.
Кога мозокот ќе прими противречни информации од поедини сетилни органи (очите не го регистрираат истото ниво на движење со механизмите за рамнотежа во внатешното уво), доаѓа до појава на кинетоза. Додека сте на пример, затворени во бродска кабина, центарот за рамнотежа реагира на лулењето на бродот, а ошите тоа не го гледаат. Мозокот, на таквите противречни информации реагира со активирање на центрите за повраќање и мачнина во мозокот.


Превенција

• Пред патувањето не треба да пиете и јадете обилно. Не треба ни да пушите и да пиете алкохол, заота што тоа само го зголемува чувството на мачнина.
• Тешки и јаки мириси можат да предизвикат мачнина и повраќање, зтоа не користете јаки пафжрфеми кога патувате.
• Дишете свеж воздух. Отворете го прозорот во колата, качете се на горната бродаска палуба или вклучете ја вентилацијата (над седиштето) во авион.
• седете мирно! – додека патувате бидете мирни, немојте ни да разговарате со сопатниците ако тоа ви смета. Важно е главата да ви биде мирна, да гледате пред себе и да не ги затварате очите. Најдобро е да гледате во нешто неподвижно.
• Седете напред и избегнувајте да седите во позиција спротивна од насоката на движење на превозното средство.
• Не читајте додека патувате.
• Мислете на убавините на патувањето-кинетозата е делумно психолошка-ако мислите дека ќе повратите-најверојатно и ќе повратите.
• Одморете се добро-уморот ги зголемува шансите за појава на кинетоза.

Ако ниеден од овие совети не ви помага, а имате проблеми при патување-земете таблети против кинетози, кои најдобро е да ви ги препорача вашиот лекар. Овие лекови делуваат на мозокот, можете да почувствувате умор и сонливост така да ако возите мора да бидете многу внимателни.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Токсоплазмоза

Токсоплазмоза е инфекција која може да го загрози плодот ако мајката во текот на бременоста дојде во допир со паразитот Toxoplasma gondi. Паразитот се размножува во цревата...



Токсоплазмоза е инфекција која може да го загрози плодот ако мајката во текот на бременоста дојде во допир со паразитот Toxoplasma gondi.











Toxoplasma gondi

Паразитот се размножува во цревата на мачките и се излачува во околината со изметот на мачките. За лицата кои не се бремени и кои имаат нормален имунитет оваа болест е со блага клиничка слика, често поминува без симптоми или како блага настинка. Но инфекцијата при бременост е исклучително опасна за плодот. Освен преку мачки, трудницата може да се заразаи со работа во градина, преку земјата или со јадење на недоволно варено месо.














Инфилтрат на Toxoplasma gondi во ретина и во мозок

Како да се заштитиме :
  • Ако веќе мора да чувате мачка додека сте бремени, не ја пуштајте надвор
  • Не ја хранете мачката со сирово месо
  • Препуштете им го на други секојдневното чистење на кутијата за нужда на мачката
  • Ако морате вие да ја чистете кутијата, секогаш користете ракавици
  • После секој контакт со мачка и предмети со кои мачката била во допир, добро измијте ги рацете
  • При работа со земја секогаш користете ракавици и потоа добро измијте ги рацете
  • Јадете само термички добро обработено месо
  • Добро измијте го овошјето и зеленчукот пред нивно конзумирање
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Се е супер ама овде никој нема да спрема испит интерна или што ти ја знам инфективно и слично. Олабави малце со детаљи и дај повеќе внимание на превенцијата.
Постовиве долги онака и онака ретко кој ќе се нафати од радозналост да ги прочита. А всушност и ретко кој го интерсира што како
се случува, се што е битно е само излекувањето на дадената болест. Сепак ова е подобро да иде на барање на членовите на форумот, а после тоа мислења и искуства. Целава тема е доста поучна ама е максимално непрегледна. А башка и http://www.webdoctor.com.mk/

Сите знаат да прогуглаат и да најдат за болестите, муабетот е повеќе за искуства, совети и сл.:smir:

п.с. мислиш дека има ефект да ги постираш само работиве кој верувам дека ни ти ги немаш прочиано сите, така?:smir:
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Ги немам прочитано?

А да те прашам зошто ти не се обиде пред мене да поделиш некои информации сепак гледам дека знаеш, но плукаш на трудовите:)

Ти се молам:):) не ме суди:)
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Се е супер ама овде никој нема да спрема испит интерна или што ти ја знам инфективно и слично. Олабави малце со детаљи и дај повеќе внимание на превенцијата.
Постовиве долги онака и онака ретко кој ќе се нафати од радозналост да ги прочита. А всушност и ретко кој го интерсира што како
се случува, се што е битно е само излекувањето на дадената болест. Сепак ова е подобро да иде на барање на членовите на форумот, а после тоа мислења и искуства. Целава тема е доста поучна ама е максимално непрегледна. А башка и http://www.webdoctor.com.mk/

Сите знаат да прогуглаат и да најдат за болестите, муабетот е повеќе за искуства, совети и сл.:smir:

п.с. мислиш дека има ефект да ги постираш само работиве кој верувам дека ни ти ги немаш прочиано сите, така?:smir:
Ги немам прочитано?

А да те прашам зошто ти не се обиде пред мене да поделиш некои информации сепак гледам дека знаеш, но плукаш на трудовите:)

Ти се молам:):) не ме суди:)
Воопшто не ги плукам, трудовите се опширини, издржани, супер ама премногу за некој кој нема врска со медицината.

Реално би било супер да се зборува повеќе за искуства отколку волкави обемни постови да вртат кои на некој болен нема да ми бидат од помош, зошто тој сигурно неможе сам да си постави дијагноза или евентуално ќе ја утне. А и верувај постојат многу хипохондрици меѓу луѓето кој само може да се исплашат за глупост.:smir:

А што е до тоа да поделма информации, нема потреба од волкава опширност, ако некој има проблем можам да дадам совет, ништо повеќе.
 
Член од
5 декември 2007
Мислења
169
Поени од реакции
0
В момента сме жертва на силна атака на грипоподобни вируси.Това е обичајно за сезона, но коварното е, че има нашествие на стотици различни аденовируси и риновируси, срешту които нјама ваксина. Особеното сега е, че с'штествува разлика в симптомите между деца и в'зрастни. Освен болки в г'рлото, при децата има и болки в корема, гадене и повр'штане.
"Доп'лнителните симптоми при в'зрастните, визирам група от 18 до 65-70 годишни, са главоболие, светов'ртеж, тоест един сериозно изразени вертебро- базиларен симптом."
"СЗО препор'чва да се приема химиотерапевтик профилактично".

Приемането на антивирусни химиотерапевтици не позволјава на вируса да се размножава и човек не се разболјава или го преболедува по-леко.
В Б'лгарија има опит с Ремантадин хидрохлорид, а другото средство се нарича Оселтамивир. Сега се регистрира и третијат препарат Зенамивир".
"Три-четири дни ако не преминат оплакванијата, освен вирусна, в'рху инфекцијата се наслагва и бактериална инфекција".



Има и пројави на т. нар. оксидативен стрес – натрупване на прекисни радикали, които увреждат малките кр'воносни с'дове, алвеоли и капилјари".
Затова специалистите препор'чват к'м лечебната терапија зад'лжително и антиоксиданти – ударни дози витамин С и комбинација витамин А и Е за в'зрастта след пубертета. Вземат се и симптоматични лекарства за дезинфекција на г'рлото.

Препор'ка: не се самолекувајте- пот'рсете лекарска помошт! Усложненијата след таз годишните остри вирусни инфекции са тежки!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom