Болести - причини и превенција

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Бактерија - причина за моите болки во стомакот

Имате болки во стомакот веќе подолго време. Болката ја чувствувате во горниот дел на стомакот, во делот веднаш подолу од градната коска, над папокот и помеѓу ребрените лаци од десната и левата страна...

Имате болки во стомакот веќе подолго време. Болката ја чувствувате во горниот дел на стомакот, во делот веднаш подолу од градната коска, над папокот и помеѓу ребрените лаци од десната и левата страна. Болката ја чувствувате кога сте прејадени или на гладен стомак. Понекогаш ви се гади и имате нагон за повраќање. Го посетувате вашиот лекар и по направениот лекарски преглед ве советуваат дека можеби имате бактерија во желудникот која ги предизвикува вашите проблеми.


Која е таа бактерија и од каде се нашла во мојот стомак?


Станува збор за бактеријата хеликобактер пилори - H. pillory. Тоа е една бактерија која има форма на спирала и која лесно се движи благодарение на неколкуте опавчиња што ги има на едниот свој крај (погледнете ја сликата). Бактеријата се населува и живее во лигавицата на желудникот. Таа е всушност единствената бактерија која е способна да живее во желудникот бидејќи поседува одредени механизми на одбрана од силната киселина (хлороводородна киселина) што ја лачи нашиот желудник. И додека сите други видови бактерии веднаш умираат или само успеваат набрзина да поминат низ желудникот избегнувајќи ја силната киселина, H. pillory слободно се напикува во слузницата на желудникот и од таму ги црпи сите потребни хранливи материи за нејзиното растење и размножување.

Засега се знае дека бактеријата се пренесува од човек на човек , но точниот начин на кој тоа настанува, преку нечисти раце или преку уста на уста контакт, се уште не е утврдено. Испитувањата покажале дека бактеријата може одредено време да преживее во водата па постои веројатнаост инфекцијата да настане и со пиење на загадена вода во која овие бактерии се присутни.

Присуството на H. pillory меѓу луѓето е прилично честа појава. Така во развиените земји секое четврто лице на возраст од 30 години ја поседува бактеријата во својот желудник, а на возраст од 60 години ја има дури и почесто- секој втор 60 годишњак.




Што му прави бактеријата H. pillory на мојот желудник?

H. pillory може да ги предизвика следните промени:



* Да предизвика чир на желудникот или дванаестпалечното црево (duodenum)
* Да предизвика хроничено воспаление со истенчување на слузницата на желудникот и потенцијален ризик за појава на еден облик на рак на желудникот (adenocarcinoma)
* Да не предизвикува никакви оштетувања.



Што од ова ќе се случи зависи пред се од :



* Природната склоност на нашиот организам кон погоре спомнатите болести
* Од тоа колку е агресивна самата бактерија H. pillory.

Се покажало дека одредени соеви на H. pillory се многу поагресивни од други. Тие агресивни соеви ослободуваат одредени токсични материи со кои многу повеќе го уништуваат желудникот отколку соевите кои не создаваат такви отрови.




Кои тестови постојат и кога треба да ги направам истите за да се утврди дали имам H. pillory бактерија во мојот желудник?



Постојат неколку тестови и методи со кои може да се утврди присуството на H. pillory во желудникот на човекот. Кај нас во Македонија најчесто се користат т.н. серолошки тестови. Серолошките тестови се изведуваат на тој начин што се зема крв од лицето што се испитува и во крвта се бараат одредени специфични материи (антитела) кои на индиректен начин ни покажуваат дали во желудникот ја има бактеријата или не. Во помодерните лаборатории кај нас се користи уште една поинаква метода која се засновува на директно откривање на делчиња (бактериска ДНК) од бактеријата во изметот на испитаникот.


Што се однесува до тоа кога треба да се прават тестови за откривање на H. pillory кај нас дури и меѓу лекарите постои голема заблуда. Од тие причини овде ќе се послужам со препораките на американските лекари (превземено од Harrisons Principles of Internal Medicine). Како што претходно спомнав H. pillory е многу често присутна кај луѓето (ја има секој втор човек на 60 годишна возраст). Кај наголем број од луѓето кои ја имаат бактеријата во желудникот, таа не прави никакви оштетувања и тие луѓе немаат болки во стомакот. Тие воопшто немаат потреба да прават тестови и да земаат лекови за уништување на H. pillory. На оние луѓе кои имаат проблеми и болки во желудникот најпрвин треба да им се направи рентгенско снимање на желудникот со каша или уште попрецизно гастроскопски преглед со помош на сонда со која се влегува преку устата до желудникот, а со кои методи може да се утврди дали постои чир на желудникот или дванаесетпалечното црево (види ја сликата).







Ако се утврди дека постои чир, тогаш неопходно е да се направат тестови за H. pillory. Во случај да се открие присуство на H. pillory кај тие луѓе кои имаат истовремено чир, неопходно е да земаат лекови за уништување на бактеријата, бидејќи на тој начин чирот многу полесно ќе се излечи и нема да се повторува. Ако кај човек со болки во стомакот не се утврди постоење на чир ( со рентген или гастроскопија), туку станува збор за рефлуксна болест на желудникот, нема потреба од испитување (тестови) ниту од уништување на евентуално присутната H. pillory. Ова доаѓа од таму што праксата покажала дека во такви случаи уништувањето на бактеријата од желудникот само може да ги влоши симптомите на рефлуксна болест на хранопроводот, па дури и полошо од тоа може да го зголеми ризикот за појава на еден облик на рак на хранопроводот и почетниот дел на желудникот. Значи отстранувањето на H. pillory од желудникот не само што може да не биде од корист, туку може да биде и штетно во одредени случаи.




Како и кога треба да се лекува инфекцијата со H. pillory?



Како што веќе претходно е спомнато инфекцијата со H. pillory треба да се лечи единствено кога сигурно ќе се докаже постоење на чир на желудникот или на дванаесетпалечното црево. Во секој друг случај лечењето е само непотребно трошење пари и непотребно третирање на организмот со лекови.

Лекувањето се состои во две недели земање комбинација од три лека (тројна терапија), најчесто:



1. Omeprazole (го намалува лачењето на киселина во желудникот)
2. Clarithromycin (антибиотик)
3. Metronidazole (антибиотик)



По завршување на терапијата, потребно е да се потврди дали навистина сме ја уништиле H. pillory од желудникот. Тоа може да се направи само со повторување на тестот за присуство на бактеријата H. pillory во желудникот. Доколку тестирањето се изведува преку примерок од изметот, проверката на успешноста на лекувањето може да ја направиме непосредно по завршување на терапијата. Ако се користи серолошки тест, т.е. преку примерок од крв, за да се добијат точни резултати кои ќе ни кажат дали бактеријата е уништена или не, потребно е да се чека 6 месеци од завршувањето на терапијата.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
МИОКАРДЕН ИНФАРКТ (СРЦЕВ УДАР)

Срцев удар ( миокарден инфаркт) претставува умирање, некроза на срцевите мускулни клетки предизивкано од блокада на коронарните артерии. Коронарните (срцевите) артерии се крвни садови кои доставуваат кислород и хранливи материи до срцевите структури. Блокадата на протокот низ овие артерии (предизивикана од атеросклероза, тромб и тн.) ги остава деловите од срцето кои се снабдуваат од тие садови без кислород, предизвикувајќи повреда на срцевите структури, во првите моменти по инфарктот.

Оваа повреда доведува до градна болка, чувство на притисок и тн., односно првите симптоми на инфаркт. Поради тоа што срцевиот мускул постојано се контрахира тој троши многу кислород и срцевото ткиво заедно со мозочното ткиво е најосетливо на недостаток на кислород. Доколку протокот на крв низ коронарните садови не се поврати за 20-40 минути започнува иреверзибилно умирање на срцевиот мускул.



Ова умирање на мускулните клетки продолжува и трае околу 6-8 часа и по тој период инфарктот е „комплетиран“. Мртвите делови од срцевиот мускул во наредниот период се заменува со сврзно ткиво, се формира лузна на ѕидот на срцето. Срцевиот мускул е специфично ткиво и секоја замена на срцевите мускулни клетки со сврзно ткиво доведува до намалување на пумпната сила на срцето, бидејќи сврзното ткиво не се котрахира, до пореметување на спроведувањето на електричниот импулс низ срцето-аритмии и до други компликации.

Тој временски прозор од 6-8 часа е клучен за спас на делот од срцето кој сеуште може да се спаси и со тоа да се спаси и самиот живот на пациентот и да се спречат понатамошните компликации. Затоа раната дијагноза и раната интервенција и третман се суштествени во лекувањето на срцевиот удар.

 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Ризик фактори за настанување миокарден инфаркт

Факторите кои го зголемуваат ризикот од развивање на атеросклероза и појава на инфаркт се покачено ниво на холестерол, висок крвен притисок, пушење, шеќерна болест, машки пол и фамилијарна историја за коронарна артериска болест. Додека фамилијарната историја и полот се генетски детерминирани и не можат да се промент, останатите ризик фактори можат да се модифицират со промени во животниот стил и употреба лекови.

Високо ниво на холестерол (хиперлипидемија) Високо ниво на холестерол во крвта е асоцирано со зголемен ризик од инфаркт бидејќи холестеролот е главната компонента на атеросклеротичните плаки. Холестеролот не се раствара во крвта доколку не е комбиниран со посебни протеини наречени липопротеини.(Без сврзување со липопротеините холестеролот во крвта би се претворил во тврда маса). Холестеролот во крвта се сврзува со следниве класи на липопротеини: липопротеини со многу ниска густина ( very low-density lipoproteins -VLDL), липопротеини со ниска густина (low-density lipoproteins-LDL) и липопротеини со висока густина (high-density lipoproteins -HDL).

Холестролот кој се сврзува со липопротеини со ниска густина (low-density lipoproteins-LDL) е лош холестрол кој се депонира во атеросклеротичните плаки. Затоа покачено ниво на липопротеини со ниска густина (low-density lipoproteins-LDL) е асоцирано со зголемен ризик од срцев удар.

Холестеролот кој е комбиниран со липопротеини со висока густина (high-density lipoproteins -HDL) е добар холестерол бидејќи го остранува холестеролот од атеросклеротичните плаки и го враќа назад во метаболизмот, во црниот дроб. Така ниското ниво на липопротеини со висока густина (high-density lipoproteins -HDL) е поврзано со зголемен ризик од срцев удар.

Мерките со кои се намалува нивото на липопротеини со ниска густина (low-density lipoproteins-LDL) и се зголемува нивото на липопротеини со висока густина (high-density lipoproteins -HDL) го намалуваат ризикот од срцев удар.


Една важна група на лекови, статини, низ повеќе клинички студии докажаа дека со намалување на вредностите на LDL холестеролот штитат од појавата на инфаркт. Затоа речиси сите пациенти со висок ризик треба да се на терапија со статини, доколку нема контраиндикации, без разлика на нивото на холестерол.

Висок крвен притисок. Високиот крвен притисок е ризик фактор за развој на атеросклероза и срцев удар. И зголемениот систолен притисок (кога срцето се контрахира) и дзголелениот дијастолен притисок (кога срцето е во фаза на одмор) го зголемуваат ризикот од срцев удар. Во голем број на клинички студии е докажано дека држењето на крвниот притисок под контрола со промени во животните навики и со лекови го намалува ризикот од срцев удар.

Пушење. Цигарите и чадот од цигари содржи хемикалии кои предизвикуваат оштетување на ѕидот на крвните садови, го забрзуваат развојот на атеросклерозата и го зголемуваат ризикот од срцев удар.

Дијабет (Diabetes Mellitus). И инсулин-зависниот (тип 1) и инсулин-независниот тип на дијабет (тип2) се поврзани со забрзан развој на атеросклероза низ артериите во целото тело. Пациентите со дијабет се со зголемен ризик за намален проток на крв низ нозете, коронарна артериска болест, еректилна дисфункција и мозочен удар на порана возраст во однос на луѓето без дијабет. Затоа пациентите со дијабет треба ригорозно да се придржуваат кон диети, вежбање и одржување на препорачаните нивоа на шеќер во крв.

Машки пол. На секоја возраст мажите се со поголем ризик од жените за развивање на атеросклероза и коронарна артериска болест. Но оваа разлика се помеѓу мажите и жените се намалува со стареењето, така да жените во пост-менопауза се со речиси ист ризик како и мажите.

Фамилијарна историја на Срцеви болести. Луѓето со фамилијарна историја за коронарна артериска болест се со зголемен ризик. Особено овој ризик е висок доколку во фамилијата имало случаи на ран почеток на коронарна артериска болест, вклучувајќи инфаркт или изненадна срцева смрт на возраст по 55 години кај машките роднини од прва линија или на возраст под 65 години кај женските роднини од прва линија.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Причини за миокарден инфаркт

Атеросклероза и ангина пекторис

Ангина пекторис ( ангина) е болка во градите која се јавува кога количините на кислород кои се доставуваат до срцето се помали од потребите на срцевиот мускул. Кога атеросклерозата на коронарните артерии е напредната и тие се стеснети за 50-70%, протокот на крв низ нив не може да се зголеми доволно при состојби кога на срцето му треба повеќе кислород како при изведување на некоја физичка активност, а кислородот кој го добива срцето е доволен при мирување. Овој недостаток на кислород ја предизвикува појавата на ангина пекторис.

Најчесто ангина пекторис се јавува при изведување на некоја напорна физичка активност, но кај потешко болни се јавува и при помал напор, додека кај најтешко болните и при мирување. Кај некои пациенти, како пациентите со дијабетес,намалувањето на протокот на крв низ срцето може да не резултира со болка, туку само со чувсѕтво на слабост и недостаток на воздух.

Ангина обично дава симптоми како чувство на болка, притисок, стегање во градите и рамењата. Оваа болка може да се прошири на вратот, долната вилица, грбот, горниот дел од стомакот и да биде придружена со чувство на гушење, гадење слабост и облевање со ладна пот.Ангинозниот напад обично трае од 1-5 минути и со запирање на активноста или земање на нитроглицерин (таблети кои се ставаат под јазик или уште подобро во форма на спреј) престанува. Запирањето со активноста ја намалува потребата на срцето од кислород а давањето на нитроглицерин ги проширува коронарните артерии и со тоа го зголемува протокот на крв низ срцето. Појавата на ангинозни болки многу често е првиот предупредувачки знак на напредната коронарна артериска болест. Градна болка која трае само неколку секунди ретко е предизвикана од коронарна артериска болест.



Ангинозни тегоби исто така може да се јават и при мирување што укажува на тоа дека коронарните артерии се стеснети до критично ниво и дека кислородот кој се доставува до срцето не е доволен да ги задоволи неговите потрби и при мирување.
Ангина при мирување може да биде предизвикана и од спазам („стегање“) на коронарните артерии (состојба наречена Принц-металова или варијант ангина). За разлика од миокардниот инфаркт, ангината не предизвикува трајно оштетување на срцевите мускулни клетки.

Атеросклероза и срцев удар
Со прогресијата на процесот на атеросклероза, на внатрешната површина на коронарната артерија се формира атеросклеротична плака, изградена од холестерол, која може да прсне и да доведе до формирање на крвен тромб кој го затнува протокот на крв низ таа артерија.Причината која доведува до прскање на плаката сеуште не е точно утврдена, постојат многу фактори кои допринесуваат за тоа како пушење или изложеност на чад од цигари, покачено ниво на ЛДЛ („лош“) холестерол, покачено ниво на катехоламини (адреналин), висок крвен притисок и други фактори.
За разлика од ангината, срцевиот мускул умира при инфаркт и губењето на срцевиот мускул кој добива крв од засегнатата артерија е трајно.


Иако срцевиот удар може да се случи во било кој период од денот, најчесто се случува помеѓу 4 и 10 часот наутро, поради повисокото ниво на адреналин во утринските часови. Покаченото ниво на адреналин може да допринесе за руптура, прскање на плаката и формирање на тромб.

Отприлика кај 50% од пациентите со ифаркт,претходно се јавуваат предупредувачки симптоми како ангина, но кај 50% инфарктот се јавува навидум „како гром од ведро небо“.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Компликации на миокарден инфарктСрцева слабост

Срцева слабост

Доколку умре голем дел од срцевиот мускул способноста на срцето да пумпа крв во останатиот дел од телото е намалена и ова резултира со срцева слабост. Започнува да се јавуваат отоци на нозете, поради тоа што срцето не може да ја испумпа крвта која доаѓа во левата комора, гушење при спиење, поради насобирање течност во белите дробови, хронична малаксаност, оштетување на бубрезите и тн.

Вентрикуларна фибрилација
Повредата која се случува на мускулот исто така може да предизивка вентрикуларна фибрилација. Вентрикуларната фибрилација се случува кога нормалната, регуларна електрична активност на срцето е заменета со хаотична електрична активност, со што срцето престанува да пумпа крв и мозокот и останатите делови од телото остануваат без крв. Настанува трајно оштетување на мозокот и смрт доколку не се поврати нормалниот срцев ритам во рок од 5 минути.

Најголем процент од смртноста при инфаркт отпаѓа на вентрикуларната фибрилација, пред пациентот да стигне до лекарска помош. Пациентите кај кои е интервенирано адекватно во тој краток временски интервал имаат одлична прогноза: стапката на преживување срцев удар со модер третман се движи околу 90% во најдобрите центри. Кај 1% до 10% од пациентите кои умираат, смрта настанува или како резултат на умирање на голем дел од срцевиот мускул, масивен инфаркт или како резултат на додатни оштетувања кои се случуваат по првиот удар.
Смртта од вентрикуларна фибрилација може да се спречи со кардио-пулмонална реанимација (срцево-белодробно оживување). Тоа подразбира давање вештачко дишење и компресии на градниот кош.


Најдобар третман за вентрикуларна фибрилација е електричен шок (кардиоверзија) со дефибрилатор, постапка која ја изведува медицински тим посебно обучен за тоа или доктор.

Така да срцево-белодробното оживување треба да се изведува до пристигањето на медицинскиот тим, по тоа дефибрилацијата (електричен шок) е постапка од прв избор, која во голема мера ги зголемува шансите за преживување.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Итен третман на срцев удар

(акутен миокарден инфаркт, АМИ)

Специјален третман за отварање на артериите

Кога е поставена дијагнозата срцев удар, третманот треба да започне веднаш - најчесто уште во возилото за брза помош.

Лекови


тромболитички лекови (лекови кои го разградуваат тромбот) се употребуваат за разградување на крвниот угрушок кој ја блокира артеријата

Знаењето кое е стекнато во последните години за коронарните синдроми и што се случува во артеријата завреме на срцев удар во голема мера го помогна лечењето на овие состојби. Целта на овој третман е разградување на крвните угрушци или превенција на нивно создавање, спречување на меѓусебното спојување на тромбоцитите и нивно спојување со атеросклеротичната плака, стабилизација на плаката и превенција на понатамошна исхемија.

Овие лекови мора да се дадат веднаш (за еден до два часа по почетокот на инфарктот) за да го намалат оштетувањето на срцевиот мускул, колку повеќе штета, т.е. поголема некроза, толку помала е корсита од овие лекови.Во овие лекови спаѓаат:

* аспирин
* хепарин
* тромболитичка терапија
* комбинација на горе наведените лекови

Други лекови кои се употребуваат за време на инфарктот имаат за цел да ја намалат срцевата работа, а да ја подобрат срцевата функција, да ги прошират крвните садови, да ја намалат болката и да штитат од живото-загрозувачки аритмии. Лекарите ги употребуваат овие лекови во зависност од клиничката ситуација

Интервентни процедури

За време на инфарктот или кратко по тоа се прави ангиографија, коронографија во специјална лабораторија за катетеризација, за евалуација на состојбата на срцето, артериите и зоната на оштетување на миокардот. Во најголем број случаи, процедури како ангиопластика и имплантација на стентови се употребуваат за повторно отварање ба стеснатите и затнати артерии. Овие процедури можат да се комбинираат со тромболитичка терапија.

Хируршки третман - Бајпас на коронарните артерии

Во посебни случаи кога стентирањето е технички тешко изводливо и ризично и кога се работи за повеќесадовна болест, се применува хируршка интервенција-бајпас (премостување)на коронарните артерии.

Медикаментозен третман на КАБ

* Интервентни процедури за третман на КАБ
* Хируршки процедури за третман на КАБ
* Употреба на имплантабилни дефибрилатори по срцев удар
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Третман на миокарден инфаркт

При сомневање за инфаркт веднаш повикајте брза помош !

Во првите моменти по инфарктот може да се јави вентрикуларна фибрилација, живото-загрозувачка аритмија која секогаш завршува со смрт во рок од неколку минути доколку не е даден соодветен третман. Појавата на оваа копликација е причината за смрт кај околу 50% од пациентите во раната фаза на инфарктот. Раната интервенција со дефибрилација е реткост (со оглед на многу краткиот временски прозор од само неколку минути) освен доколку се случува во болнички услови и затоа е важна целата популација да биде запознаена со основите на срцево-белодробното оживување, до пристигањето на медицинскиот тим.
Третманот на инфарктот се засновува на раното откривање и примената на лекови и интервентни процедури.



Лекови
Со секоја помината минута по инфарктот, се поголем дел од срцето умира, оставен без кислород. Најдобриот начин да се спречи прогресијата на инфарктот е повратување на протокот на крв низ засегнатата артерија. Еден од првите лекови кои се дава кај речиси сите пациенти кои имаат инфаркт (доколку нема контраиндикации) е аспирин. Аспиринот го спречува коагулирањето, згрутчувањето на крвта , со што помага во подобрувањето на протокот на крв низ засеганатата артерија. Аспиринот се џвака за да се апсорбира побрзо. Земен при срцев удар, аспиринот во голема мера ја намалува стапката на смртност од инфаркт.

Тромболитични лекови. Со овие лекови се разградува веќе формираниот тромб во артеријата, со што се овозможува воспоставување на протокот низ засегнатата артерија. Колку порано се дадат овие лекови толку се поголеми шансите за преживување и намалување на зоната на некроза на срцевиот мускул.

„Супераспирини“. При третманот на инфаркт, се почесто се употребуваат, покрај тромболитичните лекови и втор лек против згрутчувањето на крвта, блокатор на рецепторите IIb/IIIa, „супераспирин“.

Аналгетици. При класична слика на инфаркт,пациентите болката која ја доживуваат ја опишуваат како најсилната болка која воопшто ја почувствувале во животот. Во такви слуачи се даваат лекови против болка, најчесто опоиден аналгетик-морфиум, кој сам по себе во голема мера ја намалува смртноста од инфаркт.

Нитроглицерин.Овој лек кој се употребува за лечење на ангина, привремено ги „отвараат“, прошируваат коронарните артерии, со што се подобрува протокот на крв.

Бета-блокатори. Овие лекови ја намалуваат работата на срцето, ја намалуваат срцевата фрекфенција и го намалуваат крвниот притисок, со што работата на срцето е олеснета. Бета-блокаторите го ограничуваат оштетувањето на срцевиот мускул и ги превенираат идните срцеви удари.

Интервентни процедури
Покрај лековите при инфаркт се изведуваат следниве процедури, во зависност од клиничката состојба:

* ангиопластика
* бајпас хирургија
* Стентирање

Стентирањето како процедура се надоврзува на коронарографија и балон-ангиопластика.


Откако артеријата ќе се прошири со балон-ангиоплстика, стентот (мала шуплива, специјално изработена цевка) се поставува на местото на стеснување на артеријата и делува како држач кој го оневозможува повторното затварање на артеријата.
Стентовите може да бидат обложени со лекови кои постепено се ослободуваат и кои ја спречуваат реакцијата на самата артерија кон стентот како страно тело.



Процедурата се изведува на следниот начин:
- Стентот се поставува на врвот на балонот ( кој се наоѓа на врвот на катетерот кој се спроведува низ артеријата до местото на блокадата).
- На местото на блокадата, балонот се надувува под строго контролиран притисок и стентот кој е поставен на него се раширува и се поставува во артеријата.
- Стентот останува отворен во артеријата и со тоа протокот на крв низ артеријата е овозможен.
- По поставувањето на стентот, балон-катетерот се отстранува и се прават неколку ангиограми за да се види протокот на крв низ артеријата по поставувањето на стентот.
- Катетрот се отстранува и процедурата е завршена.

По поставувањето на стентот обично се даваат лекови со цел да се спречи формирањето на тромб околу самиот стент. Оваа процедура се изведува во субспецијалистички центри, кои се посебно опремени. Стентирањето го изведува субспецијалист-интевентен кардиолог. Во Македонија стентирање се изведува само во Клинички Центар-Скопје, Клиника за Кардилогија и Филип Втори.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Шум на срце

Нормалното срцево работење продизведува два звука ( систолен, кога срцето е стега и дијастолен звук, кога срцето се полни со крв по истиснувањето на крвта со систолата) и тоа се звуците од затварањето на срцевите залистоци. Срцевите шумови се абнормални звуци кои се создаваат со работењето на срцето, заради турбуленцијата на крвта во срцето или близу срцето, во големите крвни садови.

Срцевите шумови можат да бидат присутни од раѓање или да се развијат покасно во животот. Срцевиот шум не е болест за себе - но во одредени случаи шумот укажува на болест на срцето.

Најголем дел од срцевите шумови се безопасен наод и не бараат никакво лекување. Овие шумови се нарекуваат „невини“ шумови. Лице со невин шум има нормално срце. Овој тип на срцев шум е најчест кај бебињата и децата. Речиси половина од сите деца во одреден период имаат срцев шум и најголем дел од тие шумови се невини шумови.

Абнормален срцев шум е посериозна состојба. Кај деца, абнормален срцев шум обично е резултат на конгенитална, вродена срцева мана. Кај возрасни абнормалните срцеви шумови се обично здобиени болести на срцевите залистоци.

При лекарски преглед, со помош на стетоскоп докторот може да ги дијагностицира срцевите шумови и најчесто ќе бидат потребни додатни тестови за точна дијагноза на проблемот. Третманот, доколку е потребен, е секогаш насочен кон причината за појава на срцев шум.

Знаци и симптоми
Доколку се работи за невин срцев шум нема никакви симптоми и знаци на срцева болест.
Многу често и при постоење на абнормални срцеви шумови пациентот нема никакви симптоми. Следниве симптоми и знаци укажуваат на проблем со срцето:

* Кожата е модра, особено на врвовите на прстите и усните
* Појава на отоци
* Недостаток на воздух, чувство на гушење
* Зголемен црн дроб
* Проширени вени на вратот
* Слаб апетит и бавен раст (кај бебиња)
* Нагло зголемување на телесната тежина (кај возрасни и деца)
* Изразено потење при минимален напор или во мирување
* Болка во градите
* Вртоглавица
* Слабост
* Пристапи на губење свест


Причини
Постојат голем број на причини за појава на срцеви шумови.



Невини срцеви шумови
Невин срцев шум може да настане како последица на забрзување на протокот на крв низ срцето-како при зголемена физичка активност и покачена телесна температура.
Причини кои најчесто доведуваат до појава на невин срцев шум се:

* Бременост
* Покачена телесна температура
* Анемија, при што нема доволно здрави еритроцити за да ја пренесат доволната количина крв до органите и ткивата.
* Хипертироидизам, состојба при која тироидната жлезда произведува премногу тироидни хормони кои го зголемуваат метаболизмот, со што се забрзува протокот на крв низ телото
* Физичка активност


Промените кај срцето кои се резултат на стареење или операција на срцето исто така можат да доведат до појава на невин срцев шум.
Со тек на време, невиниот срцев шум може да исчезне.

Абнормални срцеви шумови
Иако многу од срцевите шумови не се сериозни, некои укажуваат на срцева болест. Најчеста причина за абнормални срцеви шумови кај децата се вродените срцеви мани- од раѓање овие деца имаат структурни дефекти на срцето. Најчести вродени срцеви мани се:

Отвори во срцето. Повеќе од половина од абнормалните срцеви шумови се резултат на абнормални отвори во ѕидот помеѓу преткоморите и коморите и абнормална поврзаност на големите крвни садови ( помеѓу аорта и горната шуплива вена најчесто) кои излегуваат од срцето.



Абнормалности на залитоците. Најчесто причината е стеснување на залистоците, со што не може да помине доволна количина крв преку нив или пак залистоците не се затвараат правилно и „протекуваат“.


Други причини за абнормални срцеви шумови се инфекции и состојби кои ја оштетуваат структрурата на срцето. На пример:

Реуматска треска. Реуматската треска е сериозно воспаление, кое се случува со несоодветно лекување на стрептокона инфекција, предизвикана од бактеријата стрептококус, најчесто при инфекција на крајниците и грлото. Се работи за авто-имуна реакција на телото, кое по инфекцијата ги напаѓа сопствените структури, препознавајќи ги како туѓи. Брз и доволно долг третман на инфекција на грлото може да ја сопре прогресијата и појавата на реуматска треска.

Ендокардитис. Ова е инфекција и воспаление на внатрешната обвивка на срцето и залистоците. Ендокардитис типично се јавува кога бактерии од друг дел на телото, како она пример од усната празнина, ќе се прошират низ крвотокот и ќе се населат во срцето. Доколку оваа состојба не се лекува интензивно, може да ги уништи срцевите залистоци и да доведе до смрт. Оваа состојба обично се јавува кај лица кои веќе имаат некаква срцева абнормалност. Затоа при секоја интервенција кај заболекар, овие лица треба да го информират стоматологот за својата здравствена состојба.

Калцификација на залистоци. Оваа состојба се јавува со стареење и е резултат на таложење на калциум во залистоците. Со тоа овие залистоци нема да работат како во младоста и се јавуваат шумови.

Дијагноза
Првиот и најважен преглед за поставување на дијагнозата е лекарскиот преглед со стетоскоп, направа кој ги засилува звуците од срцето и воедно ги елиминира звуците од околината.

За да одреди дали шумот на срцето е невин или абнормален, лекарот ги одредува следниве параметри:

* Колку е гласен шумот? Јачината на шумот се одредува по скала од 1 до 6, при што 6 е ознака за најгласен звук.
* Во кој делот од градите најмногу се слуша и дали може да се слушне во вратот или во грбот?
* Дали положбата на телото влијае на шумот?
* Во која фаза од срцевата работа се појавува и колку трае?

Систолните шумови се јавуваат кога срцето се стега и ја потиснува крвта од срцето до сите органи на телото. Дијастолни шумови е јавуваат кога срцето се полни со крв. Континуирани шумови траат и се слушаат во тек на целото срцево работење. Континуиран и дијастолен шум обично укажуваат на срцева аномалија и бараат подетална евалуација.

Докторот исто така бара и други симптоми и знаци на срцеви проблеми, како и медицинска историја и фамилијарна историја.

Дополнителни тестови
При сомневање за абнормален срцев шум, обично се прават следниве додатни испитувања:

* Рентген на граден кош. Со ова испитување се добива слика на градниот кош, на срцето, белите дробови и крвните адови. Може да детектира зголемување на срцето.
* Електрокардиограм (ECG).


* Ехокардиограм. Ова е еден од најважните прегледи при сомневање на абнормален срцев шум, како и за точна дијагноза на проблемот кој доведува до појава на шум .
* Катетеризација.


Третман
Невините срцеви шумови не бараат никаков третман. Доколку се последица на состојби како треска или хипертироидизам, шумот ќе се повлече со корекција на основната болест.

При појава на абнормални срцеви шумови, третманот обично не е потребен иницијално. Доколку третман е неопходен, тој ќе зависи од самиот срцев проблем и вклучува лекови и хируршка интервенција.

Лекови
Кои лекови ќе се употребат зависи од специфичните срцеви проблеми. Ова е дел од нив:

* Лекови кои ја зголемуваат силата на срцевата контракција (кардиотоници)
* Лекови кои спречуваат формирање на крвни коагулуми (Аспирин на пр.)
* Лекови кои го отстрануваат вишокот течнот од телото (диуретици)
* Лекови кои го намалуваат крвниот притисок (антихипертензиви).


Хируршка интервенција
Опциите за операција зависат од специфичната срцева болест и вклучуваат:

* Затварање на абнормален отвор во срцето
* Поправка на залисток
* Поправка на крвен сад
* Проширување на крвен сад, доколку е премногу тесен

Лицата кои имаат абнормален срцев шум треба да обрнат внимание кон опаноста од инфекции. За да се избегне ова, на овие луѓе обично им се даваат антибиотици пред хируршка интервенција или пред да одат на стоматолог - ситуации кои ги зголемуваат шансите од инфекција на срцето-ендокардитис.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Високото ниво на природниот машки хормон тестостерон во организмот ги штити луѓето од смртоносните срцеви и мозочни удари, велат британските научници.



Меѓутоа, тие предупредуваат дека резултатите од истражувањето, што траело 10 години, се уште не се сигурни, бидејќи не се испитани сите предности и ризици поврзани со тестостеронот.

Улогата на тестостеронот во здравјето на мажите и натаму е загатка за научниците, бидејќи се уште не е утврдено на кој начин овој хормон влијае врз здравјето.

Истражувањето, предводено од доктор Кеј Ти Коу, професор за клиничка геронтологија на медицинскиот универзитет во Кембриџ, потврдило дека зголеменото природно ниво на тестостерон има позитивен ефект врз здравјето на мажите.

Оние кои имаат повеќе од 25 проценти од природното ниво на тестостерон во организмот, имаат за 41 проценти помал ризик да умрат од срцев, мозочен удар, или други болести на кардиоваскуларниот систем и рак, во споредба со оние со понизок ниво на хормонот од наведениот, откриле научниците.

Научниците испитале 11.606 Британци, на старост од 40 до 79 години, кои на почетокот од истражувањето не страдале од кардиоваскуларни болести, односно немале рак.



За време на истражувањето починале 825 мажи. Научниците го измериле нивото на тестостероните и ги споредиле со нивото кај мажите кои биле живи на крајот на 10 годишното истражување.

Коу изјавила дека односот меѓу нивото на тестостероните и смртноста од кардиоваскуларни болести би можело да се спореди со скалилото на востановените ризични фактори, како што се високиот крвен притисок и нивото на холестерол.

Утврдено е дека ниското ниво на тестостерони може кај мажите да го зголеми ризикот од смртност од кардиоваскуларни болести, иако немале ниту еден друг познат фактор на ризик, велат научниците.

Коу додава дека резултатите од истражувањето навестуваат дека мажите со ниско ниво на тестостерони можат да го отстранат ризикот така што ќе земаат дополнителни количества од тој хормон, но ова не се препорачува се додека истражувањето не се спроведе до крај.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Со магнети против депресија

Стимулирање на мозочните клетки со помош на брзи магнетни импулси е безопасен пристап и би можел да биде одлична терапија во борбата против депресијата, е заклучокот на едно најново истражување.

Новото откритие би можело да ги интересира 20 до 40 проценти од пациентите кај кој не се постигнати задоволителни резултати во лекувањето со примена на комбинации од антидепресиви и психотарапии или кај оние кои одбиваат да земаат лекови против оваа честа болест.

Стимулирањето на мозочните клетки со помош на брзи магнетни импулси е безопасен метод кој се покажал како многу корисен кај депресивните состојби, се резултатите од истражувањето спроведено во Соединетите Американски Држави.

"Ова истражување е новиот доказ за функционирањето на транскранијалните магнетни стимулации во лекувањето на депресијата", смета главниот и одговорниот уредник на часописот Biological Psychiatry, John Krystal, кој оваа статија ќе ја објави во следното издание на списанието.

Техниката на транскранијалните стимулации се состои од стимулирање на мозочниот кортекс со помош на посебен магнетен калем кој се става на главата на пациентот и се создава магнетно поле.

Пред извесно време се мислело дека магнетите може да ја нарушат менталната способност на пациентот. Истражувањето било правено во период од девет недели на 325 пациенти од Канада, Австралија и Соединетите Држави.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Избегнете ги мачнината и повраќањето додека патувате

Секој 10-ти возрасен човек и четири петтини од децата кога патуваат се подложни на „морска болест“, особено на подолги релации и ако има повеќе свиоци додека патуваат. Проблемите може да се намалат со добра подготовка и разумно однесување. Мачнината и повраќањето во текот на возењето за многумина се огромен проблем.

Луѓето што немаат вакви проблеми тешко можат да сфатат колку е незгодно повраќањето во текот на возењето. Првин се јавуваат вртоглавица и потење, проследени со незгоден притисок во градите. Потоа свиоците стануваат се' подолги и понеудобни, а желудникот почнува „да се качува“.

Со темелни истражувања се извлечени следните заклучоци: кон повраќање за 20-30 проценти се посклони мажите отколку жените, проблемите се поизразени кај поголемите автомобили (теренци, комбиња) отколку кај лимузините, автомобилите со помека суспензија склони кон лулање се понеповолни од крутите, проблемите се двојно поизразени на задните отколку на предните седишта, со зголемување на температурата во кабината растат и ризиците од повраќање.

Возачите се целосно имуни на овие проблеми. Често се случува една личност што нема никакви проблеми зад управувачот да повраќа кога е совозач. Причината е во несогласувањето на информациите на видниот и на сетилниот систем. Возачот е сконцентриран на возењето и погледот ја следи траекторијата на движењето на автомобилот. Сите важни движења (вртењето на управувачот, менувањето на брзините, сопирањето) се ускладени со психомоторниот систем.

Информацијата што ја регистрираат очите и ја проследуваат до мозокот се усогласува со движењето на рацете и на нозете. Така возачот однапред се подготвува за сите движења на автомобилот, особено во свиок кога совозачот не гледа во правецот на возењето. Тогаш визуелните информации доаѓаат не се усогласуваат со положбата на телото и се случува вистинска збрка во главата.

Проблеми на патувањето имаат поголемиот дел од децата помеѓу две и шест години. Поради тоа на многумина и самата помисла за патување со автомобил или автобус им предизвикува мачнина. Како да се промени тоа?

Важни совети:

- Пред тргнување на пат автомобилот нека биде во ладовина, а во текот на возењето предните прозорци отворете ги за пет, а задните за два сантиметри (ако немате клима уред).

- Замолете го возачот да вози полека и мирно, без нагли свртувања, сопирања и забрзувања.

- Не тргнувајте на пат со полн желудник. Пред пат избегнувајте консумирање тешка храна, слатки, овошје и овошни сокови.

- Ако постојано имате проблеми при патување, може да земете лекови. Немојте да земате ништо на „своја рака“, туку консултирајте се со лекар.

- Пред пат изедете малку чоколадо, леб или печиво. Неколку зелени маслинки може да го намалат ризикот од повраќање. Пијте чај без шеќер или вода.

- Седете напред и гледајте постојано во насоката на движење.

- Облечете се лесно и избегнувајте места директно изложени на сонце.

- Држете ја главата исправено, немојте да читате, не разговарајте без потреба и немојте да гледате настрана.

- Немојте да пушите и замолете ги другите да не го прават тоа.

- Правите почесто паузи во текот на возењето и прошетајте на свеж воздух.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
БОЛЕСТИ НА КРВТА=КРВНИТЕ САДОВИ И СРЦЕТО


Апдејт на темава:)

Крвта е животна течност што постојано кружи низ човечкиот организам низ крвните садови.Улогата на крвта е многукратна и многустрана а каконајважна е снабдување на клетките со храна-кислород,т.н.р. разме-на на материите.Крвта е составена од повеке компоненти мегу кои најзначајни се ;црвените крвни зрнца

Белите крвни зрнца и крвните плочки.Секоја промена во овие компоненти,бројот,изгледот,бојата и слич.
Укажува дека постои одрдедено заболување или болест.Како најчести заболувања на крвта се;
1. АНЕМИЈА=најпросто кажано анемијата е намалување на бројот на црвените крвни зрнца(еритроцити
и намалување на Хемоглобинот вон ив(црвената боја)Постојат повеке видови анемии,мегу кои се;
АНЕМИЈА ПОСЛЕ ОБИЛНИ КРВАРЕЊА која настанува како последица н атешки повреди,операции
Внатрешни крварења и слично.Тоа е губење на големо количество крв а се манифестира со изразено бледило,вртоглавица,пагање на притисоците,пагање во несвест и слично.
МЕГАЛОБЛАСТНА АНЕМИЈА= е врста на анемија која настанува како недостаток на витаминот Б-12 или таканаречена фолна киселина при исхраната или недостаток на организмот да ги користи истите.
Исто така ова анемија е последица и на некои заболувања на желудникот или други болести.Симпто
Ми се;бледилото,замор,малаксалост,намален крвен притисок,општа слабост на организмот и сл.
ХЕМОЛИТИЧКА АНЕМИЈА=е ненормално и зголемено реаспагање на еритроцитите а најчесто е пре
Дизвикано од наследни фактори,присуство на отрови во крвта и организмот и други тешки болести,се
Манифестира со трајни и изразени бледила,болки во пределот на слезинката,појава на жолтило и хе
Патални промени и пореметувања.
СИДЕРОПЕНИСКА АНЕМИЈА=настанува поради недостаток на железо во крвта, односно организмот
Дали негово невнесување или неискористеност. Знаци се изразено бледило, мали повремени крварења од оделни органи ,малаксалост,неволност,замор,вртоглавица,забрзана работа на срцето,нагон за повракање,гадење,слаб апетит и слично
2.ЛЕУКЕМИЈА е тешко заболување на крвта,изразено со енормно зголемување наб елите крвни зрнца
што укажува на недоброто функционирање на рбетната мождина,слезинката и лимнфниот сsстем
Причини за оваа болест најчесто се наследните фактори,натрпаност на организмот со отрови, радио
Активни и штетни зрачења. Болеста може да биде акутна или хонична.Манифестацијата е изразено бледило,забрзана работа на срцето,општа слабост и изнемоштеност на организмот,мали крварења на усните,кожата и грлото, болки во зглобовите и коските,отечени непца,отоци на лимфните јазли и жлезди
3.АЛЕРГИЈА=во директен превод значи =ненормална појава= е реакција помегу природните заштитниц
на организмот =антителата= и надворешни туги тела =антигени=Тоа е неможност на организмот да се одбрани и да ги уништи надворешните непријатели=антигените.Ги има многу видови а највообичаени се;
УРТИКАРИЈАТА=е алергија на некои видови на храна(јајца,јагоди,ореви,риба и сл).Симптоми се; бледо црвени бронки(мозолчина) по кожата,окружени со црвена линија,сврбеж,болка,.Причинители се Повеќе видови на храна,високи ниски температурни разлики, состојби на стресс,страв,депресии и слично.
ПОЛЕНОВА АЛЕРГИЈА(треска)=е преголема чувствителност на поленов прав. Знаци се кијањето
Воспаленија на слузницата на носот со обилни секреции,чешање и гребење на грлото,отежнато дишење
Асматични напади,солзење на очите ,мигренозни болки,болки на коските и зглобовите,екцеми, и сл.
3. БОЛЕСТИ НА КРВНИТЕ САДОВИ
Крвните садови се делат на артерии низ кои тече чиста крв богата со кислород и храна и вени низ која тече крв богата со јаглен диоксид и други штетни материи и отпадоци и отрови од извршениот метаболизам и размена на материите.Ако се наредат едно по друго крвните садови с е долги со илјадници километриц.Тоа се посебни системи чија функција и значење за организмот е од големо значење
АРТЕРИОСКЛЕРОЗА е комплекс од болни промени кои го завакаат надворешниот или внатрешниот
Слој на артериите.Тоа се појавува после 4о години од животот а почнува со наталожување на масти и холестерол на крвните садови.Како последица на тоа тие стануваат крути и нееластични,се стеснуваат и оневозможуваат нормално минување на крвта.Причини кои допринесуват за оваа болест се:никотинот,кафето,алкохолот,нередовна исхрана,неправилна исхрана ,масна исхрана еднолична храна и друго.Артериосклерозата е ппроследена со грчеви во мускулите на потколениците,при движење, и чувство на боцкање при мирување.Рацете и нозете се бледи и ладни

ВОСПАЛЕНИ НА ВЕНИТЕ И ТРОМБОЗАвоспалението најчесто се јавува на површинските и длабоките вени на нозете.,може да се јави како последица на одрдени хируршки интервенции,телесни повреди и друго.Кај површинските воспаленија има и отоци и болка,испакнатост,зацрвенетост или тврди израстоциПри воспаление на внатрешните вени,се јавуваат лесни отоци,најизразите во префделот на подколениците,подоцна може да отече цела нога,Крвниот притисок опага а може да се има и зголемена температуре.
ТРОМБОЗА=е дополнение на воспалителните процеси а настанува поради таложење на крвни компоненти и отпад и нивно згрутчување во вената.,при што доага до затнување и оштетување на вената.И при тромбозата се јавуваат отоци,црвенило,болки
ХИПЕРТЕНЗИЈА(ЗГОЛЕМЕН КРВЕН ПРИТИСОК)=се јавува како последица на некои заболувања(стрес
Зголемен физички и умствен напор,нервоса,секирации)атртериосклероиза,дијабет,болести на бубрезите,гигер,чолчка,Се чувствува главоболка,вртоглавица,зуење во ушите,гадење,изнемоштеност
Болка во рацете (лактите) и плеките.Кај хипертензијата најважно е да се открие од каде доага притисокот за да може истиот да се реши.
ХИПОТЕНЗИЈА(НИЗОК КРВЕН ПРИТИСОК) оваа болест најчесто се јавува кај млади луге и е резултат на општа слабост на крвототкот и организмот,се чувствува слабост,замор,вртоглавици,темнеење на очите,бледило и сл.При нагли опагања доага до несвестици и колапси и губење на рамнотежата.

4, БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО најчести болести на срцето се:перикардитис,миокардитис,инсувициенција,ангин
а пецторис, неуросис кордис,тахикардија,брадикардија и други.
ПЕРИКАРДИТИС= е воспаление на обвивката на срцето,причини се:бактериски и вирусни состојби,тубер
Колоза,инваркт на миокардот и др.Може да биде акутен и хроничен.Знаци се:зголемена температуре,потнење,силна болка во градите,градна коска,забрзано и површно дишење,општа слабост
И малаксалост и депресивни состојби проследени сос трав.
МИОКАРДИТИС е воспалителен процесс на срцевиот мускул,најчесто поради ревматизам,туберколоза
Сифилис,бактериски и вирусни состојби,алергии и друго.Симптоми се отежнато дишење,забрзана работа
На срцето,низок притисок,ладни раце и нозе,помодрени прсти и нокти на рацете и слично.
ИНСУФИЦИЕНЦИЈА==е слабост на срцевиот мускул,поради што срцето не е во можност да го одржува ритамот на работа.Причини се:разни срцеви оштетувања,оштетување на залистоците,зголемен крвен притисок,миокардитис,инфарцт на миокардот,артериосклероза,,вродени срецви мани и слично.
Инсувициенцијата се јавува кај стари луге.Се манифестира со забрзано и површно дишење,суво кашлање,
Вознемиреност,несоница,набрекнати вратни жили,отоци по раце и нозе,чукање на срцето како+галлоп+

АНГИНА ПЕКТОРИС==е болест поради лоша исхрана на срцевите крвни садови и недостаток на кислород.Причини се ;зголемен крвен притисок,шекерна болест,гојазност,алцохол,тутун
Знаци се :градни болки,болки во левата рака и грбот,достса јаки и силни,се јавува стегање,притисок и
Задушување,времетраење на болката е до 1о минути,обично се јавуваат кај тешка физичка работа и високи температуре.
НЕРВОЗНО СРЦЕ== во почеток не е сериозно заболување се осека физичка исцрпеност,чжувство на задушување,ладна пот на челото и слично.
ТАХИКАРДИЈА==е забрзана работа на срцето и до 2оо пати во минута.Причини се :стресови,температуре,
Крварење,предозираност со кафе,алцохол,цигари,болест на тироидата,Знаци се брзо дишење,силен притисок во градите,чувство на недостаток на воздух и аритмија.
БРАДИКАРДИЈА==е појава кога срцето отчукува помалку откуцаи од 5о во минута.Причини се+=старост
Истоштеност,тумор во мозок,менингитис,жолтица,тифус и друго.Знаци=чувство на измореност,вртоглави
Ца,темнеење пред очи,мал крвен притисок,отоци по рацете и нозете,Можно е да се дојде до оштетувања на работата на други органи.
Постојат и други болести на овие органи кои не се опфатени со ова упатсво
При користењето на методите на Алтернативната медицина и лечењата по овие Режими,се земаат сите лекарства препорачани од лекарот и се прават постојани контроли со лекарите,истовремено се применуваат и решенијата од Алтернативата.Чаевите и Чајните мешавини што се користат немаат =НУС=
(негативни) појави со ниедно лекарство од Медицината ,така да истовремено може да се користат и едните и другите лекарства.
Овие терапии се најпогодни да се користат при =постинфарктни=или посизливни= состојби како заќтита и
Превентиве од наредни инфаркти или срцеви болестиЛечењето по овие методи трае повеке време,неколку месеци а некои од правилата на однесување и Начинот на исхрана како и изборот на храната даден во Режимите треба да бидат трјна ореиентација односно да се применуваат до крајот на живототДа се исклучат од натамошна употреба задолжително=АЛКОХОЛОТ,ТУТУНОТ И КАФЕТО .
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Болести кај органите за мокрење.

НОКНО МОКРЕЊЕ---е несвесно или неволно испуштање на мокрачата,се смета за ненормална појава после пета година
од животот.Најчесто е последица на органски заболувања на органите за мокрење или психолошко од страв
од родителот(посебно таткото)

2. БОЛЕСТИ НА МОЧНИТЕ ПТИШТА И МОЧНИОТ МЕУР(БЕШИКАТА) најчесто се бактериолошки воспалителни болести ка
ко последица на бубрежни или други заболувања,со силни болки во крстот-половините,печење И лутење при
мокрењето,крв во мокрачата,зачестени мокрења,лажни нагони за мокрење,температуре,треска,грозница И
слично.
3.ВОСПАЛЕНА,ПРОШИРЕНА(ЗГОЛЕМЕНА ПРОСТАТА) е заболување од воспалителен или бактериолошки вид,како после
дица на други заболувања или како посебно заболување,обично е старачка И машка болест.
4.ЦИСТИ,ТУМОРИ И РАК НА ОРГАНИТЕ ЗА МОКРЕЊЕ,БЕШИКАТА И ПРОСТАТА –спагаат во групата н атешки заболувања
чие лечење е макотрпно ,сложено ,тешко И подолготрајно.
5.БУБРЕЖНА ИНСУФИЦИЕНЦИЈА(НЕФРОСКЛЕРОЗА) е тешко бубрежно заболување чие лечење е долготрајно И сложено
причжините се недоволно разјаснети,а е процесс на труење на паренхимот на бубрезите, И намалување И отк
кажување на нивната работа И функција.Се изразува како неболно,каде седиментацијата е И троцифрена а
УРЕАТА,КРЕАТИНИНОТ И МОЧНАТА КИСЕЛИНА се со прилично високи вредности,често пати И со поремете
Ни ензимски рефрентски фредности како И високи ТРАНСАМИНАЗИ.


ТЕРАПИЈАТА за лечење се состои од три дела И тоа:
ПРВИОТ ДЕЛ е составен од чаеви,чајни комбинации,Мацерати,Тинктури,Медовини,Кантариони,чжија база на изработка се исклучиво неотровни лековити тревки од Преспанското поднебје со изразено висок И редок квалитет.Комбинациите на терапијата се прават на основа на претходно доставена дијагноза,во чие комбинирање влегуваат И до сто врсти на тервки.Нивните дејства се многубројни И многукратни,а се однесуваат на целосно чистење на организмот,исправување на метаболизмот И хормоналниот сsстем,крвниот И лимвниот сsстем,со изразити диуретични,антисептични,антибактериски
Холагогни ,холеритични И многу други својства
ВТОРИОТ ДЕЛ е РЕЖИМ НА ИСХРАНА работен по теориите на Бројс,Гинтер,Карпер ,Зараи И други научници,прилагоден
Према нашите обичаи И нашето поднебје,со кој се исправува биорутмот,начин н правилно хранење И избор на прав храна
ТРЕТИОТ ДЕЛ Е ПСИХОЛОшКИОТ ФАКТОР,душта,интимате ,сентимеенталнсота подсвеста И третманот на болниот како
човек со душа а не како предмет
САМО ЗАЕДНИЧКО ДЕЛУВАЊЕ НА ТРИТЕ ДЕЛА-ФАКТОРИ МОЖЕ ДА ДАДЕ ТРАЈНИ И СООТВЕНИ РЕШЕНИЈА
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Шеќерна болест

Веројатно веќе сте слушнале за шеќерната болест (за жал некои од вас ја имаат искусено и на сопствена кожа), но дури и во денешни услови кога медицината секојдневно открива нови и нови работи сепак оваа комплексна болест која датира од најстари времиња зад себе крие многу енигми на кои се надеваме дека научниците сепак ќе успеат да дадат одговор во најскоро време. Со наука ќе им препуштиме да се занимаваат научниците, а наша цел ни е да ви дадеме неопходни, стручни и практични совети и препораки поврзани со шеќерната болест кои веруваме ќе ви помогнат подобро да се запознаете со истата а со тоа и полесно да се соочите со болеста доколку истата се појавила кај вас или кај некој од вашите блиски. Од практична гледна точка мошне корисна е поделбата на болеста на два типа:

Diabetes mellitus tip 1

Diabetes mellitus tip 2-неодамна дијагостицирана










Шеќерна болест тип 1




Diabetes mellitus tip 1


Што претставува дијабетес тип 1?


Тип 1 дијабетес е доживотна болест која настанува кога панкреасната жлезда не е повеќе способна да создава инсулин. Инсулинот му овозможува на шеќерот (гликоза) да на влегува од крвта во вашите телесни клетки, каде се користи за добивање енергија. Без инсулин, шеќерот се насобира -акумулира во вашата крв. Така нивото на шеќер во крвта се покачува на вредности кои се опасни по вашето тело. Со тек на време, високите количини на шеќер во крвта можат да ги оштетат крвните садови и нервите низ целото ваше тело и со тоа да предизвикаат болест на очите, срцето, крвните садови, нервите и бубрезите.

Тип 1 дијабетес може да се појави на било која возраст; како и да е, тој обично се појавува кај децата и младите.


Која е причината за појава на тип 1 шеќерна болест?


Инсулинот се создава од специјални (бета клетки) клетки во панкреасната жлезда. Тип 1 шеќерна болест се развива бидејќи телото ги уништува сопствените бета клетки а со тоа се губи способноста на панкреасната жлезда да создава инсулин.

Некои луѓе го наследуваат ризикот за појава на тип 1 дијабетес од своите родители. Сепак, дури и тие може воопшто да не пројават шеќерна болест доколку други фактори на ризик не се присутни истовремено, како на пример контакт со одредени вирусни инфекции.
  • Кај бебињата и децата, бета клетките обично се уништуваат многу брзо, што резултира со нагло покачување на шеќерот во крвта и брза појава на симптоми на шеќерна болест.
  • Кај возрасните, бета клетките обично се уништуваат побавно, што резултира со бавно покачување на шеќерот во крвта и со бавна појава на симптоми на шеќерна болест.
Одредени гени можат да направат дадено лице да има поголема склоност за појава на дијабетес тип 1 додека други гени имаа заштитна улога и го штитат човекот од појава на болеста. Постои многу сложена интеракција меѓу гените на дадено лице од една страна и одредени фактори на околината , како на пример инфекција на организмот со одредени вируси – особено Coxackie B вирусот, која може нагло да го зголеми ризикот за појава на болеста но дури и тоа не значи дека лицето дефинитивно ќе заболи од дијабетес тип 1.


Кои се симптомите на болеста?


Симптомите на дијабетес тип 1 кај вас (или кај вашето дете) веројатно многу брзо се развиле, во текот на само неколку дена или недели. Овие симптоми се предизвикани од покачените нивоа на шеќер во крвта над нормални вредности и во истите спаѓаат:
  • Често мокрење, кое е позабележливо преку ноќ. Ако вашето дете веќе стекнало навики за користење тоалет, тоа може повторно да се мокри неконтролирано во кревет за време на спиење преку ден или ноќ.
  • Силно изразена жед и сува уста.
  • Слабеење.
  • Зголемен апетит.
  • Заматен вид.
  • Замор
Ако шеќерот во крвта ви се покачил на многу високи нивоа кај вас може да се развие една многу опасна состојба наречена дијабетична кетоацидоза при која мора да бидете примени на болничко лекување.


Кои симптоми може да се јават кај мене откако ми е потврдена болеста дијабетес тип1?


Сега откако сте почнале да се лекувате со инсулински инјекции, треба да бидете многу претпазливи на знаци било на покачен или на снижен шеќер во крвта. Високиот шеќер во крвта се развива обично постепено во текот на неколку денови или недели; од друга страна пак нискиот шеќер во крвта може да се јави нагло во текот на 10 до 15 минути. Децата , особено многу малите деца, се многу осетливи и можат да претрпат тешки оштетувања од ниските нивоа на шеќер во крвта.

Бидете претпазливи на следните симптоми на висок или низок шеќер во крвта. Вие (или вашето дете) можеби нема да ги имате истите симптоми секогаш кога ќе ви се помести нивото на шеќер во крвта.
  • Симптоми на низок шеќер во крвта вклучуваат потење, слабост, невозможност за концентрација. Многу нискиот шеќер во крвта може да доведе до губење на свеста и кома.
  • Симптоми на висок шеќер во крвта вклучуваат зголемена жед и зголемено мокрење.
  • Знаците на висок или низок шеќер во крвта кај малите деца можат да бидат многу тешки за распознавање но појава на раздразнетост, лутина или плачење, бледило на лицето, нервоза или треперење, вкочанетост и не реагирање кога ќе биде допрено или нешто прашано, појава на темна мокрача со силен сладуњав мирис, сонливост и тешко будење од сон се најчести манифестации кога нешто не е во ред со шеќерот во неговата крв. Кога ќе забележите промени кај вашето дете направете домашен тест за шеќер во крвта. Тој ќе ви ја покаже вистинската состојба за шеќерот во неговата крв.
Кои тестови треба да ги направам за да ми се следи и контролира болеста?

Рутински тестови


Рутински тестови за тип 1 дијабетес опфаќаат одредување на хемоглобин А1с или слични тестови со кои се проценува просечното ниво на шеќер во вашата крв во текот на претходните 2 до 3 месеци. Ова помага да се следи како е контролиран шеќерот во крвта кај вас откако сте почнале со терапија со инсулин.
Треба да го посетувате вашиот лекар на секои 3 до 4 месеци во текот на целиот ваш живот за прегледи и тестови со кои ќе се следи вашата состојба и со кои ќе може најпрецизно да ви се одреди терапијата.

По 3 до 5 години откако ви е откриена болеста, потребно е еднаш годишно да одите на прегледи и тестови со кои ќе се откријат евентуални оштетувања на вашите очи, бубрези, срце , крвни садови и нерви. Ако вашето дете има дијабетес тип 1 овие тестови треба да започнат во пубертет.


Како се лекува дијабетес тип 1 ?


Главна цел на лекувањето на тип 1 шеќерната болест е да се одржува нивото на шеќер во крвта во нормални или близу нормални граници ( 4,4-7,7mmol/l на гладно). Ова се нарекува строга контрола на шеќерот во крвта, но сепак тоа е и воедно најдобриот начин да се намали ризикот од комликации на шеќерната болест. Сепак, некои луѓе како на пример оние кај кои ваквата строга контрола на шеќерот во крвта често води кон опасни падови на шеќерот на многу ниски нивоа имаат потреба од нешто полабава контрола ( попрецизно вашиот лекар е оној кој ќе процени до кои граници ќе се контролира шеќерот во крвта). Мошне добар начин да се добие увид како е контролиран шеќерот кај вас е со мерење на таканаречен хемоглобин A1c. Со овој тест се проверува како бил контролиран шеќерот во вашата крв во последните 2 до 3 месеци. Вредности пониски од 6% укажуваат на добра контрола, вредности под 7% се задоволителни а над 7,5% значат лошо контролиран шеќер во крвта.
Лекувањето на тип 1 дијабетес се состои во надоместување на онаа количина инсулин која што му недостасува на вашиот организам поради истрошената панкреасна жлезда. Значи за разлика од тип 2 кај тип 1 дијабетес нe се почнува со таблети за снижување на шеќерот туку лекувањето започнува веднаш со инсулин.
Начинот на земање инсулин како и неговото дозирање мора да биде пропишано од вашиот лекар специјалист - ендокринолог. Сепак неколку основни начела се од посебна важност за успешно контролирање на болеста:
  • Редовно мерење на шеќерот во крвта во домашни услови
  • Земање на инсулин со неколку инјекции дневно или со користење на инсулинска пумпа
  • Постапно внесување на јагленохидрати во помали количини во текот на целиот ден
  • Најмалку 30 минути дневно лесни физички вежби
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Шеќерна болест тип 2




(неодамна дијагностицирана)


Што е тоа тип 2 дијабетес ?
Тип 2 дијабетес е доживотна болест која се развива кога ткивата во вашето тело не одговараат соодветно на insulin. Инсулинот е хормон кој му помага на шеќерот ( гликозата ) да навлезе од крвта во клетките, каде се користи за енергија. Ако телесните ткива станат отпорни на дејството на инсулинот тие не ќе можат нормално да го превземаат шеќерот од крвта, со што шеќерот во крвта ќе се покачи.

Бидејќи вашите ткива не можат соодветно да одговорат на инсулинот, шеќерот во вашата крв се покачувал постепено во текот на неколку години до опасни нивоа. Со тек на време, постојано високите нивоа на шеќер во крвта можат да ги оштетат крвните садови и нервите низ целото тело, зголемувајќи го ризикот од оштетување на очите, срцето, крвните садови, нервите и бубрезите.

Тип 2 дијабетес обично се развива кај возрасните, поради што порано беше означуван како адултен тип на дијабетес. Како и да е, тип2 дијабетес во се поголем број случаи се дијагностицира и кај децата и тинејџерите. Бидејќи понекогаш може да се третира без употреба на инсулин, познат е уште и како инсулин - независен тип на дијабетес.

Околу 90% до 95% од луѓето со дијабетес го имаат токму тип 2 дијабетесот.
  • Зошто кај мене се развил тип 2 дијабетес?
Тип 2 дијабетес е предизвикан од отпорност кон инсулин, која настанува кога телесните клетки и ткива не одговараат соодветно на инсулин.
  • Телесната тежина
  • Степенот на физичката активност и
  • Присутен дијабетес во фамилијата
се фактори кои влијаат како вашето тело реагира на инсулин. Луѓето со прекумерна телесна тежина, со слаба или никаква физичка активност и оние кои имаат дијабетес во нивната фамилија имаат повисок ризик за појава на тип 2 дијабетес.
Кои се симптомите на болеста?
Вообичаени симптоми на дијабетесот се зголемена жед, зголемено мокрење, зголемен апетит а истовремено губење на телесната тежина и замаглен вид. Многу луѓе немаат никакви симптоми се додека нивото на шеќер во крвта не им се покачи над 200 милиграми на децилитар крв (mg/dL) што одговара на 11милимоли на литар крв (mmol/L) . Ако не сте ги имале било кој од овие симптоми, тоа е најверојатно затоа што нивото на шеќерот во крвта ви се покачувало постепено, незабележливо во текот неколку години.
Зошто пред да ми ја дијагностицираат болеста дијабетес тип 2 немав никакви тегоби, симптоми?
Не е сосема јасно зошто некои луѓе имаат симптоми како зголемена жед, зголемено мокрење, зголемен апетит, премаленост пред да им биде дијагностициран дијабетес а зошто други ги немаат тие симптоми. Некои можни објаснувања на таа појава се:
  • Во тип 2 на дијабетес нивото на шеќер во крвта се покачува постепено во текот на неколку години. Ако симптомите се слаби, лицето може и да не ги забележи.
  • Луѓето со тип 2 дијабетес често имаат веќе компликации од болеставо моментот на поставување на дијагнозата. Тоа може да значи дека постои одредено ниво на покачен шеќер во крвта при кое се појавуваат компликации на болеста, а кое ниво се уште не е доволно високо за да предизвика симптоми.
  • Луѓето се разликуваат во однос на сопствената свесност за симптоми.
На кои симптоми треба да внимавам откако ми е дијагностициран дијабетес тип 2?
Како што погоре беше спомнато многу луѓе со дијабетес тип 2 пред да им биде дијагностицирана болеста чувствуваат симптоми како зголемена жед,зголемено мокрење над 1.5 литри мокрача на ден, зголемен апетит а истовремено слабеење и замаглен вид, додека други вакви симптоми не чувствуваат. Кај нив шеќерот во крвта постепено се покачувал во текот на повеќе години па нивното тело на некој начин се навикнало да толерира повисоки нивоа на шеќер во крвта.
Доколку нивото на шеќер во крвта на гладно ви е 126 mg/dL (7mmol/L) или повеќе вие може и да не чувствувате било какви симптоми се додека нивото на шеќер во крвта не се покачи на 200mg/dL (11mmol/L) и повеќе. Ако сепак сте чувствувале симптоми, тие постепено ќе исчезнат кога нивото на шеќер во крвта ќе ви се спушти на нормала или близу до нормалата.

Ако нивото на шеќер во крвта остане високо, и ако не пиете доволно течности, многу лесно може да дехидрирате состојба која се јавува кога телото губи многу течности а која се манифестира со: зголемена жед, сува уста и леплива плунка во полесни случаи , губење на солзите во очите, зашеметеност која исчезнува со легнување во кревет, раздразнетост и немир, студенило на рацете и нозете, брзо чукање на срцето во потешки случаи и промена во однесувањето како силна вознемиреност, збунетост, сонливост, зашеметеност која не се повлекува со легнување во кревет, не можност за стоење или одење, брзо дишење, слаб и брз пулс, губење на свеста во најтешки случаи. Во случајот на дијабетес тип 2 ова се нарекува хиперосмоларна состојба ( со ниво на шеќер во крвта над 600mg/dL (33mmol/L) ).

Ако нивото на шеќер во крвта падне под нормалните вредности, кај вас може да се јават симптоми на низок шеќер во крвта, кои се изразуваат како потење и тресење на рацете па се до збунетост и губење на свеста. Ова може да се јави како несакан ефект на некои лекови во вид на таблети наменети за лечење на дијабетес тип 2 или како несакан ефект на предозирање со инсулин.


Кога треба да побарам помош од доктор?

Потребно е да се јавите на лекар за стручна помош доколку:
  • Почувствувате некој нов симптом за кој сметате дека треба да го известите вашиот лекар
  • Обилно се потите (особено околу вратот ), се чувствувате нервозни и слаби, чувствувате екстремно силна глад и имате главоболка и брзо чукање на срцето. Овие симптоми укажуваат дека ви паднал шеќерот во крвта. Не е вообичаено да имате многу низок шеќер во крвта, освен ако не земате лекови кои се на база на sulfonylurea ( glipizide, glyburide, glimepiride ) или инсулин. Но доколку ги земате овие лекови најдобро е да ги следите нашите препораки за справување со хипогликемија.
  • Ако имате симптоми на висок шеќер во крвта, како зголемена жед, зголемено мокрење, замаглен вид. Ако имате апарат за мерење на шеќер во крвта измерете го сами пред да се јавите на лекар.
  • Ако имате проблем со пропишаната диета и со планираниот распоред на оброци или ако сте физички активни побарајте совет од лекар.
  • Ако сте болни повеќе од 2 дена (освен ако не се работи за лесна настинка) или ако сте повраќале или сте имале пролив повеќе од 6 часа
Кои тестови се користат за да ми се постави дијагноза дијабетес тип 2?

За да се постави дијагноза дијабетес, потребно е лабораториски да ви се измери шеќерот во крвта при што доволно е да биде исполнет еден од следните критериуми:
  • Да имате симптоми на дијабетес (зголемена жед, зголемено мокрење, и необјасниво слабеење) и измерено ниво на шеќер во крвта еднакво или повеќе од 11 mmol/L (200 mg/dL). При тоа тестот за мерење на шеќерот е направен било кога, без разлика на тоа кога последен пат сте јаделе.(гликоза тест по случаен избор).
  • Ако имате ниво на шеќер во крвта на гладно еднакво или над 6.3mmol/L (115mg/dL). На гладно овде подразбира да не сте јаделе или пиеле ништо освен вода во последните 8 часа пред тестот.
  • Ако имате ниво на шеќер во крвта по 2 часа од оброкот еднакво или поголемо од 11mmol/L (200 mg/dL).
Сепак дијагнозата дијабетес треба да биде потврдена со повторување на истиот тест за мерење шеќер во крвта или со изведување на различен тест во некој од наредните денови.
Од сите тестови како наједноставен, најбрз и најлесен за изведување е мерење на шеќер во крвта на гладно. При тоа ако при ваквиот тест се најдат вредности за шеќер во крвта помеѓу 6mmol/L (110mg/dL) и 6.9mmol/L (126mg/dL), вие имате предијабетес – состојба кога шеќерот во крвта ви е на горна граница при што доколку не преземете одредени мерки како соодветна диета и зголемување на физичката активност имате голем ризик покасно да развиете вистински дијабетес.​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom