Болести - причини и превенција

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Артритис​



Артритис
Артритис е причина број еден за хронична болка, неспособност за работа и неспособност за извршување на секојдневни активности. Се проценува дека околу 300 милиони луѓе во светот страдаат од артритис. Артритис во суштина опфаќа околу 100 болести кои предизвикуваат болка, укоченост и отекување на зглобовите.

Остеоартритис
Остеоартритис е најчестата форма на артритис, и обично се јавува кај средновечни и постари луѓе. Иако кога се работи за болка во зглобовите најчесто се споменува „реума“ сепак се работи за остеоартрит. Во овој тип на артритис, нема воспаление на зглобовите, туку се работи за хронично, дегенеративно заболување на зглобовите за кое е карактеристично оштетување на зглобната рскавица. Рскавицата која е во непосреден допир со коската која ја допира започнува да еродира, да се троши и со тек на време доаѓа до непосреден допир и триење меѓу коските, што од друга страна доведува до реакција на коската и околното ткиво и до формирање на остеофити („шилци“), што доведува до болка и укуоченост на зглобот. Најчесто се јавува на колкот, коленото, рбетниот столб. Иако механичкото оштетување на зглобната рскавица звучи најлогично сепак точната причина за развој на остеоартритис сеуште не е позната.



Воспалителен артритис
Ова хронично заболување настанува како резултата на , од непознати причини, напаѓањето на имуниот систем на сопствената рскавица и околното ткивото. Како напредува воспалението, состојбата постојао се влошува, водејќи кон истенчување на зглобната рскавица, болка, оток и црвенило во зафатените зглобови. Најчеста причина за воспалителен артритис е реуматоиден артритис.

Реуматоиден артритис
За разлика од остеоартритс, при реуматоиден артитис, синовијата (површен, фин слој, кој ја облага рскавицата) е воспалена. Поради оваа воспалени се ослободуваат материи кои ја оштетуваат рскавицата и коската на зафатениот зглоб. Ова воспаление предизвикува болка и оток во зглобот.



Трауматски артритис
Главната причина е сериозна повреда или скршеница, најчесто на колкот - аваскуларна некроза. При аваскуларна некроза, снабдувањето со крв на главата на натколеничната коска (фемур) е оштетена и започнува изумирање на коскеното ткиво како и на околната рскавица, доведувајќи до силна болка, укоченост и неможност за движење.




Фибромиалгија
Фибромиалгија е доста честа форма на артритис која се карактеризира со болка во мускулите и заглобовите, без клинички знаци за воспаление.

Дијагноза на артритис
Раната дијагноза и лечење се основни во спречувањето на натамошното оштетување на зглобот. Само доктор може да одреди дали е во прашање артритис, кој тип на артритис и каков третман ќе биде потребен.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Реуматоиден артритис

Вовед
Постојаните болки и физичките ограничувања, предизвикани од околу 100-те форми на артритис, се секојдневие за милиони луѓе. Реуматоидниот артритис е една од најтешките форми, која покрај болки и ограничени движења, предизвикува и деформитети на зглобовите.



Понекогаш реуматоидниот артритис ги прави и наједноставние движења - отварање тегла или прошетка - невозможни.
Наспроти остеоартритис, реуматоидниот артритис е воспаление на зглобовите. Точната причина за појава на реуматоидниот артритис е непозната. Воспалението е предизвикано од имуниот систем на организмот кој го напаѓа ткивото кое ги обвиткува зглобовите, синовијата.



Реуматоидниот артритис е два до три пати почеста кај жените отколку кај мажите, и воглавно се појавува на возраст меѓу 20 и 50 години. Но реуматоидниот артритис може да се јави и кај помлади и кај постари.

Не постои лек за реуматоиден артритис. Но со соодветен третман и стратегија за заштита на зглобовите, и промена на животниот стил, болеста може да се стави под контрола и заболените да имат долг и продуктивен живот и покрај болеста.
Знаците и симптомите на реуматоидниот артритис можат да варираат, да се јавуват и да се губат. Овие симптоми вклучуваат:

*
Болка и оток во зглобовите, особено во малите зглобови на шаката и стапалата.



*
Општо чувство на болка и укоченост на зглобовите, особено по одмор или спиење.
*
Неможност за изведување на движења во зафатените зглобови.
*
Губиток на сила, слабост во мускулите кои се припоени за зафатените зглобови.
*
Малаксалост, која може да биде многу изразена при влошување на болеста.
*
Покачена температура
*
Деформирање и изобличување на зглобовите со тек на време

Реуматоидниот артритис обично предизвикува проблеми во повеќе зглобови истовремено. На почетокот на болеста, обично симетрично се зафатени зглобовите на шаката, стапалата, колената. Како напредува болеста, ги зафаќа и останатите зглобови, рамењата, лактите, колковите, вратот, дури и зглобот на вилицата. Обично ги зафаќа двете страни на телото истовремено.




За разлика од остеоартритис, кој ги зафаќа само коските и зглобовите, реуматоидниот артритис е системска болест, која може да предизвика воспаление на солзните жлезди, плунковните жлезди, обвивките на срцето и белите дробови, самите бели дробови и во ретки случаи, крвните садови.

Реуматоидниот артритис е хронична системска автоимуна болест, која обично варира, со периоди на влошување и периоди на стишување на болеста кога отоците, болката, малаксаноста привремено исчезнуваат.
Отоците и деформитетите можат да ја ограничат подвижноста на зглобовие. Но сепак дури и во најтешките форми на реуматоиден артритис подвижноста на зглобовите се задржува.

Причини
Како и кај другите форми на артритис и реуматоидниот артритис ги зафаќа зглобовите. Секој подвижен зглоб е обложен со еднатенка ммбрана наречена синовија. Кај пациентите со реуматоиден артритис, белите крвни клетки - кои обично ги напаѓаат вирусите и бактериите-излегуваат од крвните садови и ја напаѓаат синовијата. Овие крвни клетки играат важна улога во реуматоидниот артритис и во воспалението на синовијата.
Како резултат на воспалението се ослободуваат протеини, кои со тек на време ја задебелуват синовијата, ја оштетуваат рскавицата, коските, лигаментите и накрај зглобот ја губи својата форма. Причината зошто започнува овој процес е непозната и иако има голем број на претпоставки од скриени инфекции со вируси и бактерии до наследни фактори, сепак точната причина не е утврдена..

Ризик фактори
Иако точните причини за развој на реуматоидниот артритис не се познати, постојат фактори на ризик:

*
Стареење, бидејќи честотата на реуматоидниот артритис се зголемува со стареењето.
*
Женски пол.
*
Пушење во тек на долг период.


Кога да барате лекарска помош
Доколку имате постојано чувство на неудобност и оток на зглобовите од двете страни на телото (лева и десна страна, левата и десната шака на пр.) обратете се на лекар. Оштетувањето на зглобовите од болеста може да се стави под контрола со ран и соодветен третман.

Дијагноза
Дијагнозата на реуматоиден артритис во голема мера се заснова на типичниот наод, така да прв чекор во дијагнозата е лекарскиот преглед. За утврдување на дијагнозата потребно е да се изведат и следниве тестови:

Лабораториски анализи: Одредување на седиментациона рата (седиментација) -покачено ниво укажува на присуство на воспалителен процес во телото. Кај луѓето со реуматоиден артритис, седиментацијата е обично покачена, но седиментацијата не е специфична за реуматоиден артритис така да ќе бидат потребни и додатни испитувања. Од друга страна кај пацинтите со остеоартритис, седиментацијата обично е нормална.



Друг лабораториски тест кој се изведува е реуматоиден или реума фактор, кој претставува антитело кое се јавува кај пациентите со реуматоиден артритис, иако може да биде отсутен на почетокот на болеста. Исто така е можно присуството на реума фактор во отсуство на симптоми на реуматоиден артритис.


Рентген снимања: Други методи кои се применуваат се рентген снимање на зафатените зглобови. Во однос на добиените резулатаи од прегледот, лабораториските анализи, рентгенските снимања се поставува или се отфрла дијагнозата на реуматоиден артритис.



Компликации
Реуматоидниот артритис предизвикува укочување и болка на зафатените зглобови, но истовремено го зголемува ризикот од остеопороза, особено кај луѓето кои примаат кортикостероиди за лечење на реуматоидниот артритис. Во минатото луѓето со реуматоиден артритис завршувале во инвалидски колички поради големото оштетување на зглобовите. Денес, со денешните опции за лечење, состојбата е сосема поинаква и со соодветен третман, и најтешките форми на реуматоиден артритис можат да се стават под контрола. Други поретки компликации се воспаление на обвивките на срцето и белите дробови и воспаление на крвните садови (многу ретко).

Третман
Иако не постои лек за реуматоиден артритис сепак со денешната медицина реуматоидниот артритис може да се стави под контрола. Лечењето најчесто започнува со лекови и болеста се одржува под контрола со лекови, но во некои случаи може да биде потребен и хируршки третма
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Остеоартритис (OSTEOARTHRITIS)

Речиси 100 милиони луѓе во светот имаат остеоартритис и многу од нив имаат некакво ограничување во движењата. Тежината на болеста драматично варира меѓу заболените, но сепак остеоартритис обично не доведува до неподвижност. Но, бидејќи оштетувањето на зглобовите од остеоартритис е непоправливо важно е рано да се побара лекарска помош.

Факти

* Остеоартритис е предизвикан од оштетување на рскавицата на еден или повеќе зглобови, најчесто колената, колковите, рбетниот столб, особено во долниот дел на грбот.
* Зголемената тежина, возраста, повреда или хронично големо оптоварување на зглобовите, фамилијарна историја се ризик фактори за остеоартритис.
* Со современата терапија во голема мера може да се сопре натамошното оштетување на зглобовите, да се зголеми подвижноста и да се намали болката.


Остеоартритис е најчестата форма на артритис и најчесто заболување на зглобовите и истото најчесто се поистоветува со реуматоиден артритис („реума“). Најчесто се јавува кај постари лица. Се карактеризира со прогресивно оштетување на зглобната рскавица (слојот кој ги обложува зглобовите и кој спречува директен контакт на коските, а со тоа го намалува триењето при движење) и предизвикува промени во структурите околу зглобот. Овде спаѓаат насобирање на зглобна течност, што доведува до оток, стварање на остеофити („шилци“) како резултат од директниот контакт на коска со коска, намалување на силата на мускулите кои се припојуваат за зглобот и како резултат на сето тоа намалена подвижност на зглобот, болка и отоци.





Најзафатени се зглобовите кои ја носат тежината на телото-колената, колковите и рбетниот столб. Остеоартритис во колената и колковите предизвикува хронична болка при одење и стоење и може во голема мера да ја намали подвижноста, како и остеоартритис во рбетниот столб ( најизразен во долниот дел од грбот-носечки дел) кој исто така предизвикува хронична болка и ограничување на подвижноста.
Кај најголем број од пациентите болката при остеоартритис се јавува при физичка активност и истата престанува со одмор. Кај пациените во касни фази на остеоартритис покрај силната болка може да се јави и укочување и нестабилност на зглобовите, додека кај други може да се јави утринска укоченост која обично поминува за пола до еден час.

Причини за остеоартритис
Остеоартритис се јавува при оштетување на рскавицата која ги облага зглобните површини на краевите од коските. Овој лизгав материјал служи како амортизер и го намалува триењето во зглобот. Кога рскавицата е оштетена, мускулните движења стануваат болни, оштетувањето на рскавицата продолжува и на крај доаѓа до директен контакт меѓу коските кои го сочинуваат зглобот, што го прави движењето во тој зглоб речиси невозможно.




Бидејќи не се откриени други фактори кои придонесуваат за развој на остеоартритис, се смета дека зголемената тежина, спорт и активности кои го зголемуваат стресот врз рскавицата како и фамилијарна историја се главни причини за остеоартиритис. Возраста сама по себе не е дефинитивна причина за остеоартитис но стареењето ја влошува болеста.


Ризични групи
Остеоартритис ги напаѓа луѓето од сите возрасти, но најчесто се јавува кај постари лица. Околу 70% од луѓето со над 70 годишна возраст имаат рентген знаци за постоење на остеоартритис. Но само кај пола од нив се развиваат симптомите на остеоартритис. Кај жените се јавува речиси двапати почесто во однос кај мажите, особено на прстите и колената.

Дијагноза
Кај пациентите кои се суспектни, кои имаат болка во зглобовите кои вообичаено се зафатени со остеоартритис, се изведува покрај лекарски преглед (со кој лекарот го испитува рангот на движење во зглобот како и мускулната сила) и ренгтенски снимања („шилци“ се карактеристични за остеоартритис) и лабораториски анализи за да се исклучи постоење на друга болест на зглобовите.

Третман
Целта на третманот е да се намалат болките и да се подобри функцијата на зглобовите. Ова може да се постигне со комбинација на физикална терапија, лекови и понекогаш хирургија.

Физикална терапија– Вежби, направи кои ја потпомогаат работата на зглобовите и топлотна терапија обично се ефикасни во намалувањето на болката и подобрувањето на функцијата на зглобовите.

Лекови – Постојат голем број на лекови, од кои еден дел се даваат локално, како масти, додека други како таблети и инекции, најчесто лекови од групата на нестероидни анти-инфламаторни лекови (НСАИЛ- ја намалуваат болката, отокот и воспалението). За посериозна болка постојат посилни аналгетици како опоидни наркотици. Инекции во зглобот со кортикостероид и лубрикант-хијалуронска киселина-се покажле успешни кај некои пациенти.

Хирургија - Артроскопија и/или замена на зглобот се зема во обзир само при тешко оштетување на зглобот, кога пациентот има болка која не поминува со лекови или кога функцијата на зглобот е драстично намалена.


Живеење со остеоартритис
Не постои лек за остеоартритис, но покрај горенаведените опции за лекување, потребни се исто така и промени во животниот стил, во смисла на намалување на телесната тежина во нормални граници, избегнување на тешки физички активности и избегнување на повторувачки движења во засегнатиот зглоб.
Со редовни контролирани вежби од друга страна се подобрува мускулната сила , но тоа мора да биде под надзор на физиотерапевт.
Бидејќи намалувањето на телесната тежина кај обезни пациенти го намалува оптеретувањето на носечките зглобови, а со тоа се намалува и болката и се подобрува функцијата на зглобот, достигнување и одржување на нормална тежина е многу важно во целокупниот третман.
До денес не постои терапија со која би се регенерирала оштетената рскавица и би се поправиле оштетувањата на зглобот („шилци“ на пример), но голем број на клинички студии се насочени токму кон тоа.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Дискус хернија - Вклештување на рбетот

Оштетувањата на дисковите на пршлените кајчесто настанува при кревање на голем товар од земја-со телото свиткано кон напред. Кај наглите движења од овој тип доаѓа до туркање на дискот кон назад и дури до...

Нашиот рбетен столб се состои од 33 пршлени и 23 меѓупршленски дискови. Тие делуваат како зглобни тела, го овозможуваат движењето на рбетот, го спречуваат директниот меѓусебен контакт на пршлените, ја овозможуваат еластичноста на телото и низ нив поминуваат нервите од рбетниот мозок.

Дисковите се многу еластични и прилагодливи. Градени се во облик на шупливи прстени ник кои поминува рбетниот мозок. Имаат два дела - надворешен, цврст дел и внатрешен помек слој.

Оштетувањата на дисковите на пршлените кајчесто настанува при кревање на голем товар од земја-со телото свиткано кон напред. Кај наглите движења од овој тип доаѓа до туркање на дискот кон назад и дури до негово излегување од лежиштето-а со тоа и до вклештување на пршлените , појава на силна болка, укоченост и трпнење во грбот.





Дискус хернија може да биде многу опасна состојба бидејќи може да доведе до парализа, додека поблагите форми доведуваат до воспаление на нервите- невритис, нагла болка и отежнато или невозможно движење на рбетниот столб.




За дијагностицирање на оваа состојба покрај лекарскиот преглед најчесто се користи рентген, КТ и магнетна резонанца на рбетниот столб. Лечењето може да биде конзервативно, со лекови против болка и физикална терапија или со хируршки зафат.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Болести на кожата

Што се акни?
Типична локализација
(пределот на образите, брадата и челото)
и презентација на акни
Акните се кожен проблем кој започнува кога масни материи и мртви кожни клетки ги затнуваат порите на кожата. Умерена форма на акне е кога истите се изразени со неколку црвени точки. Но, постојат и тешки форми на акни, кога акните се распространети по целото тело, значи освен лицето зафатени се и вратот, градите и грбот. Или акните можат да бидат поголеми и да пораснат во болни апсцеси (гнојни чиреви) и цисти.

Најголем дел од младите луѓе имаат блага форма на акни во некој период од животот. Тоа обично се случува во адолесцентниот период и состојбата комплетно се повлекува по адолесцентниот период. Но акни доста често се јавуваат и кај жени неколку дена пред да започне менструалниот период.

Како се чувствуваме заради акните може воопшто да не биде поврзано со тоа колку навистина акните се изразени и го влошуваат нашиот изглед. На некои луѓе со тешки фроми на акни истите не им пречат многу, додека кај други само 2-3 акни ги прават да се чувствуваат засрамени и вознемирени. Перцепцијата на акните и нивниот ефект врз изгледот е многу индивидуален.

Добрите вести се дека сега постојат голем број на ефикасни третмани со кои и најтешките форми на акни можат да се држат под контрола.



Што ги предизвикува акните ?
Создавањето на акните започнува со затнување на порите на кожата со маснотии и изумрени клетки од кожата. Доколку во порите навлезат бактерии (Propionbacterium acne) резултатот е класично воспаление, со појава на оток, црвенило и гној.

Кои се симптомите?
Симптомите на акни вклучуваат појава на мали фоликуларни воспалениа (околу фоликулот на влакното), кои можат да пораснат до мал апсцес (гноен чир) и истите се појавуваат најмногу на лицето но и на вратот, рамењата, градите и грбот. Доколку воспалението напредува се формираат цистични промени, кои ако не се третираат правилно оставаат лузни на лицето, посебно ако се инфицираат.

Како се лечат акни ?
Прво за контрола на акните, кожата треба да е чиста. Треба да се избегнуваат производи за кожа кои ги затнуваат порите. Мијте го лицето еднаш или два пати на ден со нежен сапун или со лосион за акни. Акните не треба да се „стискаат“ или на било кој друг начин да се иритираат – тоа може многу да ја влоши ситуацијата, да предизвика воспаление и на крај да доведе до лузна.

За акни во умерена форма (неколку акни на лицето) најдобри се кремовите со бензоил пероксид или салицилна киселина. Тие имаат најдобар ефект ако се употребуваат – како што пишува во нивното упатство.

Потребно е време за да се воспостави контрола над акните. Затоа третманот треба да трае 6-8 недели за да се постигне посакуваниот резултат. Многу често, особено на почетокот на третманот, состојбата може дури да изгледа дека е влошена. Но само ако нема ефект по 8 недели, треба да се проба со друг третман.

При поизразени форми на акни – посебно акни кои оставаат лузни-обратете се кај вашиот лекар ! Понекогаш гел или крем за кожа е се што е потребно. Вашиот лекар може да ви препише и антибиотици доколку има потреба или да одреди дека комбиниран третман е најдобар за одреден случај.

Доколку има цисти предизвикани од акни, вашиот лекар може да ви препорача посилни лекови- како изотретиноин, кој има добар ефект, но има и несакани ефекти како депресија, покачување на нивото на холестерол и сл. Пациентот мора да го информира лекарот во случај да има депресија и уште поважно, пациентката мора да користи контрацепција додека е под овој третман, затоа што само една доза од овој лек, при постоење на бременост може да доведе до вродени дефекти кај плодот !
Што може да се направи за лузните од акни ?
Постојат кожни третмани кои помагаат лузните од акни да не бидат премногу упадливи. Најдобриот третман зависи од тоа колку се изразени лузните. При екстремни случаи може ожилното ткиво да биде хируршки отстрането или да се инјектираат инјкеции со колаген. Во секој случај, тоа се процедури кои се изведуваат од посебно обучени лекари, не од козметичари !




АНТРАКС

Антракс е високо заразна болест која се јавува пред се кај животните, а на човек се пренесува со контакт со животни и нивни производи. Предизвикувач на болеста е Bacillus anthracis, грам-позитивна, факултативно анаеробна, стапчеста бактерија...

Спорите на бацилот на антракс можат со години да живеат на пасиштата и во земјата. Урината и фекалиите на заболените животни содржат огромни количини на бактерии, со кои се контаминираат пасиштата, а спорите во нив можат да преживаат со децении. Инаку спорите се присутни и на кожата на животните, на волната на овците и тн.

Кожниот облик на антракс се јавува кај човек само по продор на бацилите или спорите низ гребнатини на кожата. Овде бацилите се размножуваат и на кожата доаѓа до постепени промени, додека не се створи темна пустула, со изразено црн центар (црн пришт, pustula maligna).



Спорите се развиваат во бактерии ако доспеат во ткивата и се јавува локален оток, разградување на ткивото и општи симптоми како малаксаност, болки во мускулите, главоболка, покачена температура и повраќање. Со навремен третман оваа форма на антракс во голем процент е излечлива.


Белодробен антракс настанува со вдишување на спорите, често се случува кај лица кои работат со животински продукти. Почетните симптоми се слични на грип, но температурата расте и за неколку дена се развива тежок белодробен дистрес пратен со шок и кома. Можат да се развијат и хемопрагичен менингоенцефалитис (воспаление на мозокот и мозочните обвивки со стварање на крвни подливи).

Оваа болест, и со најсовремен третман е со висок процент на смртност.

Цревната форма на антракс се јавува по јадење на термички необработено или лошо обработено месо. Во овој облик се ослободува отров од бактеријата кој предизвикува изумирање на цревната слузокожа, појава на крварења и продирање на бактеријата и отровот во целиот организам - сепса. Оваа форма, слично како и белодробната, и покрај современиот третман е со висок процент на смртност.



Антракс е многу сериозна болест која бара третман во центар специјализиран за инфективни болести. Во неколку наврати антракс е искористен како биолошко оружје.
Во лечењето се користат антибиотици-најчесто е потребна комбинација од 2-3 антибиотици. За самото лечење многу е важно раното поставување на дијагнозата затоа што секое каснење ја зголемува смртноста.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Псоријаза

Псоријазата е релативно честа и хронична кожна болест која предизвикува појава на плаки, црвенило и крустење на региони од кожата.

Иако можат да се појават секаде, овие плаки најчесто се појавуваат на колената, лактите, рацете, нозете, скалпот или на грбот. Според Американското Здружение на Дерматолози, ноктите на рацете и нозете се зафатени во 50% од случаите на активна псоријаза.

Симптомите на псоријаза можат многу да варираат во зависност од тежината на болеста, и да бидат од благи до многу изразени.

Додека чешањето и болките обично се умерени и подносливи, најтешките ефекти од псоријазата се врз емотивната состојба. Луѓето со тешка форма на псоријаза понекогаш се толку преокупирани со нивната состојба и нивниот физички изглед што почнуваат да се чувствуваат изолирани и депресивни.

Псоријазата се јавува кај околу 2% од вкупната популација. За жал, сеуште нема лек кој целосно би ја излечил псоријазата, но денес има многу ефикасни третмани со кои псоријазата може да се држи под контрола.

Што ја предизвикува Псоријазата?
Нормално кожните клетки постојано се формираат под површината на кожата. За околу еден месец овие клетки доаѓаат до површината на кожата. Ова е наречено месечен „turnover“. Овие клетки на крај изумираат и се одделуваат од кожата, а под нив веќе има слој од нови клетки.

Кај луѓето со псоријаза, растењето на клетките е пребрзо. Клеточниот „turnover“ се случува за неколку дена. Од друга страна десквамацијата, луштењето на претходниот слој не оди паралелено и доаѓа до формирање на белузлави плаки. Крвните садови се прошируваат со цел да ја подобрат исхраната на кожата но тоа доведува до појава на црвенило и оток. Класичните симптоми на псоријазата се зацрвенета, воспалена кожа со белузлав слој од мртви клетки на површината.

Иако псоријазата обично се манифестира на кожата, сепак вистинската причина за псоријазата е имуниот систем.

Нашето тело вообичаено се бори со инфекциите и ги заздравува раните со специјални клетки-наречени леукоцити-бели крвни клетки-кои се борат со бактериите и вирусите. Во нормални околности, овие клетки доаѓаат на местото на инфекција или повреда, каде ги уништуваат бактериите или вирусите и помагаат во заздравувањето. Последица на тој нивен ефект е воспалението (црвенило и оток).
Од сеуште непознати причини, имуниот систем на луѓето со псоријаза ја предизвикува болеста. Еден тип на бели крвни клетки- B-клетките започнуваат со создавање на антитела кои ги уништуваат нормалните клетки на кожата. Друг тип на бели крвни клетки - T-клетките започнуваат со прекумерно создавање на супстанци познати како цитокини. Оваа хиперпродукција го гаси сигналот кој го контолира растот на кожните клетки и со тоа започнува кругот на псоријазата.
Затоа псријазата се смета за автоимуна болест-самиот имун систем има малфункција и ги напаѓа нормалните ткива на организмот. Други автоимуни болести се лупус ериматодес и реуматоиден артритис.

Псоријаза на кожата или на ноктите можат да изгледаат како габична инфекција, но псоријазата не е заразна болест и не може да се пренесе од еден човек на друг. Засега се знае дека псоријазата е наследна и дека доколку има псоријаза кај член од фамилијата се зголемува ризикот за нејзина појава на второ или трето колено.

Типови на Псоријаза
Постојат неколку различни типови на псоријаза. Околу 90% од сите случаи на псоријаза се обична псоријаза ( Psoriasis Vulgaris), која се карактеризира со појава на плаки, но постојат и други облици:

* Psoriasis guttate ( Псоријаза во форма на капки). Оваа форма на псоријаза обично ги погодува децата, тинејџерите и младите. Често започнува по бактериска инфекција, како стрептококна инфекција на грлото. Типичните симптоми на овој тип на псоријаза се црвени, крустозни промени во облик на капка на кожата, обично на стомакот, рацете, нозете и скалпот. Често се случува истата да се повлече сама од себе, без посебен третман.
* Пустуларна псоријаза. Типичните симптоми на пустуларната псоријаза се појава на гнојни формации, како блистери по кожата. Овие блистери обично се засушуваат, стануваат кафеави, како крусти и потоа започнува нивното луштење. Овие лезии обично се појавуваа на шаките и стапалата.
* Еритродермична псоријаза. Симптомите се црвена и лушпеста кожа на големи региони од телото. Оваа форма може да еволуира од другите форми на псоријаза или да биде иницирана од третман на псоријаза. Исто така може да биде иницирана од прекин на лекови како кортикостероиди.
* Инверзна (обратна) псоријаза. Кај луѓето со оваа болест, типичните промени на кожата се појавуваат обратно од обичната псоријаза, на пример на дојките, во пазувите или на гениталиите. Овој тип на псоријаза може да биде влошен со обезност, зголемување на телесната тежина.


Прогресија на Псоријаза
Псоријазата нема образец на прогресија. Таа се развива различно кај секој болен, индивидуално. Некои луѓе може да имат само повремени и минимални симптоми во текот на цел живот, додека кај други симптомите можат да бидат многу изразени секојдневно.

Кај најголем број, симптомите и кожните промени доаѓаат и си заминуваат. Може да се јави влошување како резултат на одредни промени како на пример суво време или стрес.

Нелекувана, екстремно тешка форма на псоријаза може да биде животозагрозувачка. Иако се случува многу ретко, ако лезиите покријат голем дел од телото, имуниот систем може да биде надвладеан и да се јави сериозна бактериска инфекција.
Борбата со псоријазата може да биде исрпувачка и фрустирачка. Важно е да се се остане емотивно и психички здрав при лекувањето. Со денешните методи псоријазата е болест која може да биде ставена под контрола, дури и најтешките форми, од друга страна самата псоријаза не остава лузни, така да потребно е зачувување на духот и придржување на третманот препорачан од дерматолог.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Симптоми на псоријаза и тригер (поттикнувачки) фактори

Симптомите на псоријаза варираат во зависнот од формата на псоријаза. Најчестите симптоми на најчестиот облик на псоријаза се:

Плаки од црвена, воспалена кожа, често покриени со белузлаво-сивкасти крусти. Овие плаки можат да чешаат и да бидат болни, понекогаш и да распукаат и да крварат (најчесто кај инверзната форма). Во тешки случаи, плаките со иритирана кожа можат да враснат една во друга, препокривајќи големи региони од телото.

Заболувања на ноктите на рацете и нозете, вклучувајќи промена во бојата и појава на вдлабнувања во ноктите. Може да се јави и откинување на ноктите од нивното лежиште.
Плаки или крусти на скалпот.
Мали региони на крварење на места каде кожата е најизложена на надворешни дразби.

Псоријазата може да предизвика псоријатичен артритис, што доведува до појава на болка и отекување во зглобовите. Отприлика кај 10% до 30% од луѓето со псоријаза се појавува псоријатичен артритис.

Кои се тригер (поттикнувачки) фактори за влошувања на псоријазата?
Иако главната причина за појавата на псоријаза лежи во имуниот систем, одредени фактори можат да ја влошат псоријазата:

Ладно и суво време. Ваквите временски прилики ја сушат кожата, со што се зголемуваат шансите за влошување на псоријазата. Обратно, кај најголем број случаи, топлото и сончево време ги става под контрола симптомите на псоријаза. Кај голем број случаи во летно време се повлекуваат сите симптоми на псоријаза.

Стрес. Самата појава на псоријаза е стрес за себе, но често болеста се влошува при особено стресни ситуации.

Одредени лекови. Одредени лекови, како литиум ( лек за биполарно нарушување, манично-депресивни епизоди), лекови против маларија и некои бета-блокатори (кои се употребуваат за висок крвен притисок, хронична срцева болест и некои аритмии), можат да предизивикаат влошувања на псоријазата. Некои од вообичаено употребуваните лекови против болка, наречени нестероидни анти-инфламаторни лекови ( Кетопрофен, Диклофенак и сл.) можат исто така да ја влошат болеста, иако сеуште се употребуваат кај луѓе со псоријатичен артритис.

Инфекции или болести. Одредни инфекции, како воспаление на грлото, можат кај одредени луѓе, особено млади, да предизвикаат псоријаза во форма на капки. Псоријазата обично е во потешка форма кај луѓето кои имаат и СИДА.

Траума, повреда на кожата. Кај луѓето кои имаат псоријаза, трауматизирањето на кожата-вклучувајќи посекотини, модрици, изгоретини, тетоважи, вакцинирање и сл.-можат да ги влошат симптомите на псоријаза на местот на траума (ова е познато како "Koebner-ов феномен).

Алкохол. Пиењето алкохол може да ја влоши сотојбата.

Пушење. Експертите сметаат дека пушењето ја влошува псоријазата.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Дијагностицирање на псоријаза

Во најголем дел од случаите дијагнозата на псоријаза може да се постави со лекарски преглед. Но, во некои случаи псоријазата може да изгледа како екцем или како други кожни болести и понекогаш утврдувањето на дијагнозата може да биде многу тешко.

Во случаи кога дијагнозата не може да се постави со лекарски преглед, можно е да има потреба од биопсија на кожата. Биопсијата се изведува со отстранување на мал дел од кожата и прегледување на истата под микроскоп.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Третман за псоријаза

Постојат многу терапевтски опции за лечење на псоријаза, како локална, надворешна терапија, фототерапија, медикаменти и тн.

Најдобриот начин на лекување го одредува дерматолог, според клиничката слика.
Вообичаен е пристапот "1-2-3" за лекување на псоријаза. Прво третманот започнува со локално нанесување на креми и масти. Доколку тоа не е доволно, вториот чекор може да е фототерапија и ако тоа не е доволно за да се стави состојбата под контрола се употребуваат системски лекови. Сепак ова е само еден општ пристап-лекувањето на псоријаза секогаш е индивидуализирано, во зависност од тежината на болеста, од одговорот на претходната терапија, од другите придружни состојби и болести на пациентот и тн. На кратко, ова се главните терапевтски опции за третман:

* Локален третман. Често како прв чекор во лекувањето на псоријаза се употребува локална, надворешна терапија. Најчесто применувани лекови се кортикостероиди во облик на масти и креми. Други лекови се ретиноидите. Доколку псоријазата покрива повеќе од 10%-20% од површината на кожата, локалниот третман нема ефект, барем не даден самостојно, без друга терапија.
* Фототерапија. Врз псоријазата, ултравиолетовото зрачење обично има добар ефект. Редовната изложеност на сонце или вештачко ултравиолетово зрачење обично доведува до повлекување на псоријазата. Третманот вклучува UVB (изложување на ултравиолетови В зраци) зрачење и PUVA (комбинација на зрачење со ултравиолетови зраци и примена на еден медикамент, псорален, кој ја зголемува осетливоста на кожата кон зрачењето). Новите техники на лекување вклучуваат примена на ласери, кои ја насочуваат светлосната енергија прецизно на псоријатичните лезии.
* Систематски третман . При случаи на псоријаза кои не реагираат на друг третман, се применува системска терапија, првенствено кортикостероиди но и лекови како метотрексат и циклоспорин. Но овие лекови имаат многу несакани ефекти, од кои некои можат д бидат многу сериозни. Затоа е потребно поредовно следење на пациентот при нивна употреба.
* Биолошки лекови. Новите откритија за причините кои доведуваат до псоријаза го пренасочија испитувањето на лекови кои би имале ефект на главниот проблем-имуниот систем. Биолошките лекови се насочени кон одговорот на имуниот систем, што всушност и доведува до појава на кожните промени. Резултатите од клиничките студии укажуваат дека овие лекови имаат многу помалку несакани ефекти од лековите кои се употребуваат за систематска терапија.


Што е со алтернативната медицина?
Секако ако побарате лекови за псоријаза на интернет или во дневните весници, ќе најдете безбројни алтернативни методи за лекување. Речиси секоја тревка, растение или таблета се продава како лек за псоријаза-ќе најдете луѓе кои се колнат дека се излекувале користејќи витамини, акупунктура, рскавица од ајкула, масло од ему, крилја од лилјаци (?) и сл. Дури во Турција има и посебни комплекси, каде луѓето со псоријаза одат на релаксација во топли бањи, сауни и посебни базени каде псоријатичните плаки ги јадат мали, изгладнети риби (!).

И покрај овие бомбастични понуди, запамтете дека за ниеден алтернативен третман досега не е докажамо дека е ефикасен. Исто така за многу од нив не е докажано ни дека се безбедни.

Општо земено, пред да пробате било што, консултирајте се со вашиот лекар. Дури и некои лекови кои се земаат без рецепт, на растителна основа, можат да бидат ризични, особено земени во комбинација со други третмани. Секогаш бидете скептични во однос на чудотворни лекови, и имајте во превид дека дури и „природните“ лекови не се безопасни.

Живеење со третманот
Секогаш треба да се воспостави рамнотежа помеѓу симптомите и тешкотиите кои произлегуваат од самиот третман.

Лекувањето на секоја хронична болест бара посветеност. Важно е во таква ситуација искрено да се запрашаме што сме спремни да правиме. Можеби ќе сакате да му угодите на вашиот лекар со тоа што ќе го прифатите секој третман кој ќе ви биде предложен. Но, доколку треба да одите три пати неделно на фототерапија, а занете дека реално гледано, ќе мора пола од целиот третман да го откажете, не се согласувајте на фототерапија. Не кажувајте дека ќе ги земате лековите два пати дневно ако најверојатно за неколку дена целосно ќе ги заборавете. Не започнувајте со нешто за кое знаете дека не би можеле да го правите во целост.

Еден од ужасно фрустрирачките проблеми со псоријазата е дека ефикасните третмани не остануваат ефикасни. Кога конечно ќе помислите дека сте го нашле кремот или лекот воопшто со кој псоријазата е под контрола, ќе се влоши целата состојба. Тоа е многу обесхрабрувачки и едноставно тера на откажување од било каков третман.
Но не очајувајте. Постојат голем број на третмани и нивни комбинации. Важно е да се продолжи со лекувањето.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Бубрежни болести

Знаци за заболување на бубрезите и на уринарниот тракт



1. Висок крвен притисок
2. Заматена, крвава урина. Особено појава на крв во урина без придружни болки! (Може да биде знак на рак на бубрег или друг орган од уринарниот тракт)
3. Креатинин надвор од дозволените граници (лабораториски тест)
4. Гломеруларна филтрациона рата (ГФР) помала од 90 (лабораториски тест)
5. Честа потреба за мокрење, особено ноќе, отежнато мокрење, болно мокрење
6. Оток околу очите, отекување на нозете и рацете

 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Камен во бубрег

Вовед

Доколку некогаш во животот сте имале болка од камен во бубрегот веројатно нема да го заборавите тоа искуство-болката од камен кој поминува низ уринарниот тракт (бубрежна колика) е една од најсилните болки кои воопшто можат да се доживеат. Оваа болест е позната уште од антички времиња, но нејзината честота се зголемува во последниве децении. Иако причините за тоа се нејасни, сепак многу експерти сметаат дека начинот на исхрана и намалениот внес на течности се важни фактори кои доведуваат до ова зголемување.

Сите бубрежни камења не предизвикуваат симптоми. Многу често се откриваат како случаен наод при рентген преглед за некоја друга состојба, или при откривање на крв во урина. Болката станува агонизирачка само кога бубрежниот камен се придвижува низ бубрезите кон мочниот меур преку уретрата.
Бубрежните камења обично се формираат кога урината станува многу концентрирана. Тоа предизвикува минералите и другите супстанци во урината да формираат кристали на внатрешната површина на бубрезите. Со тек на време овие кристали можат да се спојат меѓу себе и да формираат мали, тврди маси, односно камења.

Најголем број од малите бубрежни камења поминуваат во мочниот меур без да предизвикаат трајно оштетување. Сепак важно е да се одреди причината која доведува до формирање на камења за да спречи нивното создавање во иднина. Во многу случаи, може да се спречи формирањето на камења едноставно со пиење повеќе вода и со промена во диеталниот режим.

Знаци и симптоми

Обично нема никакви симптоми на камен во бубрег освен доколку каменот е голем, предизивикувајќи блокада на протокот на урина, доколку е асоциран со чести повторувачки инфекции или доколку е помал и поминува низ уринарните патишта (низ уретрата). Тогаш најтипичен симптом е силна болка, чија јачина варира, се намалува и се зголемува во период од 5 до 15 минути. Болката обично започнува во грбот, веднаш под ребрениот лак и болката се шири, „зрачи“ кон стомакот, препоните и гениталните органи на страната на каменот. Други симптоми и знаци можат да бидат:


* Крвава, заматена урина
* Гадење и повраќање
* Постојана потреба за мокрење
* Покачена температура и трески доколку има и инфекција


Причини

Бубрезите се органи со форма на зрно грав, со големина колку тупаница. Сместени се во задниот дел на стомакот, на двете страни од рбетниот столб и нивната главна функција е отстранување на вишокот течности, непотребни електролити и други отпадни материи од метаболизмот. Од овие материи се создава урината, која од бубрезите преку уретрите се пренесува до мочниот меур, каде урината се задржува се додека не се отстрани од телото.



Кристалите од кои се создаваат камењата се формираат кога во урината има висока концентрација на одредени супстанци-особено калциум, оксалати, урична киселина и поретко цистин или има ниско ниво на супстанци кои спречуваат формирање на кристали како цитрати и магнезиум. Кристалите можат да се формираат во урината и поради тоа што таа станува многу коцентрирана или бидејќи има многу низок pH или многу висок pH.

Голем бој на фактори предизвикуваат промени во урината вклучувајќи начин на исхрана, лекови, одредени болести но и наследни фактори. Постојат четири главни типови на бубрежни камења и секој од нив има различна етиологија:

Калциумови камења. Просечно од 5 камења 4 се калцимови. Овие камења се изградени од комбинација на калциум и оксалат. Оксалат е состојка која природно се наоѓа во овошја и зеленчук. Голем број на причини можат да доведат до висока концентрација на овие материи во урината. Од прекумрено внесување калциум и витамин Д до третман со тироидни хормони или диуретици, како и некои типови на рак и други бубрежни болести. Исто така појава на хипертироидизам (заболување на паратироидните жлезди, кои го регулираат метаболизмот на калциум) може да доведе до појава на овие камења. Од друга страна, одредени генетски фактори, цревна бајпас хирургија како и исхрана богата со оксалати можат да доведат до стварање на овие камења во бубрегот.

Струвитни камења. Овие камења почест се јавуваат кај жени и речиси секогаш се предизвикани од инфекција на уринарниот тракт предизвикана од бактерии кои лачат специфични ензими. Овие ензими ја зголемуваат количината на амонијак во урината, кој се кристализира во струвитни камења. Овие камења обично се големи, може да имаат карактеристичен корален изглед и можат сериозно да го оштетат бубрегот.

Камења од урична киселина. Овие камења се формирани од урична киселина, биопродукт на протеински метаболизам. Овие камења најчесто се јауваат при исхрана богата со протеини, при хемо-терапија и при постоење на одредени генетски фактори кои допринесуваат за развој на оваа состојба.

Цистински камења. Овие камења претставуваат само мал процент од бубрежните камења. Тие се формираат кај луѓе кои имаат наследно заболување на бубрезите и кои лачат големи количини на одредени амино-киселини (цистинурија).


Ризик фактори

Овие фактори можат да го зголемат ризикот од развивање на бубрежни камења:

* Недостаток на течности. Доколку не земаме доволни количини на течности, посебно вода, во урината се зголемува концентрацијата на супстанци кои можат да формираат камења. Тоа е причината зошто бубрежните камења почесто се јавуваат во области со топла клима, при работа во топла средина или при напорна работа без надокнадување на течности.
* Фамилијарна и лична историја. При постоење на бубрежни камења во фамилијата, шансите за формирање на бубрежен камен се зголемуваат. Доколку веќе сте имале еден камен се зголемуваат шансите за развој на други бубрежни камења.
* Возраст, пол и раса. Најголем број на луѓето развиваат камен во бубрег меѓу 20-та и 70-тата година во животот, мажите се со поголем ризик во однос на жените, а белците се со зголемен ризик во однос на другите раси.
* Одредени болести. Ретки, наследни болести како ренална тубуларна ацидоза или цистинурија се причина за развој нa бубрежни камења и болести како гихт, хронична уринарна инфекција или хипертироидизам.
* Одредени лекови. Лековите можат да имат различен ефект на формирањето на камења, на пример диуретиците го зголемуваат ризикот од формирање на бубрежни камења во одредени ситуации и го намалуваат во други ситуации.
* Диета. Високопротеинска диета (месо, пилешко , риба) и натриум ( сол), можат да го зголемат ризикот од одредени типови на бубрежни камења.
* Намалена физичка активност. Неактивниот начин на живот ги зголемува шансите за развој на бубрежни камења, особено кај пациенти кои се неподвижни ( кај нив намалената активност допринесува и коските да испуштаат повеќе калциум).


Дијагноза

Иако дијгнозата на камен во бубрег многу често е случаен наод, сепак бубрежните камења најчсто се дијагностицираат при напад на бубрежна колика, хронична уринарна ифнекција или појава на крв во мокрача.





При сомневање на бубрежен камен се прават лабораториски тестови за да се утврди нивото на калциум, урична киселина и 24 часовна урина за проверка да не се излачуваат премногу минерали и сл.
Покрај типичната клиничка слика, главни прегледи за поставување на дијагноза се:

* Рентген снимање на стомакот. На овој начин можат да се видат најголем број од камењата и може да се процени големината и променат на големината на каменот со тек на време.
* Ехо-преглед. Многу често користена метода, со која може многу брзо да се утврди постоењето на камен, но можат да се промашат мали камења доколку се поставени во уретрата.
* Интравенска пиелографија (екскреторен урограм) . Овој преглед е корисен за одредување на локацијата на каменот, особено доколку каменот е заглавен во уретрите и може да се процени степенот на блокада на протокот на урина предизвикана од каменот. Контраст се вбризгува преку вена и серија на рентген снимања се прават на бубрегот, уретрите и мочниот меур. Оваа метода во голема мера е заменета со компјутерска томографија, но сеуште е многу корисна во одредени ситуации.
* Компјутерска томографија.Овој тест станува стандарден за преглед на бубрежни камења, брзо се изведува, може да прикаже камења без разлика на нивниот состав и не бара употреба на контраст. Сепак изложувањето на зрачење и високата цена на прегледот се негативни страни.



Комликации

Доколку камењата останат во бубрезите обично не прават проблем доколку не го спречат протокот на урина. Ова може да доведе до чувство на притисок и болка но и сериозно да го оштети бубрегот. Помалите камења можат да го блокираат протокот на урина до мочниот меур и исто така сериозно да ги оштетат бубрезите. Исто така појавата на инфекција е доста честа компликација предизвикана од бубрежни камењa.

 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Третман

Третирањето на бубрежните камења варира во зависност од нивниот тип, нивната структура и во зависност од големината на каменот. Доколку каменот е со помали димензии, со пиење на доста вода и со физичка активност каменот може и спонтано да се исфрли од организмот.

Камењата кои не можат да се отстранат со конзервaтивни мерки-доколку се преголеми за да поминат низ уретрата, доколку предизвикуваат крварење, оштетување на бубрезите или доведуваат до повторувачки инфекции-бараат поагресивен третман. Процедурите кои се изведуваат се следиве:

Литотрипсија

Перкутана нефролитотомија. Кога каменот е преголем и кога литотрипсијата е неефективна, се изведува перкутана нефролитотомија-хирургот прави мала инцизија (засек) на грбот на пациентот и со помош на мал телескопски инструмент-нефроскоп-го отстранува каменот. Оваа процедура се изведува под општа анестезија.



Уретероскопија. Овој метод се употребува за отстранување на камен заглавен во уретерот. Каменот се фаќа со тенок, совитлив инструмент (уретероскоп), кој се спроведува преку уретрата, мочниот меур до уретрите. Исто така може да се употреби ултразвук или ласер за кршење на каменот (поставени на врвот на уретероскопот) доколку не може безбедно да се извади каменот од уретерот. Овој метод е особено ефикасен за отстранување на камења кои се заглавени во долниот дел на уретерот. Оваа процедура најчесто се изведува под општа анестезија, во болнички услови од страна на уролог, посебно обучен за изведување на оваа процедура.





Паратироидна хирургија. Некои калциумови камења се предизвикани од преголема активност на паратироидните жлезди, кои се сместени покрај тироидната жлезда. Кога овие жлезди продуцираат преголеми количини хормони, нивото на калциум во телото станува многу високо, резултирајќи со големо излачување на калциум преку урината. Тоа допринесува за зголемување на концентрацијата на калциум во урината и до појава на калциумови камења. Најчесто причина за тоа е бениген тумор во една од четирите паратироидни жледи, кој хируршки се отстранува.

Превенција

Во многу случаи, појавата на бубрежни камења може да се спречи со промени во животните навики. Доколку тоа не е доволно и тестовите на крвта и урината покажуваат нерегуларности, лекарот може да ви препише лекарства.

Промени во животните навики

За луѓето со историја на бубрежни камења, обично се препорачува пиење големи количини на течности, со што се овозможува лачење на поголеми количини урина. Иако се употребуваат различни чаеви, обичната вода е сосема доволна.
Доколку кај пацинетот се јавуваат калциумови камења-изградени од комбинација на калциум и оксалати-треба да се избегнува храна богата со оксалати-зеленчук, сусам, соја, лешници и сл. Последните студии укажуваат дека истовременото намалување на внесот на сол и вмесување на многу мали количини протеини од животинско потекло можат во голема мера да ја намалат појавата на овој тип на камења.

Како општо правило, намалувањето на внесот на калциум не го намалува ризикот од настанување на бубрежни камења. Во една студија, жените кои внесувале најголема количина на калциум, во најмал процент развиле бубрежни камења.
Зошто?

Калциумот внесен преку храна се врзува со оксалатите во цревата и не може да се апсорбира, туку се исфрла со изметот. Исклучок секако е преголемо земање на калциум, најчесто во вештачки форми.

Суплементите на калциум ги има во огромен број, обично се комбинирани со витамини, лесно се достапни и се купуваат без рецепт. Се претпоставува дека го имаат истиот заштитен ефект како калциумот земен со храна, но само доколку се пијат истовремено со храната, бидејќи ако се земат на гладно калциумот во нив нема да се сврзе со оксалатите во храната.

 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Стомачни болести

Гастроезофагеална рефлуксна болест. Киселини во грло.


Гастроезофагеална рефлуксна болест е состојба при која желудечната содржина, особено киселината се враќа назад во хранопроводот. Хранопроводот претставува една тесна налик на цевка мускулна структура низ која храната од устата поминува во стомахот (желудникот).

Каква промена настанала во моето тело?

Хранопроводот е одделен од желудникот со помош на еден мускулен прстен наречен езофагеален сфинктер. Нормално, овој мускулен прстен се отвара за да и овозможи на храната да помине во желудникот, а потоа се затвара како не би и дозволил на желудечната киселина да се враќа назад во хранопроводот. Ако овој сфинктер заслаби или се олабави, содржината на желудникот се распрснува назад во хранопроводот. Ова распрскување е познато како гастроезофагеален рефлукс.
Хранопроводот се оштетува со повторливото горење од вратената киселина.


Кои се знаците и симптомите на болеста?

Гастроезофагеална рефлуксна болест предизвикува болка во вид на горење под градната коска или во епигастриумот (делот на абдоменот веднаш под градната коска). Оваа болка може да се појачува со земање храна, наведнување или лежење. Антациди, лекови наречени H-2 блокатори (ранитидин, циметидин, фамотидин) и инхибитори на протонска пумпа (како омепразол, лазопразол и др.) обично ја олеснуваат болката. Болката може да се појачува навечер или да предизвика да се разбудите ноќе од сон. Ова се случува бидејќи киселината од желудникот многу полесно протекува назад во хранопроводот кога сте во лежечка позиција. Болката може исто така да се засили или да се појави за време на физички вежби. Други симптоми на гастроезофагеален рефлукс се:


* Подригнување со враќање на течност со кисел вкус.
* Крв во изметот.
* Градна болка која понекогаш имитира срцева болка.
* Кашлица која не проаѓа сама од себе.
* Чест кариес на забите.
* Тешко голтање или заглавување на храната на нејзиниот пат кон желудникот.
* Зарипнатост на гласот.
* Губење на гласот.
* Гадење и повраќање.
* Потреба за постојано плакнење на грлото.
* Губење на телесната тежина.


Кои се причините и ризиците на болеста?

Гастроезофагеалниот рефлукс е предизвикан од слаб или нефункционален сфинктер на хранопроводот. Со оваа болест често е присутна таканаречена хијатус хернија. Хијатус хернија е состојба при која желудникот се истуркува низ дијафрагмалниот мускул. Кога тоа ќе се случи езофагеалниот сфинктер не работи соодветно и не создава доволно голем притисок за да го затвори отворот помеѓу хранопроводот и желудникот. Како резултат на тоа течноста може лесно да протече назад во езофагусот. Фактори кои го влошуваат гастроезофагеалниот рефлукс се следните:


* Прекумерна телесна тежина
* Желудник кој не се празни нормално (наречено гастропареза)
* Бременост
* Консумирање алкохол или кафе
* Пиење газирани сокови
* Јадење чоколади или пеперминт
* Јадење зачинета или масна храна
* Јдење количински обемни оброци
* Наведнување или лежење после оброци
* Лекови како инхалаторни лекови за некои белодробни болести кои содржат антихолинергици или бета агонист, калциумски канали блокатори, диазепам, естрогени, наркотици, прогестерон или теофилин
* Пушење или употреба на било каков облик на никотин


Како може да се спречи појавата на болеста?

Обично не може да се спречи појавата на гастроезофагеалниот рефлукс освен во случај кога истиот настанал како резултат на прекумерна телесна тежина. Штом се појавила болеста тегобите можат само да се намалат со земање на одредени лекарства.

Како се открива (дијагностицира) болеста?

Дијагнозата на гастроезофагеален рефлукс се поставува врз основа симптомите на кои се жали болниот и со соодветен лекарски преглед. Вашиот лекар може да побара кај вас да биде изведено ендоскопско испитување. Една многу тенка и лесно свитлива цевка со мала светилка и камера на неа се протнува преку устата долж хранопроводот. Ова му овозможува на лекарот да ја погледне внатрешната слузница на хранопроводот директно преку ендоскопот. Во поедини случаи (кога е присутно повраќање, губење на релесна тежина, возраст над 55 години, крварење или слбокрвност, тешко голтање) непходно е со ендоскопијата истовремено да се изврши биопсија- да се земе парче од лигавицата на хранопроводот кое потоа микроскопски ќе се анализира. Кај некои луѓе со гастроезофагеален рефлукс хроничното надразнување на слузницата на хранопроводот може да доведе промена на слузницата наречена Barret- ова слузница, која има потенцијал да се развие во канцер (рак) на хранопроводот.

Кои се долготрајните последици од болеста?

Најповеќето од луѓето кои страдаат од гастроезофагеален рефлукс имаат чести и силни жарења во градите од враќањето на киселината. Ова ја раскинува и оштетува лигавицата на хранопроводот. Без соодветно лекување болеста може да доведе до следните компликации:

* Баретов хранопровод, изменета лигавица на хранопроводот со тенденција да се развие рак
* Рак на хранопроводот
* Стеснување на хранопроводот (стриктура) од формираните лузни на хранопроводот што го отежнува голтањето на храна
* Чир на хранопроводот
* Воспаление на хранопроводот со или без крварење


Какви се ризиците за останатите членови на семејството?

Болеста не е заразна и не претставува никаков ризик за другите. Некои семејства кои пројавиле гастроезофагеален рефлус имаат поголема тенденција кон појава на потенцијално канцерозната Баретова слузница на хранопроводот.

Како се лекува болеста?

Луѓето со оваа болест можат да си ги олеснат своите тегоби со превземање на следните чекори:

* Да не се јаде храна три часа пред легнување во кревет.
* Да се избегнува масна или зачинета храна, особено навечер.
* Да се прекине со пушење.
* Да се ограничи или во целост да се прекине консумирање кафе и други продукти со кофеин.
* Да се ограничи или да се прекине земање алкохол.
* Да се контролира телесната тежина и да се избегнува дебелење.
* Да се спие со поткрената глава на повисока перница.
* Да се остане во исправена положба по јадење.
* Доколку земате лекови за остеопороза (т.н. бифосфонати) правете го тоа наутро со голема количина вода без да се легнува 30 минути потоа.


Некои од вообичаените лекови и хируршки методи кои се користат за третман на гастроезофагеалниот рефлукс се следните:

* Инхибитори на протонската пумпа, како омепразол, ланзопразол
* H2 блокатори, како ранитидин (ранитал), фамотидин (фамосан), се употребуваат многу поретко со открвањето на претходно спомнатите лекови
* Гастроезофагеални стимуланси кои го празнат желудникот побрзо, како мтоклопрамид (реглан) се користа само повремено
* Хируршка метода за третман на болеста е т.н. fundoplikacija или други методи со кои се зајакнува сфинктерот на хранопроводот


Кои се несаканите ефекти од лековите кои се користат во лечење на болеста?

Лековите кои се користат во лекување на болеста имаат само неколку несакани ефекти кои се јавуваат ретко.

Што се случува после третманот на болеста?

Лекувањето на болеста обично значи земање лекови доживотно и може да вклучува неколку пати повторени ендоскопски испитувања со цел навреме да се открие и спречи некоја од компликациите како што се Баретова слузница, рак или стеснување. Операцијата понекогаш може комплетно да ја излечи болеста.

Како да се контролира болеста?

При појава на било какви нови или влошувачки симптоми болниот треба да го извести својот лекар за навреме да се превземат соодветни мерки.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Чир на желудникот и дванаесетпалечното црево.

Што претставува улкусната болест?

Чирот претставува ерозија на внатрешната слузница на желудникот или почетниот дел на дванаесетпалечното црево (дуоденум). Овие ерозии се појавуваат кога стомачните сокови наменети за варење на храната –кои содржат хлороводородна киселина и еден фермент наречен пепсин- го надразнуваат и оштетуваат ткивото на желудникот и на дуоденумот. Овие стомачни сокови можат понекогаш да го оштетат зидот на хранопроводот, исто така.
Чиревите кои се формираат на внатрешната слузница на желудникот се нарекуваат гастрични чиреви. Оние пак кои се лоцираат на почетокот од тенките црева се нарекуваат дуоденални чиреви.

Што предизвикува појава на улкусна болест?

Две најчести причини за настанување на чир се:

* Инфекција со бактеријата наречена Helicobacter pylori. H. pylori живее во слузестиот слој од зидот на желудникот и таму предизвикува воспаление кое може да придонесе за појава на чир.
* Употреба на нестероидни анти-воспалителни лековикако на пример (диклофенак, кетонал, индометацин, ибупрофен, ацетисал и други). Не е потполно јасно како овие лекови причинуваат чиреви. Два најверојатни начини на кои овие лекови го преддизвикуваат чирот се:
o Овие лекови влијаат во создавањето на простагландини во организмот, хемикалии кои го регулираат создавањето на заштитниот слој на слузницата на желудникот кој го штити желудникот од корозивното дејство на желудечната хлороводородна киселина.
o Овие лекови можат директно да го оштетат внатрешниот слузест слој на стомахот, со што го прават склон кон формирање на чир.

Кои се симптомите на чирот?

Симптомите на чир на желудник и дванаесетпалечно црево варираат од индивидуа до индивидуа и како такви сами за себе не се доволни за да се констатира дали имате или немате чир.

Општо земено во симптоми на чир спаѓаат:

* Болка во вид на печење, сечење, жарење во делот помеѓу папокот и градната коска. Болката понекогаш се шири кон грбот.
* Стомачна болка која може да трае од неколку минути до неколку саати и обично исчезнува кратковреме по земање на антацид или сода бикарбона.
* Периодична смена на недели со болка која се појавува и исчезнува и недели без болка.
* Губење на апетит и слабеење.
* Чувство на надуеност на стомахот и гадење по јадење.
* Повраќање по јадење.
* Повраќање крв или содржина кој наликува на талог од кафе.
* Столици во вид на катран или столици кои имаат темно црвена крв ако чирот прокрвари.

Симптомите не можат точно да ни кажат дали чирот е на желудникот или пак е на почетокот од тенкото црево- дуоденумот.


Како се дијагностицира чирот?

Ако постои сомневање за чир на желудникот или дванаесет палечното црево, на вашиот лекар треба детално да му ги опишете сите тегоби кои ги чувствувате , а потоа тој ќе направи соодветен физички преглед врз основа на што ќе одреди кои натамошни дијагностички мерки ќе ги примени. Дијагнозата на чирот најсигурно може да се утврди со ендоскопија (гастроскопија), метода со која може убаво да се погледне внатрешната површина на желудникот и дуоденумот. Вакво испитување може да направи само доктор- специјалист за дигестивни болести, гастроентеролог.
Ако постои сомневање дека причина за чирот е бактеријата H. pylori , треба да се направат тестови со кои може да се открие бактеријата директно или со помош на за неа специфични антитела во вашата крв. Вашиот лакар може да побара да направите рентгенско испитување на хранопроводот, желудникот и дуоденумот со бариумова каша. Ваквото снимање е помалку непријатно за вас, но чиревите ги открива само во 90% за разлика од ендоскопијата која има 100% точност.

Како се лекува чирот?

Лекувањето на чирот на желудникот и дванаесетпалечното црево се состои во земање лекови кои ја намалуваат количината на киселина излачена од желудникот. Доколку е констатирано присуство на бактеријата H. pylori во желудникот, се придодаваат и антибиотици кои ќе ја уништат инфекцијата. Промени во стилот на живеење, какопрекин на пушење цигари, ограничено внесување кофеин и алкохол и намалување на стресот, може да го олесни заздравувањето на чирот и да го спречи неговото повторно јавување.
Лекови кои го намалуваат лачењето на киселина во желудникот се: ранитидин, фамотидин, омепразол, ланзопразол и други на нив слични лекови.
Истребувањето на бактеријата H. pylori од организмот се врши со комбинација на повеќе лекови од кои најчесто се користи следната шема: омепразол, метронидазол и кларитромицин во тек на десет дена.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Хемороиди

Хемороидите претставуваат отечени крвни садови кои се наоѓаат во и околу анусот долниот дел на чмарот (ректум). Тие може да бида бидат внатрешни, што значи внатре во анусот или може да бидат надворешни, кога се гледаат надвор од анусот.

Каква промена настанува во моето тело?

Крвните садови околу анусот отекуваат можат да прокрварат или да дадат други симптоми. Точната причина за појавата на хемороидите не е секогаш јасна.

Кои се знаците и симптомите на заболувањето?

Може да имате хемороиди со години без да почувствувате било какви тегоби. Ако сепак почувствувате некоја мака, најчесто станува збор за следниве тешкотии:

* Јазолче, отечено чворче околу анусот
* Слузав исцедок од чмарот
* Крварење од чмарот, кое се гледа во вид на црвени дамки на тоалетната хартија или како крв во тоалетната шолја
* Болка во чмарот и јадеж


Кои се причините и ризиците од заболувањето?

Хемороидите претставуваат проширени и отечени крвни садови, но причината зошто тие настануваат не е секогаш јасна. Некои типови на хемороиди се наследуваат фамилијарно. Други фактори кои го зголемуваат ризикот за да ви се појават хемороиди се:

* Алкохолизам
* Анален секс
* Хроничен и долготраен пролив
* Рак на дебелото црево или чмарот
* Исхрана сиромашна со растителни влакна
* Често кашлање и кивање
* Црнодробна болест, како цироза
* Губење на мускулната сила и елестичност во чмарот како резултат на стареење или хируршка операција во тој предел на телото
* Прекумерна телесна тежина
* Професија која бара долготрајно стоење или седење
* Бременост
* Напинање како резултат на тврда столица


Што може да се направи за да ја спречам болеста?

Еден од најдобрите начини да се спречи појавата на хемороиди е да се спречи притисокот и напинањето кое настанува во случаи кога имате тврда столица. Следните мерки можат да ја намалат појавата на хемороиди:

* Избегнувајте седење на едно исто место подолго време
* Земете шест до осум чаши вода или сок секој ден
* Јадете пред се растителна храна богата со растителни влакна
* Вежбајте редовно
* Намалете го времето кое го поминувате во тоалет
* Воспоставете нормална телесна тежина



Многу често, хемороидите се поврзани со болест на црниот дроб предизвикана со прекумерна употреба на алкохол.

Како се открива дијагностицира болеста?

За да ја дијагностицира болеста хемороиди, вашиот лекар ќе ве распраша за тегобите кои ги имате и ќе направи лекарски преглед на анусот и аналниот канал. Како дел од прегледот, вашиот лекар ќе направи т.н. ректално туше (со внесување на прстот подмачкан со гел во чмарот) за да ги испита евентуално присутните внатрешни хемороиди. Понекогаш се користи инструмент во вид на шуплива тесна цевка со светилка наречен аноскоп за да се видат визуелно внатрешните хемороиди. За да се исклучи постоење на други поопасни заболувања, лекарот може да побара кај вас да се изведе сигмоидоскопија или проктоскопија.овие испитувања користат исто така инструменти со светилка, но со нив може покрај во чмарот да се погледне подлабоко во дебелото црево. Понекогаш е потребно да се изведат анализи на крвта за да не се појавила евентуално анемија како резултат на продолжени и повторливи крварења од хемороидите.


Кои се долготрајните последици од болеста?

Ако хемороидите не се лечат ефикасно, тие имаат тенденција да се влошат и да се инфицираат. Може да дојде до насобирање на гној во зидот на чмарот т.н. аноректален абсцес или до пукнатина на слузницата и кожата на анусот наречена анална фисура. Може и сто така да се изгуби способноста да се контролира празнењето на цревата па да доаѓа до несакано пуштање на фекална содржина. Ако е присутно долготрајно крварење може да се намали бројот на еритроцитите во крвта и да настапи анемија или слабокрвност.

Кои се ризиците за останатите членови на семејството?

Хемороидите не се заразни и не претставуваат опасност за лугето со кои сте во контакт.

Како се лекуваат хемороидите?

Многу пати хемороидите се повлекуваат сами од себе без некој посебен третман.следниве мерки можат да ви помогнат да си ги олесните болките, да се намали отокот и да се регулира движењето на цревата:

* Повремена примена на креми, лосиони, чепчиња против хемороиди како на пр. Модулекс, Ултрапрокт, Делмезон, Факту и др.
* Поставување на коцки мраз за да се намали отокот
* Употреба на лаксативи или омекнувачи на столицата на пр. Порталакс за да се реши тврдата столица
* Седење во када со топла вода три до четири пати на ден

Ако хемороидите се силно изразени или лекувањето не дава резултати, вашиот лекар може да ви препорача операција на хемороидите. Постојат повеќе различни процедури за да се отстранат хемороидите или да се намали нивната димензија.

Кои се несаканите ефекти од лековите?

Лековите кои се употребуваат во лечење на хемороидите немаат некои позначајни несакани ефекти освен во случај на постоење на алергија кон некоја од состојките во лекот. Операцијата може да се комплицира со крварење, инфекција или алергиска реакција кон анестетици.

Што можам да очекувам после терапијата на хемороидите?

Тегобите можат да се повлечат самостојно со тек на време особено ако го намалите напрегањето за време на празнењето на цревата (кога вршите голема нужда). Како и да е повторно појавување на хемороиди е вообичаена појава. Операцијата на хенороидите може трајно да го реши проблемот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom