Божиќни пости

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Понеделник, среда и петок, се јаде храна „на вода„, (храна без масло/зејтин) и без вино (без алкохол).

Вторник и четврток се јаде храна „на масло„ и се пие вино, умерено.

Сабота и недела се јаде храна „на масло„ и риба и се пие вино, умерено.

Ако се падне некој празник во строго посен или посен ден, се допушта храна „на масло„ со вино, умерено. За празниците, ориентирај се по црковното календарче.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Што се јаде за време на божиќните пости ?
Зависи кого прашуваш. Според православието, одговорот MIKI1 ти го даде погоре. Протестантите се придржуваат до библискиот пост т.е. не селектираат храна (посно непосно) туку кога постат едноставно не јадат. (Зборот „пост“ значи нејадење)
Исто така важно е да знаеш дека Господ никаде не заповедал и не одредил да се пости пред Божиќ или пред Велигден. Тие одредби се измислици на одредени цркви (Католичката црква, православните цркви). Да не ме сфатиш погрешно, не велам дека постот не е добар. Напротив, постот е одлична духовна дисциплина, но она што велам е дека никаде Бог не заповедал дека мора да постиме баш пред Божиќ или Велигден. Има луѓе кои постат после Божиќ и после Велигден, баш за да бидат надвор од тоа вообичаено клише. Нема ништо лошо во тоа, како што нема ни во другото. Но кога постот станува традиција, тогаш тој генерално го губи своето суштинско значење.
 
G

galaxy

Гостин
За телесниот пост
Ако сте научиле правилно и умерено да се храните не ви треба посебен рестриктивен пост. За останатите, на пример за повеќето Македонци, постот според православието е одлична можност да си ги намалат маснотиите во крвта.
Само што ретко кој се придржува до тие правила и секој ден јадат масло, па постот не само што не е продуктивен, туку и им прави штета,
здебелување и намалување на внесот на протеини и заради тоа намален имунитет, затоа не го поддржувам.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Што се јаде за време на божиќните пости ?
Бидејќи сметам дека прашањето се однесува за престојниот божиќен пост кој го започнаа православните христијани од денес, еве еден линк.

На сите што постат им посакувам пред се'- лесен духовен пост, а потоа и лесен телесен пост.

[Сигурна сум дека прашањето не е наменето за некои припадници на христијански граѓански друштва и центри од проста причина што истите не го практикуваат ниту божиќниот ниту пак велигденскиот пост (кој воедно е со најстроги правила кај православните христијани). Едноставно не постои кај нив термин -божиќен пост-. Флоскулата дека некој од тие практикува пост со глад е само флоскула и ништо повеќе. Евентуално да е некаков стремеж да се намалат килограмите со гладување, но тоа е премногу ригорозно и радикално-за тоа алармираат и самите нутриционисти.]
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Во Kатоличка црква Божиќниот пост не е толку строг како Великиот пост. Строг пост е само првиот и последниот ден во постот. За цело време на постот сме должни да постиме среда и петок, а другите денови се препорачува кој колку може и сака нека пости. Болни, старите и изнемоштените лица се ослободени од пост.

Уште во Стариот Завет кај пророк Исаија читаме: „Раздели го лебот свој со гладните, и скитниците сиромаси одведи ги во домот свој, ако видиш гол облечи го, и од еднокрвниот не се криј. Тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути, твојата правда ќе тргне пред тебе и славата Господова ќе те придружува.“ Ис.58,6-11.

Ете пророкот вели: Тоа е постот што го бара Господ од нас, гладните да ги нахраниме! Ние честопати сакаме да се оправдаме со тоа што ќе речеме: немам што да дадам, а Светото Писмо вели јасно: раздели го лебот со гладниот.
Божиќниот пост нека биде време кога ќе се бориме против алчноста и скржавоста.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Еден пријател постеше доста долго време. После постот, демек ај да се замрси со пица, и право во болница. Не почнувајте по завршувањето на постот одма со нагло јадење на такви тешки јадења. Ете на пријателот му се слошило зошто нагло, одма по постот се најадел пица.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Што се јаде за време на божиќните пости ?
Луѓето низ вековите своеволно измислиле еден куп регулативи за тоа кога треба да почне постот, кога да заврши, која храна смее да се јаде, која не смее т.е. која е посна, а која не е посна храна,
Интересно е тоа што во Божјиот Збор (Светото Писмо) НЕ ПОСТОИ нешто такво како „посна“ и „непосна“ храна :) Ако не ми веруваш еве замоли ги MIKI1 или nicole_l да ти цитираат каде во Библијата е спомнато селектирање на храна (посно/непосно) за време на пост?

Напротив, библискиот (Богоугодниот) пост првенствено значи привремено апстинирање од храна, а потоа и од други телесни страсти (на пример секс).
Никој никаде во Библијата кога постел не ја делел храната на посно/непосно или на мрсно/немрсно. Кога постеле Божјите луѓе во Библијата, па дури и Исус, тие воопшто не јаделе ништо, а не само риба, гравче, житарки и сл.
На што личат поповине наши со стомаци во обем од два метри? Тоа се должи на православниот пост. Додека сиромавиот гладува, попот си јаде посна пастрмка, посно гравче, посно пиперче, посна погача, посни колачиња, посни сокчиња итн со еден збор посна гозба :) за на крај да се појави едно скромно посно попско стомаче :)
Пак ке повторам, ниту пророците, ниту Апостолите, ниту Исус не постел така како што постат православните - со селектирање на храна.

Како доказ за горенаведените аргументи, ќе ги наведам следниве цитати од библијата каде што можеме да видиме како постеле Божјите луѓе во неа.

" И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне"
(Матеј 4:2, Библијата)


Значи тука изричито е кажано дека Исус постел. А како постел т.е. дали постел со јадење на посни торти, посни погачи, посни колачи, посни салати итн. или пак постел со нејадење можеме да видиме од извештајот на евангелистот Лука...

"А во тие денови не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне."
(Лука 4:2
, Библијата)

Друг пример е и познатиот цар Давид, кој додека постел, исто така не јадел.

"А неговите дворјанци го прешаа: „Што правиш тоа? Додека детето беше живо, постеше и плачеше; а сега, кога детето е умрено, стануваш и јадеш!"
(2 Самоилова 12:21
, Библијата)

Исто така постела и познатата Естира заедно со нејзините пријалтелки...

"Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки"
(Естри 4:16
, Библијата)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ако не ми веруваш еве замоли ги MIKI1 или nicole_l да ти цитираат каде во Библијата е спомнато селектирање на храна (посно/непосно) за време на пост?
А ево, ја би Те замолил да ми посочиш барем еден библиски стих, во кој е даден рецепт за сарма од свинско мелено месо, завиткано во лозов лист...:D

Ја имаш вечноста пред Тебе па навали, барај и јави ми....
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Чудна работа..ова постовите се некако паѓаат кога резервите на храна се на измак ...т.е. преодните периоди....мада денес се има во секое време... но во не така далека прошлост изгледа постовите имаат регулативна улога...за народното не/задоволство... јбг... наметни му и држи го народот четвртина година во пости демек така требало... абе видел ли некој слабичок поп, богаташ (чорбаџија по старо) или властодржец...
... ова со постиве спаѓа у категорија... опиум за маси... овци..
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Луѓето низ вековите своеволно измислиле еден куп регулативи за тоа кога треба да почне постот, кога да заврши, која храна смее да се јаде, која не смее т.е. која е посна, а која не е посна храна,
Интересно е тоа што во Божјиот Збор (Светото Писмо) НЕ ПОСТОИ нешто такво како „посна“ и „непосна“ храна :) Ако не ми веруваш еве замоли ги MIKI1 или nicole_l да ти цитираат каде во Библијата е спомнато селектирање на храна (посно/непосно) за време на пост?

Напротив, библискиот (Богоугодниот) пост првенствено значи привремено апстинирање од храна, а потоа и од други телесни страсти (на пример секс).
Никој никаде во Библијата кога постел не ја делел храната на посно/непосно или на мрсно/немрсно. Кога постеле Божјите луѓе во Библијата, па дури и Исус, тие воопшто не јаделе ништо, а не само риба, гравче, житарки и сл.
На што личат поповине наши со стомаци во обем од два метри? Тоа се должи на православниот пост. Додека сиромавиот гладува, попот си јаде посна пастрмка, посно гравче, посно пиперче, посна погача, посни колачиња, посни сокчиња итн со еден збор посна гозба :) за на крај да се појави едно скромно посно попско стомаче :)
Пак ке повторам, ниту пророците, ниту Апостолите, ниту Исус не постел така како што постат православните - со селектирање на храна.

Како доказ за горенаведените аргументи, ќе ги наведам следниве цитати од библијата каде што можеме да видиме како постеле Божјите луѓе во неа.

" И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне"
(Матеј 4:2, Библијата)

Значи тука изричито е кажано дека Исус постел. А како постел т.е. дали постел со јадење на посни торти, посни погачи, посни колачи, посни салати итн. или пак постел со нејадење можеме да видиме од извештајот на евангелистот Лука...

"А во тие денови не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне."
(Лука 4:2, Библијата)

Друг пример е и познатиот цар Давид, кој додека постел, исто така не јадел.

"А неговите дворјанци го прешаа: „Што правиш тоа? Додека детето беше живо, постеше и плачеше; а сега, кога детето е умрено, стануваш и јадеш!"
(2 Самоилова 12:21, Библијата)

Исто така постела и познатата Естира заедно со нејзините пријалтелки...

"Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки"
(Естри 4:16, Библијата)
Се замолува поставувачот на темата да поверува во горенапишаното и доколку ги има прифатено да ги отфрли сите „човечки преданија и црковни догми“. Нема смисла навистина некој по втор пат да пишува, да се труди да објаснува, да убедува „ненаметливо“... додека поповине „шетаат со стомаците“(и тоа СИТЕ-да се разбереме), а „кутрите“ граѓани на христијанските верски (СИТЕ од нив) заедници да „гладуваат“.

Клучен збор: Ако не ми веруваш.
Јас: Исклучи мозок. Вклучи ТВ Пинк. Поверувај му!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
А ево, ја би Те замолил да ми посочиш барем еден библиски стих, во кој е даден рецепт за сарма од свинско мелено месо, завиткано во лозов лист...:D

Ја имаш вечноста пред Тебе па навали, барај и јави ми....

Ха Ха ха......при недостиг на аргументи, секогаш се даваат вакви „лигави“ одговори и коментари......Ха Ха Ха

...чудо ти било ова „православиево“......:pos:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ха Ха ха......при недостиг на аргументи, секогаш се даваат вакви „лигави“ одговори и коментари......Ха Ха Ха

...чудо ти било ова „православиево“......:pos:
Ха-ха-ха!....
Хе-хе-хе!...
Хи-хи-хи!...
Ху-ху-ху!...

И така натаму....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom